Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.827
    Сакам да кажам...

    Значи разбирам дека им недостига, ми недостига и мене човекот.... но ја отупеа значи! Цел фејсбук ѕид ми е преполн само со песни негови! Оставете го човекот! Се вели: ПОЧИВАЈ ВО МИР!
     
    На Malechk0, teddybear, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    I thought I saw a pussycat.. Ow no, wait.. I ..I think..I think I just KICKED ASS! :rock:
    Ајде сесијо биди ми вака..плодна!!!
     
    На LivingGlam, Phyramide и Hipica им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    СДК

    Неса ме остави :o и ^_^ со веста за концертот на Hurts! Премногу се возбудив!
    А Дафне ме тера да се кезам со уста ширум отворена кога и да ја прочитам! Задните пломби ќе ми испаднат од толку кезење :D Ајде со среќа нека ти е сесијава сестро!
    А со Хипи се согласувам во врска со Тоше, да, тажно е, да, ни недостига, да, знаеме дека денес ќе го прославеше 30иот роденден но некогаш што е многу - многу е.

    И за Сури сеуште не можам да се изначудам. Буквално останав :x
     
    На FBI, Dafnee и nesa им се допаѓа ова.
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^ Пирамидке зимам карта и доаѓам, не се пропушта тоа :rock:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    201
    Сакам да кажам...

    Кога сме кај сесијата веќе да си ја испразнам душичкава, а никако да седнам над книга да повторам :worried: . Само се преместувам од компјутер пред телевизор, никако над книга. Си мислам сум научила и немам гајле :?: Секогаш ме мрзи да повторам, секогаш! Ма каква будала, јас не сум нормална, а не само блага верзија на ненормален човек, тако звана будала како што се имам изјаснето :(
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.595
    Сакам да кажам...

    Сд и изразам сочувство на нашето Енче во врска со шминките. :D Претпоставувам како и е,ама хеееј,ете ти повод за трошење на нови 3-4000 што секогаш делуваат терапевтски! ;)
    И сдк...доста веќе со Тоше,доста веќе со таа лажна ожалостеност,доста со окупиран фб,што не ви текнува во други денови?!Бедно е,пребедно!Доброќата увек е на цена и се ќаруваат добри бодови од неа,ама овој пат е претерана,особено со среќен роденден на некој кој не е жив,а се превртува во гробот зошто не му дозволуваат мирно да почива и да си го најде патот кој ќе го однесе онаму каде што треба.Никогаш не сум зборувала за моите убедувања околу верувањето,но само ќе кажам дека верувам во минливоста на материјата и дека се она потоа,е посветло и послободно од ова што го пласираат тука,по земјава која одиме.Поентата е да го продолжиме она во кое што го правел тој за кој денес зборуваме со видна ожалостеност.Толку преовлада овој виртуелен живот,што ве мрзи да го мрднете гзот и да појдете до некој старски дом или дом за деца без родители или да се насмеете на оној што го мразите,што ве мрзи да помислите на некој друг освен на себе и вашата ооо...ожалостена душа!Не му верувам на никој,не дека ви значи,ама чисто да си знаете,секоја профил слика,секоја песна закачена во волови,волови едни на фб,е еден огромен минус и говор на маленкоста на вашите души.
    А бедно е што некој се труди медиумски да се експонира на смета на некој кој не е меѓу нас и не знам дали знае дека роденденот на некој кој е заминат е поболен од годишнината на неговата смрт.Простаци.
     
    На sesilija, mims-89, Go-Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДиК на пара баба ми, среќен 104 роденден бабо и почивај во мир ! Изминативе 10 години без тебе ми беа тешки. :?:

    ете такви сте денес со тој ФБ !!!! :fubar:
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Сакам да кажам...

    Па сдк, и денес испитов беше топ, морам да признаам за овој книга не фатив :$ :$ !Но, си направив прекрасни ливченца, си препишав се :) Така да од 6 предмета, 5 сум помината, а оној најдосадниот |( свечено го оставив за во април...Мајка ми цвета деновиве, пресреќна е :angel: А тоа највеќе ме радува :D Дај боже до 8 семестер вака да ми иде :P
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.236
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убав ден. Си земав две оценки т.е за едната полагав, ама битно ја земав. Со професорката си се разборевме не почувствувавме дека поминаа 2 часа и нешто. Ми даде неколку совети за кои сум и благодарна иако секогаш мислев дека сум и една од најнеомилените студентки, но ете понекогаш погрешно ги оценуваме луѓето.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    650
    Сакам да кажам...

    СДК дека веќе неколку дена сум на диета,премногу убаво се чувствувам и се надевам дека ќе ги постигнам саканите килограми!!!!! :angel:
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк веке ни на сон не се качувам во такси во Штип.. бог да чува и да брани.. шо нив ги боли јас од кај до кај се возам со такси? ако сакам и за 100м ке си се качам, па и плус коментира сигурно не си од тука чим се возиш со такси, мајка ти знае ли за колку блиски места користиш такси? да знае.. и тебе ич нека не те интересира зошто јас си ги трошам парите.. бог да чува и да брани.. :devil: :devil:
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека нема ништо поубаво од шеткање по снежен сончев ден и купување книги. Ги мразам Матица, сто пати се имам откажано од нив (уште во весник фали да ги откажам), ама им дадов уште една шанса. Само две книги за денес, ќе видам дали има писменост во нив и ќе размислам за уште.
    Сега сум ^_^ . Нема состојба од која не може една книга да ме извади :).
    И секако, уште повеќе насмеаното лице и :talk: со оној што го сакам.
    Ајде сега :hai: , отидов јас да се изгубам во книга (откако прво ритуално и манијачки ќе ги мирисам страниците).
     
    На FBI и senza.parole им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.595
    Сакам да кажам...

    Извинете за офф топик,ама многу ме интересира Ливинг кои книги ги зема?! :)
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Лилит ја зедов Под мермерно небо, бидејќи многу ми ја фалеа, па да видам што е :). Обично фалените не ги бендисувам, ама пробувам од љубопитство. Ја зедов и Питач пред вратата, ми изгледаше интересно на корицата, а и само 100 денари беше. Сакам да ги купам и трите на Антони ди Мело, ни сама не знам зошто, ама ми паднаа в очи.
    Ако разочараат пак, секогаш Табернакул и Или Или ни се тука. :)
    Пак ќе е офтопик, ама ме интересира и мене ти со што се поднови, видов во некој пост дека имаш брдо нови книги што те чекаат. :)
     
  15. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    I jas sakam da ja prasam Living kade ima knizara na matica vo Ohrid?

    [mod-kirilica:19y5h7lm][/mod-kirilica:19y5h7lm]
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.595
    Сакам да кажам...

    Од Матица си ги земав Мајсторот и Маргарита,Москва на солзите не им верува (кои ги имав прочитано,ама позајмени,па морав да ги имам дома,заради импресиите),Сенка на ветерот и Питач прад вратата,која веќе ми е на средина и сум поприлично пријатно изненадена.Индија е волшебна дури и преку книга,морам да најдам начин да си ја изреализирам желбата да ја видам во наредниве неколку години,ама околу тоа планирам да отворам цела тема,за мојата импресија за нешто кое сеуште не е видено,но со години ме држи будна да ја истражувам буквално на секој можен начин.А Баба зазема цел том раскажувања...него да не должам...
    А за други книги,од Табернакул си ги земав тие што ми недостигаа од Кундера,рака на срце татко ми ми ги подари и од Три имам нешто психологија земено,не е нешто со содржина која се раскажува.Треба да се најде време да се прочита нешто,обично почетокот на годината ме фаќа тоа читачкото. :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    Сакам да кажам...

    СДиК на Lilit дека од Сенка на ветрот - нема да се разочара :)
    Сеуште не можам да ги соберам сите чувства кои го осетив додека ја читав :)
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да ти кажам Лилит - честитки за изборот, супер што не е разочарувачка Питач пред вратата.
    Штом ја сакаш Индија земи ја Богот на малите нешта ако не си ја читала. Само, од Три е многу лош преводот, ако ја најдеш на англиски никако не испуштај ја.

    Сенка на ветрот ја фатив да ја читам уште кога излезе првото издание. Ќе се онесвестев од грешките луѓе мои, ја зафрлив после 5 страни. Слушнав дека тоа издание го повлекле и го потсредиле, па можеби ќе ја купам и таа.
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДиК на Гоу, не сум секаде и со секого така фина, :!: особено на работното место :)
    А сеа ќе ме клатиш за ова плавуша и полицајка ? Ај се навикнав веќе на ова, отрпнав :D не си прва ниту последна :D
    Едит: да ме видиш ко сум на работа какво сум ]:)
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.236
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Богот на малите нешта ја има и на српски. Јас морав да ја читам за на факултет ама преубава книга.
    Би ви ја препорачала и Белиот тигар.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.