Брат ми почна да држи часови онлајн со професорката од курс на англиски шо му е. И така фино лепо, сите да ти биле вклучени, професорката, учениците, а него нешто не му се појавуваше на кантава лаптоп шо го имаме, па ај јас пробувам да средам... Тоа сите да ме виделе на камера дур пробувам да му наместам на брат ми, не знаев дека било вклучено и сме се гледале и слушале ние, а ја ваква у пижами, несредена, со косата фатена у никаква пунџа, уште и у нервози пцујам зашто не се пушта зошто се средив ко шо треба... Уште и ме поздравија со хелоу... Зини земјо, голтни ме...
Таман решив летово да бидам сингл, да се вратам на работа, да си купам справи за вежбање, да почнам со стаж... и оно ете вонредна состојба 30дена, пак нема да се вратам во април
Инаетчии, сезнајковци, нарцисоидни луѓе имав на секој чекор, што ако сега не ги гледам лично кога пак наоѓаат начин да се докажуваат колку се најнајнај по социјални мрежи
Тие со кои исто размислуваш не сакаат да ти отсатпат место, а тие со кои различно размислувате и поради тоа и онака од чиста мира ти одат контра и ај сега најди им нзс Море најдобро удри бригу на весеље и така се е склоп на карактерии и енергии
Кога имаш астма и насекаде читаш коментари дека тие што умирале од вирусов се со хронични заболувања или стари луѓе...Онака рандом коментари за тешење пишани... - Не се плашете толку. Сите што умреле имале хронична болест или се стари. Уживајте Не е опсано. Ние со хронична болест како да сме неписмени па не читаме и гледаме, па ајде на кој што ќе му текне ќе пишува или кажува. Со хорнични болести или стари луѓе, не се луѓе, пишувајте дека тие ќе умрат. Знаеме и читаме кои групи се ризични, не мора јавно да се тешите дека лесно ќе поминете, додека околу вас има луѓе со хронична болест. Уствари тешете се ако тоа ве теши. Се виделе солидарноста и емпатијата во денешно време. Гајле ви е и за родените баби и дедовци, или останати челнови од семејство/пријатели/партнери кои имаат хронична болест. Пак тие што се мислат здрави одат по домашни журки и собири, ќе закачат вирус и ќе го пренесат на некој почувствутелен. Битно не се плашете, некој со хоронична болест или стар ќе умре. Вие пошто не можете да седите дома, одајте и журкајте се. И успат земете уште малку од тоалетот...На старите не им треба...Ќе умрат они...
Колку и да се застрашувачки причините од кои ни се случува ова, сметам дека ни требаше и тоа како ни требаше. Ни требаше за да видиме до каде сме дошле, да видиме што е втиснато во нашите очи, да видиме што поминало и со кого и дали вредело и дали вреди и понатаму со истите да се мине секој слободен ден. Дали сме вредни за спомените кои ги созадаваме и дали вредат тие околу нас да се дел од нив во иднина? Многу прашања, многу одговори, но и многу нови веројатности за многу идни случки и трајни спомени од нив.
3158 година после Христоса, непосредно после крајот на 8 светска војна, човештвото е целосно истребено од нов вид на оружје. Планетата Земја е контаминирана и радиоактивна и единствената форма на живот се растенија во фаза на овенување. Во Македонија после толку време пристигнува долго очекуваната пратка со пасоши. https://www.google.com/amp/s/plusinfo.mk/koncheno-deneska-e-dopatuvaat-pasoshite-no-samo-5-000/amp/
Има луѓе што се алергични на полен,во лошо време,на лошо место,во погрешен момент.... Ако кива некој можно е и од алергија да кива...
Кога оптимизмот ќе го засени некој темен облак се присетувам на твојата смисла за хумор, прснувам од смеа во еруптивен бран од емоции и знам што е среќа. Тоа што не го барав, спонтано го добив. И дишам и живеам...
Не свесна младина Се собрале на Водно сркаат, јадат, спортистки биле тие. Тешко на спортот и екипата за која би играле, вечни губитници Биди свесен, спаси живот, седи дома не важи за нив
Значи луѓе, да баш вие не сте важни за привлекување и задржување на моето внимание кога не можете да се воздржите да не излезете од дома. Значи во исто време деновиве излегувам да испијам кафе на убавото, сончево време на балкон и ете тие и тие комшии пак од надвор, внатре. А повозрасни луѓе да не речам баба и дедо може да сте ми. Исто и помладиве не се за фалење, не знам веќе како не ви се здосади на клупи. Се развикуваат родители, се писка, се вриска, ама не ве викаат за џабе бре дечиња, девојчиња и момчиња. И не вредите навистина за моето внимание и не вредите да ви се нервираме, оние кои немаме мрднато од внатре. Ама малку осет да имате ако разумот е дискутабилна категорија на имање
Карантин ден не знам кој: Мајка ми: Видиш, ја на времето убаво те запишав генерација порано со тие од 2000та, бар матурска си прослави. Па и шо ти фалеше, на 17г си матурираше, цел живот сметам дека најдобра одлука ми беше таа, иако се испокарав со сите комшии и роднини дека мала си била за школо, еден ден ќе сум видела шо сум ти скратила, ахам, како не. Сега криво им е шо со тебе не ги упишаа, ми викаат браво, како паметно направивте вие, нашите ни матурска, ни ништо, катастрофа. Кај и текна вакво нешо у целава ситуација еве не знам ама пола саат се смеам. Карантинов сите не мрдна. Една е мајка.
Моментот кога ќе си развиеш лош филм и почнува да те фаќа паника и уз паника забораваш шо те потресе и то ти отвора ново ниво на паника ... I never want to feel this thingy again.
2020 година. Читаш на форумов дека веќе не било нормално да си со еден партнер цел живот. Лажеле сите што викале дека имале една врска, еден сексуален партнер... Денеска било невозможно да си толку неиживеан. Глупости било да си со еден, до 20г веќе сите имале по 5 минимум. Како да ви кажам, никој не ве осудува кој со колку бил, биди си со 30 ако сакаш, но и ти не се мешај во туѓи избори и не збори дека глумеле светици. Прво и прво и самите теми се глупи, со колку партнери сте биле. Поглуп муабет амин. Но, да и во 2020та има луѓе што немале секс до 20г, имаат еден партнер и од мали се со истиот. И ништо од ова не е погрешно, ниту па треба да се пишува ко да било срамота и глумеле светици и биле неиживеани. Зошто ако со некој ти се погоди, да го оставиш само за 1 да не бил? Која глупост... Еве и ја почнав врска на неполни 17, толку ми се погоди партнерот, скоро 2г сме заедно и ако вака ни е и во иднина не ни имам намера да ја прекинам врскава. Воопшто нема да ми пречи да ми е единствен. Вреди ко за 100 и онака. Само тука ќе слушнеш нешто такво, дека е глупост да си со 1 или дека лажеш дека бил 1. Ало, 2020та година е, вие уште се замарате кој со колку бил, па и дали лажел или не. Време е да почнете сите у свој двор да си гледате и да не се замарате за животните избори на другите. Ниеден избор не е погрешен.
Од оној тип на луѓе со ставот „не ми е гајле за ништо,кој што знае нека прави,како сака нека прави,а јас не се замарам“,секогаш други патат.Вирусов ни е совршен пример. Најстрашно е што има вакви луѓе меѓу постоечките и идните доктори. Не може да се водите по тој став оти секогаш постои можност да наштетите некому. Дај чукнете си ги главите и сменете си го карактерот под итно!
Колку многу лицемерие хахахаха...ми се смее на толку ефтини умови, а уствари морам да се држам подалеку од нив. А блиски ми се, не да не...ни натаму ни наваму
Ви беше тешко да останете дома,се рашетувавте наоколу без грам памет за последиците.. Седи Дома ви беше тешко. А се запрашавте ли еднаш дека ова е уште потешко...