Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК еве вака ми даде дека ќе ни изгледа бебето со маженцето. Па дури и наочарки му ставиле да има, само овие искривени :lol:
    [​IMG]
     
    На skyAngel, mims-89 и pink4ever им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк ви ја пуштам цела среќа на тие кои полагате.
    Јас завршив за денес. тата мата. Се решив. 99 посто сум сигурна дека е точно се. :D

    Инаку денес не знам дали е до мене и до мојата ненаспаност ама многу работи приметив.

    Каде отидоа машките со кавалерски особини ???
    еден прееска се избутка во автобус и се избутка за прв да се симне ...
    И што глоупчо го претркав после.. и плус прва поминав пешачки а него не му застанаа :D Пак нека се турка. Мутав !!! :rofl:

    Една баба па ми вика абе чедо да не се слизнам по ова удолницава ... Епа и викам одете по скали ... Аааа не таму тешко било ... Е јас искрено веројатноста за да вие паднете која е не знам :D
    Виде не виде се симна по скалите :rofl: И се засопна и ми вика оп гледај ке се лизнев ... :D
    Тешко мене. :emo:

    И решив денес да не спијам. Да не си го пореметам нормалното одвивање на работите. :D
    Ќе изигравам зомби низ дома :rofl:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    МТВ ме израдува. :D
    По некоја случајност стегнав 1 на далечинското и ооооп какво изненадување - Синбад морепловецот. :lol:
    Кога бев мала ми беше симпатија. :$ И мислев дека е најубав филм, а сега гледам и паѓам во смеење. :rofl:
     
    На mims-89, marama и FBI им се допаѓа ова.
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК дека денешниов ден нема да го биде. :Down: Додека моја другарка се моли за нејзината баба да прооди, една мала личност си замина од овој свет. Сега во моментов сакам да сум некаде на планина и на цел глас да се дерам.
    Што е со животов? Зошто неможе ни еден ден да помине како што треба? Еден ако е добар, потоа цела недела карање, плачење и што уште не. Се' околу вика Ќе има подобро утре. Па каде е веќе тоа утре? Со часови, денови го чекам. Човек и губи волја за да продолжи понатаму. И после зошто сум била песимист. Еве зошто. Игра некоја чудна игра животот.
     
  5. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    Само мене може се да ми тргне на лошо неделата пред Нова година. Секако.
    Сите се влезени во некој свој филм и јас сум им крива за се. Жив пример - сестра ми. Се скарала со најдобрата другарка и на мене ми се истура. На крај, јас испаднав ладнокрвната, себична кучка што си гледа само за себе и е крената во облаци и никогаш не сум била тука за неа, а таа направила толку работи за мене што јас не ги знам. О, Боже мили златен. Сум ја разочарала тотално, но не сакала да наведува причини и аргументи за да не почнеме да се караме. И се раздрав, си излегов од соба и си пуштив Фокс лајф. Ми се погодија сериите една по друга.
    Другар ми не ми збори веќе две недели. Оу јеа, уште тоа ми фалеше. Барем не мора да глуми невино детенце и да изигрува жртва. Пак јас крива, нели, се знае тоа.

    Не можам да поднесам веќе. И училиштето и друштвото тотално ме излудуваат. Ми поминаа среќа тестовите, уште неколку испрашувања, да си завршам со оцените и после слободна. Кога ќе вмеша прсти Марфи, готово е. И да не заборавам да спомнам дека капак на се - ми се расипа компјутерот. Ова го пишувам од единствениот преостанат компјутер што работи во станов. Денеска или утре нов. Ајде, нешто барем убаво.

    Дефинитивно лошо влијае на мене оваа новогодишна еуфорија. Чувствувам тага и бес, измешани во мене. Ме фати носталгија за времето кога имав 5 години. Барем сите личности што ми значат беа околу мене. Таман кога ми тргна на подобро... Oh well...

    ПС. Се извинувам за подолгиот пост, ми требаше да напишам се што чувствувам бидејќи навистина ми е тешко периодов, многу работи ми се случуваат. :(
     
  6. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Имам добра веста и тоа е дека се решив на колоквиумот. :) :D
    Е и без лоша вест мене не ме бива за еден бод немам златно 6че по глупата математика. :( Ајде ќе има поправен во Јануари. :)
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ...не знам дали треба да почнам да верувам во случајности. :?:

    Во моето омилено ќоше од градот, тивко место со некој посебен шарм. Без капка надеж чекорев по кратката уличка чија цел е за мене, најубавиот и најчудесниот објект во градот, со убава црвенкаста фасада, мал, но полн со љубов.

    Како по навика, одев со кратки чекори. Единствено по таа улица се` е различно. На почетокот забележав само две мартинки, заврзани без никаква симетрија, го сакам тој неред. Сепак е совршен. Чудно. Уште почуден беше звукот во мојата глава. Повторно го сретнав. Истиот лик, истите очи, тоа беше совршенството кое чекори по оваа планета, без сомнение. За секунда погледите ни се вкрстија... Зошто ли не ме препозна...? Скржавец си. Длабоко ја чуваш својата насмевка само за себе. Секогаш си толку сериозен. Но, истата бев и јас. Збунета, чекорев и треперев. Гледав во истото лице... толку е убаво. Никогаш во животот не сум видела некој како него, ангел со човечки лик. Некако... се издвојува од сите. Колку што сме различни, толку сме и еднакви.

    Посебен и чуден понеделник. Не знаев дека имам волкава интуиција. Вториот понеделник годинава кој, верувам, вечно ќе го паметам. За себе чувам милион зборови сплотени со чувства. Ги чувам длабоко и себично, како што тој ја чува својата насмевка.

    • Во очи сонце, пламен во срцето!
      Пред тебе живот!
      Ова е чудесен, чудесен свет!
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Е ова СДК :wasntme:
    :rofl: :rofl:

    Ама стварно пааа, главата ми е тапан, се предозирав :( ...
    Ама лепо си поминав
    малку имаше каранички со оној мојот |(. Ама барем му кажав некој процент од тоа што требаше да му го кажам, и да го спуштам малку.
    Најубава бев :!: Тоа нит под точка разно не смее да се сомнева :D

    Амаааа тежок мамурлак имам, аууууу :drunk:
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК ја добив книгава на подарок од мажето мое најмиличко :inlove:
    [​IMG]
    Младинска книга-Скопје
     
    На Strumfeta93, teddybear, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.348
    Допаѓања:
    28.196
    Сакам да кажам...

    не го сакам ова грдо чувство во стомакккккккк . Иш таму :( :(


    И сакам да и кажам на Блонд - БРАВО за потписот. :clap: Од сега и јас ке бидам 24/7 срекна :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Сакам да кажам...

    Мојов ден беше добар се додека моиве не си ги извадија главите од дерење. Од тогаш моево расположение е за никаде во целина.
    Пу бре старци, не можете а да не се испокарате за е*аното даљинско. Аман.
    Ем што си добив бесплатна свирка дома со неверојатни гласови, ем си ја скршив ногата.
    Цел ден лежам, беспомошно, и демек мразам што ми се случи ова. Ма какво мразење, едвај чекав да се случи нешто вакво за да одморам малце повеќе отколку што треба.
    Телевизорот не го исклучив, од серија на серија се префрлам, од канал до канал, од патетики до патетики.
    И така, не можам да се пожалам дека нешто ми фали, топ ми е. :up:
    Друго што сакав да кажам е дека со ногава ми се упропастија сите планови за зимава. Во Банско ќе идев, ќе скијав, ќе бордав, ма немој молим ти се, по се изгледа ќе дремам во соба или на тераса, секој ден по добри 5 саати додека сите ги ораат стазите, јас ќе си пијам топло чоколадо во лоби. А-ха! Епа нека љубоморат, барем јас на топличко ќе си бидам.
    И што? После животов ми немал смисла, епа немаЛ..
    Одам јас малце да се промувам :lol: низ станов, да замарам нечии глави и да се мачкам со маст :envy:
     
  12. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум нервозна премногу.Од цела книга делчето што не го учев да ми се падне на колоквиум.И тоа не 2-3 прашања туку 10! Марфи :devil:
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    СДК доста беше! Доста одмор, доста јадење, доста тишина. Јас сум градско дете бре, сакам калабалак, сакам да почуствувам избезумени глави кои не знаат кај одат, сакам врева!

    Актуелна состојба: Глава испразнета од глупости. Стомаче наполнето. Број на гушкања: максимален и тоа со луѓето кои најмногу ми значат, поготово со една особа која секогаш е тука за мене. Убаво е човек да знае дека има семејство. Тажно е да се констатира дека сепак еден човек недостига. Но што е тука е. Заврши една третина од тажните празници за мене.

    Уште четири дена до крајот на годинава и деценијава. Рекапитулирам во главава, чадам ко оџаче. Дедо Мраз полесно ќе ме најде барем, ако ништо друго.
    За мене лично - уште четири дена и нов живот. Помалку денови за одбројување пред потоплите денови. Ах бре колку не ја сакам зимава, чудо!

    И за крај, убаво е да сфати човек, дека колку и да се жалиме дека не ни е убаво, немаме всушност вистинска причина за тоа во споредба со некои други луѓе. Инспирација: The Stoning of Soraya M. Одамна не сум плачела волку на кој и да е филм. Овој ме трогна! И повеќе од тоа. Ме налути и ме расплака. Гледајте го ако не сте го гледале. Добро е да се види што значи да бидеш жена во некој друг дел од светот.

    Ајт ојдов да ве читам, па ве немам читнато долго време...ми недостигавте еј! ;)
     
    На x.Daisy.x, Wild.Child, TheCandy880 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    СДК пишувам честитки и ќе ги пратам по пошта, нема помагично чувство од честитка во комплетен пакет, со плико и влепена таксена марка. :)
    Утре ќе носам две мали мечиња на Новогодишна претстава во Универзална и јас се радувам :$ како некое мало дете, па и јас сакам да сликам со Дедо Мраз пааааааа :P

    И така, полека, но сигурно ме зафати блага предновогодишна меланхолија, потреба за гушкање, вино и Љубов.
    Не можам да кажам дека е еуфорија, ама пак нешто блеска, што од сијаличките на елките, што во моите очиња :wasntme:
     
    На teddybear, LivingGlam, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.308
    Допаѓања:
    68.053
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дојде тато и се ми поправи по дома :rofl:
    Ах што би јас без тато :inlove:
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Јас сум девојка со среќна ѕвезда :mm: , во последно време и она што ќе го уништам на крајот излегува во најдобар ред :D
    Многу си ги сакам мама и тато, скогаш се тука за мене, да ме сватат и да ме разберат, секако и да ми укажат на грешките на најсмирен можен начин :$
    И братчето си го сакам, иако премногу заштитнички се однесува спрема мене :o
    Другарките......тие се посебно мила категорија во мојот живот, секогаш тука за да трачариме, да пиеме милион кафиња баш во текот на колоквиумска недела, заедно да се радуваме на успесите, и да ги пребродуваме тешките љубовни маки :inlove: Ги сакам :)

    Едит- Трендафилка и јас сум во план да го направам истото (многу убав начин да се покаже внимание), искрено ми недостигаат деновите кога си праќав честитки со блиските луѓе. Оваа година им пратив на помалите роднинчиња, сега се на ред другарките :)
     
    На elenna89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СИ купив фустанче за Нова Година... тоа ми е за првата вечер :) А за втората ќе искомбинирам нешто... :)

    Че се сликна, па че ви постира слика у „Модни критики за храбри феминки“ да ме искоментарисате :)
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Сдк дека нема што да кажам. Тоа често ми се случува... каков намќор сум :(
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.039
    Допаѓања:
    164.991
    Сакам да кажам...

    Сдк...луѓе АМАН,сфатете дека...ианаетот,гордоста не ве прават ЛИЧНОСТИ,ниту СИЛНИ,а најмалку па УБАВИ карактери!Ве прават одвратни,никакви!ВИСТИНСКА личност со ВИСТИНСКИ карактер знае да признае кога греши,знае да се извини кога греши,се спротивно на тоа е ГЛУМЕЊЕ на карактер,а не ИМАЊЕ на карактер!Не зборувам за сервилност во секој поглед,во секој момент,туку грам разум и објективност!А уште погадни,погрди сте што сте гневни и лути на личноста која ви докажала дека е во право,а толку многу пати сте го направиле тоа до сега,па има право и да ви потенцира во фаца дека е НАД вас во секој поглед!
    Ах да...придеравањето е одраз на немоќ и безобразлук!
    Имаат среќа пар луѓе што заради извесна причина се трпени,не сум тип на човек кој покачува тон!Имаат среќа што културата и интелектот не ми дозволуваат да се истресам на нивно ниво,не знам што мислат,дали дека со покачувањето на тонот си го покачуваат нивото или нешто друго,што и да е безобразно е!Две се такви,една заслужила да ја трпам,една незаслужила други заслужиле за неа,ама кога ќе ми прекипи,јас не се дерам,јас пердашам со зборови и тоа квалитетно,па уште и кога имам доста материјал за истото...Очи нема да сакам да и видам потоа,а зошто знам за што човек се работи,има да доползи на коленца и стапалата да ми ги бакнува!
    Е да...се нервирам кога не можам да го кажам тоа што треба заради други причини,а не заради себе.Да е до мене...ееех...се чудам како сеуште има коса.
    И ве молам,не ги терајте да бидат другите лоши личности,само затоа што вие сте лоши и бедни,фрустрирани и хистерични.А веќе кога сте такви и нема како веќе со вас,немојте да се лутите и да се правите единствена оштетена страна,без да согледате претходно каков пустош сте направиле,а сте биле толерирани.
     
    На teddybear, HoneyBun, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк...иако добив неочекувана :^) оцена сепак не дозволив да ми се расипе расположението,туки си одговараб по бизнис и си добив 4-ка :) ....а ме расположи и тоа што дознав дека ни одложија еден тест па мислам им текна :fubar: дека пред Н.Г. не се прават тестови :lol: ...се на СЕ добро мина денов,а малку се разочарав што некои планови сама си ги одложив,но има време ;) ќе бидат и тие :)
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.