Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.191
    Сакам да кажам...

    Сдк јас сум само едно џуџе со голем сон и срце во тегла со памук.
    Поминаа празниците,добро,само теоретски,штом прекрши денот божиќен веќе се чувствува тагата.
    Луѓето и понатака несебично лажат,а себично сакаат...тоа боли,тоа МЕ боли,зошто кога сум и најдобронамерна,сепак лажат и кога ќе речам ИСКРЕНО,враќаат неискрено,зошто инстинктивно научиле да реагираат на тоа знаејќи дека искрено за нив е една проста лага,а се прашувам што за нив е искрено?!Не философирам,не тресам од ракав работи,навистина ме повредува тоа што секогаш ги држам со цели две мои раце,до лакти кога најмногу им е потребно,оние кои добиле повеќе шанси од што требало,а тоа не го почитуваат и сеуште не се опаметиле зошто суетата им е поголема,а завидуваат на добрината,таквите ги нарекуваат мивки и глупави,си се трујат самите себе.
    Како и да е...Честит Божиќ на оние кои си го слават.Се надевам дека ќе ви донесе мир и среќа,оние кои сте декларативни верувачи,се надевам дека ќе ви вдахне трошка човечност и добрина.
     
    На Phyramide и FBI им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.433
    Сакам да кажам...

    СДК ..... ич не ми е арно ....... ми треба некој да ме искара, или пак еден убав ќотек да ми удри ..... оти вака више не бива ....... не, не, не, не ....... вака више не оди!!!!
     
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Ние сме среќно семејство! Го обожавам заедничкиот божиќен ручек, каде што мириса на спокојство и љубов. Добив и поклон од мама 300 грамско чоколадо и се израдував како авион да ми купила :)

    Честит Божиќ, за многу години да ни е празников, мир и љубов во секој дом! :l:
     
    На pink4ever и 2468 им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека се чакнав тотално со Mall World на ФБ. :x
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    знам дека не е вистински момент, за зборување на оваа тема но сакам да кажзм нешто во врска со изигрување на кренат нос од страна на нас женските кон машката популација;

    епа вака;

    Беше тоа поодамна , па пред 2 години и нешто , на мојата Апсолвентска вечер, прво бевме на забава во ресторанот Ден и Нок, а потоа продолживме во летниот клуб Колосеум. Постоеше едно момче кој ме фати за рака во ден и Нок-мој колега, му се допаднав, а потоа едно друго момче-само ме допре-најверојатно и тој беше некој од колегите , ама не го познавав.

    Потоа во ресторанот не се појави тој што јас сакав-тој што ме фати за рака(подоцна дознав дека имал сообракајка), но имаше еден друг колега Албанец-една колеска од мојата група му е другарка цело време ме гледаше, мислев дека ке ме нападне, цела вечер се тресев во Колосеум-леле мамичке. И така во момент кога сите колески останавме во еден круг , и си пиевме секоја по нешто, едно момче ми рече"извини девојко, ама му се допагаш на другар ми" a ednata od koлешките што беше до мене ми рече-леле по име-божем јас го испровоцирав тоа да се случи, и незнаев како да реагирам и момчето ми изгледаше помал од мене, само му кажав да се повлече без проблеми и скандали. Потоа не знам зошто ама не ми беше ок, и така заврши мојата академска вечер, за прв пат јас да одбијам момче-директно, инаку секогаш имам разбирање за сите, ама колешкава тоа што го кажа , беше како да јас сум извршила незнам каков злочин. :sweat: ,требаше бунтовно да изреагирам, али пак да и ја треснам една, ама да не предизвикувам проблеми.
     
  6. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам...

    Среќен Божик на сите и се најубаво! ;)
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк....брррр !!!
    брррр!!!!! 1000-пати брррр!!!

    Абе паѓаат пингвинчињааа...
    [​IMG]


    Седете си домче најтопличко е :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Оooo златна да си само ти :D Ама ич не си ја стискам душичкава, си каснувам се што ми паѓа и што не ми паѓа на памет аналогно јадам се што гледам :D и во меѓувреме си го поставувам прашањето што ќе беше со мене да беа сите 365 дена во годината како Божик. :?: Ајде нека поминат празнициве, па да се вратам во нормала со јадењево зошто не е на арно волку јадење. :fubar:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    Конечно решив да му вратам со иста мера! Вечерва Оззи ќе се шета без да и биде гајле за никој!!!
     
    На Ema.Sk и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Оооо што е убаво кога отидеш на гости гладна и оппппп гледаш на масата копир-салата , кифлички , сирење , маслинки.
    Мњам , мњам ептен се најадов и сега мојте се чудат зошто сум одбила да јадам. :D
     
  11. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми ја убија во појам врската :mm:
    1.Дечко ми пре бејбифејс бил за мене...многу децка фаца имал,али ај демек телото го вадело :?: И ај тоа некако го сварив него второво...
    2.Личел на тој некој Јован Стефанович од ЗВЕЗДЕ ГРАНДА :o :tmi: И што е најтрагично кога ми го покажаа кој е,сварно личи!!!И сега ми иде вака млада да си починам :^) Господе бе што сум ти згрешила??? :D Јаооо сега кога и да го видам ќе ми текнува на овој Јован..леле море подобро ич не го гледам :lol:

    И ај се тоа него читам коментари за тој Јован на снимката на јутуб п*дер ,геј...И таква потресена му се јавувам на дечко ми да му кажам на кој личи нели :wasntme: и следи муабет:
    Јас:Што правиш?
    Он:Еве со еден другар ЛЕЖАМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    :o
    Ова само на мене може да ми се погоди на никој друг..е така!
     
    На Ema.Sk, marama, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Е ме насмеа сега :D :lol: улавко си :)
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Дајте ми боца со кислород!!!
    Немам воздух....оф лелеееееееееее......со закон би ги забранила бугарските и кинеските парфеми!!!!! :puke:
    Верувале или не дури ми се повраќа, глава ме заболе.....што ќе беше ова смрдење :fubar:
    Јас разбирам да се дотераш за на гости да си шприцнеш и парфемче, ама за кај комшиката на кафе да го истуриш цел парфем врз тебе не го бива.....башка кај мене нема некој згоден дечко за да шармира, што и требало да се бања во тој бугарски парфем |(
    Ќе си ставам натпис над врата дека дома не примам гости со јаки парфеми и смрдени чорапи....ете така, па неможам јас да луфтирам по 2 саати откако ќе си заминат, надвор е -10 :tmi:
    Се надевам дека парфемчињата од фемина убаво мирисаат, дајте ве молам шприцнете барем на форумчево кога ќе дојдам пријатна реа да се шири :) :) :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК 1 Христос се роди! За многу години христијани! Среќен Божиќ! :rofl:

    СДК 2 Се сетив дека ланската година за Василица мене ми се падна паричката. Но се прашувам дали оваа година беше среќна за мене. Добро. Можеби не беше среќна, но научив многу работи. Имаше среќни моменти, но беа пригушени од лошите. Имаше лоши моменти, но се трудев да се фокусирам на среќните. Посакувам година што е пред мене да биде посреќна од претходната.

    СДК 3 Вчерашното возење со татко ми во мене разбуди болни сеќавања. Покрај тоа помислив дека јас никогаш не би седнала на возачкото седиште. Стравот е ненадминлив. :(

    СДК 4 Колку прекрасно изгледаше мојот град на бадниковата вечер. Оган, тапани, народ, топла ракија, вино... Се беше волшебно.

    СДК 5 Ми фали моето безгрижно детство. Класот од основно, наставниците, родендените... :(
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ве гледам сите сте се прејале, а јас за празници никогаш не можам да јадам. Ни две сарми не можев сега да изедам. Зошто не знам, може од атмосферата се заситувам. :?:
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк дека ме полудеа моиве.. па и плус мало дете тука нагости само нешто бара, само се вртка, чепка, пека.. аууу ако не си отидат за 15мин, мене ке ме соберат од некоја установа
    пу пу
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Леле, што сакам убаво винце и убаво сиренце. Мх,мх мераци.... и тоа само предјадење.
    Па после и главно јадење, па сочен десерт....Како да сум се чувала цела година за празнициве. Убедена сум дека ќе набацам некое килце, што ме радува. :)

    И секако дека не може се да биде совршено. Така, дечко ми ми ја расипа вечерта, мешајќи се во работи кои не се негова надлежност. Теле глупо! Ама не му се замарам, вечер излегувам, и одам јако во провод, па што сака нека биде. Уште сега чувствувам како ќе лизга жестокото!!
    Што би рекла, мириса на добар провод.


    Имајте убава вечер Феминки, во Божиќен дух...или како си сакате ;)
     
  19. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Сдк дека си гледам 102 долматинци и умирам од смеење од папагалчето како мало детенце .. :lol: "Тли куценца со тоцки.." :rofl:
     
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    ^ Колата на лосата зена .. :D :D :D
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.