1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Сакам да кажам...



    Честитки за мајката (братучетка ти ) и нормално за најсреќната ТЕТКА ;)
    Кога ти го прочитав постот, ми се вратија моментите кога јас станав тетка........ најубавотооооооооооо чувствоооооооооооо
    ЧЕСТИТКИ УШТЕ ЕДНАШ, ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ, СРЕЌЕН, ВЕСЕЛ, ЉУБЕН...............
     
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    ..дека немам пристап на интернет. :geek:
    И многу ми е досадно деновиве. Се слушаме, читаме за некој ден.. :hai:
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк...среќна сум прв пат сама правев торта и ми успеа ќе го израдувам татичко ;) ^_^
    а притоа и ја олеснив работата на мама нема да мора да се мачи самада прави :) :)
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера бура, денес сонце, мами ко лудо а јас у библиотека треба да пишувам семинарска. Пффффффффффф!
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се двоумев кај да го пишам постов, ама на крај испадна тука, еден мал бран на емоции кои избиваат од мене моментално и се насочени на ова....
    Боли кога сакаш некого, а љубовта не ти е возвратена...
    Боли кога се смееш, а срцето ти плаче, боли кога гледаш како се гушка заљубен пар, а ти во моментот немаш кого да гушнеш, а очајно ти треба прегратка....
    Боли кога некој го добива она што си го изгубил, боли кога личноста што ја сакаш плаче, боли кога некој ужасно ти недостасува, а не е тука, боли кога те гледа во очи и сфаќаш дека не те сака.....
    Боли да го гледаш со друга, боли да си до него на еден чекор толку блиску, а во исто време си тоолку оддалечена од него, боли кога слушаш песна што те потсетува на минати неубави моменти или убави ...
    Боли кога сфаќаш дека времето си го потрошил залудно со погрешна личност, боли кога си осамен во толпа луѓе, а уште повеќе кога си сам.
    Боли кога мислиш на некого, а таа личност се прави дека не те знае, боли кога помислуваш на пропуштените шанси кои не требало да ги испуштиш....
    Боли кога викаш збогум, кога се збогуваш, раскинуваш, неверството боли, боли кога чекориш без надеж, кога ќе се разочараш кога најмалку очекуваш, боли кога си оддалечен од саканата личност....боли кога не си ја исполнил целта, а си вложил премногу труд.... боли издадена тајна, боли кога заспиваш сам, а си можел поинаку...боли кога слушаш лажно те сакам и празни зборови, боли кога нема правдина, боли кога си тажен, солзите болат, лошите зборови, навредите, некогаш и вистината знае да заболи, ама боли и лагата....
    Боли кога немаш самодоверба, уништените сни болат, боли кога знаеш дека се надеваш залудно... Гледам многу работи сум изнапишала и да не дозволи никој да го болат ни 3 од овие работи, во куферот спакувајте ги сите работи спротивни на овие и тргнете во потрага на среќата, на насмевките, чекорете кон целта со куфер полн со идеи, желби, планови, самодоверба ... не дозволувајте никој да ви го попречи патот и да ви ги испразни куферите полни со надеж....
    И најмалечкото срце е полно со љубов, и најпесимистите имаат тронка надеж во себе и егоистите се дарежливи....
    И најмалечкото езеро има риби и најмалата причина за среќа те исполнува и една искрена и топла насмевка те прави исполнет и една буква кажана од бебе те разнежнува и најмалечкиот збор значи многу и една песна претставува нечиј живот и еден стих може да те расплаче ...
    Една слика може да вреди повеќе од илјада зборови и еден збор да вреди повеќе од една слика, едно дело да вреди бесконечен број повеќе пати од цел текст....
    една искрено подадена рака значи многу наспроти свртен грб...
    Еден денар за некого живот значи, еден спомен значи повеќе и од илјада прочитани приказни, еден живот значи повеќе од се, едно дете значи цел свет, една прегратка за некого е цел свет !
    Времето поминато со личностите кои ги сакате е бесценето !
    Не ни треба зло, не ни требаат војни, солзи, зборови кои болат, страв, болести, глад.
    Љубовта, ЉУБОВТА, љубовта, вербата, надежта, мирот, детската насмевка и спокојството, желбите, соновите, исполнетите цели, планови, искрени зборови, бакнежи и прегратки и топол дом е се она што ни треба на сите !
     
    На sweetyears, HoneyBun, elenna89 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    СДК.....Гласно свири Антенна 5, повторно пеам низ дома, покрај мене еклери и кафе........feeling like a rock star :rock: !!!
    Цел ден весел и опуштен, не ти е гајле за никој, во друштво со позитивни луѓе кои шират позитивни вибрации........и се појавува она чувствоно ЕЈ ПА СУПЕР МИ Е ЖИВОТОТ, од ден во ден си повесел (можеби се должи на времево)!
    Се смееш иронично и по малку злобно на вчерашните настани, сепак и глупостите се интересни :D
    НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ ГО СЈЕ*Е ДЕНОВ !!! 8)
     
    На LivingGlam, Hipica, Dafnee и 2 други им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас сакам да кажам нешто, убав ден денес, одам да ставам едно кафенце, да се напијам со вас пред да почнат да ми се качуваат на глава, да ми фаќаат баланс на нервиве, да ми се тресат рачињава ...ах :)
     
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК навистина, колку може едно мало ѕиркање на сонцето да ти го направи поубав денот :sun:
    Штета што не можам да си дозволам едно кафенце или друштво за кафе :worried: ама затоа ќе се дружам со Феминка и со некои игрици :lol:

    Ама се распишавме сите за денов :lol:
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денов го направивте посебно уникатен :rofl: :rofl:

    СДК дека ме нервира тоа што лицето ми е искунчано, ми деле од телото |( И плус, зимно време не сакам да го имам тој тен :D Сакам беличка, нежничка да сум си, со розевко руменило.... ајдеее отидов во крајност :D
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    честитки Тенкаи нека ти е живо и здраво внучето, големо да расте :$ :*
     
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ги симнав Пиратите од Карибите 2 и 3 дел сега ќе се гледаат 8)
    И честитки на Тенкаи за внучето! :*
    Да расне големо,здраво и живо! :)
     
  13. cackicka

    cackicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ее мојот омилен филм :D гледај го убав е.....едвај чекам да испадне 4тиот дел :)
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Сакам да кажам...

    Еден телефонски повик ми го сје*а ентузијастички настроеново расположение....толкава нервоза чуствувам, што неможам да се контролирам, и ми се плаче и ми се крши, и ми се кара и сеееееееееееееее...........100 работи заврши им, една неможеш....лош си.............
    едит...на моето мислење во темата вреди ли да си добар...НЕ ВРЕДИИИИИИИИИИИИИИИИИ....
    тоа ти биле мајка и брат...па од некој друг ќе очекувам нешто друго....у п.м
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Тенкаи како прекрасно си го напишала постот, толку енергија зрачи од него што и јас се израдував како да е мое внучето :) Нека ти е живо и здраво! И големо да расте ;)

    Патем, дефинитивно ми е јасно кој ми е во главата. Се слушнав со едно слатко Французинче кое многу си го сакам, се вика Vincent Некојсинеебитнокој, ми вели, прати ми ги тие документи по пошта, ќе ми бидат потребни. Си велам ајде. Земам плико, ја принтам адресата негова, убаво си го залепив пликото подготвено да патува за Франција....кога гледам сум напишала наместо Vincent Вистинскотопрезименатипов - VINCENT CASSEL!
    :D :D :D

    Не бе ич! Абе ич не ти е арно! Ах мори мори, Пирамидо. Камо да стигнеше до вистинскиот Винсент пликово. Ама веројатно ќе се чудеше. А може и ќе го удреше некоја љубовна грмотевица (што би се рекло coup de foudre) и ќе посакаше да се запознае со оној кој му го испратил писмото - MOI! :emo:
    Ова вторнициве, стварно да ти биле чудни денови! :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    6.749
    Сакам да кажам...

    Ех, смешки.
    Што имаше една група на фејсбук, порано баравме број на телефон а сега фејсбук! :D Така беше мислам. А што има еден дечко, од кога си го шмекаме со другарка ми, добро де и он нас :D , ах што сакаме да му дознаеме име, па фејсбук, муабетче, ова она.. Ама јас како се избламирав јаоо, целата окезена во фацата а па овој ми се смешка милиот. :sun: Ах, си забегав јас. Ама бре, морам да му дознаам име, фејсбук, бројче, што и да е.. :wasntme: А немам од каде. Колку сме се смееле со другарка ми, еј ти стој, како се викаш? Хахаха, уште тоа ни фали. А инаку не ми замерувајте што сум ваква, да кажам полудена, ама што да правам, хормони нели. Пубертетот е изговор за се!! :rock:

    :D :$
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сменета сум, не знам дали е само периодов, или ќе останам ваква, ама задоволна сум од променава, и од физичката и од психичката. Најбитно од се`, среќна сум.
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК досадно ееее, кај сте луѓеее? :fubar:
     
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Алал да ви е женетинки мои, од постовиве читкам дека сте ми накрцани со позитива :clap:

    Пред да се курдисам на бањање, да ви посакам убава вторнична вечер и се што следи со неа, не дека вторникот и мене ми е нешто омилен, ме потсетува дека имам уште три ,а можда и четири дена затрпана во документи,калкулации, клиенти....ама па ме потсетува и дека некој следен вторник ќе ме искешираат поради тоа :D :D Се е компезација ин тис лајв бре 8)

    Роко ми се насекира прееска, неговата симпатија од 2 влез ја фати на дело како се душка со еден уличарски мангуп :worried: Е Роко мој,жените се кучки а твојата поготово.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Сакам да кажам...

    СДК дека се рашишах и сум си чудна со новата фризура ,дури и имам ШИШКИ :!: е накакви и да било туку рамни :emo:

    Блупарадајс и јас си шмекам еден вчера го видов и тој беше на доктор и денес пак го видов , ама смешки како му дознав име . Е да видиш си заверува сестрата тие рецептите и има една книга што пишуваат кој биле денес на доктор и јас фино лепо си прочитам и си го аднам :angel:
     
    На karak и blueeparadise им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.