Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Еее психа није заје*анција! Ти си окупирана моментално со твоето мешуле, бебуле и мажуле и тоа и ќе го сонуваш ;)

    Џули мор, како бре со празни раце?! Признај сме отишле кафе да пиеме! ;)

    Јас ништо не сонував, а богами мрсничко си ја завршив вечерта со она книгиштено. Оф оф оф Сесилијо, имам еден куп нови изрази - знаеш за што ти зборувам. Ќе ти ги шепнам тајно! :lol:

    Мене од сабајле ми се врти па во глава Дојди ми Лено на перниче бело. И ајт сега! Како да го стопирам чудово. Иш, иш!
     
    На blond и sesilija им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...


    Јас на оваа тема-МУЗИКА се потпирам на мојот г‘зометар-ако ми се заниша г‘зето онака само кога ќе го чујам музичето тоа е тоа,и никогаш не погрешил :!: ,нема мрдање од старт-ништо!
    А слушам буквално се‘ немам омилен тип музика,се што ќе помине и се исфилтрира низ г‘зометарчето е прифатливо и посакувано за увце и остали органи (понекогаш и за цел организам,има музичиња кои ми се онака pure sex in motion).
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оооф леле јас што сонував ако ви кажам ќе земете да се крстите со лева рака :D
    Читам јас Храна и вино и на крај имало статии од Феминкава и сега имало нешто како саканиот да ве бакне околу 2 и 3 часот по полноќ.Требало да земете банана и тој да замиже и да јадел и да стигнел до вас.Боже,боже до кај ќе стигнат соновиве мои ? :x
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    ... се чудам на сопствените соништа.
    Вчера, после такво сопствено признание, сонував мошне непријатни ситуации, страв и вина во содржината на сонот, манијакални грешки, височина и снег...
    Ме мрзи да барам симболи, знам само дека ова мое срце, се крие од празнината.
    Темно кафе, 103ка, твојата фотографија во глава и сите забрани, едноставно, се прашувам... Како дојде до сево ова?
    Не се вознемирувам, но растов е Алисовиден - се удирам со главата во куќата на Чудата!
    Слушам тивки музики, Додо го нема, Годо нема ни да дојде...
    Пролетта, секако ќе дојде.
    И ќе носиме шарени патики.
    Ќе јадеме сладолед.
    Верувам.
    Како да имаме по 18 години. :*
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    881
    Сакам да кажам...

    СДК денес сум пресреќна.Всушност,ова не е среќа,ова е задоволството кое ме исполнува.Баш ми треба ова,среќа,среќа...И покрај тоа,денес имавме само 4 часа од планираните 7! :) Ахх,абе кога оди,оди...кога не оди,не оди... :P Живот,тоа е.
    СДК другоо,денес се сакам.Богами чудно е за мене вака да ги сакам сите околку мене :?: :angel: Сакам и трач,чоколадо,сладолед,сакам љубов! :l: :nod: Сакам...Сакам да кажам,тоа е воглавно се што би сакала да кажам. 8)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Сакам да кажам...

    СДК дека оваа недела неможам ништо да напраам ко што треба..Ми истече кафето, ги препечив лепчињата,(можеш глава да дупниш некому со нив), никаде неможам да си го најдам полначот,отидов во продавница со се далечинскиот, итн итн :tmi: Се тече се се менува, само мојата расеаност не.. :wasntme:
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    СДК дека не сум нервозна и не ми е криво што луѓево се толку неодговорни. Секако дека не сум. Никако не сум. Не сум ги воспитувала јас. Така си е. Само тоа е проблемот.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
    Сакам да кажам...

    Сдк и после речете дека животов е фер.Вчера кукав за кафе,му се израдував како циганче на мрсул после за да денес истото тоа ме попари и тоа средниот прст на левата рака!Е пече и боли,веќе не го сакам!Среден прст за кафето!Него не е до кафето,туку до мене и глупиов период и плус,грејното тело ми цркна баш каде што сум јас и ај,кажете како да не верувам во конспирации?!Не дај боже баксуз да ме тера на друго место,зошто го е*ав ежот поштено!Ми оди да вриснам,што од болка,што од мака!!!
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Лилит...гад блес ју :rofl: :rofl: :rofl: И јас на твоиве постови се радувам ко циганчич на мрсул...
    Али јас сум циганчето..СТОП. :rofl: :rofl:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.578
    Сакам да кажам...

    Е баш ти фала,ама не си далеку од тоа дека сум прилично мрсулава деновиве! :D
    Шта чеш!Живот ме нече у задно време!

    Него,ај да не бидам вулгарна,ама стварно би го покажала,газулево,фацичето,мешулето и некои други делови од телото на едно место!!!Ама стварно!!!Ах бе,капитализам глуп,глуп,глуп!!!Знаете дека тој дури и ни наметна да бидеме слаби и стегнати ние жените,знаете дека тој е извор на фрустрациите?!Е да,да,порано,да биде месаста,ама бап корсетчето,бап во креветчето,бап врз мажулето,бап живеачка,а не сега,од што си прегладнет немаш душа да издржиш на него,ќе речеш,чекај,почекај,се уморив!Лажам,имам кондиција,ама си викаш,абе салцето да не ми рипка! :D

    Чекајте и да ви кажам што ме излажаа,ама шо лажат вистина си е тоа,да не кажам,ама ќе кажам-совршена! :D
    Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.
    Рибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали како девицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.
    Рибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“.
    Универзални луѓе сме ти ние,прекрасни!!! :rofl:
     
    На blueeparadise и MissAnn им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    сдк,... денеска ќе биде и повеќе од ,,интересно,,... јас, салветките, математика, далеронот, оперилот и топломерот.... what a craptastic day |(
     
  12. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.803
    Сакам да кажам...

    Сдк.. од пролив полошо нема!!!
    Цела ноќ сум дежурала кај царот да се исповедам :D
    Оркестар свири цела вечер во стомакот а јас лумпувам во креветот :rofl:

    Биди маж па прдни ! :devil:
     
    На Phyramide, Offspring, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Сакам да кажам...

    :rofl: :rofl: :rofl: Е ме изнасмеја да ти кажам :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам..
    дека веќе ми е преку глава од сите: лицемерни, лажговци, дволични(или повеќе од две лица што имаат), некултурни, невоспитани.Човек не може на мирен начин да се размере со нив! :!:
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Сакам да кажам...

    СДК дека така фино лепо си чепкав низ дома и си најдов две двобојни сенки од Орифлем. :rofl:
    Речиси нови се, кој знае зошто сум ги забаталила?! :?:
    Битно си се израдував како мало дете, абе исто како да сум си ги купила. :lol:
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.827
    Сакам да кажам...

    Ауу што ми се повраќа од лицемерни луѓе :puke: :puke: И тоа посебно од оние кои се исмејуваат на туѓите проблеми, туѓите маки и туѓата несреќа и неуспеси. Значи пликови толкави ми излегуваат по кожата, алергија знаеш...
    Можда и јас не сум цвеќе за мирисање, ама злобна сум за таквите ]:)
    И поарно да сум злобна, ама да бидам една и единствена особа - ЈАС; отколку да бидам лицемер и воедно да бидам еден куп други луѓе освен себеси.
     
  17. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да кажам...

    Види ги бе...опасни момци се вие Африканците (домородците) :lol: Што ти се вика пред нос да ти го земат јадењето! :D
    http://www.youtube.com/watch?v=pNeNTMml ... dded#at=94
     
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК мрзам дволични луѓе ...луѓе кои се јаки на вилици а пи*ки во душа ... ете такви... само такви гледам денес околу мене .... Понекогаш имам чувство дека целиот свет забегал во аут.....
     
    На Queen.S, julie77, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    Сакам да кажам...

    ^ Јас мразам луѓе што еднаш едно велат, па потоа друго прават и се со некои изговори. Тоа се луѓе што лижат таму каде што еднаш плукнале. Или пак, изигруваат итри, а на првата слабост паѓаат на колена.
     
    На karina8, Queen.S, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК во овој ладен, мрачен зимски ден, јас имав летен доручек(леб, марграрин, сирење и патлиџан) во 15h...

    Право лето!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.