Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Ааааааааа каков секс, уште ми се вришти, изгледа уште ме држи оној долг оргазам :$ е сега мирно ќе спијам иако се ме боли :rofl: Гуд најт ту евруван :*
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.827
    Сакам да кажам...

    СДК добро ви утро драги феминки.
    Хипи се‘ уште лета со мислите.
    На некое вакво [​IMG] место.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    Сакам да кажам...

    Почна новиот ден, а наместо да му се радувам, мене страв ми е што се' може да донесе.
    Едвај почнат, јас чекам да заврши.
    Ова не е здраво. Не личам на себе. Ова не сум јас.
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мамурлак! :yawn: После разговорот вчера со малото што ми иде да му удрам една меѓуножна :ninja: , ок е! Пијам чај од цимет, слушам The Smiths, и се мислам после семинар што да правам! Утре коридорска забава!
    Дену изненади ме! Време е! :f:
     
  5. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Сакам да кажам...

    Епа фала ти мозоку мој што ме спаси од досадата :) Ако тебе не ти текне некоја паметна идеа нема на никој да му текне :) Барем си најдов занимација ако ич ништо......... 8) Еј да, доброутро феминки мои драги, ви посакувам пријатен ден исполнет со многу идеи па и реализации :D Иновативно сум расположена де... :lol:
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    колку и да ми делува се` црно, ете теткава црвена ми дојде, ми разби монотонија...
    Чудно, ни таа не ме израдува ко што знае.

    Ме мрзи да се спремам за на факултет. се` е исто и таму...
    Секаде е истото постојано.
    Не знам стварно што се случува со мене, не се препознавам во ова меланхолично суштество што постојано се жали дека ништо ново не и се случува, не сум јас ова. Кај отидов јас? Си се барам. Ама ми се чини колку повеќе се барам, толку потешко ќе се најдам....

    Аааааааааааааа.... ми иде да врискам
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Бев во Охрид. Водата беше проѕирна, чиста и смирена. Се напив кафенце во Аквариус и уживав во тишината. Таму ги сретнав Ким и Четкар, биле пар. Испив уште по едно мартини со нив. Отидов да запалам свеќа во црква. Не знам која ама во некоја бев.
    Потоа ме собра Сеси и ми рече дека морам под итно да одам во Дубаи за финалето во тенис. Играм против Џокович. А? Молам? Па не знам да сервирам со лева рака, морам со десна зошто инаку ми паѓа топчето.
    - Абе што се секираш! Ќе сервираш и така!
    - Ама чекај зошто морам против Новак? Па машко е!
    - Е добро де, јака си ти!

    Ја свиткувам опашката и одам да се подготвам за финалниот натпревар. Во меѓувреме ми се јавува Џемс Бонд (ака Пирс Броснан) и ми вели дека сите жители на светот доколку сакаат да преживеат пред големата катастрофа, мораат да се префрлат под итно во Индија или на Гренланд! Му велам - ќе не собере ли?
    - Пффф што се секираш? Само немој да изгубиш вечерва во тенис и сите ќе не собере!

    Дали е до мартинито, дали е до форумов, дали е до малото количество на сон - не знам. Само знам дека ако некој сонува почудно од мене, нека ми се пријави. Чисто онака еден муабет да стегнам со некој кој ќе ме разбере.
    И да, Штрумфетче, немој да мислиш дека се клештам јас цело време ко надувана ;) Едноставно позитивно прифаќам се што ќе ми го пресече патот. Од скршена ваза до најобичен букет нарциси кој на пример вчера атерираше на мојата маса :) Глупави луѓе и намќори пцујам, пцујам судбина и се прашувам дали има карма, а меланхолијата и солзите кога ќе стапат на сцена, си ги чувам приватно во мигови кога си легнувам и вешто ги кријам пред светот. Што сте вие должни да ме трпите а? ;)
    Ете тоа е тајната. Што би значело - нема тајна. Човек сум и јас како и сите останати со сите емоции кои ми прилегаат.
     
    На karak, Bokicka, sesilija и 13 други им се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.771
    Допаѓања:
    24.528
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Доброутро феминки :) Станав порано од што требаше, ама таман имав време убаво да се средам, да јадам. ОДам на факс, и да го видам либето :) Имајте убав ден, и не дозволувајте времево од надвор да влијае на вас од внатре :*
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека ако на овој датум не ми се случи некоја убава работа и се прекине долгогодишната традиција - многу ќе се разочарам.
    Може да се случи и најубавата, само не треба да се надевам. :)
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    СДК за разлика од вчера денес сум ТОП (бар сега за сега) :D
    Како што гледам по мислењава изгледа на повеќето денот им бил таков- никаков. Како и да е после серија на весели и убави моменти, беше редно да се појави таков тмурен, никаков ден.....да излезат сите ситни насобрани нервози на површина ;)
    Уууу ми годеше шетањето вчера на грдоно и ладно време, баш ми ја офреши главата!
    Денес, со нови сили - во нови походи!!! Има да смачкам се пред себе, сите лигуши....такви- мали, ситни, никакви (има да бидете смачкани како мушички !)
    Ама кога ќе размислам подобро, денес ги сакам сите :*
    Никој нема да ми застане на патот кон среќата! (каква клише реченица од шпанска серија хаха)
    Ајде, имајте убав ден :inlove:
     
    На marama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    И после,немало разлика.
    Има разлика дали ќе спиеш од 03:00-14:00 или па работничка варијанта од 22:30-09:30 :О Океј,не е работничко станувањево,но има разлика.
    Конечно ги завршив сите обврски пред време..нема денес да трчам во школо со водена коса.
    И хороскопот ми го погодиле денес.
    Ау,се опседнувам со ѕвездите.
    И така,дур си го форсирам нескафево (Пирамид,ни во Аквариус не го прават нескафето убаво..иако амбиентот е priceless) и планирам за 15 минути да се одјавам од виртуелниов свет.
    Поседувајќи ги сите симптоми на бесконечна мрзливост,меланхолија,монотоност и неодлучност јас решив да ги чувствувам сите позитивните вибрации,ако постојат..а ако не,пак ќе ги чувствувам,ќе ги измислам.
    И таман решив да го сакам дождов,прекина!!!
    Хаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа,ќе правам магии да ги избркам облациве :)
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Мои убави женски створчиња...четвртоков ме сака!
    Вчера бев на изложба на фотографии што ја зачинив со едно суфлаки на крајот :tmi: Не беше ни вкусно а сеа ќе го носам во бутиниве месец дена. MotherF-er.
    Заглавена во закони и ливчиња со броеви од вили со кади во охрид, пробувам да украдам некоја минутка од овие посебниве четврточни, за да ви кажам дека вие сте мојот центар за реанимација, кога ни вештачко дишење не врши работа.
    И ако имате некој начин да ме принудите да одам на фитнес денес, that would be just great. :D
    Отидов јас да пожонглирам со нервиве, останете ми така.
    Тропнете со штикличките...Не сте во Канзас веќе, нели? ;)

    Дафни ве мисли. Нека ви горат ушињата!
     
    На Neytiri, Strumfeta93, FBI и 5 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Проклет стомак, поточно ПМС, и проклет аларм! Со закон да ве забранат! :swear:
    Додека спиев ми се причини дека слушам капки дожд како маваат на ролетната, а кога станав и видов мокри улици, знаев дека денов нема да ми тргне како што треба.
    Мразам да шетам на вакво тмурно и лигаво време, а кога ќе ми текне дека денес е денот за чекање ред во студентски прашања доџе ми да вриснем!!!!
    Само го чекам моментот кога ќе се вратам дома и ќе се бутнам под јорган.

    Отидов јас да страдам, а вие имајте убав ден. :*
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    Опа-ихааааа, оваа Дафни каков сплет на зборови ниже, ме скокотка по непцата и мило ми е на душичкава, има таму една згодна , умна и духовита цура, ИМА, ИМАААААААА :clap: постојат сепак, леле, не се изумрен вид, ко урбана легенда си Дафни, ти и уште неколку девојки на форумов ...
    :clap:
    Ако вака матиш торта како што филуваш убави постови, посластичарница Дафни ќе биде најпосетеното место во Скопјево, а јас ќе станам како онаа со тулумбите од Девојките на Марко.
    :D

    Овај... сакам да кажам, мене баш најарно - не ми е.
    Мозокот ми работи 300/h, и немам ресет дугме,
    џвакам нискобуџетно чоколадо со ориз од Европа наша, (после не сме во Европа, како не сме биле, ја имаш во Скопје, алооооо),
    пробувам да средам мисли раштракани, и сфаќам дека денес спасот за мојава мозочна конфузија е во
    - билтенот,
    - фризерката и
    - СЕКС.

    *(Not Necessarily In That Order)
     
    На Bokicka, Neytiri, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Сакам да кажам...

    Чекајки ја иднината, сеќаваjки се на минатото, поминува сегашноста. Животот живеј го, среќата чувај ја, а љубовта чувствувај ја :)
     
  16. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да кажам...

    СДК луѓеееееее...10ка лексикологија...јејејејејејјејјјејј :rofl: :rofl: :party: :dance: :party: :dance: ^_^
     
    На Mygirl, pink4ever и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека продавам брат, односно не - гратис го давам!
    Земајте го, чувајте го, јас веќе дома не можам и не можам да го трпам!
    Толкаво буцкало и себично створење нема повторно да се роди верувам. |(
    Колку што на моменти е добар, толку знае да ме извади од патики.
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    сдк дека си купив многу бесна танга и планирам вечер да се опуштам убаво пред утрешниот испит :D
     
  19. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    СДК....
    Ме мрзи, да станам на сабајле од спиење.
    Ме мрзи, да отидам во WC на миење,
    Ме мрзи, да отидам на мочање,
    Ме мрзи, за јадење за вода пиење, ме мрзи СПИЕЊЕ...
    МЕ МРЗИ ДА ЈАДАМ ЛУК ЗА ДА БИДАМ ЛУКАВ, А ШТО ТРЕБА ДА ЈАДАМ ЗА ДА БИДАМ КУРНАЗ???
    http://www.youtube.com/watch?v=yGVJ_-EdgSA

    Ете така, и мене денес (како и повеќето денови) СЕ ме мрзи!
    Се ваљав во кревет како риба на суво од 9 саат, и конечно решив да идам до WC :lol:
    И :!: така лежејќи, донесов една многу важна одлука...

    ОД ДЕНЕС ВЕЌЕ НЕ ПУШАМ

    Само сега ќе запалам една украдена цигара колку за со кафево и крај,готово, нема веќе.
    Доста беше, од причина што сум тингл со пари, и се сеќавам на еден пост што го прочитав тука, демек "Нели ти е жал да гледаш како ти горат парите?". И да, жал ми е да гледам како ми горат и парите, и крајниците(да не кажам тениските топчиња) и белите дробови.
    Убав ден :*
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    6.749
    Сакам да кажам...

    Eeх, само јас ја имам способноста да се разболам на крај на недела! Само јас. А овој четврток, а посебно петокот го исчекував со желно срце уште од минатата недела. :D Цела недела си барав филмчиња по нет, хорори (ова за атер на другарка ми, не од што јас сакам), психолошки :inlove: , трилери, абре секакви.. Дури и си направив избор на филмови, кој да го купам, за да си гледаме со другарка ми, и ооп, станувам сабајлево и гледам не можам да зборувам. :(

    Веднаш на лекар, докторката ми вика грлото ти е благо розево, еве ти, земи си Амоксиклав. Бледо розево а Амоксиклав?! :^) Пааа, дооброо.. И ми вика ајде сега земи си го ранецот и дома да одиш, не се враќај во школо. А јас колку што сакав да одам дома, толку сакав и да останам во школо, ама ајде.. И сега, нема искачање од дома се до сабота најверојатно а можеби и повеќе. Па, де бре луѓе, настината сум, грлото само ме боли, не сум за во болница.. Туку и некој грип владее сега, подобро да си останам дома.

    А инаку баш вчера, разлистав некои мои тетратки и кога гледам, најдов расказ - два на задните листови, што сум ги пишувала пред неколку месеци.. Ах, што ли сум размислувала тогаш. Со каква енергија сум го пишувала расказот, сета нервоза, иронија и сарказам што сум ги носела во себе во моментот, верувам, се сум истурила на хартијата.. А кога подобро ќе размислам, се ми се чини дека тоолку незрело сум размислувала. Не дека сега не размислувам и некогаш не ни бројам до 10 пред да речам нешто, ама ајде, ме дрмал изгледа тогаш некој период. А баш тие периоди во последно време се се' почести.

    Ама ајде, за тоа е пубертетот, и тој ќе помине.. Ехх, наши најлуди години, брзо ли ќе поминат? Ама, не сакам. Нека остане вака, колку и да се нервирам и да патам, колку и да имам ' огромни ' љубовни проблеми, сепак ми е убаво.. Што ли ќе дојде потоа, се прашувам. Потоа ќе се смеам за што сум кинела живци, ама тоа е. :) А јас сега ве поздравувам со една песничка (нешто навлегов во некој рок муд во моментов) и останете ми со здравјенце. :*



    http://www.youtube.com/watch?v=hTWKbfoikeg
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.