Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    16.881
    Сакам да кажам...

    Врне... :(
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК пријатно се изненадив :) Значи некои зборови и нешта навистина вределе да се кажат и да се направат, а исто така и поддршката е многу важна :)
     
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    СДК направив беља :tmi: :angel:
    Искочив на женско трачарско кафе со другаркитее ама се запивмее :D А требаше да идам кај дечко ми ама го зезнав..и сеа ми падна жал :| Ама па кај да идам ваква кај него , којзнае што ќе се десeше..морам примерна да бидам :!: :D
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    Го обожавам и јас, ама уште кога го видов... Не знам зошто, ама многу, преемногу ми личеше. :rofl: Устата поготово. :rofl:


    Eдит:
    СДК дека не ги мразам луѓето. Само се чувствувам поубаво кога не се околу мене.
    Чувствувам дека ме мрази, дека ја одвлекува накај неа, дел по дел, скала по скала ја постигнува својата цел.
    Гајле ми е.
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк...цело време ТЕТРИС се мска :lol: очите вакви ми стана ...--->
    [​IMG]
    Едит...ете линкче ако му се игра на некој
    http://www.minigamestar.com/html/arcade/20071026/Tetris_540.html
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    СДК..

    Толку ли многу барам бре луѓе..
    Еден вреден нема на оваа дуња.
    Па само сакам да се заљубам.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Моето излегување пропадна во вода :Down: + заврна + размислувам...
    Се соочив со содржината на книгата ,,Последниот чај,, .... Да! Се расплакав, се соочив... сфатив... не сакам да признаам, боли, но тоа е. Со копнеж по спокојството!

    И пак ќе кажам, до мене е секогаш! Јас сум виновна што знам да сакам со цело срце, јас сум виновна што знам да ги ценам луѓето, што им се предавам со душа и мисли... Јас сум виновна што ме повреди така, на такво глупав начин!

    Има да докажам па последно нека ми е на светот. Ќе му го фрлам в лице и ќе го наплукам, ете така!
    Тоа и заслужува. Да оди човек и да газат по него!!!
    Додуша, сите околу него го гледаат како некој вреден предмет од кој имаат корист, и ептен сакам сите грб да му завртат и да се свести дека нема вистински пријатели!
    Само јас го вреднував по душа, само јас живеев за него, само јас бев тука секогаш за него... Ама повеќе не! Готово! Размислувам... Замислете, сменето ми е мислењето за овие години поминати со него.
    Порано си ја трескав во главата, плачев за да го вратам, докажував... Еееее луди млади години. Ама не сум повеќе 15, 16... ниту пак 19 години. Имам 21, доволно возрасна да размислам, доволно возрасна да ги сфатам некои работи! Пак ќе кажам, можеби боли, но тоа е. Поинако се соочувам со нештата, поинаку болат... и да, сега не плачам за него, плачам за мене, и за тоа колку живеев за него, за тоа колкав дел зазема во мојот живот, во моето срце. Го сакам! Не порекнувам. Но пораснав!
    Не ми се повеќе интересни кавгите, љубоморните сцени, несигурноста во себе... Не ми е повеќе интересно да ми се развика, да ми тресне телефон, да ме убеди да му докажам....

    Докажував. докажував, докажував... не знам ни јас колку пати. И овој пат ќе докажам само за да ти биде јасно со каква девојка си бил овие години (*ако уште не ти е јасно каква сум). ЌЕ ти докажам за да сфатиш што губиш, за да страдаш по мене, секој проклет ден да те потсетува на мене, секоја капка дожд да те потсетува на мојата нанесена болка, на секоја моја солза... Не ти враќам! не, не! знаеш не сум од тие. Јас вредам, имам достоинство, култура, и место во социјалниот свет, и не сакам да си го уривам угледот... Едноставно ќе те согазам со зборови, т.е со еден збор!!!

    Да! Јас вака размислувам. Пораснав! Но ти не! Секогаш остана дете. Во овие години ниту еднаш не видов промена кај тебе, зрелост...Тупиш само, тоа па тоа, истиот ум од порано!
    ..............................................................

    Ах, после ова напишано, мислам дека камен ми падна од срце. Можеби ви личи ова како да сакам да му го кажам него, ама не, ова едноставно Сакав Да Го Кажам тука, да го споделам со вас....
    Ова е само дел... Има уште што тежи внатре, но не е дефинирано сеуште, не можам да најдам зборови со кои би го искажала. Го мразам тоа чувство |(

    Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти!Препушти ѝ се да те одведе.......до самиот себе!!!!!!!

    Ах, да беше толку лесно...
     
    На Bokicka, Strumfeta93, HoneyBun и 10 други им се допаѓа ова.
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Па не знам за што беше :doh: , на а1 често ја даваат ќе ја фатиш ајде... :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.220
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДиК на Бројче дека ме погоди со нејзиниот пост и ме нетера да размислувам. Те гушкам Бројче
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДи’К на Бројче дека ми се допаѓа како размислува :bow:
    Силна девојка си ти.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    Баш убаво ми дојде тренингот, исфрлив од мене се негативно. Убав ден денеска, се на се. :)

    СДК дојде и Божиќ :)
    Честит празник на сите католици :*
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    СДК дека дождот не ми го расипа расположението и не ми го попречи излегувањето.
    Супер помината вечер со љубовта и прекрасно друштво ^_^
     
  13. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    прекрасен живот,прекрасно мириса на дожд,гледам молњи,небото плаче,таже за поминатата година и за убавите мигови во оваа година,сака да се врати назад и да ги промени лошите работи.часовникот чука и нема време веќе,се помина и размислувам да ја искористам секоја секунда за (фемина)-се шалам :rofl: :rofl: и само за убави нешта,иако над мене е облакот темен и тежок од суровата реалност.... 8)
     
  14. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Сакам да кажам...

    Сдк дека вечерва сум необично среќна.
    Да..среќна! Затоа што го имам него.Со тек на време некои работи ги сватив.
    Колку ние двајца и да се караме,сме тврдоглави,сепак ние се сакаме.
    Никоја кавга и никој не може да ни го расипе она што ние двајца го создадовме.
    Тој е посебен дел од мене,вкоренет во мојата душа.ЈАС ГО САКАМ! Луда сум по него.
    Кога ме гушна толку нежно,а цврсто,јас почувствував:Да,тој е вистинскиот.
     
    На Woman.4.love му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека си поминав НАЈУБАВО на еден роденден... бев поканета кај деца што не ги знам. :D :D :D прво се каев што отидов, но после тоа се покајав што помислив така. Преубава вечер! :rock: :) :) :)
     
  16. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    Никогаш :^)
    Зедов лист во коцки и почнав да ги бојам коцките. Избоив неколку и застанав. Почувствував тивок ветер како ме гали по голите рамена, ми ја дува косата полека и нежно. Почувствував силен јад, разгорен копнеж. Одеднаш задува силно и го разлеа твојот парфем околу мене. Се потона во тишина, Се слушаа само неколку звуци на инсектите. Ветерот одеднаш исчезна, се се смири.
    Полека твоите усни паднаа врз моите, нежно минаа. Ме бакна.
    Треперев, од среќа, страв, од нови непознати чувства.
    Потоа ми кажа
    -Незнаев дали ова е правилно, ниту пак како ке реагираш. Незнаев што да ти кажам после бакнежот, па решив ова, барем ке ја нарушам тишината.
    Се насмевнав. Тој ги рашири рацете и лесно паднав во нивната силна и топла прегратка.
    Пак почувствував дување на ветерот, ме облеваше уште поголем студ. Ги отворив очите, веќе спиев два часа на белиот лист. Го земав моливот и запишав.
    Никогаш нема да ја заборвам неговата прегратка.
    Никогаш нема да го заборавам тој бакнеж.
    Никогаш нема да ја заборавам неговата насмевка.
    Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови..
    Никогаш не вели никогаш!
    -Никогаш,

    си мислев дали погрешив. ;) ;)
     
  17. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум среќна. Дојде и Божиќ. Очекував да има снег, но ете - нема, барем да се надеваме дека за православниот Божиќ ќе има барем малку снег. На сите католици, а воедно и на моето семејство им го честитам празникот. Им посакувам многу здравје, среќа, успех и љубов во следната година, помалку грижи, нервози и караници. :)
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека машките се дефинитивно поголеми трачари од женските!
    Се каам што му кажав нешто на еден другар, од неговиве „шеги“ инфаркт ќе ме мавне еден ден. |(
     
  19. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Сакам да кажам...

    Морам да се цитирам.......Ииии ДА!! Добриот дел :rock:
    СДК I'm in Love!! (again,again and again) :inlove:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    ......дека јас сум единствениот човек кој може да изгуби четка за коса и потхранувачка маска во 80м2 хахаха :lol:
    Ту бре пред 5 мин ги земав од тоалет, сега врска немам кај се :lol:
    .........сакам да кажам дека ги најдов после потрага од 15 минути, како можев да ги однесам во кујна ???!!!
    Најверојатно кога пиев вода хаха
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.