Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сдк само што се избањавввв јее сега сум си чистичка

    СДК ајде утре сите на лизгалиште во аеродромммммм!!! отварањето е во 17:00 часот... :inlove: :inlove:
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Сдк дека имам 3 пара чевли ,блиску се до совршенството...
    ама се шпиц ;( зошто сестра ми сака да носи такви :worried:
    ех да имаше некој мајстор за чевли што ќе можеше да ги поправи :doh:
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Зошто Пепелашка бега на полноќ?
    -За да не потсети дека се има свои граници, па дури и во сонот.
    Зошто Заспаната убавица спие 100 години?
    -За да не потсети дека можеби и ние треба да чекаме многу време за да ја сретнеме сродната душа.
    Зошто Убавицата се заљубува во Ѕверот?
    -Затоа што не е битен надворешниот изглед туку тоа што е во душата.
    Зашто Малата Сирена ја менува опашката за нозе?
    -За да ни покаже на што се е спремен човекот да направи за личноста што ја сака.
    Зашто носот на Пинокио се издолжува кога тој кажува лаги?
    -За да не потсети дека сите лаги излегуваат на виделина.

    Е тоа сакам да го кажам. Надежта последна умира, знајте дека на земјава, има човек кој е вашата сродна душа и настојува да ве сретне. Let the Love live!
     
    На Ema.Sk, baguf4e, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    ^ многу логично и поучно :clap: Дејзи

    Сакав да кажам - налет и женско и сВе....се окубав како кокошка ]:)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сдк најголемите грешки ги правам токму тогаш кога најмногу се плашам да не згрешам :|
    ..и сдк баш пред Нова година си останав без скршен денар :x
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк....дека ми се плака онака СЕ да излезе од мене,да го одвртам вентилот на негативни глупости што ми се врткат по главава за денешниов ден ....а пусти солзи нејкат да капнат :|
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк дека видов нова тема околу посвојувања, барања на личност која е оставена итн ми се вратија некои стари спомени и лоши слики од страдањата на еден близок пријател.. и ми стана претешко.. можеби и не треба да осудувам, но ако некогаш некој оставите, не го барајте после многу години.. не ги отварајте старите рани.. ;( ;(
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам внатрешен немир!
     
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк..лека ноќ...и нејкам и вечер бе да ГО сонувам..тој глупакот ]:) :doh: :swear:
     
  10. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    650
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес ја видов повтрно кате 21 во прилеп....сакав да се поздравам со неа но си реков ај сепак не.... :$ позз до неа :*
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    СДК конечно добив одговор на прашањето ,,каде за Нова година?,, Прилично сум изненадена од локацијата, амаааа... не се оптеретувам многу со незначајни дешавки!
    СДК ми треба сон |-) , уморна сум, преуморена од денешниов ден, на нозе сум од сабајле до вечер...аххх ваквите напорни денови и те како ме исцрпуваат :doh: Ама, силна сум и полна со волја да го издржам и утрешниот ден кој не ќе биде полесен од денешниот (аххх,и утре ли маки ме чекат :doh: )
    СДК завршив битна работа денес, меѓу другото денес најдов време и за најважното, се издепилирав...една грижа помалку :whew:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Сакам да кажам...

    СДК дека ужасно многу ми недостига една заостаната и стара реченица т.е. прашање - Еј, сакаш да се фатиме?
    Да - не! Молам, чао, пријатно. И се беше јасно како солза.

    А сега? Па идете ли? - Абе што знам, онака се гледаме.
    А секс имате? - Па да ама што знам што ќе биде од тоа.
    На состанок бевте ли? - Па да, ме покани на вечера, си поминавме прекрасно.
    А сте правеле ли муабет за тоа каде ве води ова? - Па да као ајде полека, да не брзаме...ама не знам каде води тоа.

    Глава да ти прсне! Комплицирано е да си возрасен. Па и кога ги слушам околу мене луѓево, кој од кој се позбунети, никој не знае на што е. А секој со секого се мува, се гушка, се муцка, се цуцка. Сакам да се вратат во мода прашањата:

    1. Сакаш да се фатиш со мене?
    2. Сакаш да идеме?
    3. Може да те залапам?

    Ете така. Чисто да се знае на што сме. Море какво гратис гушкање, јас нудам гратис откривање на статус на врска! Со директни и отсечни прашања кои бараат одговор со две букви максимум.
    Или дајте ми ако не повеќе гравчиња, во недостиг на одговори, можеби и тие ќе ми помогнат, па ќе бидам попаметна во давање на мислења и совети :)
     
    На Ema.Sk, kate21, Go-Girl и 13 други им се допаѓа ова.
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Магаре на мост :bow:
    И да, пишман сум :x
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Проклета да е глупавата новогодишна колоквиумска недела, која патем сјајно ја заокружив. :rock:
    И еуфорија во градов и низ луѓево, што мене на живци ми иде. Од толку буткање и чекање ред на каса, изгубив желба да си ги потрошам парите. Што е невообичаено за мене!
    Со празни раце, и нималку радост седнав на кафе, и зјапав во бившото школо полна со носталгија.
    И сега гледам дека тоа беше голема грешка! :!:
    Се вратив дома депресивна, тажна и уморна. И како што гледате, не мрднав од дома.
    Потребен беше еден добар филм, а пред тоа литар солзи за да се вратам во нормала.
    Подепрсивен ден во животот не сум имала. :|

    Утре ме чекаат куп обврски!
    Ќе си легнам со надеж дека утре ќе станам во многу подобра состојба.
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк си купив рогчиња лиЉакови што светат и дома ми се изнасмеаа.
    Како да сум имала две години. Јао свашта. :emo: Не им ги давам да ги носат и Љубоморни ми е остајте ги :emo: :D :D :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    29
    Сакам да кажам...

    Нова Година иди леле вобиичаено и здосадено :
    -каде ке одиш за н.г?
    -леле таму ке одиш па то место (незнам си ни какво некој ке ти реци и ке те разоцара ,за кој како)
    -а што ке носиш?
    -неможам да си најдам ова она ...бла бла
    После н.г
    -овај се испијани овај се смува (па зарем немеожеа др ден мораше н.г)
    -потрошени одпоќе пари само за една вечер |(
    иначе мое мислење е ова се е бадиела(за џабе) има 100 подобри ноќи од н.г ама мора да се испуфкаш каде,шо си, како си , и бла бла глупости
    абе луѓе нема ни новогодишна еуфорија ИСЧЕЗНА
    толку сакав да кажам знам период е новогодишен ама каде кога нема еуфорија нема возбуда :(
     
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    СДК дека имав одвратен кошмар и уште на поло око разбудена заклучив дека се сведува на длабоки стравови... Пошто желба сигурно не е :punch:
    Сама себе си се чудам како може МАЖ да влијае на женската самодоверба еј! Сонувам глупости, без повод и без причина.... И се разбудив полна негативна енергија и желба да го здробам и него и ... :devil: :devil: :devil:
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Ќе бидеме посреќни ако навреме ја сфатиме едноставната вистина, дека секој живее најмногу во сопствената кожа, а не во туѓите очи!!! :!:
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Сакам да кажам...

    Еј што ми е мило, ееем драааго
    Млада партизанка да стааанам
    Хеј нек се чуе чуе
    Хеј нек се зна
    Да је млада партизанка
    Борбу во - ди - ла!

    СДК - значи кога ќе станам јас со некоја глупава песна во главава, ко никој! Да се чудам како сум спиела и што сум сонувала. Гарант играв ноќва партизани и Германци, а сто посто бев сестрата :emo:
    Еднаш така станав, и во главава ми „свиреше“ од сабајле „Мите море Мите, добар е со сите...“ цели два дена!!!
    Се надевам дека барем партизанкава до утре ќе ја снема. Чибу! :)
     
    На mims-89 и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Синоќа кога Тони Зен.мк праќаше поздрави на неговата сродна душа дали рече Ирина,јали рече Георгина :?: Мене ми се чини дека беше второво,се така ми се присторува значи....

    Знаев дека е луд по мене,ако уште не знае :$

    Тони лаву мој,те сака Георгина и тебе :P :inlove:
     
    На Ema.Sk, skyAngel и Phyramide им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.