Да олабави народот од корона вирус . Мислам стварно,неможам денот на раат да го поминам,отварам месенџер,одма линкови ми пратиле во кои се пишувало.Се било објаснето и читам јас се по ред,но ем ми е напорно ем не помага ништо.Ајт доста ми беше од искажување
Министерон 100 кажа тие што биле во контакт со заразено лице да седат дома,ама на кого. Жители на населбата Козле упорно и упорно ги полнат маркетите,прават гужви и ги ставаат сите на ризик. И,после зошто народот паничи? Па,ќе паничи поради несовесни....
Колку треба да си прост човек за постојано да правиш глупи и прости шеги за тоа дека цел свет е во опасност. Колку треба да си бесчувствителен, без совест и осет кога да се зезаш? Како може да ти е смешно дека илјадници души се заразени и уште толку дневно се заразуваат? Пример.... Поткашлува малку и вика еј сигурно Корона имам хаха. Ги мие рацете и вика чекај коронава да ја измијам. Оди во продавница и вика не знам дали да си купам палто пошто може Корона да фатам и да не го носам. Не одам дома за да не им однесам Корона хахсх. Седнува и вика дај да се напијам пиво малку за коронава да ја избркаме хаха. Во ред е еднаш нешто да кажеш, ама постојано тоа па само тоа треба да си психички болен. Да се смееш на вирус.... чукни си ја малку главата и изгуби се
Алооо, досадни сте и не сте интересни со она седи си дома, особено оние само прогласени инфлуенсери,блогери и што ти знам.Земав се ги отследив, на живци ми стапнаа , секоја минута нова слика со седи си дома. Вие ако не кажевте немаше да седиме. Напор жив сте !!!
Свесна сум за пропуштените шанси во животов... не тагувам по нив иако знам да се прашам како би било кога не би прошуштила некоја од нив. Времето ме гази а упорно не прифаќам дека тоа е факт како небаре ќе живеам 1000години па имам време за грешки После 10години тупење мозок за една личност одлучувам дека е време да и дадам шанса и да се погледнеме во очи. Ќе видиме што ќе излезе од се ова.
Ми се смачи од оваа паника што се шири во последно а и од сите препукувања и глупирања наместо да слушаме препораки и да се воздржиме од непотребни коментари и непотребни прошетки
Пролетта отсекогаш ми била асоцијација за нови почетоци. Никогаш нешто лошо не се случило на пролет. Пролетта ја помнам по шарени цветови во градината на баба ми, зеленилото, насмевките, црвената чучулига, карамелите, мелемот на душата со мирис на мед. Оваа година се плашам дека ќе биде поинаку, а јас не сум спремна да се соочам со последиците. Не можам да сеам лажна позитива, едноставно човек се исцрпува од преправање после извесно време. Исто така сакам да кажам дека имав важни планови за летово. Конечно ќе добиев прилика за како што горе споменав - нови почетоци, прослава, посреќни денови. Но, со оглед на ситуацијата чувствувам нема да биде така. Сериозно ми е многу тешко. Не сум почувствувала ваква ранливост. Како да имам куршум во градите но, истовремено и празнина. Сешто сакав е непобедливо да чекорам по стрмнините со мов. Зошто не може да е така, и дали овој кошмар ќе заврши или пред време да кренам бело знаменце...
За жал за се она што велиме дека е далеку и нема шанса да стигне кај нас-истото тоа ќе ни дојде на врата, ќе чукне за да си ја наплати сметката.... Не рекле за џабе некои паметни- Никогаш не вели никогаш... Во животот не треба исмевање на никој и ништо, најмалку потценување...сите сме толку мали и ситни, неважни, иако си мислиме дека сме посебни снегулки...светот и универзумот можат ионака и без нас
Ова да си го напишам и да го залепам на различни места, секогаш да го гледам и читам, да не го заборавам: Сакај и не очекувај ништо за возврат. Сакај и не очекувај ништо за возврат. Сакај и не очекувај ништо за возврат.
Таква генералка дома направивме со тато шо мислам се појавија и ги збришавме и сите шкртаници наоколу од детство на мене и брат ми. А и калории изнатрошивме. Кој вика дека и дома не може да се раздвижиш.
Сакам да одржувам исто ниво на енергија во текот на денот. По некое време на средината да не се чуствувам како издишнала гума, а до крајот небаре мозокот ми се топи и испарува. Да не губам фокус и концентрација, и меморијата како потпора на која се потпирам 99% од времето, да не ме зае*ава. Не мислам дека пуштам контрола некој друг да ми ги сје*ава нивоата, го надминувам тој проблем, туку треба малку повеќе да налегам кога почнувам да олабавувам самата, чисто додека не си створам навика.
Вирусот вака,вирусот така,вирусот онака... Вирусот е она што сите го збориме. Но,вирусот не е вистинскиот убиец.Вирусот е само оружје,пиштол со јак,висок дострел,а луѓето се чкрапалото/тригерот на тој пиштол. Еден човек со еден нечист прст може да им направи белја на 10-ци,а тие на 100-ци луѓе итн. И маркетите се ризични места,народе.Мислете му ја!
Една од професорките која ми беше омилена првиот семестар и во која препознав одличен професор кој несебично сака да го сподели знаењето со студентите е дел од тие што сега несебично ќе споделат психолошка помош и поддршка на секого на кој ќе му биде потребна за време на ситуацијава со Корона. Мојот впечаток околу луѓето ретко е погрешен. Енергијата што ја шириме не може да се исфејка. Вакви личности не може да не се забележат. Чест ми е што ја познавам и што имав прилика да присуствувам на нејзините предавања, имаше што да се научи од неа.
Сакам да кажам, чувајте се луѓенца, страшно време дојде, човек на човека волк. Само едно не ми е јасно, шо им се десило на некој луѓе во животот па да имет толку злоба во нив...
Вондредна состојба,па вондредна состојба... За да можете по маркети да се бутате,да висите по бензиски кафиња да пиете,ќе умрете за кафе,или немате дома кафе. Ама мора бе да бидете видени,вие и вашиот ебан чалам. Тие не се луѓе што работат таму,немаат фамилии,или тие мора да ја опслужуваат простата маса на луѓе,затоа што тие се бедници,и нема некој денеска да им го пренесе вирусот на нив,а тие на нивните деца недај боже. Проста масо што мислите на вашите шупаци,побрзо вирусот ќе го пренесете со бутање како овци во штала.
Дојде и корона вирусот, готови сме значи, свински, птичији грип, тоа не беа страшни грипови, ама овој е, да. Умрел човек од некоја х болест, од корона умрел, во период на свински, птичији грип, луѓе умираа од најразлични болести, се воведоа вакцини (дупла доза) значи, вакцина и ре-вакцина у мозок пак некој што починал, починал пошто не се вакцинирал, без разлика дали има книшка или некој го проверил тоа...аха да, носење маски е задолжително, може и гас маска ќе треба да почнеме да носиме, таман за ушите може и некоја музика, тек тогаш вирусот може ќе избега од галама Значи...свински, птичији, глушечки, крокодилски, кучешки и уште што вируси ќе измислат, страшноо
Деновиве видов колку злобен народ сме биле. Та колнење, пцуење, фрлање клетви. Срам да ви е на сите и ако има карма ќе ви се врати се лошо што сте посакале на другите