Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Сакам да кажам...

    СДК дека кон 6 после заминувам кај дечко ми за дочек на Нова Година :).

    Ви посакувам СРЕЌНА НОВА ГОДИНА на сите феминки, многу здравје, среќа, љубов и исполнување на желбите во 2011 година ;) . Убаво поминете си и за неколку дена се гледаме пак овде :)

    http://www.youtube.com/watch?v=onXHUemrs_Q
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк :@ Страшно сум и лута на мајка ми !!!!!

    Така јас среќна насмеана и расположена,Ги праВев срцињата колачите и таман бев при крај кога оп искри огин смрдеа чад .... Скапаниот миксер пукна. Ми застана срцето.

    И сега вака свесна посакувам струја да ме дрмнеше и да ми се случеше нешто за на МАЈКА МИ талентираната никогаш веќе да не и текне да купи важен апарат за домаќинство од најефтините и со кинеско потекло. Уффффффффффффффффф. вријам :@ Сто пати сум и кажала сто пати . Подобро не ми купувај нешто мене ама кога купуваш нешто потребно за дома купи го асолно да биде а не опасно по живот !!!!!! у пи*ку матер. Извинете што пцујам ама така наеднаш се ми се расипа.

    И сега го шлапнав тестото недоизматено во фрижидер па за два саати ке ми спадне нервозата и ке видам дали ке ми излезат.

    Е тоа сакав да кажам.

    Заклучок. некогаш мајките се полоши и од децата. !!!! :swear:
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    ЈАС!!! сето горенаведено!!!!!! ... плус минус пивското меше...
    Не знам дали патиме од некоја патолошка (чудна) потреба да бидеме заштитени, ама знам дека сум љубител на големи работи...мојата теорија се базира на она...спротивностите се привлекуваат или друга клише фраза што значи, го сакам зошто го немам :lol: :wasntme:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Денес сите растрчани по продавниците.
    Помалите купуваат по маркетите се што можат да фатат со раците , а поголемите само алкохол. :D
    Ние жените гужва правиме по продавниците за долна облека и за хулахопки.
    Сите со желба што посекси да изгледаме за Новата Година. :D

    Ооо како добро би ми дошло мојот да ми беше тука па да му ги покажам новите дизејнирани хулахопки. :P :$
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    СДК - бидејќи вечер ќе ме обземе треска за завршување на сите обврски пред да ја испратиме годинава, ќе ја искористам оваа здодевна и опуштена ситуација на работа за да ви ја честитам Новата 2011.

    Пред година дена ја проколнував 2009, ја пцуев и дури и вуду магии спремав.
    Тогаш посакав 2010 барем да не ми донесе горчина од каков и да е карактер.
    Денес рекапитулирам размислувајќи каква ли ми беше годинава? Сума сумарум, сепак морам да признаам дека беше одлична. Можеби не се омажив, ниту пак некој ми наметна прстенче на ракава, ниту добив 7 на лото а богами ниту купив нова кола, куќа или што и да е што вообичаено некого би шекнало од среќа. Но после турбулентната 2009 се стабилизирав, ги дочекав новите 20ти со луѓето кои ги сакам, запознав еден куп нови луѓе, интересни типови, многу патував, многу се журкав, дигав раце во вис, ги задоволував до врискање емотивните и телесните потреби на секој можен начин, на работа ми го признаа трудот...едноставно дишев и живеев.
    Но во 2010 пред се, се зачленив на форумов, нешто што ми почна само како еден вид на релаксирање и барање совети, за да премине во секојдневие со ова проклето одлично друштво на жени, девојки, девојчиња и чат пат и мажи ;)
    Благодарение на тоа, на вас, многу работи научив, дознав, уживав во дискусиите, шегата. Ако не ми замерат останатите феминки, на некои посебно драги личности за мене би им се обратила со збор два. Нека пукнат душманите, ама мерак ми е постов да е голем. Епа ќе издржите се надевам. (ако не издржите бришете ме модераторки) :)

    До членките на моето Трио Мафиозо:
    Џули77 – сис, животот нека ти е вкусен како торта, лесен како шлаг, и пријатен како црешата на тортата
    Бокичка – биди ми и понатаму весела, паметна и прекрасна. Годинава нека ти е лесна како песна и опојна како слатко мартини!
    И девојки мои, наредната година спремајте се за журка, затоа што Пирамида нема да ве остави на мира – да си знаете

    Трендафилка – уживај во среќата која ја имаш, биди задоволна, миризлива и љубена! За инат на душманките и на Ана Стојановска :devil:
    Оффспринг – тебе ти посакувам пред се да уживаш уште толку во љубовта која ја добиваш и да ја добиваш уште повеќе наредната година. Помалку јад и помалку ВМРОвци, повеќе среќа и мирна душа, и пред се парииии!!!
    Лилит – ти да си ми жива и здрава и понатаму остра на зборови. Не го изоставувај сарказмот те молам, ако ништо друго на некој тука му го продолжуваш животот (на мене).
    Сесилија – водолијо! Биди си проклето водолијска и нареднава година. Некои грниња се кршат, ама нови доаѓаат на сцена. Година полна со нови доживувања и прекрасни моменти ти посакувам
    Гоу Грл – мај грл, и овцата сита, и волците на број. Батали волци, тигар му е мајката овој пат, или лав! А? Биди и понатаму позитивна и насмеана!
    Вајлд Чајлд – мало мило низаедно. Те гушкам до бесвест и годинава да ти донесе нова симпатија или нова љубов и пред се уште многу квалитетна музика која ќе ги израдува твоите префинети ушиња.
    Аннат – остани прекрасна, паметна, среќна и задоволна женска и пол, сопруга, ќерка и феминка!
    Кимче – душо моја охридска, да си среќна и вкусна како чоколадце! И да се испотепаат маживе кој ќе те лапне прв и кој ќе те направи среќна!
    Бројче, Скај, Мисс – еден куп љубов и незаборавни моменти со вашите мажи, и со сите блиски
    Хајди – новата 2011 нека ти е уште пошарена, позабавна и преточена во долг миг во кој ќе уживаш секоја секунда
    Старфиш – биди ми слатка, мила и сакана и понатаму.
    Мимс – сета среќа и задоволство на светов нека ти ги донесе новата година. Се што се расипало – да се среди. И пред се твојата душа да е исполнета со рајски мир, а твоите очи да прскаат од љубов и емоции
    Георгина – земјотреси еден куп ти посакувам, ама само од твојата спална, во твоја сопствена режија! Биди ни присутна и понатаму биди оригинална, затоа што уживам да те читам!!!
    Багуфче и Тенкаи – бидете и понатаму мили и слатки, исполнети и насмеани!
    Лакримоса – најпрекрасна нова година ти посакувам со еден куп готик Долче и Габана фустани!
    Блонд и Чирибирибела – новава година нека ви ги донесе вашите бебиња во најголемо здравје и љубов! Едвај чекам да ве чујам да ни се пофалите дека сте станале мамички веќе.

    До сите вас, и до сите останати девојки Гордана, Квин, Виножитка, Лолипоп, Ози, Волфче, Жоел, Ангелче, Анни, Анннни, ФБИ, Росоњерка, Боа Виста, Кукличка, Фирлес, Марама, БиЈу, Лудото, Кенди, Дафни, Нејтири, Нелче, Шелеа, Неса....итн итн....не ми замерајте ако некоја испуштам.
    На сите девојки ви посакувам да сте здрави како дрен, љубени и третирани како кинески кралици, задоволни како мажи кога нивниот тим победува, среќни како дете кое отвара новогодишно пакетче и прекрасни како Василиса Краснаја!
    Среќна Нова 2011 и тресете атрибути колку што можете утре! Во сабота се читаме во ново руво, во нова календарска година.

    Ве сака,
    Пирамидата ваша :*
     
    На Neytiri, Lolipop23, Bokicka и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Сакам да кажам...

    Ооо фала пирамитке :* Се најубаво и тебе, да редиш успеси во животот и да си ја пронајдеш сродната душа :* Ти го посакувам само тоа, инаку доволно е да си останеш истата :)

    Поздрав до сите напалени суштества, да бидете овакви за новогодишната ноќ :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=ly8DHNanbKM

    :* :*
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.164
    Допаѓања:
    166.604
    Сакам да кажам...

    Сдк да,да сите се спастривте,се средивте,а јас добив...ете толку убаво ќе си ја испратам новата година!!!Не бе,не...колку и да ми била убава годината,колку и да било се најпрекрасно,јас мора секогаш да ја испратам најнеубаво и да ја дочекам најнеубаво.Традиционално најгрди ми се последните 2 недели од годината и Јануари од новата...точка.
    Денес мразам се!Запрев на три тофи и сега ќе јадам само портокали до утре вечер и ќе плачам и ќе пијам вода чисто колку да не дехидрирам,а утре на токсикологија нека ме носи оној мојон,ич не ми е гајле и на први нека ми раскине ако сака.И јас сум дете и јас сакам да бидам среќна пред празници па!


    Пирамидке најпрекрасна!Те гушкам силно и ти посакувам да ти биде уште поубава наредната година.Да се закитиш со прстенче дијамантско,постојано да бидеш среќна и насмеана и да имаш премногу вистински причини за тоа! :*
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    Сакам да кажам...

    Тууууу, оваа Пирамид колку убав состав напишала, јас мислев нешто слично да скројам, ама кој превари - тој товари, бидна, :P многу си инвентивна жено, ме наежи, уффф... :P
    Благодарам на сите убави желби. :*

    А јас вечер ќе бидам лошка :$ и перверзна, немам јас трпение до утре, алоооо :D
    :wasntme:

    И би порачала на сите убави паметни жени, да не му ја мислите многу многу, зашто од мислење глава боли.
    Што на ум - тоа на друм, ослободете ги вашите страсти и скриени желби и рипнете му на мажот, дечкото, симпатијата, мувачот без страв од било што.
    Ризикувајте и ќе ви се исплати. ;)

    Во Новата година нека сме живи, здрави, среќни, весели, насмеани, Љубени и вљубени, секој ден нека е празник, од секс и пари да не куртулиме никогаш,
    без трошка нервози да си влеземе во Новата година,
    се лошо нека остане во старата,
    а за се' убаво што следува во Новата да направиме место во нашите срца.

    Ве гушкам, славам и една година и два дена престој на Фемина денеска :clap:
    Ви благодарам на сите што бевте и сте дел од мојата виртуелна женска дружба.

    [​IMG]
     
    На Dafnee, Annath, GeorGinnA и 4 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    СДК...Кај и да сте со кого и да сте какви и да сте во најлудата ноќ бидете најсреќни,највесели,најзаљубени,најсакани...најлуди и најопиени од се позитивно околу вас!

    [​IMG]

    [​IMG]

    СРЕЌНА НОВА 2011! :*
     
    На Annath, Go-Girl, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сакам да кажам...

    најмили, најискрени, најсмешни, најслатки, најприродни, најдоверливи, најзаљубени, најтемпераменти, најизбувливи, најкреативни, најпоетични, најдругарки, најдобри ФЕМИНКИ

    Како еден од најмалите членови се зачленив при крајот на годината. Но овој крај на годината, беше еден нов почеток за мене на нашата сакана Фемина. Ве читав, се соживував со вас, пишував непромислено, учев, се смеев, се карав, избувнував, се разположував. Бевте тука за да ме насмеете, утешетите, да ми ги поправите грешките и да ми укажете. :$

    Пиво, водка, мартини :d:
    наздравје за многу години, :angel:
    живи, здрави, весели, :talk:
    и цела година пијани, :drunk:
    но не од домашна ракија :!:
    туку од љубовна магија.
    :inlove:


    - успех во работата, училиштето, фалкутетот
    - среќа која ќе ви го отвори патот на нови можности
    - радост поделена со најблиските
    - многу убави романтични мигови...

    Нека партнерот, дечкото, сопругот, симпатијата ви ја честита оваа Нова 2011 година усни на усни со песната :

    http://www.youtube.com/watch?v=xvrk1Maf ... re=related
    :D

    Нова година, нови успеси, нови постигнувања, нови постови, стари. но поцврсти љубовни приказни ...

    ВЕ САКАААААААААААААААААМ !!!
     
    На julie77, Go-Girl и lovely91 им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    57.379
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Си шеткав јас по чаршија денес и се прашував што бидна со атмосферата... Ја нема новогодишната атмосфера :( мислев.
    А таа тука била, на Фемина. :party: :party: :party:
    Ме расположивте со постовите и сега знам дека доаѓа Нова Година, еве ја намирисувам. :)
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.164
    Допаѓања:
    166.604
    Сакам да кажам...

    Сдк биде и тоа.Лилит ретко плаче,ама плаче исклучиво на празници.Роденденот мој задолжително,пред нова година како што се искажав претходно,исто,сега глава ме боли.И знам што ми е,не сум расипана,ама не можам да ги сменам актуелните настани,ама за сметка за ова,за едно 5 години од сега,преку сила 10 за нова година ќе ви пишувам од Хаваи да знаете!Одох јас,добиено ил не и онака плачев,ќе плачам и од болка сега,ќе се депилирам па што сака нека биде,а утре од сабајле си закажав и педикир и маникир,преку таквото веќе па!Ама прво,да фатам со крпчето да подзабришам и да подсредам по собава.
    Еве ви еден музички поздрав од мене,што стандардно ме дружи за вакви свечени моменти!
    http://www.youtube.com/watch?v=mIsnIt1p ... re=related
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дефинитивно ми треба една воспитна, ако не и повеќе :fubar: Имам семејство, здраво и живо, весело, фала му на бога, врска, каква таква :worried: (ништо не е совршено, нели?), имам здравје, пријатели, имам убава елка и ламбички низ цела куќа, новогодишна атмосфера низ целиот мој дом, карта за дочек, црвен кармин, кој убаво ми стои, а јас?! Се чувствувам ко пред гилотина :tmi: Не сака да ми се насмее лицето, ни срцето. Се разочарувам од себеси. Морам да победам овој пат, да направам се можно и неможно да се ставам на ред :!: Ајде Катерино, што ти фали? Мораш! :tmi: :doh:
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.402
    Допаѓања:
    68.490
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Новогодишна атмосфера има. Ама негативна. Секаде само намрштени фаци, нвидена гужва во сообраќајот, штрајкови и протести...
    Во маркетите има или луѓе со преполни колички, нашминкани жени со куп кредитни картички во новчаник, или луѓе што враќаат нешто назад, не им стигнале пари, се пребројуваат на каса до денар... Се караат по рафтовите што да купат, ситнат... И каде е атмосферата? Главата ме заболе денес малку што прошетав. Се бутаат сите без обзир, уште ќе ти фрлат некој убивачки поглед и покрај тоа што лактот ти го напикал во ребра...
     
    На 2468 и Offspring им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.290
    Сакам да кажам...

    Jaс не знам зашто едно исто слушам секоја година, а тоа е дека НЕМА НОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА. Па зар ја очекувате бе |(
    Па нема, нема од наши 13/14 години, зашто тогаш ни беше интересно прославувањето, тогаш не даруваа со подароци нашите и сите роднини, тогаш мислевме дека Дедо Мраз постои :lol:, ретко шетавме низ град и се ни беше убаво украсено, дочекот на Нова Година беше доживување, само тогаш сите другарчиња се собиравме и само тогаш останувавме до после полноќ :lol:
    А сега секој викенд ни е Нова Година. Се ни е видено, доживеано, сега и подароци чат пат примаме, дури и ние сме мразовци и ние даруваме, а ретко ни даруваат.
    Ако ја посакуваме таа атмосфера може да ја доживееме ако за Нова Година идеме во друг град. Таму се ќе е ново за нас, интересно, ќе се радуваме на секој накитен метар, ќе скокаме од радост како мали деца на огнометот на градскиот плоштад. Ете пример Виена. Ама живеј 20 години во Виена и се веќе ти е досадно и таму!
    Така да доста со тоа ЛЕЛЕ НЕМА НОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА ГОДИНАВА. :devil:
    Немаше ни лани, ни прехлани, ни годинава нема, ни во иднина ќе нема!!!
     
    На skyAngel и kate21 им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Сакам да кажам...

    Има бре атмосфера кај мене во маало, трештат зурли и тапани. Не е новогодишна ама изгледа некој се жени :D Се за*бал некој предновогодишно :D
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.402
    Допаѓања:
    68.490
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сиромаштијата направи да нема атмосфера. Не е до изживеаноста. Ееех каква атмосфера би имало да си имаа луѓето пари, да не им висеа триста проблеми над главата. Да можеш на сите да им купиш подароци, па радости...
     
  18. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    365
    Сакам да кажам...

    Јас сум единствена што тек вечер ќе се договарам што како за утре :rofl:
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Kaко ми се погоди... Почнува нова година, а со тоа и нов живот (за мене).
    Се надевам подобар :!:

    И да, немам направено никакви подготовки за утре |(
    Немам отидено сеуште на депилација, е па видете :D :D
    Ќе биде, ќе бидеее... не се брзам јас :rofl:
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Што е ова постови со Нова година денес, јас повеќе добив чувство дека се разделуваме откако дека иде НГ :D

    Ме изнервира денес една старка, сега ме мрзи, ама утре ќе и се привратам како смее ова да ми го направи, имбесил :devil:

    Пирамитке, и благодарам, и јас ти посакувам се најубаво во Новава година, да бидиш каква што си, бидејќи така си најубава, се што сакаш да ти се исполни, и многу успеси понатаму во секое поле :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.