Кога гледам моментално во екот на пандемијава како кој стигне по социјални мрежи пишува секакви дезинформации и повикува на непочитување на мерки, како на пример религиозни страници и луѓе што не се способни една реченица да напишат ко што треба, ама знаат да измислат милион теории на заговор, сериозно се прашувам дали секој заслужува право слободно да се изразува.
На Фејсбук недостасува реакција на емоџи што рола очи. Свашта се изначитав периодов. Ми изумреа многу мозочни клетки.
Пратив скриншот на симпатијата од едно мислење од тука на форумов и не ја кропнав сликата ... значи точак сум...
Толку мочли се собрале на едно небитно место да се тапкаат по раме. Туле ќе ти порасне ако пробаш да омаловажиш некој што не го познаваш , некој на кого не му влијае твојот обид за мислење.
Сдк дека: Страшен е светот во кој нашите деца раснат. Како да и објаснам дека не може да се шетаме додека надвор сонцето грее или пак сега кога снегот не повикува на детските игри? Во каков свет ќе ја израснам ако уште од 4 години знае дека има лош вирус,кој не дозволува да се игра со другарчињата? Природата можеби ќе се одмори од штетите што несовесни граѓани и ги прават,но ние никогаш нема да бидеме исти. И сега со овој страв насеан во коски,каде? Кога ќе заврши ова лудило тркање со времето? Само го молам Господ за сила да ни даде да ги издржиме овие страшни денови. Се тешам со мислата дека Господ не дава поголеми искушенија од оние со кои може да се справиме
Зошто побогу пишуваат консултации секој ден на mail, а им праќаш mail и 10 дена немаш никаков одговор. Значи зошто?!
2020... Го изгубив ексклузивитетот "семеен среќник" во годината кога домот прерасна во најбезбездно место за живеење, а здравјето доби третман на најскапоцено човеково право. Сите ја добивме паричката #СедиСиДома Време е за здравје и будење на колективната свест.
Денес не можам никој да поднесам и со никого да зборувам, фала Богу што сме во карантин. И по телефон правам разлаз по брза постапка, едноставно не можам да се правам на Тошо и да си хихикаме и хахакаме кога не ми е до тоа. Успат расхотка со мачето на ветеринар, нешто не е арно Значииииии каква лисица е станата, сега го знае ветеринарот и збеснува, одвај ја додржавме, порано како бајче беше. Па надвор снег паѓа, држиш транспортер, дишеш во маска, кондензира на очила, нараквици на тебе, па се потиш оти си пренаоблечен, па бришеш раце со средство, па фаќаш пари, па пак бришеш раце и на крај несакајќи ќе се допреш на носот На враќање почна многу да дува и да прска снег и цела препотена и никаква со полуболна мачка се пикнав во едно такси... абе од глава не можам да го извадам човеков. Вчера извозил за 350 денари, и дал 50 денари за маска.... оти нели, нормално, никој не сака да се вози сега со такси и сега ќе си ја носи маската за два саати цела недела. Абе....... пукнав. Онака на две, штрац. Човек во години, ризична група, ама мора да вози за да си купи мочана маска, леб и јогурт. И после тоа ќе дојде една распиздена и разгалена од иностранство шо ради Х причини морам да ја трпам и ќе почне да ми се жали како ради локдаун-от не можела да оди да си купува кафе надвор кога ќе посака... ама воглавно супер бил карантинов, сега сите ќе виделе како било да бидеш затворен во четири ѕида, сега сите ќе виделе како било да си осамен како неа, немало веќе дружби, дејтања... дури и тие во врски шо биле немало да можат да се гледаат ако едниот е болен. ВТФ?! Пошто не можам да експлодирам во формална комуникација, само и' реков дека ако некој ја слушне јавно шо тропа може ќе и' кивне во пицата шо ја нарачува секој ден, а она нема да знае за тоа... па се замисли и си ја затна муцката. Два дена подоцна, ми вика - а оти ми рече дека некој ќе ми кивне во пицата? Уште го мислам тоа. Мисли го, пизда ти материна. Карантинов ќе заврши, ние ќе се вратиме пак на нормалниот живот, ама тие ненормалните и после ова ќе останат ненормални
Не е тешко да слушаш онлајн настава. Тешко е кога татко ти е професор и за првпат треба да држи онлајн настава, па прави подготовки и чуда и секои 5 секунди те вика да му средиш нешто, бидејќи "стиснал погрешно копче".
Правете го тоа што ве прави СРЕЌНИ,бидете со оние кои ве засмејуваат,смејте се колку што можете почесто Сакајте додека сте живи!
- Човек што се свиѓа на лични документи? - Јас. Толку се свиѓам како сум испадната на сликите за возачка и лична што криво ми е што не ги праќаат електронски, па да може да си ги споделиш по социјални мрежи како тие за матура.
Ајде да си кажам нешто што одамна го мислам... Значи ја видов темата ШТО СЕГА СО СВАДБИТЕ? и за моја несреќа ја отворив таа тема. Океј луѓе, зарем може се уште да сме толку прости и заостанати? Во целата оваа ситуација некоја некаде по државава си ја лупа главата во ѕид за еден ден чиешто значење е одамна изгубено. Ајде ако се прашате зошто е ИЗГУБЕНО? ВАКА: Свадбата се смета за чин којшто обележува почеток на некој нов период од животот, создавање на семејство. ОКЕЈ? Е сега... Во 21ви век свадбата е само чин за фалење пред луѓето кој колку пари има/нема без разлика дали после таа свадба ќе има пари за јадење или ќе јади ајвар и леб цел месец. Во 21ви век каде што од почетокот на самата врска се има односи, дечковците/девојките се запознаваат со родителите па и живеењето заедно во врска свадбата е едно НИШТО! Да не заборавиме дека 80% се со дете за рака или дете во стомак и тие пари коишто ги фрлаат на таа свадба ќе им бидат потребни за одгледување на детето. И сега кажете ми, што се променува со СВАДБАТА? Веќе сте заедно 5+ години, си ги знаете родителите, живеете заедно, бремени сте.. КОЈА Е ПОЕНТАТА? Се што ќе се промени е намалена сума на пари! Радувајте се на моментите заедно со партнерот којшто сте го избрале, уживајте во секоја секунда, пречекајте го со љубов вашето бебче и побогу не трудете се да се покажете пред луѓето! АМАН ВЕЌЕ ПОРАСНЕТЕ!
Вонинтелегентниве (ако постои ваков збор, ако не нека стои така , измислен) суштества, зборат дека изненадувањето било успешно. Ох,дечки, ако е изненадување, секако дека не е по дифолт позитивно или негативно,знаеме. Битно е да си ИЗНЕНАДЕН. Ама успешно да ти било?!Абе дане лансиравте ракета случајно, па со ракетата отидовте до Марс и нова култура измисливте? Абе ступидна, оди со кумашинката оговарај и следи го маж ти на апликација дане мрдне подалеку од улицата. И сето тоа дури го стискаш детето под маса, да не праве глупости, и го користиш како пион за се што не ти паше у животот. Не ми глуми родена во Ватикан.
Во борбава со Корона вирусот имаме уште еден непријател. Загаден воздух. Канцер на Бели дробови. Нели до колите беше?