Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.581
    Сакам да кажам...

    А околу темата,гледам сите се жалите,па еве и јас да промовирам еден пакуван пост...
    Лицемерието преовлада,а исто така и некои луѓе почнаа да аздисуваат на начин на кој што не им прилега,искрено луѓе се прашувам за нивната присебност,зошто ни малку не беа такви порано.Луѓе кои порано сум ги почитувала,а сега гледам дека се однесуваат инфантилно и сосема детски,џонглираат ко дете со играчка и сметаат дека тука се дојдени за да посочат кој е добар,кој не,работи кои до вчера им биле добри,денес се жалат.Зошто?!
    Друго,не припаѓам на ниту еден табор и не сметам дека има табори,а тие што ги формираат,нека ишкаат муви.Немам навика да поздравувам од наплив на површна емоција,имам доволно внимание во реалниот живот.
    Трето,аман веќе...ради празниците е,сите ги фаќа меланхолија,а тука има два-три џокера кои увек ја диригираат атмосферата и во даден момент ако нив им одговара расположението,се е супер,а веќе истото тоа расположени во наредниот момент не им одговара,одма мајка Тереза не им е рамна.
    Договорете се со себе,а потоа тука со мрчења и барање на проблеми каде што ги нема.Реално,еве вака се создаваат проблеми тука на форумот.
    Не сум тука за освојување нечии симпатии,но забележувам,едни та исти во дадено време се ок со мене,а потоа се менуваат тие самите,а јас сум иста...но ми е скроз не битно.Сега е фазата во која чувствувам дека не ме мирисаат многу,но знаете колку ми значи?!Ич,затоа што и знам зошто.
    Поздрав сестри
     
    На Annath, velesanka, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Лилит, јас зборам за оние ликови кои тролаат по теми и не прекинуваат да иритираат со бескрајни нелогични караници. Никого не познавам од овде, барем не знам дека познавам, ама има ликови кои ги ценам, и такви кои ...не би ги читала. Ама има и еден вид посебно класифицирани..оние што нејќам да ги читам, ама ми ја бодат рожницава и на крај се трудам да не учествувам во дискусијата зошто не ми е цел да се препукувам со никого...Ашлинг...на пример. И онакви фаци..Имам 15 години и тефтер на сексуални искуства..Како да го опседнам со мене?... И оние што не знаат дека постои буква „В“ во нашата азбука...
    А за тоа дека се поздравуваат/ме...сеедно. Имаш чудна аверзија кон темата Лилит. Не ме терај да идам да ти мавнам еден поздрав и пољубац сместа! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Не ми се допаѓа умилкувањето и лижењето г*з,а колку го има тоа на форумов,искрено ги надмина сите мои очекувања.Јас сам просто изненаѓена :o

    Не ми се допаѓа тоа што ако си искрен стануваш лош и завидлив, ако ќутиш ...еми ако ќутиш поарно не се ни зачленувај! Мислам дека сепак е форум место за развивање на дискусија,а не место кај што само ќе си климаш со главчето пред монитор и ако не се согласуваш со нешто ќе си голтнеш кнедличка,само за да бидеш добар :angel: Тука сите ги сакаш,ако реално додека читаш нешто превртуваш очи ја замислуваш дотичната девојка со свиткано вратче :x

    Ете тоа не ми се допаѓа,лигавењето,тупењето во место ,губењето на сопственото јас некаде меѓу редовите,обесувањето со досадни и глупави работи кои не ги интересира никој аман.

    Нормално дека ова се однесува на поедини членки и секоја чест на оние кои едноставно му даваат живот на форумов.Секоја чест на оние кои се јасни,гласни,искрени,позитивни,негативни...ама пред се оригинални!

    Ова си го ископирав од една претходна тема, ама ќе се надоврзам на претходните муабети...ако грешам нека изгорам ;)
     
    На pink4ever и blueeparadise им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    На Phyramide и julie77 им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    СДК не ми е арно.
    Работата е пембе.
    Сета облека, книги и ситници ги спакував во црни пластични вреќи за отпад и ене ги сите работи - зјаат на терасата, мрзнат на ладното.
    Проклетиот мебел доаѓа утре, но види мајката - утре ќе пристигне, а ќе се монтира тек таму некој ден, кога ќе им прдне.
    Таква била процедурата, јас малоумна сум, платив и мебел и достава и монтажа, истресов пари, ама многу сакам, се' во еден ден, ааааааа...
    А дотогаш, ако нешто ми треба - во вреќите за ѓубре е де.

    Го истурив целиот бес и гнев при пакувањето. Пакував и плачев и плачев и плачев...

    10-те раднички саати дневно во изминативе три недели си го земаа данокот.
    Конечно полудев!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Да драги луѓе, ЈАС ПОЛУДЕВ.

    Чекам плата за месец декември, а таа нема абер да стигне.
    Се расправам со паничари, хистеричари и неспособни на работа, секаков неписмен народ, и ако и оваа сабота ја имаа таа чест да работам, ќе ми биде 9-та триумфална работна по ред.

    Ме боли што никој не ми го цени трудот, ме боли што секое споредно планче ми е хаос, што не можам да се посветам на најблиските, на дечко ми, ниту на себе.
    И што згора на се' додека плачев , мајка ми влета во соба и само ладно си рече: Светот не се врти околу тебе.
    :|

    Од мака не можам да му кажам ни на дечко ми што ме мачи.
    Е дури тогаш ќе прснам, ќе доживеам нервен слом и страв ми е дека ќе сфати дека си има работа со една накурчена, изнервирана и деновиве психички лабилна - ЖЕНА.
    До следната метаморфоза не ве бакнува, ниту ве лајкнува
    Трендафилка.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Севдоле, пароле... пароле, севдоле... срцево ми го изгореееее :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Ехехеее за сРански песни не е проблем, јас барам некоја народна македонска :D

    Туф бре, а баш вчера си реков, што е убаво форумчево, сите весели Hurts ќе доаѓаат во Скопје, сите што си ги сакаме си мочнавме од возбуда во гаќи, убава заразна насмевка се шири, а сега гледам изгледа не е така :) Е*ем ти наивната Пирамида.

    Жени бе! ПМС? А? Мислам и јас сум во ПМС и очајно ептен би му отишла на комшијава да му акнам еден бокс и да му објаснам дека кошарка се игра на друго место, ама ај си ќутам си траам и си ги чекам моите 5 минути. Евентуално некое педерско ливче ќе му закачам како они на мене еднаш кога правев домашна журка |(

    Како и да е, да, има многу Ф во нашиов јазик, ама па кога треба да се употреби буквава, па баш тогаш се вели - сВаќам, сВати, сВативме итн. Нели? ;)

    ТоВа би било. Ќе си ја дуФнам јас и ќе си хибернирам со оскаровски филмчиња и ќе плукам влакна од ќебенцето :hai:
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.581
    Сакам да кажам...

    За крај,ќе ве молам доста со муабетот за скролање затоа што е апла непочит кон сите на форумов,да се думаат кого тоа вие скролате.Нема смисла,имате опција за блокирање,не мора да читате и готово.Јас си ја употребив неколку пати до сега,си служи како што си треба.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.999
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ти тоа што го кажа сега е многу полошо од скролањето. Така барем може и нешто ќе ти фати око. А вака сега да се мислат за кого си ја употребила опцијата :)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Сакам да направам нешто корисно, но неможам. Здодевно ми е |( , седам така на форумов да ми мине време. Го мразам овој филинг. |(
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Да спијам или да учам?...маме му јебем кој да ми биде опортунитетен трошок...здравјето или факсот :?: :rofl:

    Ве исчитав овде, ставив и лајкчиња....не озбилно жени не се иронични лајковите, убаво си пишувате....1000 пати сум рекла паметни цури сте :)
    Главата ми паѓа, ама морав да прочитам што сте напишале....за однесувањето на феминките на форумов....реално - така е, јас имам еден реферат да пишам ама всушност кому му е гајле што некоја т.н. Гоу мисли за него :rofl:

    Само сакам да ви кажам, јас незнам во која категорија ме имате сместено мене, ниту пак се обидувам да дознаам.....ваше си е, а моето моето е следно: само дел од активните ги читам, затоа што сакам да ги читам, затоа што без разлика дали се согласувам или не со нивните мислења, сакам да прочитам и нешто поразлично, да ги видам работите какви се од друга агол, гледани со туѓи очи......знаете во реалноста не секогаш се кажуваат работите, дури и да се каже нешто не се кажува до крај, а овде - овде може да се напише до детал без потреба да се скрие нешто или да се измени (да се нашминка).
    На крај би кажала, јас сум овде и ве читам заради СЕБЕ, не заради вас....затоа што тоа што ќе го прочитам на некој начин е корисно за мене и од мене имате само едно БЛАГОДАРАМ што ми овозможувате да ги прочитам вашите ставови и размислувања! :bow:

    *ова се однесува на оние реални и квалитетни постови
     
    На sesilija, Annath, 2468 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Сакам да кажам...

    Сдк дека stronggirl636 направи рекорден број дупли теми денес |( :tmi:
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Пред да се испружам на долго и широко на креветот,за добра ноќ да ви раскажам една прикаска....

    Во една кочан ладна зима,еден ден си леткало некое врапче,арно ама од студот паднало на земја и замрзнало.Поминала некоја крава покрај него и го пока**ла,бидејќи леп****та била топла ,врапчето се одмрзнало и ги отворило очињата,арно ама таман си дошло при себе поминала лисицата го видела,го фатила и го изела.

    А наравоучение????

    Епа не секој што ќе ве покака ви е непријател и не секој што ќе ве извади од го**а ви е пријател!

    Добра ноќ...Георгина се одјавува ;)
     
    На Annath, Ema.Sk, pufi-cufi и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.581
    Сакам да кажам...

    Јас сега кажав,после година дена на форумов,а рака на срце повеќето што беа сокриени повеќе не пишуваат,а една пишува на тема Анксиозност(и тоа ретко) и оди под назив Буби,да не создавам јадови некому,немам проблем со искреноста.Мислев дека е соодветен пример,а плус ако сакаш да прочиташ нивно мислење на некоја тема,можеш да видиш дека пишале и да кликнеш да го прочиташ тој пост доколку ете те интересира.Моето не е еднакво на ширење на омраза и поттикнување на сомнеж.Кој сака може да пишува и не можам јас тоа да го спречам затоа што мене ми одговара,можам да си го блокирам и крај.
     
  15. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека не сум корисна :( :worried:
     
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    6.848
    Сакам да кажам...

    Aнита секој е корисен на свој начин , немој да се осудуваш и да се омаловажуваш ...сеуште не се дојдени твоите 5 минути , ама знам дека ќе траат 20 ! :D
     
  17. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Сакам да кажам...

    фала сонценце само имам такво чувство :?:
     
  18. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    СДК дотичниот ме изнервира ептен :@ ама не се замарам ,има да биде по мое па ако треба цел свет да се преврти наопачки!
    Наречете ме разгалена , детинеста ,ама не попуштам!Со мене инат не се води дечко да си знаеш! :devil:
    И да претплатникот НЕ Е ДОСТАПЕН во моментов , нека се нервира сега он малце , на мене е ред да бидам идиот ;)
     
  19. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Сд и к на Анита и на сите други кои во моментот се чувствуват помали од мравка и пониско од магаре. СЕКОЈ ИМА СВОЈА ВРЕДНОСТ и секој вреди на свој НАЧИН. И ако се чувствуваш бедно и некорисна, знај не е така. На светот има барем еден човек што му значиш многу и секогаш си му корисна...
    Енд ју ноу ват?
    [​IMG]
    ;)


    Сдк2 Еве долгоочекуваните Mean Girls.... :D .. Интересен стои и вториот дел. :nod: http://www.youtube.com/watch?v=dp9CBuDfgZk
     
    На dancing.queen и Hipica им се допаѓа ова.
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Како што претпоставив - денот убаво ми помина. :)
    Си ги земав оценчињата - све 5 само македонски 4 брех! :worried: Баш тој предмет што многу го сакам... :worried: Ептен ми е криво.
    Хрчково ми се разбуди и се рашетува насекаде низ кафезот, си го врти тркалцето - ама замислете: однадвор го врти... Смоле! :lol: Гревче е ќе земам да го рашетам низ куќава, ама ако се опушти тешко мене, метак е... тешко да го фатам. :D
    Моментално си го симнувам Buried - го видов на форумов и одма ми фати око.
    Утре се договоривме со другарки од клас да донесат карти, па ќе фрчи Кент, Брич, Покер, Макао, Црн поп, Магарец, Војна, Тонч, Џандар збира, Џандар v.s. поп и уште многу игри... Некој спомна ќе донел табла... :D Да се позабавуваме дур не дошло времето за колење (испрашување и тестови). :D
    Телевизоров како и обично, само баботи безвезе, или фудбал или цртани. |( Човек неможе на раат филмче да си гледа. Ќе си се стаам уште малку во дневна, на сателитска МОРА да има некој интересен филм, барем некое хорорче на Top Movies или Panorama Action. Мамичка го земала од некоја колешка Sex and the City 1 & 2 така да ќе го гледам деновиве. 8)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.