1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    СДК сомнително лице,кој не ја гледал претставата трк веднаш до мнт,а најсреќен кој е.Јас се разбира земав два гратиса на награда од радио фортуна и право на театар со мојата најдобра другарка,се валкав по земја од смеење,ама сашко коцев лелеееее лепота која ме насмеа до солзи хахахах...... ;) ;)

    СДК здраво на сите и имајте преубава недела и преубав ден -среда-,само да не ни заврне :^)

    СДК дека можеби ќе бидам мама,ама можеби :lol: :lol: :lol:

    СДК дека ми треба да побегнам од скопјево барем на неколку дена да одморам душичка
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Алал да ти е за песнава. Кај имам 39 температура уште да фатам да скокам во креветов и после со носилки да ме носат до болница. :D :D

    Ама не може да не се издериш еднаш и да останиш индиферентен на песнава, дефинитивно една од најдобрите на Балканов!

    Убаво да си поминете тие што ќе одите на 18ти, ви завидувам да знаете! :D
     
    На Hipica и skyAngel им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    На teddybear, skyAngel, NelChe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Немирни ми се мисливе! Се ме нервира! Ќе одам да купам храна и да си зготвам нешто, вака не иде! И после еден долг маил, ми треба да се испразнам! :?:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    :D :D ...паметен малиов, ништо не сака ни милион долари, а за тато,мама и другите па да не збориме...ноу,ноу... :D
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Пролетните дождови, еве ги доаѓааат, со нив и цвеќињатааа, разнобојни цутаааат! :)

    Ах да, еј Џулс, што би рекле овиЈа Французиве мои, une hirondelle fait pas le printemps. Што би рекле ние, една ластовичка не носи пролет, но точно е дека може да ја направи комплетна.
    Зависи од ластовичката! Нели? ;)
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Последниве денови немам никаква инспирација! За ништо! Што ли се случува со мене? Да не можам неколку стиха да склопам :^) :tmi: Значи стварно не знам што ми е, не знам до што е?! Едноставно не ми е времето, ова не се мои деновии!
    Знаете што ми рече баба?
    Во февруари и почетокот на март сите лажеле!??? :D :D :lol:
    И уште нешто (од баба :$ )
    Во нејзини време имало некое цвеќе бело со гоооолема црна точка на средината, а таа го претставувала срамот во народот..Пред некое време случајно сретнавме такво цвеќе, а гоооолемата црна точка беше многу мала.. е со тоа се докажува дека Срамот во народот веќе не постои, а и да постои сигурно е во ептен мала мера :!: :lol: :lol:
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Нервозна сум, а немам причина. Вријам во себе, сакам сите да ги испукам :^)
    А и чудно, многу чудно... Не сакаше да каже, како демек уз пут... самуан...
    Денеска ми пречи се, денеска сакам да заминам некаде далеку, сама... сама со себе!
    Исто како во филмот ,,Д холидеј,, :| .... Од кај знаеш...
    Оххх, кога би знаела што сакам да кажаааам, а и кога би ме разбрале...
    И сакам да каааажаааам, сеее... Полна ми е душата со 300 чуда испомешани :^)
    Не знам од кај да почнам.
     
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Сакам да кажам...

    блонд комшивката ја "згреше" вратата!? :D
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    OUI ;) :D
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк дека е 18 :18.. во случај да не сте сигурни дали ви е точен саатот на фб ке напишат кога ке има цагар, па според тоа може да ориентирате :!: :x

    eдит веке 18:21 e :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.302
    Допаѓања:
    67.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не знам како има живци, трпение... Колку сум јас понервозна, толку е он подобар, повеќе ми угодува...Уште некаде во него е вкоренет стравот пак да не го оставам, да не си отидам. Иако премногу јасно му имам кажано и покажано дека тоа е минато време...
    Ми вика, срце сонував дека си ме оставила, си отишла со друг... На работ на солзите беше.
    И само поради тоа си ги чувам чувствата, и така е период, ќе ми помине, а после ќе ми биде жал за него, што се потресувал :x
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Младолика сум во однос на моите години, вие? :D :D
     
    На Hipica, Angelche и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имав многу тежок и напорен ден,ама кога го прочитав ова, ме дигна од мртвите,па сакам да го споделам со вас (ако веќе не го знаете) :?:
    МИЛ МОЈ СИНЕ
    Пишам ти писмо да знаеш оти ти пишам.Ако го добиеш това пшисмо значи оти е стигнало.Ако не го примиш јави ми се за поново да ти го испрата.Пишам ти споро оти знам оти споро читаш.
    Пред некој ден башчати фоф весник прочита оти сообрачајките по статистика се дешаваа околу еден километар одалеченос од дома, па ние фанахме и се преселихме малку подалечко од наша кашча.Новата кашча е ногу убава, има и перачка, ама незнам дали работе.Вчера турих да се пере дреше, пушчих вода и дрешето одеднаш пропадна,шо знам шо и е.Времето е убаво исто.Претходната недела само два дена врна дож.Првие пат ка заврна, врна цели три дена, а вторие пат четири.За палтото шо ми викаше да ти го испрата,кажаа ми оти колку е потешко толку е поскапо,па фанах и извадих копчињата,оти они беа ногу тешки и ги ставих фоф десние џеп.
    Дедо ти закопахме.Бог да го прости.Најдехме го фоф ормаре ка чистехме,а он да ти е умрел сиромах уше лани ако павниш, ка играхме миженица дома куга ми се беше скрил и неможех да го најда.Па онеден плинската боца експлодира дома, мене и башча ти не исфрли през џамо.Ама арно си беше, после 20 години и ние да излеземе заедно навонка.
    Е са ка рекох за башча ти,ново работно место има он.Ногу е на кокоро натемаго.Под него се наодат 500 души.Запослија го на гробиштата да коси тревата.Сестра ти Стојанка,знаеш ја таа шо се ожени за маже и,породи се!Е са ошче не знаеме дали е машко или женско детето тека да незнам да ти кажа шо си станал,дали вујко или вуња!Ако испадне женско сестра ти рече оти че ја крсти по мене.Ја се малку зачудих ка рече оти шчерка и че ја крсте МАМА, ама шо иска нека прават.Тетин ти Ацо, лани шчо умира нешчо го никаков нема да се окаже, ни па на госје ни е доодил.Е брат ти Тони онеденка ме е изнервирал.Затвара вратата на колата и се заклучи бравата и мораше пешки да оде до дома да земе дупликат клучовето за да не измакне нас од колата.Че исцркахме ф колата,три саата!Тека сине,нема да ти напиша адресата оти не ја знам која е.Тија пред нас шо са живели, бројо на кашчата со них си са го земали и са не знаеме кој број сме.Ако видиш тета ти поздрави ја, ако не ја видиш не ја поздравуве!
    Поздрав мамичка.
    П.С:-исках да ти прата некој динар,ама вече залепих плико!
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.803
    Сакам да кажам...

    Сдк..

    Седми ден како немам цигара во уста ставено !!
    Цела една недела :whew:
    Имам кризи али, ќе издржам па што сака нека е!!
    Уф..не ми се верува дека било тешко до толку. Какви се не мисли ме мачат.
    - Па што бе,ќе земам само една..немора одеднаш,постепено ќе ги откажувам!
    - И што ако не пушам ?
    - Зошто воопшто ги откажувам?
    - И што сеа ќе дремам на автобуска без цигара во рака?
    - И што ќе правам на одмор без цигара,само ќе ги гледам другите?

    Се надевам дека нема да побудалам :x
     
    На anastasija85, Miss-Independent, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Ех, мој народе фемински ем македонски, теретниот воз пристигна.Ова беше за мене оти каснам со изјавава, ама пусто срце не додржа, морав....

    На Валентин, додека си пијуцкам топло нес и го чекав дечко ми да изведеме некоја палавштина, вртејќи по каналиве го начекав Влатко Илиевски и неговиот такозван концерт за душа.Си реков де баш, да видам што ќе понуди, и видов....и го сменив каналот наравно по поминати 7 мин.

    Некој дал пари, купил карта за да го слуша како брчи, и кога после испеаната песна ми се чини беше „Кога патувам“, се качија на бина три девојки да го гушнат, овој на брза рака преврте еднаш очи и додека ги гушкаше гледаше некаде нагоре незаинтересирано, просто ми идеше да го акнам екранот со шољата, ама не вреди бре да си правам штета за него нАли |(

    Е да си пукнеш од `рбетот, тој не заслужува да губам јас од моето време да го гледам на ТВ, а не пари да му дадам за да му отидам на концерт,туку нејсе...

    Другиот ден разбрав и Ѓоко фишот му бил гостин со кој се изгушкале , море, море..туф,туф.Лани арно што коси не си искубаа кој на кого му превзел место на Евросонг, до пред два дена од концертот овој плукаше по Ѓоко кај Жаре Бербер и оп, одеднаш они си станаа браќа бе :o Епа добро додуша дена на љубовта беше, а можда и си го помешале денот со Прочка.

    Е, мој фемински публикуме налејте една чаша свежо цеден доместос да се отрујам сместа, оти ме јаде оваа дилема, дали јас сум луда или околината околу мене :?:
     
    На Phyramide, Lux, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    Дека пекол ми се овие неколку дена. И држете ми среќа за утре. Мкееееј? :D :rofl:
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Јас сум лоша персона. :(
    Вриеше нешто во мене, ме скокоткаше... си споделив тука се што имав... И на крааај, му се истурив на дечко ми, кажав неколку работи кои не требаше да се кажат. Го изнервирав и него, и само ме праша зошто толкава недоверба. :x
    Викав, зборував нешто неповрзано.... за на крај да ми каже дека претерав, и дека мене човек неможе да ме трпи :devil: Дека претерав со моите испади....
    И да лоша сум, оти се исполнив на овој начин, иако останав недокажана :|
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк нешто ама не знам што ... Нешто ми тежи во душата нешто ме мачи ... имам лошо чувство ... измешани емоции ... не знам како да се изјаснам ... ниту како да се олеснам ... многу сакам да кажам а уста не можам да отворам ... :doh:
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ако деновиве спобудалам и ги изгубам сите живци тоа дефинитивно ќе биде од брат ми.
    Ништо не се прави од него. :envy:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.