Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - прекрасен ден, само еден час беше доволен за да ми стане денот супер! А наставникот по музикчко во училишниот ходник ме изнасмеја! :D „Музичарите секогаш треба да бидат кул, нели деца?“ лелее, уште тоа ми фалеше за перфектен почеток на денот! :lol:
    Баш сакам да се прошетам до библиотеката, ама најпрвин ќе смогнам сили за да си ја исчитам целата книга која што ја имам земено! :)
    Единствено ме растажува времето, па баш сега ли одбра да биде такво глупаво?! Баш кога јас сум супер, тоа е за никаде.. ! ]:)
    Но, што да се прави, таков е [​IMG] :)
    СДК2 - Една книга секогаш ми дава надеж и амбиција, добро е што ја прочитав! Една најдобра книга со метафоричка смисла! Секогаш ми дава сила и амбиција без оглед што се случува околу мене! Е, браво за таквите книги! :)
     
  2. solo

    solo Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Сакам да кажам...

    pozzz za site samo uste da ni kazese kako se vika knigata :clap:
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    СДК чудно ми е се. Зарем заслуживме во ваков свет да живееме? Зарем ке заврши кошмарот некогаш?
    Не сум користољубива: ги сакам луѓето заради тоа што се, не заради тоа шо имаат.
    Не сум лоша: само се борам за своите права, често и за туѓите, особено за заедничките.
    Не сум сиромава: тоа е состојба на духот, а мене секогаш ме интересира животот да ми е богат со луѓе, добри/лоши, свои/туѓи, мали/големи, грди/убави...

    Да не те натера судбината да завршиш на лечење. Или ке поминеш добро и сите ке ти стојат над глава, или ке бидеш заборавен од Господа. Ако си го положил тестот на првиот начин, секоја чест, имало ден. Ако се мачиш на вториот начин... не знам што би дефинирала тука.

    Значи муабетот ми беше дека бев испровоцирана од една случка пред некој ден.
    На детската клиника, во одделот за интензивна нега, слушнав расправија од еден родител и вработените, дека не сака веќе да ги види, дека се неуслужливи, безобразни... Ке си речеш веднаш: "Смири се човеку, и тие се луѓе, си имаат своја работа, не се роботи па за сите да се ажурни во секо време". Секој би му пресудил на нервозен човек подготвен да ја запали клиниката со 1000 болни дечиња, и уште толку родители што чекаат надвор за информации.

    Меѓутоа, реалноста е дека информации не добиваат родителите кои чекаат. Во клиниката е хорор. Информации се соопштуваат од 13 до 14 часот, а дежурните за соопштување излегуваат во 13:45 за истото. Тие кои не стигнале, нема да добијат информации. Повеќе среќа утре. Или задутре. Или Господ кога ке каже некоја информација. :|

    А човекот кој "претера" со својата нервоза, е мојот професор по математика. Секогаш веселото и насмеано човече, кое е на нервна база, заради нивна грешка. Повеќе од 5 години виси по клиники по целиот свет, некаде наишол на добар одговор, некаде на лош, некаде чекал, некаде плачел и молел... Но дрскост не сретнал. Судбината го отепа. Продаде се што имаше, да собере некој денар за операција на своето дете. Единче.
    Подобрување нема. Нема ни да има. Хуманитарни концерти, отворени сметки за донации... Не може ништо веќе да им го врати детето во нормала. Па уште и после операциите во Словенија, дојде до степен на наша клиника да си играат со него за давање на терапии. Жалосно е. За младиот живот, за животите на неговите родители. Успешни млади луѓе кои прерано остареа. Зарем ке заврши некогаш кошмарот за нив?

    Повеќе среќа утре. Или задутре. Или Господ кога ке каже некоја информација.
     
    На anima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    Сакам да кажам...

    Јас мислев дека денов ќе ми биде пекол- а тоа еден од најубавите денови во мојот живот! Мммм... :mm:
     
    На Mer4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес сум романтично-патетично расположена..анд ај лајк ит ;) Изнапишав неколку битни писма до сите оние кои онака или овака се дел од мене..уште да имам храброст да им ги пратам на сите...најважното го сместив во внатрешниот џеб на една топло душиче..останува уште она кое мора да патува со чичко поштар.. :tmi: Прашањето е сега..то бе ор нот то бе.. :wasntme:
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Сакам да се извинам поради моето касно палење :D

    Пирамидикус, жено моја мила од срце ,најискрено ти го честитам твојот роденден и ти ја посакувам целата среќа на овој свет :* :* :*

    Те гушка и те бакнува твојата Георгина :hug: :hug:
     
    На Phyramide, Trendafilka и Angelche им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    од пуста желба да си создадам кариера и да заработам пари т.е. мои пари почнав несвесно да ги повредувам припадниците на споротивниот пол (пред малку на едно типче во продавница ми ја затворив пред нос) или кога ке приметам дека на некој му се допагам глумам крената во облаци ]:) :devil:

    тоа и е последица од тоа што многу пати сум била повредена во љубовта, и сега сум многу огорчена :sweat: и не си давам шанса да се запознаам со некое момче, и ми е потсвесно ужасно тешеко , ама тоа ми е како одбрамбен механизам :$

    а најодвратно е што на двајца од моите бивши им текнало на мене, едниот веке неколку дена ми звонеше, и денес ми пишал, а другиот пак сакаше да се видиме или денес или во Недела леле ДВАЈЦАТА НЕ САКАМ ДА ГИ ВИДАМ НИКОГАШ ВО ЖИВОТОТ!!!!!!! (нека одат по гаволите) тие се виновни за овие последици, ГИ МРААААААААЗЗЗЗЗЗАААААААААММММММММ!!!!!!! особено првиот ама ако, и тој има внука, па кога дечко ке има таа, и кога ке повреди, ке види како ке и биде :!:
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се молат Карина, ЛаЧика и останатите девојки што постираат во Чевли да имаат обзир.
    Сите ги сакам, сакам сите да ги имам ..... а на одвикнување сум.
    Затоа девојки ве молам сочувствувајте со мене, ќе банкротирам, скитник ќе станам...ама барем нема да бидам бос скитник :D
     
    На la-chicka и marama им се допаѓа ова.
  9. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Пирамитке и јас ти се извинувам.
    Среќен Роденден со закаснение и не ми се лути. :)
    Остани таква каква што си и зграбчи се што ќе ти животот пруже , а ако не ти пруже ти знаеш сама како да го зграпчиш.
    Се најдобро !!! :*
    Друго нема што да ви кажам.Изморена сум!
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК вчера денот ми беше тапа и тоа голема тапа, само сеуште се мислам од кој пијалок :D
    Е денес веќе е друга приказна, добив и веднаш сонце ме огреа. Оној сеуште ме нервира, но ќе го занемариме тоа за да уживам во денов. А што има подобро од трач муабети со една од најдобрите другарки? Ништо, освен трач со двете најдобри другарки :lol: Бидејќи едната ми е лута, ќе уживам во кафенце со другата. Имајте убав ден, веќе и сончев е.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Беснааа сум!
    Каква монотонија ме опседна, мрш МА!
    Епа оваа монотонија што ме угушува се манифестира на други начини, а јас ко да не се препознавам, од кај јас исфрустирана зар го насобрав тоа од фацкиве што секојдневно ги среќавам.
    Тоа е... пренос на енергијата.
    Ајдеее ќе дојде ред и мене и јас ќе ја исфрлам и пренесам на некого :devil: па нека биде и на лошо малце, мене не ми треба мир и спокојство ми треба возбуда и авантура... ај се пакувам и бегам (добро, не буквално, не одам никаде, само се препакувам истата јас тука и сега но во друго ново поиновативно пакување) ;)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    исто ми е мимс, како јас да сум пишувала

    Ајде периоди се... досадни, монотони, меланхолични периоди... Ај нид сам фајр ту :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакав да ќутам ... да ќутам и да трпам во себе ... но не можам ќе пукнам ... ме боли ... Дури и премногу ...
    Ми тежи на душата .... Во моите очи денеска имаше преголема болка ... И искрена да бидам за прв пат не успеав да скријам ...

    Ми тежи што сум скарана со мајка ми и брат ми ... иако се криви ... барем така мислам.

    ми тежи што немам добиено три месеци ... секој тест за бременост беше негативен ... внатре во себе имам толкав страв да одам на гинеколог ... а зошто би одела ??? како лани да ми рече многу нервозна девојка си ... не се стресувај ... и нагло си се поправила ... и пак да ми даде апчиња кои ке ме доздебелат ... аххх се чувствувам за нигде ... пропадната, подуена, константно нервозна ... дали е ова причината не знам.

    Ми тежи и факултетот ... можеби уште не сум навикната на ваков режим - никаков.

    На душата од синоќа имам уште една рана ...Со него се направивме лом ... парче ... признавам дека кажав многу работи што не треба ... ама не е ни тој цвеќе за мирисање ... го повредив и ме повреди ... можеби по цел труд не сме за заедно ... можеби за една врска не е доволно само да се сакаш ...
    Можеби сум дете недозреано ... можеби претерувам ... можеби сум крива ... ама можеби и не ...
    Едноставно му кажав неколку работи и тој ми се раздра ... пробав да останам смирена ... му реков не се дери не ти се плашам збори смирено ... тој пак ми се раздра ... е толку. Јас од после ниту размислував што зборувам ниту како зборувам ниту се контролирав ... два разјарени бикови ... мислам дека не слушаше цела улица .. мене моиве комшии него неговите комшии ...
    По се ми рече крај ... претера ... сам си го бараше ... не сакав а кажав болни работи ... болни колку за него толку и за мене ... никогаш не требаше таа болна проклета тема да ја отворам ...
    Се надевам дека не е крај ... а можеби и јас сакам крај ... Колку го сакам и колку ме боли се само јас знам ...

    Последните два дена колку што плачев немам плачено цел живот ... синоќа не можев да спијам ... се тресев од нервоза и плачев ... плачев и се дерев во перница ... а болката не излезе ... ме следи цело време ... Солзиве не запираат ...

    ОД кога станав ваква ... зошто ??? Дали тоа што немам добиено толку време вака ми влијае ...
    ЈАс не сум ваква ... не сакам да сум ваква .....

    Сакам да си се врати старата јас ... ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  14. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    797
    Сакам да кажам...

    СДК сте имале нервозен ден ?
    Се ви оди надолу, на граница сте да експлодирате од лутина ? :)

    Слушнете ја песнава .. и уживајте :music:

    Еве ќе го ставам текстот, прекрасен е :music:

    А аирлија мој глас по зракот плови
    А абер ич што не се аби
    А аирлија аманет од Ана
    А абер од грло и од свирки

    Ееееееееееееееееееееееееееееее

    И и билбили песни што на сон пеат
    И и псалтири со безброј струни звучни
    И и кимбали ко гром од ведро небо
    И и дожд од едвај чујни звуци

    Ееееееееееееееееееееееееееееее

    О од лисјето во хор што нежно шуми
    Е езгија кожа што ни ежи
    У узреваат стихој нови рожби
    У утроби со радост што ни полнат

    Ееееееееееееееееееееееееееееее

    http://www.youtube.com/watch?v=5EXDRoVYp5U
     
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Си го најдов лекот....кога сум напната и имам душевен немир, немам инспирација за цртање, сликата стои недовршена, а денот тргнал наопаку одам да трошам пари. Кои глупости ги изнакупив и зошто ми се поима немам, ама битно сега до крај на месец ќе свирам. :doh:
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ...дека се помалку имам желба и сила да одам на факултет.
    Тоа што го претрпев денес за малку ќе ме однесеше во болница, а веројатно ќе добиев и нервен испад и ќе се степав со асистентките кои се дереа на некој неидентифкуван дијалект додека се фрцкаа во нивната невкусна гардероба.
    Ги презирам! Поскувам нивните деца никогаш да не завршат факултет!!! Нека одам во пеколот, баш ми е гајле. А не сум ни сигурна дали денес не отидов до пеколот и назад.
    Проклета државо, ме упропастуваш! И мене, и сите млади надежни и амбициозни луѓе.
    Не сакам да станам лоша, искорумпирана и огорчена жена, побогу! Ама ако останам тука во државава, ветувам дека ќе следат слатки одмазди за сите на мојата црна листа. :swear:

    Старфиш е огорчена како утринско турско кафе без шеќер. И има добиено.
    Не сум јас крива, народот е глупав!
    :devil: :devil: :devil:
     
    На mims-89, Strumfeta93, Isidora-Veles и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да ја гушнам Теди мечкава и да ја стиснам толу силно што ќе и се слоши.
    :hug: :hug: :hug:
    Мече миличко, ајде оди полека, прво кажи му на дечко ти дека си скарана со домашните и имаш проблемче за кај чичко Гинеколог ( или тетка ), после направи нешто за себе, почасти се нешто, па макар било и топла бања. После закжи на гинеколог, никој не оди на гинеколог затоа што му е убаво, ама и ти знаеш дека што се мора секогаш е тешко ;)
    А за домашните не се секирај, ќе се смири ситуацијата.
    И не си ставај се на душичката и тоа влијае на задравјето.
    Те гушкам најсилно :hug: :hug: :hug:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Ти го ДОПАДНАВ постчево првоа...Па после си реков..УОУ КЕМЛ... да не си помисли девојченцево дека и е драго што се брцнала во кал до гуша денес...
    Такви се некои денови... типично скопски.
    Стисни заби и фак државата, глеј си го газето... ;)
    Изусти низ стисната вилица еднаш ГОМНЕНИЦИ , како у лош македонски превод на уште полош амерички фил, мафни со косата...
    И запали една цигара.
    Ич да не те боли Крсте ( малото прсте) за лошите денови. Не е готово додека не запее дебелата, а еве ја гледам, иде..
    ПС..или евентуално кажи им ...ДУ*И СЕ! Ко у превод на некој филм на БТР....
    Не дека гледам бтр, ор самтинг |( :rofl: :rofl:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Теди знаеш :!:
    Инаку бастумот ќе игра :D :D
    Те гушкам Меченцеееее :hug:

    И да, Гледам Дафне се изјаснила... Па јас го лајкнував, дека навистина е така ]:)
    Не дека мило ми е Страфишче :!:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Леле ќе си излезам од кожа, само едно да ме дели од многу интересно искуство :)

    Феминки држете ми среќа( ќе ми треба), во најскоро време ќе знам. :)
     
    На LivingGlam, skyAngel, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.