Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сама се лажам сама си верувам :wasntme: Од утре на диета, ќе ги учам лекциите по ред, веќе не пијам... :tmi:
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Сакам да кажам...

    Ќе запишам втор факултет :D Цврсто сум решена, сакам да вложувам во себеси. Сака и татко ми. Денеска ме усреќи кога ми кажа дека цел живот е решен да работи и да финансира во моето образование. Со душа го чекам конкурсот, да го простудирам и да одлучам каде :)
    Возбудена сум, не сум вработена а ми недостасуваат обврски поинакви од овие домашниве :D
    Не ми е оваа желба краткотрајна, чувствувам дека голем предизвик е пред мене. :) Јас ќе го зграпчам со двете раце широко отворени. Уф што убаво се чувствувам :D
     
    На teddybear, Strumfeta93, sweetyears и 7 други им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тешко ми е, ме разбирате? :(
    И да, ќе барам работа, најсериозно.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    6.848
    Сакам да кажам...

    бројче јас кажав дека сум ЗА да си бараш работа ;)
    мене кој ќе ми ги гледа утре маките - не го направив проектот ми се расипа печатачот за слики и сега утка ќе одам утре ..на кафенце и локумче ..
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    Кажи кај ке бараш работа и јас ке дојдам :)
    Се утепувам од досада. По цел ден дома, ми здосади и излегување, и дружење со другарки, и пиење кафиња по цел ден. Мала обврска ми е факултетот, морам да почнам да работам и барам работа, а работа немааа :( барем до сега мојата потрага по работа е безуспешна, и почнувам се повеке да губам надеж, и се повеке да плукам по Грујо (не дека ми е крив он, ама некој мора да ми биде :D )
     
  6. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Сакам да кажам...

    енд фајнали ај ем гоинг то слиииип :yawn:
    Ме изнамачи овој проектов 4 саата го правам, акл за друг пат да си почнувам навреме да ги извршувам обврските а не во 5 до 12

    гууд најт то олл :*
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Сакам да кажам...

    СДК одам во Белград на 2 дена , ама зашто морало снег бре да има :^) Како и да е , ве сакам сите . Имајте убав ден и уште поубав викенд :* :hug:
     
    На teddybear и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Сакам да кажам...

    Седам и размислувам во ниедно време, со милијарда мисли на глава и уште толку повеќе стратегии за како се да се заврши на време и да биде успешно...Со милијарда хартии пред мене со некои несватливи дијаграми што кога ќе ги погледам за прв пат дури и јас вадам реакција од видот "what the hell is this" за да на крај се вратам на истото прашање......Kако може да има толку неспособен народ, толку еднонасочен и површен?...Да не речам не интелигентен!? Од што ми е толку смешно, дури е жално....Да незнаеш дали да се смееш или да плачеш.....Едноставно не ми е јасно !!!! Како може да има толку лицемерен народ, што од една страна ти се лигави по цел ден а од друга те сопиња за да паднеш така речено пред автобус...

    Сите се научиле и чекаат работите да се средат самите по себе, или НЕКОЈ да ги среди, за да можат тие истите да се чукаат у гради дека ОНИ направиле нешто...Епа извинете бре, до кога мислите дека Мистери ќе врши се, ќе се расправа со милијарда луѓе секојдневно по телефони, по маилови, по состаноци, додека вие седите и (сори на израз) си го
    прчите
    по цел ден, за да кога ќе дојде ДЕНОТ излезете и да се мавате у гради како да сте напраиле нешто? Ма ако не те бива за таа позиција, ако не знаеш да се снајдеш, ако ти е премногу, па не се нафаќај бе да ја работиш !!!! Ако незнаеш нешто дојди прашај ме, а не да криеш дека не си го завршил !!!!! За една обична работа се чека 2 недели..Па 10 минути работа е....И згора на се', се наоѓа изговор...Па и се клевети!!!!...Кажав денес на состанок...Уште еден ваков испад и се мени цел одбор, ма не ми е гајле кој ќе разбере и кој ќе дојде да се буни...Ова е тим и НЕСАКАМ такви ствари !!!! ...Клевети? Не у МОЈ тим...Викни и декан и мекан ма не ми е гајле, ова е моја јуриздикција па кој сака нека дојде...Кажав на почеток уште у септември - или играш по мои правила или можеш слободно да излезеш уште сега...Се претерува значи...Ама го погодивте и Мистери!!!! Трпи, попуштај, оправај, со добро, со арно, толерирај до максимум секакви испади и грешки, биди лидер, биди смирен, па на глава ти се качува...Епа се прелеа лончето. Видовте сите денес дека му е ску.чено на Мистери...

    И покрај се што се случи денес, пак некоја интуиција ме мачи, дека нема да е како што треба и ако не се следи будно секој чекор ќе се зафркне нешто бааги од кај што нема да може да се оправи ништо....И таа мисла ми се мота цела ноќ низ глава, знаејќи дека утре иако ТРЕБАШЕ да ми е слободен ден, сепак ме чека ден во кој што не смеам да си дозволам да бидам ништо помалку од максинално продуктивен...

    И некој да ме гледа од страна сега моментално така замислен и унесен ќе си помисли овој отиден е скроз...Мада сега моментално сонувам буден, мислејќи дека ако го пишам сето ова , ако го претворам во зборови, ќе добијам некоја друга перспектива...За да на крај се вратам у реалноста со истите милијарда хартии пред мене, која со бројки, која со распореди, која со макети,скици и планови, која со листа за што треба да се заврши, која што ја гледам и ми изгледа како од Марс да е падната...

    Како и да е последниве неколку месеци научив дека имам преголемо ниво на толеранција, дека иако до сега сум знаел и сум бил свесен со какви очи ме гледаат другите, почит и доверба, во изминатиот период сам себе си го докажав тоа и ЗАКЛУЧИВ дека нема поголема сатисфакција од сам човек да свати колку вреди....И искусив една од најголемите лекции во животов, дека ништо не ни е подарено, сами си ја кроиме својата судбина....

    Само се надевам дека на крај целиот вложен труд ќе се исплати на еден или на друг начин !!!


    За крај да Ви посакам на сите да имате прекрасен петочен ден, и да кажам едно големо БЛАГОДАРАМ до сите оние кои што одвоија време да го прочитаат овој прилично долг пост !!!

    Mistery
     
    На teddybear, julie77, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да кажам...

    СДК како до сега не сум ја видела темата Форумски игри...колку е интереснаааа :lol:
    Ајде одам да ја играм 8)
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Дека сум будала жена, со огромни количества страст и страв.
    Важно е дека сакам да си го кажам тоа, нели... :talk:
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк дека сум нервозна .. :@
    ми се тепа некој
    го мразам времево.. :@
    исто мразам кукавици.. бивша другарка ми пишува од профилот на мајка и.. хахахах дал да плачам ил се смеам е работава.. :rofl:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Еднаш еден дечко, во очај или што јас знам од какви побуди, прашуваше повеќе пати едно по друго - а кај ми е сонцето?
    Сите му се смеевме. Види го за гревови. Веќе не му се смеам.
    Јас не викам кај ми е сонцето. Оно е тука секогаш - само некои луѓе го гледаат, некои не. Некои се потат, на некои им е ладно.
    Јас се прашувам, а кај ми е топлото време? Каде е? Ама кај ми е?

    |(

    Знаете што? Јас за инат денес попуштам парното до максимум. Пуштам укулеле музика, вадам хавајските цветови, мешам летни коктелчиња, облекувам кратки сукњици, па и по можност ќе скршам некој кокос на пола и ќе го закачам на гради.
    Сакам хула хула да правам и да си правам бајрам на паметот дека е лето.
    Чак се мислам и нозеве во легенче да си ги брцнам.

    Јас па него ќе го чекам, нека ме чека тоа мене! Кај е летото?
    Кај мене дома! Одам веднаш да ги алармирам луѓето дека вечер кај мене се прави Хавајска журка.

    Ајде бидете ми пуфлести и розевкасти, разнобојни ако сакате или пак бодликави, ма како ви е по ќејф - затоа што е петок, а кај мене штотуку стигна летото ;)
     
    На bittersweet, Go-Girl, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    СДК колку грд ден еј :worried: ....да требаше да останам дома во 4 ѕида се' ќе беше супер! Ќе ми беше топло, ќе се развлекував по дома во пижами, ќе си врзев некое безвезно решче, ќе си се лакирав......може и ќе учев нешто :D
    Ама не! Мораше денес да се договорат сите можни кафиња, ахххххх. Па и да се работеше за нешто корисно....не! Тој збор одамна НЕ го опишува мојот пополнет распоред :@. Готово, вака уште денеска и од утре - сериозно. Учење на време, повеќе време за себе, помалку интернет.
    И не знам по кој пат го кажувам ова, ама некако многу кратко трае тој период :?:.
    Ми треба простор, мирен.....нешто како кутија од која ќе излезам кога јас сакам. Дури и ми доаѓа да ги исклучам мобилните и сите други уреди кои ми овозможуваат комуникација со луѓето кои не живеат во мојата околина (среќа другарките ми живеат во близина) :)
    Одвојте си го грдиов ден за самите себе, почувствувајте се како мрзливци и паразити......денов го заслужува тоа! :*
     
    На teddybear и Mistery им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК готово и јас отидов, скренав од умот..
    Да појаснам, бев прилично болна и неколку дена не излегов од дома, и сега пред малку одам накај гаража да земам нешто и ја видов мојата Лусил, и и се обратив-my darling, my precious, о како ми недостајеш, одамна не сме се виделе...влегов во гаража земав што ми треба, излегов и и викам на Лусил-чао миличка, се гледаме подоцна...Влегов дома и си реков- Е Лолито Лолито и ти одлепи, ај и онака се во државава е одштрафено па мора да се претопиш во масата.. :fubar: :x :headbang:
    А ако ми видел некој комшија ? :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=6jmNe77v ... re=related
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1018.jpg
      IMG_1018.jpg
      Големина на фајлот:
      159,6 KB
      Прегледи:
      250
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека и јас конечно ке добијам биометриски пасош.... :)
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.292
    Допаѓања:
    57.256
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пирамитке:
    http://www.youtube.com/watch?v=hkaTyZTWRGs

    ? :wasntme:
    На ова филмче мислеше? Сега цел ден ќе си пеам песнава :|
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чудна возбуда, чуство дека нешто ке се случи, што ли ќе да е?!!! Животе изненади ме! :o
    Премногу енергија, не знам кај веќе да ја потрошам. Ми се прави нешто адреналниско! :lol:
    Ах !! Денес многу љубов, луѓе, џез, муабети плитки-длабоки! :inlove: :d:
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    ...
    не дозволувам еден неписмен да ме раскисели, кога утринава си ветив самата на себе дека најдобрата декоративна козметика која ќе ми го краси ликот денес ќе биде - мојата насмевка, окезена од срце.

    :D

    Нема да дозволам да ме подгазува никој, и што е најважно - нема да станам огорчена, спласната, ниту рамнодушна.
    Ете така, ќејф ми е да ги зае*авам луѓето кои мислат дека ме прешле, ама со насмевка, со убав збор, без да видат дека јас вријам и се нервирам во себе.
    :)

    Мака ми е од гледање вести, и онака ретко гледам тв, вчера фатив два пари на различни тв и ми се згади животот. :puke:
    Па си отворив една книга и потонав во неа, убаво ми дојде на душичката, залиена со сок од јаболко и штрудла со цимет.
    Не, не претерувам, нека сум и изгубена, не сакам новости од реалноста, ме гушат, ми го дробат духот, прост народ кој ќе се истепа меѓу себе, бабички без работа (меѓу кои и мојана) кои бистрат политика, место да си играат во плеталото в раце, како што им доликува,
    мали, невоспитани дечиња кои наместо добар ден, ме отпоздравуваат со плазење на јазикот,
    мајки, кои за појадок, ручек и вечера гладно и лакомо ги јадам Лисјата кои паѓаат , (некогаш и репете) |(
    и сето ова зачинето со долгови, кредити, името, името, иметоооооо !!!
    немање работа, доцнење плата, комшиски трач муабети, љубовни проблеми, нечии секс дисфункции, импотенција, препотенција... |(

    И ете така, сакам да се лансирам уџум, да ме нема, шшшшш, никој да не знае каде сум, зашто за најубавата работа денеска, јас сум задоцнила едно 15 години -

    Ignorance is bliss .
     
    На Lilit, bittersweet, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.236
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ако ја добијам палетата како на ФБИ ќе бидам најсреќна на светов, ами вети ја. Е тоа е од една страна повреден, а од друга сите ти се тресат и ти угогуваат. Се прашувам што е поважно, дали тој кој ми значи се, а да немам ништо друго или да имам се што ќе посакам, а да го немам него кој во моментов ми значи се? Нема одговор, барем во моментов немам јас. Одам да се лечам со козметика и женски-трач разговори.
    Имајте убав ден, :sun: нека ви грее во душата и срцето :)
     
    На teddybear, FBI и Annath им се допаѓа ова.
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    ...го мразам времево !!!! Сакам :sun:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.