Во сето тоа лудило од вирусов успевам да останам присебна. И се чудам на сета таа моја сила и храброст која ја стекнав изминатиов период. Далеку сум од родителите, ги мислам и нив но знам длабоко во себе дека се држат добро. Мислам и многу други личности кои не треба да ги мислам но таков карактер имам, не можам да го променам, не сум злопамтило но кога сето ова ќе заврши ќе работам на искоренување на тие работи, да мислам на непотребни ликови во вакви лоши периоди. Периодов за сите е тежок, многу работи се променија, се променив и јас како личност. Не сум повеќе наивна и гледам повеќе да се борам и да успевам, за себе и за останатите. Можам да кажам дека созреав како личност и дека сум среќна што некои ликови не пуштив во мојот живот, трчи лажи ликови кои би ми го обоиле светот во сиво наместо во розе, ги знаете тие ликови кои седат на повеќе столчиња нели? Среќна сум што самотијата и осаменоста не ме доведоа до друго решение.
Какви чудни луѓе има. Желни да се истакнат, дека само тие се во право, го наметнуваат нивното мислење, само нивното мислење, друго ништо. ДА бидат во центарот, демек јас и јас само. Друго не чини. Некој тоа го исполнува, ги храни.
Читајќи ја темата за матурата за време на состојбава, престанав да се чудам зошто секоја генерација е сѐ понеписмена од претходната.
Кога ќе те повредат оние на кои не им си крвно сродство си велиш -добро очекувано е,нив не им значиш ништо.Но кога ќе те повредат и искористат оние на кои си им дел од самите нив-тогаш боли,боли до сржта на самите коски,се распарчува душата скроз.Сваќаш дека никогаш и ништо нема да биди исто.Нека им служи на чест само,оти им дадов премногу.....
А што ве боли вас уво од кои причини некој прави свадба, мислам пораснете вие и престанете да се мешате на сите во животот и да им водите ред кој на што ги троши парите што ги има заработено или позајмено или ватевер, ото нити вие сте ги заработиле ниту вие ќе ги враќате. Јас сум со маж ми 13 год, во брак сме две, само регистрација имавме јас и тој и родителите. Сега сакавме да правиме свадба, си ги спечаливме сами парите и желба ни е, безразлика што живееме долго заедно, безразлика што веќе сме технички во брак, сакаме да имаме ден за забава и прослава со најблиските. Се убивте галамење на темата зошто бил засегнат некој и зошто имало тема за што сега со свадбата во време на пандемија, мислам не е крај на свет ако си поделат искуства и мислења за тоа оние задегнатите, никој не рече од нив дека ќе прави свадба сега во време на пандемија, а и да сака не може, ама имаат право да се загрижени што со парите што ги дале, дали и како се презакажува и сл. Ако не ви одговара не читајте. Побогу колку сте напорни.
Од успех на денот: Станав пред 12ч после не знам колку време за да решавам некој онлајн квиз шо го спроведуваше факсот. Го завршив, толку сум горда шо успеав да станав, ко да награда ми дале. Сега е време да се вратам на спиење. #РаботаОдДома Дефинитивно сфатив дека нејќам да работам од дома, бидејќи морам да имам задолжителни обврски да стигнам некаде и ограничено време иначе ништо нема да правам. А, едно време ми личеше работа од соништата дека е по дома. Ама не. Еве едно нешто добро од карантинов. Сфатив што не сакам.
Мислиш дека луѓето во карантин/изолација ќе фатат да читаат стручна литература или ќе гледаат серии кои ќе им го оттргнат паметот бар на саат-два од вирусот. Ама,не ,они фатиле да читаат мудри постови на Редитови експерти и сега си поврзуваат ширење на најнова генерација на мрежа за бежична(мобилна) комуникација,со ширење на КОВИД-19. Нема везе што првото е смислено уште пред неколку години,развиено во доцна 2018 и пуштено на тестирање и употреба во рана и средна 2019,додека пак второво е од група на вируси кои се многу стари,а врстава што прави белја започна со појава меѓу луѓето во доцна 2019. Да им се чудиш во паметот...
Уште од старт не читам ништо посебно за Коронава освен официјални информации за заболени, оздравени и некои стручни истражувања што се спровеле. Ниту прес конференции не гледам. Цело време горе доле истото се кажуваше. Мислам дека подобра одлука немам направено. Less is more. Сите експерти се по интернетов, на тв, на фб, на форуми... Веќе стана и досадно.
Гревче... Амааааа ,сега ако не-кога?.... Од каде само идеи се црпат да ми је знати ... Која фантазија човечеее... Акоооо....нека продолжи ... барем тука нека биде некој кога веќе надвор од тука е никој
Неколку часа во двор, ниту милиметар подалеку од своето. Сончеви зраци и впивање на сето зеленило за разбистрување на мислите. Одмор од нафрлани зборови, а плитки размислувања. За сопственото незадоволство, лекот доаѓа во форма на критика. За едни секојдневие, за други далечина. Посакувам секогаш да ја задржам. Себеси најдобар пријател.
Слика на денот: Доктор, после поминат долг ден лечејќи ги луѓето од Коронавирус и спасувајќи животи, дошол до домот да го види својот син.
Преку 100јко веќе од сите оние кои се удираат во гради дека тие знаеле оти вирусов бил подметнат, па мешаат Бил Гејтс, Илуминати, Масони, па Кина, Америка и Русија Тие знаеле дека ќе дојди до ова, ама не знаеле точно кога па што не кажавте бе, што молчевте ако знаевте Оф да си пукни човек од мака, стручњаци тастатурски, ај зачепете веќе еднаш, сите сме во иста каша, а никој од вас не е ултра паметен, уште помалку видовит
Акo се oткaжеш oд некoј не знaчи декa не се грижиш туку oни не се грижеле. Бaрaј гo вистинскoтo, не си луд зaтoa штo бaрaш пoвеќе.
Кој апсурд е ова што во основно одделение од деца во 6то, 7мо, очекуваат комуникација на mail. Друго е деца во 9то и во средно, а сосема друго е ова. Секако дека дома некој мора да им помогне бар за електронскиот дел, а кај нас дома кога станува збор за работа преку нет, теретот паѓа целосно на мене. Ајде бар да гледам на позитивната страна, со сите наставници од основно што ми беа искомуницирав и ме испоздравија и искрено ми дојде мило што и по толку години ме памтат и убаво мислење имаат за мене. А и дома ми рекоа после карантинов ќе ме награделе со што сум сакала затоа што за сите дома сум работела јас се...
3 памучни заштитни маски за 350 денари. Некој што никогаш не произведувал маски, сега најде прилика да лапа од луѓево по ваква цена. Што маски ќе беа тие бе, обично памучно парче е.