Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    слободно сметај на мене, знам како е .. ако ти треба нешто тука сум.. да повторам и уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш .. ;(
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК дека ги едитирав сликите од модни критики и си ја покрив односно исеков главата, затоа што можеби ќе ми никне марихуана зад куќа, на местото каде што е засаден на баба ми крмосот.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    богами со ова вмровциве ништо не се знае :x :worried: !!! Не марихуана,не затвор, кој знае што ќе им текне за да се одмаздат на тие што не ги сакаат :x
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Само по себе се
    провлекува прашањето дo каде сме спремни да одиме, до каде е
    спремен да оди младиот човек покорувајќи им се на моќните чувства
    кои од ден на ден растат сè до оној степен на големина и силина кога
    не знаеш што понатаму, а не знаеш ниту да ги измериш или пак
    сузбиеш.
    Од рецензијата на книгата ,,Љубовта за Ана,,
     
    На skyAngel, Ema.Sk и teddybear им се допаѓа ова.
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Сакам да кажам...

    ...Дали оваа вечер јас го запознав човекот кој 24 години го чекам?!
    Боже каква вечер, а само кога ќе помислам дека одвај ги соблеков пижамите и со цела мрза и нерасположение се спремав и излегов од дома. Нема ништо поубаво од спонтаност, јас веќе имам потврда за тоа.
    Ах, јас го најдов таткото на моите деца,за вас не знам :D
     
    На Hipica, mims-89, Go-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк....насмевка насмевка насмевка.... :) денес само тоа гледам :)
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк ме чека доооолг состанок со другачка ми книгата. :tmi:
    ПОсабајле ;(
    Ама можам јас ... Можам !! Се ке научам :rofl: :muscle: :muscle: :muscle:
    И само ако паднам нека му ја мисли професорката :bandit:
    :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Сакам да кажам...

    Good morning :hai:

    [​IMG]

    Цел ден треба да ми помине со книгата :worried:
     
  9. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ги сакам тивките неделни утра, но денес ми се смачува од самата помисла дека денес е недела а утре пак сум на школо...
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    На Hipica и julie77 им се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    СДК дека на плоштад е преполно, во гтц вчера не се поминуваше, се е украсено и убаво....се ближи Нова Година и насекаде се чувствува предновогодишната еуфорија. :)
    Имајте убав ден!!! :D
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК...Добар ден мои форумџики! :)
    Има едно место во срцето... каде мислите стануваат желби, а желбите стануваат соништа.Тоа е место каде што е можно СЕ!
    -Ако веруваш во судбина...
    -Ако веруваш во добивки...
    -Ако веруваш во Љубов...
    -Ако веруваш во семејство...
    -Ако веруваш во пријателство...
    Но, најважно од се ако веруваш во СЕБЕ!

    За сите вас :*
     
    На Gordana10, BoaVista, slobodka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека многу ми е драго што се случија некои промени во мојов живот. Океј - не можам да кажам „во мојов живот“ зошто немам којзнае колкаво животно искуство па да најдам јас да зборам за животот. Но, и 15 годишно искуство е доволно да сфатиш дека животот не е игра и не е лесен... :!:

    Да се навратам на тоа што сакав да кажам... :talk:
    Во последно време, поточно од 1ви Септември (среда) до 24ти Декември (петок) деновите ми поминуваа како од калап вадени. Озбилно - школо, учење, нервози, монотонија, досада, измореност, ненаспаност, немање време за ништо, болка во грбот, болка во главата, она познато чувство кога чувствувате дека ви е сеедно, дали ќе славите Нова или не, дали ќе искочите или ќе скапете дома цела вечер - едноставно ви е сеедно... :| :yawn:

    Чувствував како времето поминува крај мене, а јас не правам ништо за да се почувствувам поубаво. Не дека се чувствував неубаво... далеку од тоа, но се чувствував празно, како да не чувствував ниту среќа, ниту тага, ниту љубов, ниту омраза (фала богу)... Дури и зборот сеедно е мал збор за да се искаже монотонијата... :geek:

    И тогаш, на 24ти Декември, значи петоков, едно ситна џуџеста искра пукна во мене. Запознав една личност... да, да! :nod: Сеуште не го знам толку добро, но на некој начин ми ги пробуди оние заспани чувства длабоко во мене. Со неговото појавување повторно ги почувствував оние познати пеперутки во стомакот, на некој начин сега гледам на светот со други очи. Сега веќе не ми е сеедно дали ќе искочам и дали ќе славам Нова. Сега сум 100% сигурна дека очајно чекам да дојде Нова Година... :wasntme:

    Ах... тоа чувство... некои го нарекуваат љубов, но јас знам - рано ми е мене за вистинска љубов, туку сега, ќе се препуштам на ова убаво чувство што те носи во облаците! :inlove:
     
    На Ema.Sk, pink4ever и macysh им се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    СДК рано се наспав а сега малку да ја расчистам собата па нели новата иде нека биде малку среденко хихи а со книгата ке се замарам малку подоцна.
     
  15. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината! Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска; зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто. [Јаков 3:14-16] :)

    едит-Во духот на Божиќните и Новогодишните празници Веро Центарот организира хуманитарна донаторска акција намената за дечињата на кои најмногу им е потребна помош.
    За таа цел викендов во Веро Центарот беше поставена голема новогодишна елка украсена со играчки од „Џамбо“ кои Веро ќе ги донира за сите оние дечиња кои би останале без толку посакуваниот новогодишен подарок.
    Под новогодишната елка се поставени големи пакети каде сите хумани посетители ќе можат да го остават својот подарок или да донираат стари играчки кои се сочувани, покажувајќи ја на тој начин својата хуманост. Воедно за сите кои ќе дојдат во Веро центарот овозможени се дополнителни активности како театарски претстави, детско лизгалиште, а тука ќе биде и неизбежниот Дедо Мраз.
    Оваа акција ќе трае се до Василица кога се планира подароците да им бидат поделени на дечињата и со тоа да се заокружи оваа акција.

    Сите што имате играчки кои не ви требаат, донирајте ги во Веро за дечињата од домовите.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    Немај гајле Багуфче, нема да трупам јас глупави и небитни мислења само колку да стигнам до 500 мислења. Баш заради тоа и мислам дека е висока границата, бидејќи има такви кои пишуваат два реда мислење само колку да им се брои, и стигнуваат до 500 мислења и кажав дека сметам дека е рано за мене, ама сепак барем да биде пониска границата :) И не ми е толку битна анализата, само интересно ми е, а и кога ги читам некои форумџики какви добри анализи прават, добивам желба и јас за анализа :)
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека се’ ни е измешано со календаров. Календарот е астролошко, а не религиско прашање. Повеќето католички земји го прифатиле Грегоријанскиот календар како поточен, а и пред тоа постоеле православни и католици. Разликата во религијата не ја прави календарот (има и православни земји кои одат по новиот календар).
    Ок е ако сакаме да одиме по стар календар, само тогаш не би требало да славиме Нова Година на 1 јануари, туку на 14 Јануари. Всушност, денес сме 13 декември, а не 26. Ние сме го прифатиле новиот календар, а празниците ги славиме по стар. Пости ли некој од овде за Божиќ како пред Велигден? Јас искрено не можам затоа што на 1 Јануари се спремаат секакви меса и се пие алкохол.
    Мислам дека треба или едниот или другиот календар, кај нас по двата славиме празници (Стара Нова Година бее |( , кога всушност тогаш ни е НГ).
    А паганските обичаи немаат врска со религијата.
    Тоа, сакав да си кажам што мислам, извинете ако замарам :lol: :bow:
     
  18. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Шмрк , шмрк со носето . :worried: Аман бе морав ли баш денес да се разболам кога треба да учам...утре ми е последниот колоквиум , а јас сум се рашмркала и лелекам како некоја баба. ]:)
    И после некој ќе ми каже имало поголем баксуз од мене. Нема , нема и не ќе се роди. :devil:
    Психо-физички се спремам да ја земам книгата и лом да ги направам тие мутациите,аберациите и уште што не.

    Имајте убав ден женулиња!!!!!!
     
  19. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК дека една личност несвесно ме натера да мислам на тоа која сум всушност јас и која е мојата цел. Кога размислив подобро никој го нема слушнато моето размислување, искажување на чувства и забава од друг аспект. И ќе си останам таа Ани што е тивка и затворена за некои личности.
     
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК...ова вреди да се знае

    Вреди да се живее за убавите нешта за кои знаеме дека постојат. Без разлика како поминал денешниот ден или каков ден ве очекува утре, секогаш имајте ги на ум овие неколку работи. Животот е само еден!

    * Постојат луѓе на кои ти си им целиот свет.
    * Секогаш имаш повеќе од една убава причина да се разбудиш наутро.
    * Твојата насмевка може да ...донесе радост на секој, дури и на оние на кои не им се допаѓаш.
    * Ти и твојата душа сте единствени, посебни... Засекогаш!
    * Памти ги комплиментите од другите. Секогаш ќе ти звучат убаво.
    * Има и такви кои те сакаат, а ти не знаеш ни дека постојат.
    * Во светот барем 15 души те сакаат на некаков начин.
    * Кога правиш грешки, знај, дека од тоа може да излезе нешто добро - Искуството!
    * Имаш прекрасни пријатели, оддели малку време за да им го кажеш тоа.
    * Секој ден некој помислува на тебе и не само еднаш.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.