Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Уште една недела на пат и уште еден месец кој го испраќаме.Времето умира брзо пред нашите очи.Проклетство-се будиш-наеднаш е пролет,заспиваш-во есен и толку поминати лета и зими меѓу нив.Губиме во години,така да ни останува-да победуваме во денови.Затоа да го експлоатираме лакомо секој нов ден,нашето постоење е час-life is a moment in space,миг најблизок до вечноста.Имајте сите среќен ден,а среќата е некаде околу вас,само треба да подадете раце и да ја подигнете!
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    хехе[​IMG], и кај нас беше така во второто тримесечие...ама сега е друго, дури со татко му си играјат понекогаш. Тој со раката ќе тупка од едната страна, то од внатре одговарја со клоцане, тој си ја помести раката од другата страна и тупка и бебчето внатре се мести и му одговарја пак со клоцане[​IMG] многу са слатки. Така да, кажи му на маж ти да не се секира и да се стрпи уште малце[​IMG]. Имам един сајт, со којто следим развитијето на бебчето. Многу интересни факти има, недела по недела ти пише све што се десава со бебето. Едната недела се развиват очите и започва да разпознава дури и сенки преку тенката кожа на мама, другата недела пише примерно за прстовите отпечатоци дека се формират, другата недела за јазикот и неговите вкусови способности и така на така...на англиски јазик е, ако и двајцата не знаете англиски, преведувај на гугал транслејт...со лес да ти е [​IMG]

    http://www.i-am-pregnant.com/Pregnancy/calendar/week/23
    Ееве за 23 недела и од таму па натаму секоја недела можеш да си читкаш...
    има и за развитијето на бебето после пораѓане - месец по месец. Зачувај си го и него и кога дојде време и од там можеш да читаш инфо - http://www.i-am-pregnant.com/Babies/calendar/month/0
    Поздрав [​IMG]
     
    На Hipica и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Добро утро.
    Еве,неешто помалку од 12 часа до омразениот понеделник.
    Па што ?
    Јас конечно се наспав..сношти останав дома,си легнав рано.
    Еден муабет ме скокотна,ме натера да почувствувам пеперутки во стомаков.
    Дали ќе успеам да се заљубам повторно ?
    :l:
    Кај се наспав,па и сонце ме пречека :)
    Ауууауау..
    И така..за некое време ќе правам лазањи,мххх :)
     
    На teddybear и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Празно.

    Е празно богами. Не ми е местово празно, срцево ми е празно. Душава ме боли.

    Тој што го сакав повеќе од се, се што направив за него, се што му дадов, за јадење да умирав и единствениот залак му го давав, против најмилите што одев за со него да сум... е тој ме уништи. Ова срцево наше заедничко :hug: :l: :hug: меѓу нас што си чукаше, вчера толку јако го удри, што прсна, пукна... не постои веќе.

    Д грлс најт аут, се претвори во излегување со него... ах подобро дома да си седев. Се поднапи и за се јас му бев крива. Се налути зошто комшијата мој така ме гледал... дотераниот комшија бил вреден да му се насмеам и здраво да му кажам, а не сум сакала на сред клуб да се бакнувам со него. Баналност. Знаев дека нема на добро да излезе. Си заминавме од клубот и во кола нејкев да влезам. Ајде влегов некако од пусти срам, народ гледаше. Се дереше како луд... сврти круг по улиците... стигна накај една неосветлена улица и ми кажа: ако не ти одговара вака, излези од кола!!! И закочи. И јас, логично, си излегов. Подобро кучиња да ме растргаат отколку него таков да го гледам. Виде дека можам, па ме тргаше за назад, и уште повеќе се изнервира... викаше: гледаш дека сум нервозен, не ми оди контра. Му враќам јас: ако си ти нервозен, никаде не пише дека јас треба да ти ќутам, а ти да се занесуваш. И така ме истрга внатре... уште поизнервиран што не сум сакала да попуштам и да го трпам, а тој да се дере... и ме удри квалитетно два пати... И продолжи да се дере. Ама не се сеќавам на ништо. Мислам дека сте моторни функции ми престанаа.
    Како што ме дал Господ, веднаш би му вратила... ама толку јако беше изгледа што не можев да реагирам. Само го слушав кај што се дере... и рече: Зошто ме натера ова да го направам??? На девојките пред тебе сум удирал, ама тебе не... Зошто... златичко, зошто... и почна да плаче. И го слушав кај што плачеше ама... не знам што ми се имаше случено... застана некаде и плачеше, плачеше, плачеше...
    Ме растресе малце да види дали сум добро и тогаш се вратив. Лицето во крв ми беше. Носов не престануваше да крвари.
    Кога можев да зборувам, му кажав дека видов колкава е љубовта... толку мала што може да се занемари во однос со неговиот животински нагон.

    Плачеше цел пат. Се извинуваше без престан. Бараше втора шанса. Се обвинуваше. Демек се мразел самиот себе.
    Нека плаче. И на глава нека се преврти ако сака.

    Денес деснава страна од лицево ми е благо потечена. Ке помине. И кажав на мајка ми дека на несакање некој тип во клубот ја наклонил главата наназад и ме удрил.
    Не ме боли ударот. Душава ме боли.
    Не смееше ова нас да ни се случи. Никако.
    Не смееше да дозволи. Се што имав него му дадов. За него чував. Него првин му се дадов... за да доживеам да се чувствувам како празно стаклено шише наместено за вежби на стрелачи.
    Ке помине се. Што се не било, па и ова ке помине.

    И да :!: не го мразам. Ич. Воопшто. Тој и зададе удар на нашата љубов, а не го активира моето чувство на омраза. Не мразам никого. Нема ни него. Јас само едноставно ништо не чувствувам за него. Дури ни омраза. За ништо не е вреден.

    Нека е само жив и здрав. Нека му го покаже дедо Боже патот. Јас кренав раце од него, како тој што крена на мене.
    Ке си продолжам сама. Подобро сама, отколку во лошо друштво. Не ми треба никој. Ич. Воопшто. Без секого се може.
    Пријатно.
    Имај убав живот.
     
    На anima и broken099 им се допаѓа ова.
  5. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    391
    Сакам да кажам...

    Леле Мерлин солзи ми потекоа читајќи го твојот пост :( :( :(
    Многу неправедно спрема тебе. Само ќе ти кажам да бидеш јака и што и да е ќе помине. Животот е пред тебе. Тоа што си налетала на некој кој не ја заслужува твојата љубов нека остане само еден спомен од минатото :(
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    Добро утро народе македонски :)
    Последниве неколку дена се дружам со здравиов разум, па раното будење ми стана навика. Толку е прекрасно кога ќе се разбудиш кај 8-9 наутро, најлончињата под чорапите (пусти третмани, женски маки :D ) шушкаат, правопропорционално на тоа нозете ти се бања, надвор има облачиња (ама не темни :!: ), си уклучуваш ТВ - оп! Округот Оринџ неколку епизоди (што има врска ако си ги гледала, уживаш да ги гледаш пак и пак и пак...).
    Подоцна се извлекуваш некако од креветот и се насочуваш кон твојот мал рај - кујната. Јајцата се спремни и какви и да се „испржени“ тебе ти се најубави затоа што се твои :mm:
    Што е убав овој свет :f:
     

    Прикачени фајлови:

    • 101322468.jpg
      101322468.jpg
      Големина на фајлот:
      31,4 KB
      Прегледи:
      118
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.354
    Сакам да кажам...

    E Мерлин, многу се соживеав со твојот пост и ја замислував целата ситуација :| Не знам колкав гад треба да биде за воопшто да те удри, па и толку силно за крв да ти тече :x Плачел, туф, туф, жал ми паѓа.Повеќе во очи да не го погледнеш, можеш само да го плукнеш
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Точно,тој и задал удар на вашата љубов,разбирам колку ти е тешко.
    Мене ме удри еднаш во 7год. и тоа пред три год. со шамар,се каеше и не му се повтори повеќе,ама тешко се заборава тоа.Причината иста-љубомора.Кај нив поголемата физичка сила ете знае и да излета од контрола,но :!: нема оправдување.Едноставно-нема.Јас простив,но не заборавив и нема ни да заборавам.Меѓутоа,она што се случило еднаш-има веројатност и да не се повтори,ако се случи двапати ќе има и третпат.Се надевам нема да има вторпат-разбра колку ме повреди-за душата зборувам,на лицето и онака немав ништо.
    Те гушкам,знам колку е лошо тоа чувство кога се осеќаш предадена од тој за кого се‘ би сторила. :hug:
     
  9. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Убава вечер беше вчера ! :nod: :nod:
    И покрај малите нервози сепак беше убава .
    Си запознав една луда девојка која ја засакав! Еве ти едно цмок4е од мене :* :D :drunk:
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Повеќе му беше страв дали ке го оставам отколку дали сум повредена сериозно. Па нема да му се повторело... грешка било... Ма дај!!! Еднаш назад да го примам и да сака да ме погали ке ми е страв... да крене рака на глава да ми стави да ме гали, ке добивам фобија да не сака истото од вчера да го повтори.

    Нема да е исто. Никако. Не е за мене тој ист веќе. Можеби вчера вистинскиот мој мил го запознав. Не го сакам таков.

    Фала ви женички... извинете за патетикиве... ама не ми се збори со никој друг... ни со другарки... ни на мајка ми не можев да и кажам... тоа е...
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.346
    Допаѓања:
    5.899
    Сакам да кажам...

    СДК недела како недела. Ден за учење, чистење, бањање, спремање за во понеделник и обично сите сме заедно. Но оваа недела се разликува од другите. Оваа недела како недела сум сама со мајка ми. Станав сабајле рано и одма се фативме со мајка ми за работа. Исчистивме, исправме, измивме тањири и сега одмораме, поточно ни дојде комшиката на кафе. За утре наместо 7 часа ќе имам 5 и плус немам ништо за учење. Ма колку и да ме дрма негативната енергија се наоѓа тука и нешто што ми примамува насмевка на лицето. Очекувам покана за на кафе која се реализира една година. Вчера ми влегоа многу среќни вести во домот.
    По толку долго време пристигна и во мојот дом покана за на свадба и на која верувам дека ќе одам и ќе се изнаиграм. Ама како што сум баксуз можно е и да не се реализира планот.
    Во последно време сите ме викаат по целосното име и некако ми е чудно, бидејќи до сега ме викаа цело време на прекар.
    И сега кога ми е слободен телевизорот нема ништо на него.
    И тврдам дека во недела има најтапа програма!!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    276
    Сакам да кажам...

    Уште некои дваесетина дена,и официјално ПРОЛЕТ.Нека дојде веќе,аман.Преку глава од настинки и ладно.А денес вратот како ми е вкочанет,неможам да се свртам ако не го свртам целото тело.А и како боли уфф :(
     
  13. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тато е најдобар татко,а јас сум татино злато,не може мене за ништо да ми се налути тато... :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=_D1QDfyIgLU
     
    На Strumfeta93, Hipica, pink4ever и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Јас па ги сакам неделите, всушности и тие се дадени од Господ. :)
    Сабајле ме рабуди Благица Павловска...Помина година цела, тешка ко планина, а мене тешко ми е да те заборавам...и сега неможам да учам од што ми се увртела у глава. :lol:
    Се спрема семејниот ручек, убаво мириса дома, посебно ги почитуваме семејните ручеци во недела...тогаш сите сме собрани и навистина се осеќа љубовта и хармонијата, а јас така вешто ја црпам и си ги полнам батериите, љубоморно ја чувам и недавам никој да ја наруши.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Недела тмурна и досадна ... Сирота Недела колку е од сите омразена ... Сепак посакана е од понеделникот.
    Сеедно .. се распавтувам како мрдната ... прозори отворив .. зачистив ... пу пу да се испофалам.
    Сега ги чекам другарките па да го поминам цеееел ден во смеење ... и трескање зелени и гледање на кафе и пак смеење и правење филмови ... и тако то.

    А вие прекрасни женски створења имајте убав ден ... полн со насмевки и убави моменти ... уживајте и знајте дека што и да е ќе помине ...

    Времето не лечи се .. но ни носи многу изненадувања.

    Ве гушка мечево силно и мечкарски.
    :hug:
     
    На Strumfeta93, 2468, HoneyBun и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми се гледа Серанови!
    Или некоја друга шпанска серија,важно шпанска да е :D
     
    На TheCandy880 и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Девојки, ги гледав сликите од козметика и од накит и сум воодушевена.

    Мислев само јас давам толку пари за козметики :)

    Сега имам оправдување- само ако ми каже татко ми Сесилија пак си купила нов ѓердан па зошто ти е дете, или мајка ми ме праша зошто ми е новиот спреј за сјај на косата кога веќе имам спреј- веднаш им ги покажувам сите ваши слики, за да не мислат дека само јас сум таква :rofl:

    Ќе видат тие :!: :D
     
    На Strumfeta93, rossonerka, FBI и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    4.806
    Сакам да кажам...

    Сакам и јас Серанови!! :)
    Сум се радувала кога ќе ја слушнам песнава,знам дека ќе гледам уште една преубава епизода :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=thm3VAIC6hU
     
    На Malechk0 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.646
    Сакам да кажам...

    Сакав да ја споделам со вас сликава,бидејќи вреди да се потроши две минути на неа. Дали згрешив што ја споделив ? ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Isidora-Veles, la-chicka, Theodora и 7 други им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк од Кенди овој ден сакаат да излезат помалку разиграни,поспани,(пре)најадени зборови ....НО :!:
    ќе кажам само едно МЕ БОЛАТ НОЖИЊАТА заслужно за тоа е ---> :dance:
    А и ајдееее оставете ја НЕДЕЛАТА да досадува како што умее и знае таа најубаво |( :) ... Кенди научи 2 лекции од уште подосадниот БИЗНИС се најаде и сегааа....е сега де :^) што сега... :?:
    Мавање пачавици по дома(дедо што вика :lol: ) неее ќе си ја дочитам Аеродромци :geek: дееамм и лав тет бук :inlove:

    A ЕДИТ: Татооо бе па сакам да идам на Сергеј на концерт ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.