Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    Сичко знам бе сограѓанке,и јас сам од Струмица! И маската мее готова, морнарка ќе се праам таа година! Абе чудесиии! ;)

    СДК овој мојот ненормален апетит не ќе да е на арно! 100% ќе се надминам себе си, (ќе ја превртам вагата)! Се губам за минутка и ете ме пак пред фрижидерот :tmi: Стрвла сум станала! :$
     
    На bbb му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    6.768
    Сакам да кажам...

    СД и К на Вајт Китен честито на белото цветче и нека и се множат! :*


    А мене.. мене ми е досадно и стварно, ама стварно незнам што да правам. Преска ме фати еден огромен бран на инспирација па пишував.. Деновиве навистина сум преплавена и со инспирација и со емоции кои незнам на што да ги потрошам. Па си велам, ајде да напишам нешто, и онака во тоа сум најдобра. (Барем така мислам..) А за утре, ме чека еден прекрасен ден, верувам и сонце, ако не сонце барем да биде малку топличко, сама дома.. Тетратка, мисли, емоции, едно чајче и по нешто благо. Ах, совршено! А откако ќе се ослободам од се, одам кај вујко ми да се издувам малку, да направам неколку вежби, да се истегнам, да го истепам ии така. :D Како што велат - во здраво тело, здрав дух.

    А јас посакувам оваа инспирација да ме држи уште и уште.. И да ви кажам навистина сум среќна што сум риба, иако на моменти знам да зажалам заради тоа, знаете зашто, често знаеме да станеме преемотивни, лигави, желни за внимание и размазени ама тоа е, нема бегање.

    Туку ајде, ве поздравувам јас зашто веќе немам што паметно да кажам. :*
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СД и К на мојата мила наставничка по македонски дека не се работи за тоа што не сакам, туку не можам да пишувам. Пишувам само во мојот дневник, кој го чувам длабоко сокриен во мојата соба.
    Не сакам никој друг да ми буричка по чувствата. Себично, но ги сакам само за себе.
    Квит! ]:)
     
  4. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Сакам да кажам...

    СДК дека не ми се учи! :devil: Кога ќе ја видам книгава од 700 страни ми се плаче! Па и уште со ситен фонт, напишана на висок стил, работава - зошто да биде просто, кога може да биде сложено! :swear:
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Како е прекрасно заебаново време... ко да сум во заебаниот Берлин во едно исто вакво време.
    Се прешувам дали да одам или не? Се прашувам дали со игнорирањето на некои мои мисли ќе ги снема Знам дека нема ... затоа што длабоко се во мојата глава ...доволно добро се познавам самата себе. Е ова дефинитивно не сум јас ....
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Теодора те читам и некако, се ежам. Горчлив вкус, знам како е. Или барем насетувам од она што ти тука го пишуваш и сосема се отвараш.

    Не знам дали воопшто слушаш и сакаш ваква музика, ама песнава еве за тебе нека е, и за секој кој ќе се пронајде во текстот.

    http://www.youtube.com/watch?v=LYU-8IFcDPw

    Јас и денес не сум далеку од хип хопот, а момциве ги ценам, ооо колку многу ги ценам.

    Гневот понекогаш помага - мене секогаш ме инспирирал и мотивирал кон позитивни подвизи, позитивни промени. Дерењето не мора постојано да биде насочено кон некој, може и кон себеси, како бумеранг. Но помага во некои ситуации! Верувајте. Она што е внатре мора да излезе некогаш и надвор ;)

    А и гласните жици треба некогаш да се пробаат, да не фатат р’ѓа.

    Јас повеќе не сум гневна, но песнава сеуште ја сакам и ќе си ја дерам од првиот до последниот стих на раат, натанане, затоа што ми се допаѓа.

    Лека и убава ноќ девојки...јас денес заспивам во рок / хип хоп стил :rock:
     
    На Annath, Forgotten, FBI и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Утре правам тест а мака си немам, око не ми трепка да земам да читнам нешто [​IMG]
     
  8. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Сакам да кажам...

    ^Леле бре...Па ти секој ден правиш тестови :o Моето сочувство :(
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Дојдов, видов, си отидов. Местото каде што планирав да работам испадна мало кафанче, што по малку заличуваше на биртија, старци пијат ракија и мезат шопска, турбо-фолк трешти. Газдите супер луѓе, ама далеку ми е бе, башка понеделник и вторник ќе треба да одам од школо право таму, и да седам до 11+ до дома уште еден саат... Не, не, решена сум јас да си најдам некое мало кафичЧе, маалско, без многу гужви, да ми е поблиску до дома. На пример некое местенце во Аеродром, Ново Лисиче? Ако знае некој случајно, нека пише ЛП.
    Ако не сега, од мај мора да работам. Пари требаат бе, пари. Ама сепак, нема да прифатам да одам ни во некое место како ова денеска. Што е многу, многу е. Не се разочарав воопшто, работа има за тие што сакаат да работат :)
    Ете така, бидете ми поздравени :*
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    :D Сочуство примано, кај нас така е, кога нема немма (уживаме) ама кога почнааААтТТТ :x
    Ама гледаш јас научив на брзинка :D
     
    На pumpkin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Време е да ги замениме розевите/сивите (кој како) наочари со виножиткасти. :emo:
    Време е да погледнеме малку подалеку од нашиот нос,да ги прошириме мизерните хоризонти.
    Мислам,зборувам за твоите..моите се во пропорција со бесконечноста.

    Сакам да искоментирам дека 5ките во дневник и 10ките во индекс не те прават паметна.
    Особено првите.
    Тие се резултат на твојот ограничен мозок,или на твоето ебано презиме.
    Секоја чест за исклучоци.
    Сакам да кажам дека имаш дечко,кој навидум те сака..а уствари за него си најдосадното суштество на планетава Земја,те доживува како да е врзан во чвор..ама пусто твојата опседнатост со него не ти дава да го пуштиш.
    * не опседнатост со него,туку со себе. My bad!.
    Досадна си со глумење среќно семејство.Мајка ти никогаш не ти направила торта која не изгледа како таа во слаткарите,но е далеку повкусна.
    Ама да,мајкати и таткоти пред вашите куќни пријатели (сопственици на нобски презимиња) глумат заљубени,сите вие глумите среќно семејство од т.н. елита.
    Е морам да се изнасмеам.
    Жал ми е ,сигурно не ти е лесно..но немој да глумиш лудило :)
    Незнам како си ти горда на твоето презиме,кое одамна е пропаднато..уште кога починал твојот пра дедо.
    А другарките,со кои имате цело семејство..од брат,сестра,брачед,татко,вујна,стрина..па тие те мразат исто колку и јас.
    Ама тие се полоши од мене,те лажат! А ти си плавуша и не разбираш.
    И немој после ова да ми каже некој дека љубоморам ? На што да љубоморам ?
    На 10 пара Најк патики? Не,си ги фурам конверсот :)

    Ахаааа,тука е и муабетот дека фејсбук не расипал.
    Па нормално бе,кога со другаркати сте цел ден заедно и после на ѕид си и пишала ПРОВЕРИ ИНБОКС!!!!!!!!1111 и под тоа уште 7545242 коментари од типот "леле што си ми пишала,леле како те погледнал,леле леле.."
    Eве зошто мојата бројка на пријатели се држи на СТО И ПЕЕСЕ.
    И гајле ми е како си облечена во петок и сабота навечер за во најголемата дупка на светов.

    Инаку ова не е ништо лично,аларм за будење..будење од проблемот на 21век,простотилукот.

    Очигледно дека сум гневна,ма ..ништо битно.
    Добра ноќ дами :)
     
    На Ema.Sk, Tinker-Bell, Offspring и 8 други им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    6.912
    Сакам да кажам...

    сдк дека конечно најдов костим за прилепска прочка (недела) , ја решив и таа дилема ...2 недели уназад се мислев што да бидам преправена и на крај еве ми светна сијаличката :angel:
    отрчав утрово кај дедо ми , му се залижав како и обично кога ми треба нешто ( си го сакам ама ) :D да нема забуни .. и веќе погодувате...му го побарав работничкиот комбилизон (кафеав со портокалово ) :D ќе ме потсетува на новите чоколатца од Виталиа !! :D
    за останатите остатоци од подготовката сакав на лице да ставам моторно масло но мајка ми некако успеа да ме премисли ..ми рече дека после тоа може да ми останат флеки од тоа маслото и подобро со креон да се направам .. добра идеја , мислам што е сигурно сигурно е :) ..оти после и да се обесам пак ќе ми се гледа маслото на лице :D :rofl: :rofl:
     
  13. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180
    Сакам да кажам...

    СДК дека се чувствувам многу возбудена а не знам зошто :| ме нервираат пеперуткиве во стомаков, рацеве што нонстоп ми се потат, ко да имам некое претчувство дека нешто ке се случи наскоро :?: аххх не знам дали ке можам да заспијам вечерва...
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Значи не сум нормална- се избањав и земав да се мачкам со павловичева на стапалата, со бебешко масло на листовите на нозете и напред, со антицелулитна на задникот и на задниот дел на нозете, со крем за лице на грбот за да не ми се прават акни и со масло за тело на градите и стомакот.

    А да, и ставив бебешка пудра на интимната област :!:

    Го прави некој друг ова? :geek:

    Ај одам да спијам, лека ноќ феминки :hai:
     
    На 2468, Lilit, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.196
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК незнам како ама хороскопот на фемина е точен,се чудам како е можно :D :?: :?: или е само коинциденција :wasntme: :?: само размислувам :?: :D повеќе не читам хороскоп :wasntme: ( до утре, задутре :D )

    Па не ми ја праќа поракава од многу смајлиња :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Случајно го видов потписот на Офспринг, па ми текна на една друга верзија од крејзито:

    Crazy? I was crazy once. My parents locked me in a round room and told me to sit in the corner. Corner? I couldn't find a corner! That bugged me. Bugs? I hate bugs. They drive me crazy! Crazy? I was crazy once...

    :rofl: :rofl:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Сакам да кажам...

    Тешко ми е ;(
    И треба да ми биде. За мене само ќотек :@
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Сакам да кажам...

    СДК иако реков дека порано ќе си легнам не го направив тоа :tmi: Главоболкава почна секојдневно веќе да се јавува, па скоро и не ја ни чувствувам.

    Ги слушам песниве и уживам во неверојатниот звук на спокој кој го шират...

    http://www.youtube.com/watch?v=ZROLX3m7vh8
    http://www.youtube.com/watch?v=ihXE3XAH55c

    :l: :l: :l: :l:
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    Сакам да кажам...

    Сд и к на Офи јас сум тука да ја дружам, ко и секад после 3 :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оф бре оффф! Во главава ова ми се случува:

    ????????????????????????????????????????????!!!!????????? :^) ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? :?: ???????????????????????????????????????????????????????????????!!!!!!!?!??!?!?!?!?!?!?!?! :| ???????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? :worried: ?!?!?!?!??!?!?!?!?!?!?!????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? :doh: ?!?!?!?!??!?!!!!!!!!!!!!!!!!!!?????????????????????????????????????????????????????? :doh:
    И пак ?!?!?!?!?!!!!!!!!!?????????????? И нема крај! АМАН ! Дај нека ми се изгубат прашалнициве од глава и нека се реши веќе глупавава дилема и се' што иде со неа!!



    *Сакав да кажам и нешто друго :) Во последно време многу интересна за читање ми е beached 8) Остани така beach(ed) :lol: :hai:
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.