Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - Направив ПЛТ :rofl: :rofl: Се разбира, со помош на мама, ама ептеен беше лесно! :lol:
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    6.749
    Сакам да кажам...

    СДК многу работи. Ама затоа што не сум баш расположена за пишување и сум нервозна, не сакам да ја исфрлам сета негативна енергија врз вас.. Ќе кажам само дел од тие работи што морам да ги исфрлам од мене..

    Прво, дека многу си го сакам вујко ми. Прекрасен човек. А откога не сум била кај него и кај дедо, дури се чувствувам виновно. Ми недостасуваат тренинзите по бокс, зезањето со вујче, гледањето филмчиња.. А еве ми се наближува роденденот, а како желба сеуште ми остануваат тие боксерски ракавици за кои потајно се надевам дека некој ќе ми ги купи. Ех, некој.. Ама, пари се тоа, скапи се, кој ќе ми ги купи.. Решив, од понеделник ќе почнам да собирам пари, па колку соберам толку. Парите за роденден, здравје, ќе ги додадам на овие моиве, и веројатно ќе направам нешто..


    И, вчера.. Наводно денот почна убаво, се изнашетав.. Ама тоа проклето излегување во град. Отидовме во кино, а не ни знаевме кој филм играше. Си излеговме на пола филм, зашто подосаден од него немаше. Тој што сакав да дојде, не дојде. Барем да имаше на што да се радувам, да бев барем малку среќна.. А самиот крај на денот, заврши во исчекување, нервози.. И сето тоа заради моите. Денот и онака ми одеше во надолна линија, а тие мораа да ме докрајчат. Како и секогаш. И после, пак јас бев таа што заврши нервозна, на работ да заплаче.. А тие битно си се изнавикаа, нив им помина. И да, потоа јас сум била иронична и сум го повишувала тонот. Да, а тие? Па, што да правам, иронијата е мојата втора мајка. ;) И, ноќта си ја уништив со планчиња за одмазда, со иронични и зајадливи мисли што ме јадеа.. Буквално.


    А, јас од сега вртам нов лист. Само без нив на него. ;) А не е само еднаш. Ме разочарале и многу други пати, не се брои на прсти колку пати вака ми направиле.. Јас ќе бидам истата, но само привидно. Ќе го сменам мојот начин на размислување и однесување кон нив, само што тие можеби нема да го забележат тоа. Ама, ако им е. Тоа и го заслужија. И уште мајка ми има лице да ми зборува за училиштето и за оценките. А истото тоа ми го зборуваше и првото полугодие, како доаѓам дома и веднаш седнувам на компјутерот, книга не фаќам. А сепак, на крајот ги наредив петки. Не барам да ми рече фала, нели тоа е за мене.. Ама, барем да ми кажеше едно ' извини. ' А, јас пак глупавата, уште и го барав. Кога таа незнае.. Незнам зашто не верува во мене, а јас упорно се обидувам да и го докажам спротивното. И сега пак ми го повторува истото.


    А, извинете, што и е нејзе важно дали јас сум седнала да учам, и кога сум седнала - кога јас пак завршувам одлична, беспрекорно одлична. Ама, тоа е што е.. Тие нема да се променат, ама јас одлучив да се променам. И ќе се променам.. Како и да е, не е ни важно. Сакав да кажам само два-три збора, а испадна една страна. Што да правам, не можам да ги скротам емоцииве.. Сакаа да излезат од мене. И излегоа..
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ќе одам утре во Крушево со моите и брат ми ...
    Пресреќна сум ... т.е бев ... сега не сум толку зашто тато ми рече утре ќе не возиш ... Мене стравот во коски ... Луѓе мои ниту знам како да стигнам до автопат не па подалеку ... татко ми вика јас ке ти кажувам ... Ама страв ми е ... Колата е нова а тато никогаш до сега го немам возено ... секогаш одбегнувам ... тој ми е најголем критичар и сеуште не се осеќам подготвена .... Срцето ми затрепери .... и ми трепери како ливче кое паѓа од дрво заради есенскиот дожд. :sweat: :doh: :doh: :doh:
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.771
    Допаѓања:
    24.528
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Уште еден здодевен викенд, ни прв ни последен. Додека тој се забавува со другарите, и си поминува прекрасен викенд, јас киснам дома по којзнае кој пат. Сакам и јас да излезам, да пијам, да се забавувам, да имам убав викенд. Не паметам кога последен пат ми се случило тоа, одамна беше..Не се сеќавам кога последен пат се нашминкав за вечерно излегување, или кога бев возбудена заради викендот. Знам добро дека моја е вината и никој не можам да обвинам, ама тешко е вака. Нон-стоп факултет, кај него, дома, и се така во круг. Сакам нови лица, нови места, нови муабети, нови случки. Не знам уште колку време ќе биде вака. Летото знам дека ќе ми биде пеколно, исто како и лани. Чувствувам огромна тежина, неискажани зборови има во мене, ми треба пријател, насмевка, среќа...
     
  5. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Сакам да кажам...

    СДК дека јас незнам повеќе што е со мене... Ниту искачам ниту имам волја да искачам. Седам дома ко стара мома додека сите мои другарки се искочени, уживаат...... Немам волја за ништо, се осеќам осамено а сама намерно се дистанцирам од светот. Понекогаш мислам дека на мојов мозок за некои работи може да му помогне само психолог, сама никако... Како да ја сфатам суштината на животот и да почнам да уживам малку па вишееееееее ;(
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    кој мисли дека животот е фер нека дојде да му одржам лекција
    зарем е возможно во моментот кога мислиш дека конечно си средил се, сега јас ги држам конците сите конци да ти се искинат?

    не, не фер
    не барам многу
    сакам да не ме оптоваруваат со се и се што, да можам со своите 18/19 години да се забавувам и да уживам, но не тоа е очигледно за мене недопустливо
    сакам да почнам од почеток
    сакам да можам пак да се родам со се она што го знам денес за им помогнам на другите
    сакам СДК сакам
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Пак ми падна цел виндоус. Што по ѓаволите се случува со мене ? Каде ми е позитивноста ? Кој ми ја зеде ?
    Утре под итна постапка полнење на батериите !!!
    И плус по Св. Трифун, заминување на гости кај мама и тато... Сепак таму ми е најудобно, сеуште не можам да се навикнам на затвореност помеѓу 4 ѕида со свеки и свеко. Ми фали приватност, интимност, слобода... Ќе ја добијам за само два и пол месеци ;) Само уште времево побрзо да летне ...
    СДК многу работи сакам :D
     
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека преку мобилен ја слушам во живо Прича о Васил Ладачком, пред малку ја слушнав и Везилка од Фолтин бидејќи добив погрешен повик директно од Метрополис арена... од две места, останав без ништо... Знам дека нема да има ниту следен концерт, ниту наредна прилика, едноставно се тресам, плачам и ужасно се чувствувам!


    Ми доаѓа да врисна, да излезам на тераса и асално и квалитетно да се испиштам, затоа што сум баксуз! Затоа што животот едноставно не ме сака!
     
  9. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК нели е слаткоооо???? ^^
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, k.i.t.t.y, FortuneTeller.xD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Сакам... ама немат! :D
     
    На katakomba24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    Сакам кажам....не знам речам... |( ........ :D
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    По незнам кој пат јас се обраќам на темава,
    Очигледно ми е многу досадно.
    Да,да досадно ми е!!
    Прочитав постови со многу негативна енергија.
    Луѓе животов е таков каков што е.
    И зошто мислите,дека токму вие сте одбраните спрема кој животот не е фер?
    И зошто мислите дека вашите проблеми се поголеми од проблемите на вашите пријатели.
    Секој проблем е тежок за себе,посебно кога го чувствуваш на своја кожа.
    Али кога е на своја кожа,тогаш е најголем,тогаш е најтежок (доказ дека не гледаме подалеку од нашиот нос)
    Девојки,животов е супер.
    Али,се е до нашата психа..сигурна сум во тоа.
    Meсто да се прашувате зошто животов спрема вас е не фер,направете нешто.
    Нешто,за своја душа..чај,уживај уз нескафе,музика,книга,игра.
    Па и солзите,и страдањата го прават животот убав.
    Дел се од нас..за да се постигне хармонија.
    Еве,на пример..во моментов сум крајно нестабилна,осцилирам со расположение на секој 5 минути.
    Периодов,сите коцки ми се расфрлани..и една со друга нема шанси да се склопат..али тоа е све до мене,не секогаш може да биде како што сум замислила..посебно,ако не се потрудам.
    Sometimes,we get what we want..not what we need :)
    И така..солам памет,а останав дома вечерва од мрза.
    Можеби не пропуштам ништо,а можеби веќе пропуштив многу.
    Сепак,на сите ни е потребен некаков си тајм аут.
    Убаво е чувството да си дома,да ти е топло,комотно..и да размислуваш за себе,за се околу тебе.
     
  13. bravegirl

    bravegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    69
    Сакам да кажам...

    сдк не сум многу редовна на форумов но кога и да ја отворам оваа тема налетувам на постови кои ме полнат со негативна енергија,зарем нема такви теми што служат како издувен вентил?супер е темава но преовладува со тажни постови...не зборувам за никој лично онака морав да коментирам...поздрав
     
  14. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Си пуштив филмче и чекам да ми се испуни тоа лентата за да седна да го гледам.
    Сега радо ми се скокоткала со мајмунот ама нема ...ај здравје наскоро. :inlove:
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.302
    Допаѓања:
    67.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Темава е Сакам да Кажам, не секогаш на сите им се случуваат убави работи, некогаш има и по нешто негативно да се каже, таков е животот, но затоа ние сме си тука да се расположиме едни со други...
    Како што има среќни постови, така си има и тажни, баланс...
     
    На Lovely и Wild.Child им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    По постов ќе ти кажам само никогаш да не судиш површно додека не ја знаеш причината.
    Не е се` така лесно, стани, играј пеј... Во некои ситуации едноставно не можеш.
    До некаде, се докажува тоа дека не гледаш подалеку од твојот нос и мислиш дека на сите проблемите им се лесни и едноставни како што ти се тебе.
    Ништо лично. :hai:

    Да не бидам офф, сакам да кажам - Не судете површно. Позади нечии очи може да се крие многу тага, чиј темел е голем и вистински.
     
    На OzzyAngel и bittersweet им се допаѓа ова.
  17. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам...

    Досадно ми е и ме мрзи. Многу лошо чувство :D .
     
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Џули , и јас како тебе ... сакам да кажам... не знам да речам |( :D
    Ајде , можеби утре ќе кажеме нешто повеќе ;) Утрото е помудро од ноќта :D
     
  19. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам нов аватар!
     
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сд и Кажам на МАМА...

    Ја излези млада мајко на пенџерето.
    Ја излези млада мајко на пенџерето.
    па да видиш кој помина,умрев за него....
    па да видиш кој помина,умрев за него....

    Ми помина мојто либе,мила мајчице
    Ми помина мојто либе,мила мајчице.......
    :lol: :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=Eoc28fdIDUc
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.