Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК жива, здрава, права, си поминав еден ден во болница. Ама што мора-мора!
    И така си одморив таму, без нет, без ТВ, без политичките препукувања на сите вести...
    Битно е дека со бебушчево сме :rock: расположени, среќни, размрдани!
     
    На beached, Ema.Sk, rossonerka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Сакам да кажам...

    Марамке не плачи душо..е сега ми иди да го исплескам овој :envy: Ее ние женчињата колку сме посилни од овој "појакиот" пол, секогаш сме биле и ќе бидеме!!! Е од денес нов лист.. никој друг пред тебе.. :!: Марама е прва! За желби, потреби, чувства и се друго. F*ck the world!!!
    п.с. ти си едно баш прекрасно воспитано душиче и никој не заслужува да плачеш за него :*
     
    На marama и Annath им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Марамче, знаеш дека жените се појакиот пол, а мажите погрубиот, не се жените бадијала упорни, цврсти, издржливи... Ке можеш и без него! Ако те сака, не смее да дозволи да плачеш и патиш заради него. Само јако, и задржи си го достоинството, па нека се извинува, мачи и кае!!! :fubar:
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Марамче уште едно искуство плус во животот, не гледај трагично на ситуацијава, тој не ги заслужува твоите солзи, а уште помалце да се нервираш. За инает залепи една голема насмевка, излези си со другарките, шопинг, кафе и расположи се! Надвор врне СНЕГ |( зимава решила да си поседи. :doh:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Мамара, а да не му се има јавено мајка ти да му прави притисок? :^)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не не му се јавила. Туку правевме јас и тој муабет и мајка ми почна да ми вика и после кога му се јавив тој тоа ми го рече.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Оставете ја Марама нека се исплаче, па и тоа ни е потребно бе девојки!

    Рикни си Марамке, исплачи се, истури си душа, качи се на планина, Зајчев рид е одличен за ова, викни си, излуфтирај се, дигај средни прстиња во вис, пцуј и напиј се една вотка&мартини во мое име.
    Фаза е - ќе помине, сите сме ја имале.
    А пред него? Е пред него ќе покажеш во што е силата на една девојка. Уствари не дека мораш да покажуваш, тој самиот ќе ја воочи. Покрај сите проблеми ТИ не се откажуваш и не фаќаш магла после првата кривина! И не пушташ солза.
    А тој штотуку ги изгуби
    мадињата
    :lol:

    И запамтете засекогаш, билокоја од вас, ако некој ви ја дувне на некој проблем, не губите ништо. Само правите место на сувозачкото седиште за некој кој ќе биде тука за вас и после 3 испукани airbags ;)
     
    На Mygirl, bittersweet, teddybear и 20 други им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Пирамидке :clap: , мене ме наежи со метафората, верувам и другите ;)

    Девојки, најважно е да се цениме самите ние, мора малку самодоверба- погледнете се во огледало, исправете ги рамењата, градите напред (кој колкави ги има :lol: ;) ) и насмевка.

    Не дозволувајте заради никој да плачете, колку и да е патетична мислата од Маркез- сеуште е точна, а верувам ја знаете- Оној кој ги заслужува вашите солзи, никогаш нема да ве расплаче ;)


    Знам дека сега е тешко, ама кога малку ќе се соземете и ќе се појави тој, не попуштајте- потсетете се колку ве повредил, колку сте плачеле за него и тогаш бидете силни.

    Верувајте дека тогаш ќе ви биде тешко, ќе треперите, ама на крај вие ќе бидете победникот од целата игра- бидејќи сте исфрлиле од вашиот живот една ситна, искомплексирана душа која ја гуши убавицата во вас.

    Е така :)
     
    На bittersweet, marama, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    Ма пушти го! :devil: Охоооо како ќе те бара да знаеш... ;) Ти си најважна сама на себе...не заборавај си и во потешка состојба со мајка ти, не пак сега со него....Тоа му е момент како и на секој еден кога им се случуваат такви глупави моменти...па кога ќе подоладат сфаќаат што направиле како кученца се враќаат, па молат...Немој да му допуштиш да те гледа разочарана.Се поминало и ова ќе помине.Јас ти кажав ќе те побара и тоа за брзо...Ама тогаш да бидеш своја.И посебична. 8)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    Алал да ти е бе сис! :clap: :D Ова на крајов со метафорава за кола,сувозачко па и воздушни перничиња ти е до сега најјако! :D
    Мореее ти очекуваш да ти пристигне новата кола за брзо време ... :^) затоа го спомнуваш ова... :wasntme: ... :D
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    А бе ме преварила Пирамитка. Марама не чувај во себе туку исплачи се. Како можете сите да ја советувате да не плаче кога и вие во таков момент би плачеле. И да не сакаме ќе плачеме, посилно е од нас. Исплачи се, подобро ќе ти биде него ли да го чуваш во себе и само да ти создава главоболки и да се нервираш. Ти си прекрасна девојка а тој ако тоа не може да го свати е стварно е ... (незнам со кој збор да го наречам). Сепак период е и мора да поминеме низ него. Не е единствен а и животот е пред тебе, ќе најдеш други што ќе те ценат многу многу повеќе од него. Ти заслужуваш да бидеш среќна. Те гушкам :hug: и со тебе сум :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Само што го прочитав ова

    За жал така е :|

    Преземено од Дневник
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Епа, епа - епа лепа шаргарепа! :D

    Џулс, колата е спремна, можам да палам! Чекала јас или не, на кола или на совозач, ова треба секоја една девојка да си е свесна.
    Сега да не претеруваме, да лупаме во ѕид со глава по секоја мерка и да наоѓаме маани, но општо не признавам кога мажите бегаат алибистички од проблеми.

    Па можат мене таму во дотичната тема маживе да ми објаснуваат и со денови колку било трауматично за едно машко да се пушта на девојка. Не се ни чудам што таквите бегаат од глувци и вриштат кога ќе им се скрши ноктот после. А па кога ќе настапат потешки проблеми, муабет да не правам |(

    Епа ајде јас да идам тогаш во Авганистан во први борбени редови, а они нека собираат храброст за тривијалности.

    |( Се изнервозисав! Марама кој е тој твојот кажуј живти се, една лекција да му одржам тука, девојки држете ме еј! Многу сум јака :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    57.379
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ех Сеси, за жал, така е :|
    Не знаеме да си го чуваме и негуваме јазикот. Жива материја е, да, се менува со тек на време, но ние сосем го заборавивме.


    Марамче сега ти звучи невозможно кој и да ти каже, но биди силна. Самата знаеш колку вредиш. Вреди ли да ги поминуваш деновите плачејќи? Љубовта може многу да надомести, но некогаш едноставно не е доволна. Исплачи го она што го чуваш во себе и ослободи се.
    И да, времето ги лечи раните - многу пати било докажано. Ќе дојде ден кога само ќе се сеќаваш на овој период, а нема да ја чувствуваш болката.
    Еве уште една од Маркес (парафразирана): Срцето има повеќе соби од јавна куќа :lol:
    Ќе се ослободи место за нова љубов, биди сигурна и не губи верба :* :hug:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.170
    Допаѓања:
    166.701
    Сакам да кажам...

    Е сдк...добро бе...кога ќе престане да ми биде вака,а?!Нема кафе,а ми се пие кафе,не ми се врие вода специјално за чај(и не ми се пие било каков чај,ко што гледам се има,освен од цреши!!!),гладна сум,не знам што да јадам,а да биде нискокалорично и вкусно,косата не можам да си ја доведам у ред,расположението такоџе,без мужот ми,без убаво време,без кафе во пријатно друштво (леле од кога не сум имала такво,о боже,боженце!!!),без добар ручек во пријатно друштво (да потенцирам нискокалоричен).Ноктиве пукаат ли пукаат,се отрув од пиење на суплементи(комплименти :D ),ги мачкам со масло,со креми,со врагови,исто ич не ми се свиѓаат,кожава ми пука...добро што ми е?!Се распаѓам комплет или ?!Книга треба да отворам,книга не ми се фаќа,во други работи ми е паметот,бар уште некое време.Е знам дека сум досадна и целата тегет во последно време,ама што да правам...скролајте ме! :D
    Знам што ми треба!Моќен и исполнет маж,елитна хотелска соба со убав поглед,вино и ќе филозофираме за животот!А така!Кога не му текнува на оној мојон,дека треба да се прибере дома (види кој зборува :D ).
     
    На sweetyears и skyAngel им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    6.768
    Сакам да кажам...

    Ах, што да кажам..
    Се чувствувам некако чудно.. Некако сум исполнета со страст, безброј желби и инспирација кои чекаат на нешто да бидат потрошени. Крвта ми е зовриена и само сакам да излезам надвор, да врне дожд а јас да бидам по кратки ракави и воопшто да не ми е гајле. Да одам во парк, да танцувам на клупите, да врескам, да скокам, да направам се што сум посакувала да направам. Да ме гледаат сите и да се прашуваат што се случува а јас да не се чувствувам виновно. Сакам само еднаш во животов да се ослободам, да живеам, да уживам! А нема да ми треба никој, само еден што верувам ќе ми ја исполни најголемата желба. Да се фатиме за рака, да трчаме брзо и без престан, да се смееме, не гледајќи ги нашите несовршености што веќе се претвораат во совршеност.. И сакам оваа желба да трае, долго и долго, никогаш да не згасне. Сакам вечно да останам млада, колку е тоа добро! И колку е тоа убаво, да сонуваш. Да сонуваш со отворени очи, да си далеку од реалниот свет што ни малку не е интересен. Сакам да почувствувам вистинска љубов, како ми тече низ вениве, а потоа исполнувајќи ја секоја клетка со живот. Полудувам, но убаво ми е. Не ми треба овој живот, зашто не можам да го живеам. Сакам да пеам, сакам да пишувам, сакам да љубам, да исфрлам се што чувствувам.. И ми требаат бакнежи, прегратки во долгите ноќи, да ме утешат. Но без обврски. Сакам со поглед да си кажеме се, зборовите се премногу за нас.. О, дојди и земи ме. Сакам да танцуваме, иако незнам да направам ни еден чекор. Ама не е ни важно. Овојпат имаме љубов.
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    800
    Сакам да кажам...

    СДК некој денес има роденден :)
    Не, не правете ја фацкава ( |( ), знам дека има тема за роденден.
    Таму и ќе го честитам роденденот, овде само ќе ги кажам моите чувства ..

    47 години. Долги 47 години ... Успеси, неуспеси, среќа, тага .. - Како и во сечиј друг живот :)
    22.02.2011 - сосема обичен ден за повеќето. Но, не и за мене!
    За мене овој ден е прекрасен, никој не успеа да ме растажи нити пак да направи да се чувствувам лошо бидејќи самата не го дозволив тоа. И нема да го дозволам!
    Денес е голем ден! Денес се слави роденден!
    Роденден на личноста која ми значи се во животот! Додека го пишувам ова ми течат солзи .. Незнам од среќа или од тага .. што времето брзо лета!
    Роденден на личност која заслужува се најдобро и најубаво - заради тоа што е !
    Личност за која ќе се симнам на најниското ниво, за која ќе направам СЕ и за чија среќа ќе го направам невозможното !
    Личност за која ќе се накострешам како некое диво животно пред својот плен само ако се најде во некаква опасност, ќе заборавам на сето она почитување спрема постари или помлади ..

    Личност која не била секогаш тука со мене физички, но пред да направам некој голем чекор помислувам на неа - на најдобрите, најискрени и најреални совети ..

    Личност која ја сакам неописливо .. татко ми !

    ПС: Знам дека те израдува изненадувањето што ти го направија твоите три најмили личности од спротивниот пол .. Твојата љубена жена и вашите две засекогаш мали дечиња :)
    И, да плачам - ме растажи со една реченица :
    ''На овој ден пред 10 години, ти имаше 3 а сестра ти 7 и тато купи свеќички за тортата .. ''

    Не гледам од солзите ... ТЕ САКАМ :l:
     
    На Annath, Mygirl, stilas7 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Тоа што го проживеав вчера и денес не му го посакувам на никој :sweat: ако јас не добив инфаркт овие 2 дена значи ќе живеам 100год :P леллеее се уште таа слика е пред менеее како се случува тоа се ежам на самата помисла дека пред мене некој има скоро речи кажи напад на епилепсија ;( што требаше да направам... Како да го спречам тоа уххх се мразам.. Учам медицина незнам како да му помогнам да девојчето.. Можеби ми треба многу пракса и искуство (а имам само 2год искуство) :!:
    Се надевам дека снимањата ќе поминат добро денес :sweat: :sweat:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК исполнета сум со чувство на среќа и тага истовремено..штотуку се вратив од местото каде што го поминував секој ден додека имав 5 години-мојата градинка !! Среќна сум поради тоа што мав можност повторно да влезам внатре и да се сетам на најубавиот период од мојот живот, тажна сум затоа што тоа време никогаш повеќе нема да се врати :( Просториите исполнети единствено со детска смеа и безгрижност ме разнежнија до толку што си пуштив и по некоја солзичка :tmi: Се е исто СЕ! ... само јас никогаш повеќе нема да бидам таму како што бев пред 16 години :(

    Марама вчера еден твој пост многу ме растажи а денес ме дотолчи !! Само биди јака !! И како што ти кажаа девојките погоре исплачи се, викај, урлај, крши ако треба, извади го тоа од тебе, но не заборавај ВРЕДИШ и за тоа треба да бидиш постојано свесна !! На секој среќата му стои некаде на патот и ти ќе стигнеш до неа еден ден до тогаш само цврсто !! Те гушкам многу :hug: :hug: :* :*
     
    На marama, Buttterfly и enca.69 им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Мило и јас дознав денес :( . Добро ли е сега?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.