Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.998
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пичлиња :D :D
    Јас, откако некое време кукав по форумов :wasntme: , се вратив во форма :rock:
    Утре организирам пиенка кај мене дома, мажот го натерав да си оди втора смена на работа, и си ги собирав милите ми другачки и утре има да паѓа смеење и локање :rofl: :rofl:
    Аххх, што е убаво кога човек има волја и енергија 8)
     
    На Phyramide и 2468 им се допаѓа ова.
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Сакам да кажам...

    Прво ја утнав темата, ама нема врска! :lol:

    Сакам и морам да кажам
    Не ми е намерата некого да навредам

    Многу се нервирам кога некаде ќе прочитам:

    сТрам наместо Срам
    фЛизура наместо Фризура
    и сл. зборови на кои се додава или менува по некоја буква сосема непотребно!
    Највеќе од се пак ми боде очи и ми пара уши кога ќе прочитам/чујам погрешна употреба на иритантното "НА"

    На пр. Поздрави ја НА Лидија! Што на лидија? Пипи на Лидија?
    Намерно го ставив овој пример бидејќи одма ми идат безобразни мисли кога ќе го прочитам или кога ќе го слушнам ова :lol: а знам дека со друга намера е кажано/напишано.
     
    На Annath, beached, GeorGinnA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДк таман станав на нога и реков јес јес јес здрава сум, сега пак температура...а ;( ;( ;( не сакам да сум болна, како паразит некој цел ден во кревет плесната, крајници како компири и тоа неварени, ни ми се јаде ни ми се пие.. :@
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Да си ми жива мори Бита-г'л!!! Лонг лив маседониан правопис :!:
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    ^ Да, најака кога ќе прочитам, или ѓи. |(

    Е сега заборавив што сакав да кажам.
    Ептен ми се спие, деновиве по 5 саати спијам само, тоа е не доволно за спанка како мене. :yawn: Тестови не натрупаа, ме мрзи да читам, а и вие 20 страни само тука сте испишале. :talk:

    И сакам .. ама ај..
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дали згрешив :^) му напишав-посветив песна :|
    му ја подарив-ја прочита :o :worried: и ?
    Среќа и возбуда таа ноќ и :?: штамаааа!!!
    Контра потег нема О.К.

    Чувство на требога во моето желудниче ми остана само... :sweat:
    Не се предавам немам сили да копнеам по него....
    По нешто што не е за мене,јас сум неколку нивоа под него забележав..
    О.К. ти крстозбору се мислам зошто воопшто те сретнав во тој проклет град каде владее маглата |(
    дали сум глупичка што пишувам поезија за него...да или секако :sweat:
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Ништо не сакам да кажам само дека ги почитувам човециве.

    Ама онака баш многу :)

    Ете така.

    http://www.youtube.com/watch?v=pnP5S6hhqc8
     
    На wolf4e, sesilija и la-chicka им се допаѓа ова.
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк дека не значи ако сте напишале долг пост во кој една реченица ја испревртувате на 326 ке покажете дека сте многу паметни..
    и дека почитувам долги и средени мислења во кои стварно се кажува нешто паметно, според кои може да се оцени како размислува личноста, а не такви во кои е опишан цел ден.. :!:
    и да смачено ми е да читам глупости (не дека јас не пишувам, туку нејкам да читам :D :D )
     
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Добра вечер Фемино!

    Морав да споделам еден битен моменАт кој ми го гризе желудничево од рани зори.

    Додека сабајлечки Георгина се пудреше, црвеше и белеше и спремаше да ги засени колешките и тоа сите до една, си гледаше цртани...немојте да сте се насмеале :P

    Бајката на една телевизија со ранг на гледаност рамо до рамо со досадноЌата на нивната главна уредничка, одеше вака...И тогаш Марвина ги загуши сите разбојници во бурињата, сабајлето сите беа мртви.....и тогаш Марвина го извади ножот и му го забоде на разбојникот во срце(во позадина оди и соодветна слика на сцената), така таткото на Али Баба се израдува и реши дека ја сака за снаа :^) :^) :^) ....Ова е извадок од анимирана серија за деца бре ало?

    После западот ни е крив? После ние сме арен народ ама лесно потпаѓаме под влијанија на ѓубрето сервирано од земјата на Обама?....ма даааај. |(

    Мене ми се блуеше...си реков само ако ова го сервираат онака ко за појадок не сакам да знам што даваат на Тв 1000 после полноќ :x

    Толку, фала многу.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    6.848
    Сакам да кажам...

    Сакав да напишам една моја лична поезија и отварам во категорија Насмевка во тема Вицеви :D :D :D
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека никогаш не ми се исти веѓите кога се чупам, никогаш не можам исто да ставам маскара на двете очи енд гес ват - никогаш не можам десната рака да ја направам со француски маникир подеднакво добро како што умеам левата. :devil:
    Ужасно мразам што во петок морам да одам на КиндерГарден парти, ама тоа е тоа. |(
    Имам нова песна во листата омилени. Не ни знаев дека Хари потер пее :lol: , ама песнава е нешто феноменално :).
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.304
    Допаѓања:
    67.998
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мало зошто Хари Потер?
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    Абе една другарка ми ја префрли во компјутер... Затоа ми падна чудно викам кај го вади овој гласов ваков. :o A сега кога клипот го напунив види бога ти, стварно не бил Хари Потер. :o Леле... нуб. :$ :rofl: Затоа мене лириксот не ми го отвара, од прееска daniel radcliffe red lyrics пишувам. :rofl: Срам да ми е! :$ Како можеев ваква каша да направам. :rofl: :rofl: :rofl:
    Да не бидам офф: СДК дека начисто збрлавев. :rofl:
     
  14. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    На skyAngel, Phyramide, beached и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Не дека открив нешто револуционерно како нов континент(па во време кога толку нешта се веќе откриени ај биди соу фа*инг спешл иновативен,освен да откриеш временска машина се вратиш во праисторија со некои предметчиња како на пр.петарди,саат со аларм кој свети под вода,флуоресцентни траки и сл.па да се правиш фаца пред група вакви :o :o :o неандерталци или ако го најдеш нашиот прапрапра... на н-та степен дедо Адам од Говрлево :lol: ),ама за мене е големо откритие :!: !
    Цела проблематичност на врската ми се врти околу 2 главни проблеми,и тоа,
    1.Треба да научам да ги сакам сопствените маани кај дечко ми.
    2.Треба да му простам што ми е толку сличен.
    Прашањето е-зошто е тоа тооооооооолку тешко :headbang: ???!!!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк јас ич не се осеќам добро.

    Сдк вечерва ... nek srce lupa kao da je prvi put .... Зашто многу е можно да Ovo je nase zadnje vece.

    Сдк за сега доволно си кажав а вечер ќе образложам ....


    . :x :doh: ;( :tmi: :|
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Да не ти се најдува текст случајно? Барам ама не можам да најдам...
     
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК срам нека му е на оној кој решил физика да учиме. Па што ќе ми е Фајдон да го знам, доволно ми е само да ме научат за како да си менувам осигурачи. И што ќе ми е историјата на Грција, поточно кој и како се тепал на нејзина територија и Југославија кога се прикличила на Тројниот пакт? Тоа убаво е да го знаеш, но малку повеќе нели е поубаво кога би се изучувала историјата на Македонија. Колку само се глупави лекцииве. |( Дај нека воведат некој час сабота нека е или некој ден од работната недела и нека не носат на прошетка низ Европа и таму нека ни ги објаснуваат лекциите. Верувам дека поинтересно ќе е, но како и секогаш економска криза дрма. Ма не мора низ Европа, нека не изнесат некаде, макар и до Водно да е.
    Мамурно е и времето. Повторно него ќе го обвинам. Времето е виновно за моето расположение. Устата ми горчи. Ѕирнав низ тераса розефко е небото.
    Секое утро ми започнува со песна, но не песна која ме буди, туку јас си пеам разни песни по сабајле. Приметив кога ќе станам и почнува да ми се врти во глава некоја песна, ама може 15 минути ја повторувам. Аа и не било какви - народни.
    Нека се опраи времево, верувам дека и јас ќе бидам подобро.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.236
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека го видов денес. Ми рече само ќе ме разбереш еден ден, ама па и ние секогаш завршуваме заедно. Ккао да го сфатам јас ова? Ко ми треба време, па ќе те барам?! Сака утре да се видиме да разговараме, да ми објаснел убаво зошто решил. Само знам дека одлучил одкога ја слушнал караницата со мајка ми. Не сакал да ме гледа нервозна и тажна, да плачам.
    СЕ чувствувам збунето, не знам повеќе што да мислам. Се чувствувам предадена од него, а разочарана од себе.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се плашам да помислам дека некои од работите што ги читам тука се вистина. Мислам, сериозно?! (смајли-што-се-крсти)
    алал да нека им е! :clap:

    Друго, сакам да кажам дека до мене стигна тажна информација, надвор врне дожд со снег. И по се изгледа времево нема да се соземе, додека не се испоразболиме и грипосаме сите. Убаво, убаво... :swear:
    А јас прееска со цел памет се залетав сладолед да купам! Ц ц ц
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.