Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... велат секој крај е почеток, но не сакам фрази досадни.
     
    На FBI и Offspring им се допаѓа ова.
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сакам да кажам...

    Ми се јаде јагоди (ама ај најди ги де ) :D
    [​IMG]

    и нешто вакво 8)
    [​IMG]
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Денес се чуствувам прекрасно. Па петок е бе луѓе конечно замина и оваа недела па можам сега слободно да си идам на шопинг и тоа цееел викенд. СДиК на мама Блонд дека бебулето е преслаткоооооо и дека ги гушкам и двајцата. СдиК на Спаркс браво за положениот испит и се надевам сите наредни дека со помалку потешкотии ќе ги помине. Имајте убав викенд феминчиња мои, јас цел викенд планирам да си го поминам со дечко ми. Конечно да си го видам и да се мазиме по цели вечери кај него самииииии ^_^ Ве гушкам сите, ќе ми недостигате :( и ајде се читкаме во понеделник :*
     
    На blond и Sparks им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    На 2468 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    мислев да се договорам со една другарка која одамна ја немам видено за викендот ама тој план пропадна ;(

    мајка ми се разболе од некој си вирус до толку што е пред бронхопнеумонија , и најверојатно ке се заразиме сите по дома оти е пренослив ;(

    затоа феминки, пијте течности и секако многу витамин Ц за заштита на организмот :$
     
  6. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Сакам да кажам...

    сдк дека ќе одам со дечко ми и со друштво на кожуф и сум возбудена многу и расположена сум , дај боже ова чувство да трае и да трае... барем до недела вечер!!
    имајте убав викенд! :*
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Mи се вришти, ми се лудува, ми се пие.... Ми се скока... :rock: :rock:
    Имам некој наплив на енергија... Сакам коктели, сакам Маргаритки, сакааааам..... Секаков алкохол :D
    Одамна си ја немам налеано душичката онака по ќеиф и до дно, како што си знам јас :rofl:
    Ама ќе видеме, ќе видемееее :tmi:
     
    На Ema.Sk, Lina24 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денов максимално го искористив. :sun: ми годеше :)
    Убаво си прошетав а да не заборавам дека разговорот со една личност добро ми дојде.
    И што е најважно си ги видов другарките кои одамна ги немав видано :)
     
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.303
    Допаѓања:
    6.848
    Сакам да кажам...

    Сдк конечно ми оздраве далматинецот и сега слободно можам да почнам да го шетам :) :) :) . Се излече веќе му помина како на кутре..знаев дека е силен тој ,убав на дада :* :inlove: :inlove:
     
    На Dushica-sk, irenna и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК чао девојки, отидов јас во бел свет, да видам што е тоа живот ;)
    :*
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Сакам да кажам...

    СДК денов ми беше катастрофа :( :worried:
     
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ги читам постовите тука и ја гледам песната Аss like that од Eminem и ми текна дека таа песна е виновна што е мојот 4 годишен внук хипхопер :lol:
    Пред нешто повеќе од 3 години си седиме на под и си играме се бебушов во позадина на тв почнува песнава The way you shake it,i cant believe it,i aint never seen an ass like that..и оп станува проодува бебушов право на прстиња како балерина,мава со главчето во ритам и мрда гз :rofl:
    Мајка му трча по камерата да го снима јас си се газам од смеење,завршува песната тој туп си седна и не мрда,го чекаме да стане пак да оди тој јок несака да чуе.Доаѓа татко му од работа,го лажаат со ово оно да стане да оди да го види,бебушов гајле си нема седи и не мрда,почнува пак песната на тв оп станува и денса бебушов :lol: Првите неколку недели од неговата одечка кариера нонстоп ни беше на рипит песнава ако сакавме да го видиме да оди :rofl:
    И до ден денес си остана верен на хипхопот само на хипхоп денса и мрда гз :inlove:
     
    На beached, dancing.queen, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Сакам да кажам...

    СДК дека неделава ми помина вака-така, некако за на крај да заврши никако. Имав ентузијазам на почетокот на неделата, но се повеќе ми спласнува.

    Не сум депресивна, ниту пак меланхолична, напротив, станувам рамнодушна, а тоа е нешто што воопшто не ми се допаѓа. Ми треба некоја промена (секако на подобро), сакам да ја вкусам секоја убавина во животот. Но, некако секојдневно крилата ми се кастрат. Што од недостиг на време, што од обврски, што од наметнати мислења и безвезно изградени ставови од некои дамнешни древни времиња... И ете пак се губам во сивилото, наречено ЖИВОТ. Дали е ова се? Дали е ова максимумот? Има ли повеќе? Каде е? Зошто е? Премногу работи ме тераат да размислувам и да се надевам дека преодна фаза во животот е ова. Дека се случуваат работите за да дојдеме до нешто повеќе, до многу повеќе... Но, како одминуваат годините, полека си легнуваш на брашното дека нема некоја чаролија да ти се случи и да го живееш животот од твоите соништа. Напротив. Па, затоа ќе си се прилагодиш и ќе почнеш да го сакаш животот што го живееш, а нема да го живееш животот што го сакаш! Многу погрешно, многу разочарувачки, многу недоволно...

    Мислоидиве, ама ич не ми требаат во петок навечер пред излегување, нели :|

    Ама, ете па и јас сум само човек со свои задоволства и незадоволства кои понекогаш сакам да ги споделам, барем анонимно ;)

    Имајте убава вечер мои драги виртуелни пријателки :drunk:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СД и К на теткава да си оди. :(
    Прв ден ми е, а веќе умирам. Живците ми се слаби...
     
  15. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Сакам да кажам...

    СДК станав прав шопохолик. Здраво јас сум Нина - шопохолик :D Сериозно, неможам нормално да се вратам дома, ако не се залепам на 300 излози, да влезам во 500 продавници и така слатко да превртам се низ продавниците, па уште ако ми се погоди нешто --- рај на душичкава. Незнам каква празнина пополнувам со ова ама не иде вака! :D Абе во маркет ако треба ќе влезам и купувам непотребни ситници, колку да се купи нешто! Денес на пример купив млеко за тело, шампон, пакетче влажни марамици, чоколадо, мастики иако имам се тоа во залиха. Освен чоколадо. Тоа не опстојува подолго од еден ден! И новчаникот празен. Сега сум си мирна. Таман. Ништо не ме боцка манијачно да одам по продавници. Абрее на крај, примала плата не примала на исто ми се сведува :D
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК можев многу порационално да ја потрошам црвената паричка, како и кредитот на телефонот, но it's too late.
    Се ближел празникот на вљубените. Зошто тоа како да не ме интересира некако? Ај, знам не е наш празник, си имаме ние наш на 30ти септември (кој впрочем никој не го слави), ама и колку и да сакам да бидам романтична, не ми успева. Едвај чекам и тоа да помине оти како што кажав - не ми е гајле.

    И некако ме нервира, ме гризе, што имам хоби, интерес и чувство кон нешто, а нема некој да ме води и помогне. Ако сакам професионална помош, треба да шушне нешто, што е и нормално нели? ;)
     
  17. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Нема да се нервирам , нема...ѓубриња постојат и ќе постојат.Срања и не ферски игри исто така. Ама јас лепо фино ќе се насмевнам на таквите и еден среден прст ќе им покажам.
    Вечерва со женско друштво и со хип-хоп ќе го освојувам подиумот.


    Луѓе најубаво си минат оние кои не се замараат и кои си гледаат само за себе !!

    Ве гушкам сите и убаво да си поминете за викендот!

    http://www.youtube.com/watch?v=YNSxNsr4wmA
     
    На FBI и lovely91 им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.302
    Допаѓања:
    67.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК бев прееска кај дечко ми на работа и сме си седнале, сме се зазбореле и доаѓа една постара колешка и почна да не зафркава, Аман бре деца, ќе разберев да бевте дечко и девојка не сте се виделе, ама живеете заедно бре што муабет имате толку.
    Сакав да и речам- Ама љубов е бре ова жено, не е панаѓур :rofl:
    И нали место тоа само срамежливо си го наведнав главчето и си поцрвенев :lol:

    И морам бре редакт да направам, па не си кажав колку сум заљубена, не искажувам чувства многу, многу, ама некогаш ми се вришти, да слушне цел свет колку го сакам :inlove: :inlove:
    Сабјле се разбудив и само гo гушкав, го гушкав толку силно, се разбуди човекот и така ме гледаше со заспаните очиња, абре душата му ја извадив :inlove:
    Патетика на квадрат, знам, ама тоа е љубовта, јебига :rofl:
     
    На Strumfeta93, LivingGlam, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    :hai:

    Клубот на млади при Црвен Крст на град Скопје, ве поканува на хуманитарен концерт Љубовни ноти.

    Концертот ќе се одржи утре (понеделник, 15. февруари), со почеток во 19:00 часот, во просториите на средното музичко училиште Илија Николовски – Луј.

    Влезот е бесплатен и сите се поканети.
    Собраните парични средства ќе бидат наменети за подобрување на животните услови на социјално загрозените семејства.
     
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    Сакам да кажам...

    СДК ... Ех - ех - ех ...

    Две посакувани нешта .. две среќи .. две задоволства :)

    Првото - мир, хармонија, безгрижност, љубов, семејство ... Роденден со најблиските, пеат Данас нам је диван дан .. Нашој је _______ роџендан ... Живела ... - Велигден и кцкање на шарените јајца :)

    Второто - пријателство, дружба, авантури, нови доживувања, оживување стари спомени ... Роденден со нови лица, стари лица насмеани, во народна носија и торта .. Пеат Happy Birthday Dear ________ :)

    Што и да изберам, и двете страни ќе бидат погодени и ќе им биде криво ..
    Што и да изберам - ќе се покајам ..

    Планирав да легнам, да заспијам и да се разбудам во Мај - кога се ќе биде поминато ..
    Се одеше по планот, додека не заѕвони алармот кој ме повика за училиште ...

    Пробав, не дека не пробав да го решам проблемот..
    Пробав да се консултирам со мозокот - имаше попаметна работа ..
    Пробав и со срцето - одговорот беше тика - така .. тика - така ..
    Пробав и со бескрајните солзите - ги пуштив да течат и да се тркаат која попрва ќе падне од моето лице .. - Ни тоа не успеа ..

    Некогаш е толку тешко, изгубена сум во просторот ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.