Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Тие утре рано што ќе излегуваат убаво да се наоблечат оти ќе биде смрзнивачка.
    Се грижам јас за сите вас ! :)
    Ништо друго паметно немам што да кажам па затоа ќе се одјавам.


    Имајте убава топла вечер !
    [​IMG]
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    СКД колку и да се рачунаме зрели,искусни,силни,сепак кога станува збор за лично наш проблем,она што мозе да ја помати сликата е субјективната засегнатост. На форумов се добива објективност,макар и била сурова,ама како ќе научевме да стануваме ако не сме паднале,па гледај чудо дури и нашите најмизерни искуства ќе излезе дека некому ќе користат,барем да не ги повтори,а нам со тоа што сме ги исфрлиле од себе им ја одземаме моќта што некогаш ја имале врз нас.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека постов ке биде малку долг ама не сакам да ми го избришат и никој не е приморан да го чита се однесува само на мене и утре сакам да видам што сум имала да кажам денес... Всушност кога ке подразмислам не знам што точно сакам да кажам но ова е единственото место каде што можам да си кажам се што сакам а ми тежи и ме боцка ...

    Некако оттргната, индиферентна, саркастична, нерасположена и максимално разочарана деновиве. Дел од себе. Дел од тајфата околу мене. Од семејство преку другарки до дечко ми ... Т.е не баш како разочарана туку веќе некако како од својот пат да излегов ... Не сум мрднала од кревет а не ме држи место ... Тешко е за разбирање ... И самата тешко се дешифрирам ... Не знам каков е овој бран што ме зафатил ... Ама ... Не знам дали сум баш разочарана ... Реално никој не ми згрешил нешто многу ... Едноставно можеби ми треба психијатар ... Мислете што сакате ама како би исфрлила се од мене на некој што ем не го знам ем нема да каже на никој ем ке ме разбере ....

    Како таков тој бран придонесе да си седам во најмеките можни пижами што постојат, стуткана во уште помеко кебе и удбните папучи нешто во облик на угг бутс што успеав да си ги приуштам, лежам во мојот кревет а огромна чаша скоро мало тенџерче полно до пола со чај од брусница седи до мене. Не ја заборавам и милкава ноисете. Претежно читам книги ... Некако се носам во друг свет се поистоветувам со друг лик ... Со поубави понеубави животни приказни од моите и од оние што ги знам потполно.
    За прв пат телефоните ми се фрлени. Не чекам повик. И да врти некој треба во него да има голема надеж дека ке имам желба да кренам. Се чувствувам удобно, меко, како мало мече со свиленкасто меко крзно ... И уште почудно е што ми е убаво и немам ни најмала доза на нервоза ниту знак дека нешто допира до моите нервни клетки моментално.

    Плус за прв пат во мојава кариера немам апетит ... Мајка ми ме тера да јадам ... Не можам ... Милкава со 25 посто гратис во неа ја лигавам два дена ... Пијам чај и цедевита од лимон ... или ладна вода... Џвакам мастики детски кои успатно пред некое време ги купив во каммаркет и ги пронајдов па така се потсетив на невините детски денови ... кои ми фалат ... можеби на моменти и премногу ...

    И така додека дотичниот е на кафе не е ни свесен како неговата девојка се чувствува ... Осети доза лошотилак во мене деновиве занемарувајќи го фактот дека одбивав да се видиме ... А денес ... Баш денес кога сакав да го видам и да го гушнам тој отиде на кафе ... Можеби сабајле се јави тоа да ми го каже ама јас го премислив ... признавам не се однесував убаво... Бре сеедно. Ајде ке кренам слушалка и уште јас лута зошто не се јавил. Божем мене толку ми смета што ке излезе ... Само што ке ти се јавував .. А да бе уште толку ме долути таа лага па му спуштив ... Сигурно се чуди ... Сепак ми рече ке те барам кога ке дојдам ... А да беше неизбежно и едно ми недостигаш ама тоа вчера ... А јас пак на тоа возвратив и јас си недостигам знаеш онаа јас старата ... Мислите ме сфати што кажав. Јок врска си немаше. Па и јас до негде не бев свесна што кажав. И така заврши вчерашниот разговор ...А до после ке видам какви бубалки ке имам во глава ... Сепак сега го мразам зашто некако денес и сега сакав пак да ми рече ми недостигаш и да се видиме а тој одбра друга опција.... Сама сум крива ама ... Ќе пројде.

    Го напуштив пред малку моето катче и бев до дневна. Знаете по чај... татко ми беше сам и ме викна да поседам со него толку жално ама и толку очајно му требам ... Драги мои не бев спремна ни за тоа денеска и му реков имам работа ... Се скрши едно делче во него но тоа не значи дека мене не ме боли повеќе и дека нема да надохнадам кога оваа меланхоличност ке ми пројде. Денес ке се задоволи што го гушнав ... иако попаметно ке ми беше да го ислушам отколку да дојдам пак во соба и да уклучам компјутер ... На крај краева јас сум таа што секогаш го слуша и што го сака највеќе ... Ама ете.


    Сепак едно останува сигурно и непроменето воопшто. Моите обврски кон брат ми. Не ми ги наложиле родителите ниту некој ме тера нешто со сила ама тој ми е помало батуле ... Срцето ми ги налага тие обврски а мене ми одговара. Да го мазам и разгалувам... и да немам за себе ке најдам за него ... да го сослушам и утешам ... да го извадам од каша... да го смирам тато кога ке го изнервира ... Без разлика како сум расположена тој ке влезе во соба ме гњави гњави колку што може и сакала неќела на моето лице има насмевка ... искрена и од срце ... Тој е само еден бесен тинејџер ... сепак убаво воспитан и културен ... прилично сум горда на него ... многу пати му држев долги говори ... а тој викаше доста ми попуваш ... многу пати плачев ... а сега го гледам како созрева ... како по малку го мрази дечко ми зашто му ја зема сестра му т.е не буквално ама не пропушта прилика да ми прокоментира и знам како се осеќа ... А тој не знае дека ако треба животот моментално би го дала за него.

    Со ова го завршувам овој предолг пост прашувајќи се дали јас побудалев или сум психички пореметена или нестабилна личност или се работи само за неколку дена и хормоните владеат со мене а ова е само кризен период и ке помине ... Останува да дознаам понатака.

    Ве сака тедимече. :hug:


    ... :bow:
     
    На Bozica1980, 2468, scorpija986 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    СД и К на Тедимече мене ми изгледа како да те опфатила рамнодушност,ах тоа чувство што најповеќе го мразам,цица сила и радост безмилосно,па безволност,некави си недефинирани мисли,негриза.
    Девојко,стани од кревет налути се,исплачи се ако треба,пушти некое песниче разиграј се само смени го тоа чувство.Па и растази се е поубаво од рамнодушноста.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.581
    Сакам да кажам...

    Сдк дека...некои луѓе и да го пропатуваат цел свет,да отидат на месечината...и понатаму ќе бидат малечки и ограничени...ќе да е состојба,генетски фактор или што знам...ама такви се,мали и никакви,закржавлени.
    Денес...барем јас така мислам и сум поминала...секој студент е во можност да отиде во Америка и да помине едно лето таму,црнчејќи,но не сум сигурна баш дека тоа го прави уникатен,посебен и изживеан.Јас барем не добив таков вечаток,а ме вадат од такт оние кои го сметаат за достигнување,а CV ... празно,душа празна,карактер,празен.Тажно.Од ограничени луѓе бегам ко од чума.
     
    На 2468, scorpija986, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.999
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК секогаш кога пуштам машина да пере, се плашам што ќе излезе од неа. Нешто исфарбано ќе има гарант, како астрономска физика ми е бре ова перењево. Не можам да сконтам шарени, нешарени, бели или небели. За секое парталче на мајка ми и зврцкам, Мамо ова со шарени се пере или со бели? А ова? А ова? И на крај пак ќе ставам нешто кај шпто не треба и отишло све плаво :tmi:
    Сиротиов цела гардроба ја смени, или му се смали, или ја смени бојата :$
    А му викам, па што има везе, стално ко во ново ќе бидеш, се во друга боја :lol:
    Ах бре, кога ли ќе му го сврзам крајот на ова...
     
    На skyAngel, Gordana10 и stilas7 им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк 3 дена ме боли рамово да е до спањето мое не е,сменив перница сменив положба на нанење и пак ме боли....Не е до мене знам јас до што е ;) До проклетото школо мое со алуминиумски џамови низ кои ветрот дувка ко ненормален...Па и јас сакав сама да си седам таму со мислата во глава(аа на зимо до парното ќе си се топлам) а :fubar: празна глава не ми текна дека од џамот фура :worried: па и + парно немавме може цел месец на нашиот спрат :x Епа сега Кенди трпи си последици, и моли Бога да се подстоплува времето а малку повеќе ќе почекаш додека тоа се случи :^)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.581
    Сакам да кажам...

    Виножитке,мајка ми после 25 години брак уште го прави тоа...еве ви пренос од моја куќа у моментов...татко ми со пар гаќи у раце влага у дневна и вика,зошто се сини?!До претходната недела носев розеви!!!!!Еве баш пред неполни пет минутки! :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.999
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Значи нема надеж за мене, а? Најубаво ќе биде да го известам, да се подготви, да знае што го чека :D
    Па перењето на раце не е баш лесна работа, кај капната цел ден натаму наваму и уште да земам на раце да перам? Само тоа што е неопходно, инаку другото пикам во машина.
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК не ти чини - оди си!
    Крај на приказната.
    Какви пијавици постојат значи... :x
     
  11. scorpija986

    scorpija986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Сакам да кажам...

    teddybear уживај си како што ти е убаво така прави.... и јас имам периоди кога сакам да сум сама и кога не ми треба никој и кога не ми се зборува на телефон, кога неможам да им обрнувам внимание на родителите, па и јас ко тебе си се затворам во соба кога слушам музика кога само дремам и гледам телевизија, или па само дремам :). Период ти е..... уживај си искулирајси некогаш е навистина добро кога ке олабавиш од гужвата што ја носи животот.....
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Сакам да кажам...

    Епа конечно го најдов You again...идам да го гледам :)
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.094
    Допаѓања:
    5.176
    Сакам да кажам...

    И јас си симнав 4 филма, али нема да успеам сите да ги гледам :lol:
    Вечерва му ја посветувам на ЏОНИ во Турист :inlove:
     
    На Forgotten и broken099 им се допаѓа ова.
  14. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    23
    Сакам да кажам...

    тедимеченце,постот ти го прочитав со големо внимание ме растаж,па ме расплака и на крајот сепак ме израдува,толку многу емоции, па душичке ти во суштина знаеш дека сето ова е само лош период кој секако ке помине,а знаеш и дека ке издржиш зошто кога сме свесни дека нешто ни се случува -половината од проблемоте е решен.имај верба во себе ,во бога и дружи се повеке со твоето братче.поздрав и мнооогу позитивна енергија
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    I Hate America...

    Поточно лигави амерички романтични комедии.
    СДК дека лошо влијаат врз љубовниот живот во реалноста.
    Не постојат Happy Endings...
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Рејнбоу,ме насмеа,кај мене дома е обратно со машината за перење,баш како астрономска физика е,само кога ќе пуштам машина да пере,мислам да не избега од местото кај што е :D оти еднаш такво нешто се деси :rofl: се помрдна од местото и бучава создаваше :rofl: а шарени,нешарени,бели,еднаш една убава маичка розевка,ми се офарба во лилакова и целата шарена беше :worried:
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Среќа моја, свекрва ми ја пушта машината :lol: инаку и моево мажуле ќе се шеташе со розеви гаќи :D
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Исто и јаааааасссс,аман веќе,машинава ми стана пострашна и од Фреди Кругер.Последен пат му го префарбав долниот веш на сопругот од бело,во нежно розево.Ама не е се толку црно,има и позитивен ефект :lol: (Барем сум сигурна дека нема да „шврља“ на страна, ќе му биде срам да се соблече) :tmi:
     
    На Theodora и marama им се допаѓа ова.
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не им е лесно на админкиве, треба бенифициран стаж да имаат.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Сакам да кажам...

    сдк останав без работа и сеа мие многу тешко((((((((((((((( помошшшшшшшшшшшшшшшшшшшш :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.