Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк лист по лист,страна по страна умеам да се занесам и задлабочам во страните со пишани зборови. :geek:
    Вчера ја започнав денес ја прочитав 100 празни страници-Сорил Масарото :inlove: ,обожавам кога со секој нов збор,реченица ке се внесам во книгата и како жедно суштество сакам да ја допијам секоја мисла на писателот.Ајде уште неколку страни,па уште неколку и ајде да видам уште што се ќе се случи,како ќе се случи тоа,дали ќе се случи :?: она и кога гледаш летнал пола ден во листање на книгичка,преубави моменти.... :)
    Имам силиии да плакам со ликот,да трчам,да боледувам имам сили да копнеам по забранета љубов,да се борам со тешкиот ден на ликот од книгата како да е мој...
    Се соживувам и снемувам воздишка на некои моменти и веднаш земам нов здив да ги дочитам мислите и кога гледаш дошол крајот,дошле последни 2 страници каде мора да се одвојам од ликот,кога морам да се вратам во мојето Јас во пустата реалност,во мојата соба...
    Веќе не сум во собата на ликот,не се покрај мене пријателите,блиските на ликот сега покрај мене се моите блиски...
    :!: Ете тој момент го мразам кога ќе го дознаам крајот на секоја книга...а знам дека сакам да знам повеќе,да доживеам уште моменти во кожата на ликот во туѓа кожа...

    Читам со желба да се одделам од реалноста,да заборав на ситните проблемчиња во моето главиче,да ги почувствувам чувствата на некој друг(лик) во мене....зарем сите не читаме барем малку поради ова :?: :talk:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк како раскинува економист :rofl:
    Еве ти праќам една куса порака (не повеќе од 1,500 знаци цца) на твојата електронска сметка со цел да те известам за нашата фактичка состојба. Морам да ти пренесам дека мојата емотивна инвестиција во тебе се покажува како особено непрофитабилна. Иако ти дадов голем кредит (и тоа на доверба, без никакви жиранти), сепак морам да кажам дека ти го потроши целиот и затоа јас сакам да ја сторнирам нашата заедничка сметка и да ја прекинеме соработката и размената на материјални и нематеријални добра.

    Нашата страна, јас, очекував дека ти ќе се трансформираш во конкурентна и престижна девојка на нашиот шизички пазар, но ти остана каква што беше, презадолжена и заостаната во развојот.

    Инаку, стварно ме нервира тоа што за трите квартали колку што бевме заедно, ти успеа да положис само 0.76521 просечно испити по испитна сесија, што и не е некакво достигнување со кое можеш да се пофалиш пред пошироката јавност. И јас заради сето ова ти препорачувам да си најдеш некој друг инвеститор, по можност странски.
     
    На Lilit, blueeparadise и Go-Girl им се допаѓа ова.
  3. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Има некоја вистина и во ова. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На sweetyears, Chupe, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Во неколку минути до 22 часот, кога насекаде низ светов се случуваат револуции и луди работи, јас најдов момент и простор да уживам во некои класични познати дела како на пример 4 годишни времиња од Вивалди или пак во прекрасните композиции на Бах.

    Не знам дали светов вреди за да се спасува и да се одврати од тешко пропаѓање, ама знам дека едно нешто вреди - да се слуша моќна музика на која многумина како да подзаборавиле заради разноразни Лејди Гаги и рапери со златни заби.

    Епа зима е. Не ја сакам. Ама во оваа Зима се влевам и се топам.

    http://www.youtube.com/watch?v=nGdFHJXciAQ
     
    На GeorGinnA, Annath, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    Сакам да кажам...

    СДК вистина е, сите сакаме повеќе. Некој ризикува за да победи, некој за љубов. Но , факт е дека неможеме да си ги оствариме соништата доколку не ризикуваме ништо. Клучот не е во тоа да го ризикуваш тоа што го немаш или пак не смееш да го изгубиш. Мислиш дека си посебен? Не... и ти еден ден ќе посакаш повеќе. Прашањето е што би ризикувал ти за тоа?
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Пирамидке, прекрасна музика, а и клипчето е феноменално- маски, Венеција, затвараш очи и веќе си на некој бал и го чекаш Казанова да помине покрај тебе и да заиграте еден валцер :inlove:


    Јас си пуштив микс од Вивалди, сега уживам во звуците на пролетта :)

    Избегајте од Бас Бас, и слични стенкања и врисоци и препуштете се за миг на класичната музика.
    Ептен ќе ве опушти и ќе го извади од вас понеделничкиот стрес ;)
     
    На Annath, mims-89, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    ... на мојата фирма денеска успеав да и приредам профит од 11 000 евра. :clap:
    И убедливо најинтересен момент е кога дечко ми ми врти на телефон и му шепкам:
    - Со клиенти сум.
    И само слушаш - Леле, ко у бордел да работите.
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Mistery, la-chicka, GeorGinnA и 12 други им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да имам фирма и Трендафилка да работи кај мене :$
     
    На LivingGlam и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Трендафилка ни ја уби романтиката на мене и Сеси. Јас и таа во розевкасти, пуфлести кондурчиња си подрипнуваме во Венеција и одеднаш туш :rofl:

    Како и да е, ме пресмеа :D

    Ја ќе бидам касиерката, како во Монопол, со пари ме бива :$
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    Никакво убивање на романтиката, :shake: да продолжиме во тој тон, ;)
    имам преубави компилации со класична музика, ама ова е нешто во кое максимално уживам...
    http://www.youtube.com/watch?v=8At8zfh_o3E
     
    На Annath, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Сакам да кажам...

    СДК јас сум како птица,сакам слободно да летам.Тој што ќе проба да ме стави меѓу решетки од љубомора,засекогаш ќе ме изгуби..... ;)
     
  12. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Имаш убав ден, ти почнува со насмевка.
    Но,зошто баш насмевка?
    Можеби затоа што сонував убаво? Не.
    Можеби затоа што му се насмевнав на животот после се'? Не.
    Всушност,немало ни причина да му се смеам.
    А,сепак се насмеав.
    Океј,да речиме дека било од срце.
    Уствари не. Тоа е само мускулен орган.
    Душа? My ass. Постои.. па и Господ постои,па прави лоши работи.
    Зошто се насмевнав? Можеби за да не сум дел want a smile и да касапам нечии усти. Можеби.
    Но добро беше. Мамурлукот да го заменам со насмевка.
    Научив уште подобри работи, но да ги фатиме со ред.
    На пример дека животот не е круг, може да биде и коцка. Ја фрлаш.. среќата ти зависи од неа. Кецот може да значе крај на твојот непријател,почеток на победата или предност за другиот.
    Кој како си ја наредил. Ама, мачно е верувај.
    Кругот барем се врти, знаеш ова напрајв-ќе ми се врати. А,во коцката буквално се' е на коцка. Ризикуваш.. некогаш се исплаќа.
    Но, што кога нема да се исплати? Тогаш се разочаруваш.
    Толку многу труд во нешто да вложиш и да не испадни како што сакаш? Епа феномени. Да беше животот круг, ќе се вратеше,ама не се враќа.
    Но,од сите кругови, кармата е најдобар круг. Најдобро го опишува животот. Но,не. Оваа теорија за коцката повеќе си ја сакам, има повеќе вистина.
    Зошто никогаш нема да дознаеме дали смртта е најлошото нешто за некого или па спасот.
    Можеби некој лош човек што умрел,пак живее добро онаму,а можеби и не.
    Е,затоа мислам дека тоа е маана на карма-принципот.
    Не е толку лошо,како што ја прават. Но,да не си меѓу нив.. тоа боли. Ужасно боли.
    Спомени? Што ако го изгубам сеќавањето? Што тогаш? Нема спомени.
    А,ги сакам. Ги сакам повеќе од реалноста.
    Минатото ми е пријател. Најубавите работи ми се случиле во минатото,затоа го сакам.
    Но и тоа некогаш било сегашност. Но,мината сегашност. Оваа ништо не ми носи,а иднината.. па незнам.
    Ме промашиле во хороскоп,иако цврство верувам во астрологијата и ѕвездите.
    Ги сакам. Убави се да ги гледаш,а да знаеш дека никогаш нема да ги допреш. Иако се дволични.иако се само ебани јонизирани гасови,но убави се. Да ги гледаш каде шо паѓаат..да им се восхитуваш. За момент ти го одземаат здивот.
    Патем,кога сме кај здивот колгејт прополис е најубава паста за заби.
    Навистина освежува и не е лута многу. Не ми солзат очите од неа.
    Па и добро е да престанат да ти солзат очите од нешто. А,замисли да не постоеја солзите? Да бевме суви во очите.
    Наместо да плачевме,да ни течеше крв.. на пример од носот.
    Ќе се извалкаш? Па и на очи ако имаш ставено маскара ќе се извалкаш и ќе се направиш вампир.
    Ама добро, суви ќе ни беа тогаш очите,немаше да има никакво триење..
    А и од сексуалното образование сите знаеме дека триењето е клучно за да го достигнеш сексуалниот врв,без разлика дали се јавува како взаемно меѓу две тела или едно само са собом.
    Сама.. боли.
    Уствари не. Го сакам животов бе,шо трипам? Среќна и после све.
    Не. Среќата е релативна работа, но јас не верувам во неа.
    Ете да се вратиме назад, па ќе речам.. насмеана и после све.
    Но,кое све? Не постои све! Мора нешто да фали, без разлика дали било љубов,пари,здравје..
    Нека имаат нешто на светот. Јас сум задоволна и со ништо,но сепак сакам нешто.
    Па и нешто е да се има ништо.
    Не секој го има тоа ништо.
    Но,ете јас го имам,па кул ми е.
    Уствари не,ама ќе се насмевнам за да мислат сите така.
    Така ќе шириш и позитивна енергија, освен ако не си измил заби со доместос.
    Абе, мачно е чистење со доместос, многу е језиво и смрди. Но,смрди на чисто. А,кога си чист .. знаеш дека си добар.
    Добрината.. и таа како среќата, релативна работа.
    Но,не верувам дека постојат добри луѓе, постојат само оние кои ти одат по газот и оние кои не ти одат,а тие кои не ти одат се лоши.
    Некој убил човек? Па што? Можеби го спасил? Можеби тој е тука до нас,само во друга димензија.
    Можеби постојат паралелни светови?
    Значи да убиеш човек не е синоним да бидеш лош. Можеби тоа е исто кога ќе се искраш и речиш извини.
    Долг лош збор извини.
    Или па не.
    Све си има свој крај.Но,крајот значи почеток на нешто убаво.. или грдо.
    Но и убавината е релативна работа, таа доаѓа од внатре.
    А,никој не знае внатре што се крие.
    Незнам ни јас. Но сигурно е нешто поубаво од надворешноста, освен нормално ако не си Адријана Лима.
    Има уште многу работи што сакам да кажам.. но доволно ми се овие.
    Зошто знаеш. Се тешам дека подобро е да немам ништо.
    Некој во овој момент умира, некој има секс, некој се бакнува,некој раскинува, некој се раѓа, друг се самоубива, трет плаче, четврт се смее, петти учи за испит, шести...
    ѓаволски број е шестиот
    добар број

    * ме мрзи да си ги поправам грешките!
    Но,не ме мрзеше да доловувам смисла на безсмислено.
    Од грешките учиме, па не рекле за џабе.
     
    На SexyLady, marama и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Сакам да кажам...

    Сдк дека се смирив со бате мој <3
    Е,колку и да си се караме и тепаме се повеќе се зближуваме!

    Сдк2 денов ми започна катастрофа.Татко ми дојде во школо,ајде одма кај директорот! Пола професорки околку мене,што се случува? :?: Ајде супер поминав,тато е мојот херој :l: кој би ме извлекол од каша,ако не он :^) Потоа инцидентите од школо,така како потресена,цела кутија цигари испушив :smoke: А после кога те видов тебе,ааа срцево мислам дека од гради ќе ми излезеше. Тепачиште мое :muscle: каде има тепачка,прв си! Немој да не закасниш будало една :fubar: цел ден си ми во мисли.. :?:
    Избегнувам да јадам навечер,али не можев да ја одбијам прекрасната пица од дада ми, кока кола и цигарче после јадење :P .. Добро нмв,помина се! Утре е нов ден,ќе легнам да се изнаспијам,да соберам сили за утре!

    И да морам уште ова да кажам,колку ни беше убаво на час и на двајцата! Алал да и е на професорката, ни ја погоди темата! Цел час избегававме да се сретнеме со поглед,ама не издржав и те гледав, си наведнал глава.. Ако ти е.
    Ветив дека веќе нема да пишувам за тебе,ама ете не издржав :x ПОСИЛНО Е ОД МЕНЕ.. :wasntme:
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Во име на класичната музика - ви го сакам муабетот :)
    Јас си го ставив Бах на плеј листа. Има нешто подобро од Бах? Има - Бах под палката на Карајан :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=ueIHsANOTuk
    После ќе го пуштам:
    http://www.youtube.com/watch?v=7U8YVsW9I8U
    Воздух... со зборови и формули не се објаснува, но знае да звучи волшебно.

    Ај и една Марија Калас, ќе пуштам и солза додека ја гледам, неизбежно е. Која леснотија, класа, елеганција... Најубава!
    http://www.youtube.com/watch?v=6fZRssq7UlM
     
    На Annath, sesilija, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.577
    Сакам да кажам...

    Сдк тоа што ми се случува и ќе ми се случува во наредниве неколку дена мислам дека не е нормално.Луѓево едноставно не се нормални!Ме наапаа опасно,а јас и така ко удрена со мокар чорап наречен пмс...Не е до пмс-то,јас сум фина,ама за баланс во универзумот мораше некој да ја зашлапа работата поштено,а јас што имам добар њух,си имам,тоа си е,ама тоа дека многу сум паметна и вонсериска,па наидувам на конфликт често и увек на крајот сум у право и криво ми е шо не умеам да ликувам.Не гледам поента...ме лизнаа поштено на кичма.Мамето ваше хоштаплерско шо би рекол дедо ми покоен!
    Мала дигресија,си бендисав едно количе.Ептен го чувствувам за свое,кошта околу 20 000 евра.Сите добри луѓе нека ми се обратат по лп.Се надевам дека сеуште ве има.За среќата на Лилит! :D
    Лилит наапаната у тегет со нијанси на беби-розе.Е да!
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум среќна.
    Ќерка ми научи да чита, и тоа го направи самоиницијативно, без никој да ја учи. Вчера ми побара книга, бидејќи тие што ги имала дома веќе и биле прочитани! А јас пресреќна, и изнакупив книги. Си зема една, и ја прочита. Седна, и не мрдна додека не ја прочита!
    Не можам да ви ја опишам мојата радост! Волку не сум била радосна ни на првото запче, ни на првата насмевка, ни на првиот чекор (добро, тој најпрвиот го пропуштив, мислам на првиот што го видов), на ништо!
    Сака да чита, ги сака книгите! И одговорна е. Ме радува тоа, до небото и назад. Првото запче, чекор и насмевка секако ќе дојдат, ама љубовта кон книгите е резултат на наша заложба!

    Времето лета. Како да беше вчера кога се роди. Не ми се верува дека имам ќерка во прво одделение. Кога ќе ме праша некој, во шок сум на секое кажување дека има 6 години.

    А животот во 30-те е лудило! Мислев дека ќе ме фати депресија кога ќе полнам 30, ама уживам во секоја секунда од животот! И многу, ама многу ми е убаво. Совршена комбинација од остатоци од младешки дух, економска стабилност и зрелост! Поубаво - здравје!
     
    На teddybear, GeorGinnA, blond и 32 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК во контекст со класичната музика,порано дома, цела куќа ечеше од класика,татко ми малце се нервозираше од музиката :D некогаш и вака правеше со очите |( |( :rofl: се чудеше како можам да слушам класика,така можам, уметник :!: ;) :D
    Пирамитка постираше музика од Вивалди и сега цело време слушам Вивалди, повторно класика :rock: :D

    Неможам да ја пратам поракава,од премногу смајлиња :rofl:
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Толку ме радува постот на Ариел, браво за ќеркичката, уште многу многу да учи и да биде паметна како мајка и :)
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Сакам да кажам...

    Cдк и ја имам целулит ама волчица еееее :puke: :puke: :puke: :puke:
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Времето лета како лудо, дур трепнав си помина цела саат. добра ноќ феминки, утре некој треба да оди на школо |( :drunk: :* :hug:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.