Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.247
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Епа Џули тогаш ќе чекам да дојде , па да ме земе :lol:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    :D :D :D :D :D ме пресмеа.... животен сон ни е да чистиме, переме, готвиме, пегламе и дома да седиме. Марамке не пропуштај ваква шанса. Ретко ваков примерок се наоѓа. Боже зар уште има вакви размислувања?! :^)

    СДК гледам убави расположенија петочно, расположена сум и јас... Пробуваат одредени персони да ми расипат расположение... ма ништо не ме трогнува денес :)

    Поздравче до сите, и пријатно (утринско) петочно кафе/чајче :)
     
    На lolyta777 и marama им се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Си седиме со дечко ми во Палма на сладолед и одеднаш приметувам дека не ме слуша што му зборам и гледа негде на страна. Кога ќе се свртам имав што да видам :o Се стегнала во бели скоро поѕирни хеланки, остај што и се отцртава г`зот и црната танга, него и пи*ната линија. Ми идеше да му ја шлапнам една на мојов, па г`зовите да му се свртат околу глава и сите ѕвезди да ги изброи. :puke:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    6.361
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Одам да сварам какао сега е да тоа сакав да ви кажам, ептен важна информација .
    Слободно скролнете ме :rofl:
    И ако продолжам да кажувам ништо на крај нема да испадне, се сум кажала, ама пак ништо не сум кажала ќе биде работава .
    И пак ништо паметно не кажав, :wasntme: одам до кујна јас ....
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    :D Остај и колегава си го искриви вратот! :D А јас и колешката бевме вакви |( коковчиња и двете кога почнавме рафали да удираме, леле па што се мисли оваа, вака ли се оди на работа, има ли оваа огледало...а колегава блажена насмевка и само на едно место гледаше :D
    А и на оваа camel toe и беше изразен :tmi:
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Леле ама сте злобни ]:) признајте дека и љубоморите на телото :!: :D

    Јас сфаќам дека е недолично, ама почитувам такви луѓе кои си фураат нивен фазон, не им е гајле дали јас или некој друг ќе вртиме очиња |( и ќе коментираме, бидеќи можам да се обложам дека девојката се чувствувала проклето секси, па кои сме ние да и го одземеме тоа, нели :geek:
     
    На enca.69, Dafnee и kate-the-great им се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    ^ Па да сигурно не им е гајле штом така се облекле, а за да се чувствуваш секси и привлечна не ти треба хеланка напикана у г`з, затоа што тоа што јас го видов беше надвор од сите граници и далеку од секси, вулгарно беше.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    да фураш свој фазон да, ама на работа?? е тоа неможам да го сватам, па и надвор од работа едно е да си секси а друго е вулгарно, да носиш нешто со кое што и најинтимните делови да ти се гледаат... тоа е провокација и желба за внимание барем за мене.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.178
    Допаѓања:
    166.793
    Сакам да кажам...

    Сдк е стварно не сум ок...грлото загноено,ушите затнати и ме чешаат,носот скроз затнат,со ај да не ви објаснувам со каков секрет...се чувствувам како вереницата на Франкенштајн.Ме боли се и се мрсулавам по телефони,се жалам.Море не,се чувствувам како кога имав три години и рикав зошто ме болеше душата од што ми беше мачно од температура.Аааах...морав да се пожалам,мооорав...црна се чума зададе...Ми треба брзо опоравување,што е најефикасно,одма,ајде брејн сторминг,фервекс?!кафетин колд у кесичка?!аспирин ц?!
    Мразам настинки,мрааааааааазам!!! |(
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=bAsA00-5KoI

    Слушам, и ме обзема доза на носталгија помешана со неизвесност, радост и тага истовремено. Песнава буди многу спомени на скапоцени моменти со вистински другари, моменти кога сум се чувствувала одлично, а сега слушам и се прашувам што ќе биде со нас за неколку месеци? Сите на своја страна - дали ќе се заборавиме?

    Како што реков, неизвесност, тага. Носталгично расположение ме тресе деновиве. :|
     
  11. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Леле Лилитке неќам да те плашам ама ако ти трае ова повеќе од три дена (посебно температурата) директ на доктор :!: Така почнува новиов грип,ама проблемот е што се добива пневмонија ако не почне на време да се лекува..
    Јас ова од искуство,да не завршиш ко мене :)
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Дечки, овај Сеси, па ти знаеш душо дека јас поштуем и добро тело, и добро дупе и знам да пофалам женска - ама на работа? У сериозна фирма, со хеланка која ти го оцртува секој мускул и цртите на репродуктивниот орган?! Ја да сум шефица би и рекла нешто ;)

    Па мислам, и мене кога ми доаѓа клиент, не раскопчувам кошулата, не се наведнувам преку биро и не ги стегам цицките, и со лигаво порно гласче не му велам - извиииииинииии а тиииии кога потпишувааааш фактурииии користииишшшшш моообилен?! И промаја правење со трепките следи :wasntme:

    :D

    Инаку да, и јас многу сакам кога секој си го тера својот фазон! Ма со тенџериња на глава нека се шетаат не ми е гајле, ова ме зачуди што цурава беше од една сериозна фирма и што така оди на работа, това е това :)
     
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    По елоквентно пердашење јас не сум прочитала...одамна :rofl: :rofl: :rofl:
    Ептен го почитувам Фрчковски, уште од ..." Џорџе, бе Џорџе" :rofl:
    ЧИТАЈТЕ!
    Елементарно незнаење и лоша волја!Отворено писмо до Светомир Шкариќ
    Љубомир Д. Фрчкоски

    На 1 март на Правниот факултет се одржа научна трибина насловена „Проблеми со автономијата на Универзитетот“, во организација на Сенатот на УКИМ и на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

    На трибината зедов збор и дебатирав кратко за можната компарација со слободите дадени со актот Аутентика Хабита, со кој се доделуваат статус и права на најстариот Болоњски универзитет (1158) од Фридрих Први Барбароса и денешната ситуација во Македонија. Акт што е подготвен од четворица тогаш познати правници (Булгаро, Мартино, Јакоп и Порта Равења) и ги воспоставува темелите на автономијата на Болоњскиот универзитет како традиција на европските универзитети.

    Тезата ми беше дека состојбата со автономијата на македонските универзитети по донесување на новиот Закон за високо образование е под нивото на автономност на правата дадени со Аутентика Хабита на Фридрих (Федерико) Први Барбароса во дванаесеттиот век на „мрачното среднивековје“. Потоа, за жал, ја напуштив трибината, бидејќи имав испити, кога ми јавија дека лицето Светомир Шкариќ се истурило врз моите тези. Кога ги преслушав снимките од трибината, не можев да се соземам. Бев збунет со фактот дали човек (не мора нужно професор) може да се дрзне да изрече такви елементарни глупости и да покаже такво елементарно незнаење јавно, пред академски собир од 200-300 професори, асистенти и студенти?

    Имено, С. Шкариќ „научно“ изјавил дека не е точно ништо од тоа што сум го рекол, бидејќи Првиот универзитет во Болоња воопшто не е формиран од Фридрих Први Барбароса, туку од Фридрих Втори (таков има во 18 век, инаку германски крал, во целибат и хомосексуалец?!) и дека актот Магна Карта Либертатум не ги содржел наведените права, бидејќи тогаш не постоеле воопшто универзитети!

    „Шкариќу, бре, шта ти је човече“?

    Не е работа на полемика утврдување на елементарна историска вистина, факт. Гуглај малку, користи ја твојата омилена Википедија или користи историска читанка - факт е дека актот Аутентика Хабита го дава Фридрих (Федерико) Први Барбароса на Болоњскиот универзитет во 1158. Факт е дека тој акт ги содржи наведените права за автономијата на Болоњскиот универзитет. Магна Карта Либертатум (со која полемизираш!?), пак, никој жив на трибината не ја споменал, бидејќи нема врска со контекстот. Спомената беше Аутентика Хабита (дали ти се чуло добро?).

    Ако сакаш да служиш, служи му кому сакаш од политиката, но не погани ја професијата и собирот на кој се обраќаш. Ова не се позиции за полемика со никого, ова е елементарно незнаење и многу лоша волја! Некој вид „деменција“ во јавните обраќања создадени од стрвноста да се фаќаш во костец каде што не можеш. Таква брука и несреќна епизода скоро имаше со оној антисемитски сарказам што го ставивете в уста на (ни крива ни должна) Симон Вејл. Дали ви е потребна уште една бламажа со историски елементарно незнаење на јавна сцена?
     
    На Neytiri, Offspring, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Епа, епа... ЕПА ПЕТОК Е!!! 8)
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Ма се шалев бре дека и љубоморите, а овде не ја обвинувам девојката, ги обвинувам нејзините надредени, ако таа не знае да процени што е деловен кодекс на облекување, тогаш требало некој да и каже.

    А се знае дека секси можеш да бидеш и закопчана од глава до петици, тоа е факт :!:
     
    На FBI и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    :geek: Правев баклава со вишни :geek: за прв пат :geek: па да видиме каква ќе излезе. Ама за инат на свеки, мора да е добра :D :rofl:


    Доста шлапам глупости (или што велев порано-глупам тропости), да идам да се најадам, па да зирнам Жоел што ми прави. Цуцо, :* ставај кафе ;)
     
    На joelle и Sanji4ka21 им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Свеки- колку убаво звучи тоа, преубаво име за кученце, или не? :swear:
     
    На Phyramide, Sanji4ka21 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.178
    Допаѓања:
    166.793
    Сакам да кажам...

    Блонд,тоа е штрудла,а не баклава.Немој да се посрамотиш пред свеки,џабе трудот.

    Мис,денес ме легна,до душа седна,ама цела недела грлото ме гребеше,ама као,ај ќе помине.Машки полов орган помина,се влоши.Сакам да ти стегнам лајк на советот,ама не ми се лајкува баш,пневмонија ми се заканува.
     
    На Miss-Independent, Phyramide, Dafnee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Лилит, инаку за настинка дефинитивно ти ги препорачувам Ефералган шумливите таблети.

    Јас ставам 2 во една чаша и течноста ја пијам во краток период, не долговлекувам и веднаш чувствувам подобрување.
     
  20. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Сакам да кажам...

    Блонди може рецепт за баклавата? :* За инат на свеки да ја направам и јас. :lol:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.