Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Mи мириса на топло чоколадо и на домашна преклопена пица ... мхм мхм :mm: :mm: ^_^

    Па бујрум женички , не бројте оваа вечер калории ! :)

    Знаете некако немам ништо да кажам ама денеска сум исполнета со позитивна енергија , ве гушкам онака без причински !
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк денес падна првата 5-ка в дневник :) ајде нека се множат до крајов на годината :lol:
    пу пу да не се урочам :rofl:
    И викат Се` е убаво во април.....а јас викам ако биде убаво како во март што е поарно нека дојде право пак декември :x барем празници има и возбуда во воздухот ...САКАМ пролетттттт!!!! :f: :sun:
    Сакам сакам сакам....се сакам ... :!: сакам да ви кажам толку многу работи и убави и неубави што ми се случуваат но не денес НЕ :shake: не сакаат некако зборовите да ми излезат низ уста (читај->тастатура)..

    ____________________________________________________________________________________________

    Ај ве бакнувам и намалето јадење леб овие денови ќе се јаде БАКЛАВА и ПОРТОКАЛИ..и ви идам в недела на ПРОЧКА на сите вас да ми чувате баклава знаете дека КЕНДИ благо живеам :P :*
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Се пронаоѓам меѓу овие стихови,
    http://www.youtube.com/watch?v=8I8RhHjd ... detailpage

    Ме нервираат музичари кои имаат перфектна демонстрација на гласовни способности и истренирани денс квалитети,ама со толку фејк емоции што ми звучат како проклет Пинокио џубокс!
     
    На HoneyBun и blond им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    ^ Одлична песна, одличен текст...
    СДК компетентна и самоуверена личност не е способна за љубомора во ништо. Љубомората е секогаш симптом на невротична несигурност.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.354
    Сакам да кажам...

    Да се надоврзам
    Љубомората без причина е знак на инфериорност.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ја чуствувам пролетта.Убаво се чуствувам,опуштено и релаксирано,како да чуствувам нешто дека ќе се случи вечер... Се средувам пополека,слушам музика и се забавувам.Незнаам зошто со толку нетрпение ја чекам вечерта...излгеда дека подолго време немам излезено :$
    И да се чуствувам како прекрасно суштество,и знаам дека вечер ќе блеснам...ке ме следат многу погледи
    аааааааааааааааааааааааааа едвај чекам.... :emo: :$
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Чудна си Оффи, некако повеќе се смееш деновиве. :D Пу, пу да не те урочам. :rofl:
     
    На sesilija и Offspring им се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Како бе така сите ја чуствувате пролетта? :o Кај нас завчера едно чудо снег се иснавеа, сега е шлапатарник по улиците... уф ама го мразам времетооооооо :devil: .
     
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Штрумфетке бе... тоа е од внатре во душата не е од времето :rofl:
    кај нас нема снег така да... среќни сме :P
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера бев смачкана како кога пијан ќе згазне на го*но, а денеска....... ах ренесанса, цел ден чувство на блаженост :)
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    СДК

    Петок + убава облека + добра музика + мали количини на алкохол + згодни момци ---> добра журка :D :D

    За жал јас вечерва ќе се дружам со поинаков тип на реакции, ваквите ќе ги оставам за некој нареден викенд. Кога ќе заврши учењето, тогаш по пропорција и журките се поубави кога не ти тежи ништо. Убаво да си поминете сите што ќе се журкате вечерва и пазете што правите! :D :D

    За да ве загреам пред излегување, ви пуштам две три песни за да појдите разиграни таму кај што ќе одите.

    http://www.youtube.com/watch?v=Q4my3gZzFNc - за љубителите на хаус

    http://www.youtube.com/watch?v=9GXa2jOa7JE - за љубителите на хип хоп

    http://www.youtube.com/watch?v=Aq_E_T6ySpk - за љубителте на R&B

    За љубителите на трубафолкот нема ништо, жалам :D :D

    Ве сака, Спаркс :*
     
    На la-chicka, beached, Primavera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Сакам да кажам...

    СДК никој не ме разбира...никој не знае како ми е.. Не сакам совети дадени колку да се каже нешто - или кажи нешто корисно или ќути...
    Колоквиумите се ближат, а јас имам блокада на мозокот. Се мразам вака кога ми е...
    Мразам и на сабајле кога ќе станам ме прашуваат што ти е? Несоница ми е.....
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам да кажам...

    Jejejej!
    Се чувствувам пак живо, смешно, среќно.
    Вечер во фоајето на ФДУ ќе има музиче и вино, а јас со љубениот ем со купот колеги ќе танцувам како да е последен петок на планетава :D 8)

    Си купив прекрасна маичка со мачки, нови еспадрилки, парфемче, ми заврши циклусот - апропо тоа мазни ноџиња и безобразлуци! :devil: :angel:

    Па сега ти види!
    Ќе биде се’ ок, само да е весело. *си пеам*
     
  14. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК... Ми пукна филмот. 2 теста во еден ден по еден ист предмет. Глата ме болит од толку решавање. Не ми е јасно како јас вечер ќе излегвам. Бај д веј сигурно ќе имат некој вид на турбо фолк. |( Турбо фолк ме убиват. Така да ќе можам слободно да спијам на маса. :worried: Како и да е Феминки имајте убава вечер каде и да сте па макар и дома покрај малите екрани.

    Ве сака... Катка :* :*
     
  15. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    СДК конечно сум исполнета цела.. Едвај чекав да дојде петок да дојдам дома.. Се видов со личностите што многу ми значат и конечно излегувам да видам што се има изменето. Поздрав и од мене и имајте убава вечер :*
     
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ...

    Иван,ти си мојот живот.

    И ова не само што сакам да го кажам,сакам да го извикам.

    Конечно.



    .... :l:
     
    На Ema.Sk, broken099, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сдк Карина неможе вака повеќе :|
    [​IMG]
     
  18. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека денс после толку многу време повторно се смеев... дека веќе ништо не ме боли, дека повеќе со него ништо не се спојува и дека конечно го преболев :devil: :rock:
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.990
    Сакам да кажам...

    Опасен вирус владее феминки мои - ЧУВАЈТЕ СЕ :!:
    Малце фалеше да завршам и јас како мисс на инфективно, пу пу скраја да е.....не се дава Гоу лесно бре, борец до крај. Како ме налегнал цела недела му се уарни да си лежиме во кревет ама нема, денес решив ќе го бркам!

    Ми прават лиги за вечерва за на подиум, ама неможам :doh: а знам дека и тие сакаат и јас сакам да се дружиме, пуста желба моја за подиум и гласна музика со добро наполнета чашка :$ како некоја тинејџерка сум уште, мама ми се чуди кога ќе ја надминам фазава на журки.....јас мислам тешко некогаш :rofl: ја гледате Гоу на 50 години џуска во некоја дискотека лелееееееее :tmi: :lol:

    Да му се сневиди на вирусов, незнаете колку планчиња ми пропаднаа заради него, ама ќе ми плати тој дупло :swear: Плус нешто што верував дека не постои во реалноста туку само на филмови....некој да гo искористи твојата мака и болест за своја корист и за да добие поени и симпатии кај други луѓе, епа да ти се плукнам во таквите личности :puke: Ја знам јас неа, уште кога ја запознав ја проценив, ама си велам ајде може грешам, не бре интуицијата моја ретко погрешува :x

    Гоу ви порачува, бидете како мачки.....што и да ви се случи, како и да ве фрлат, каков и да е падот кој ќе го доживеете - секогаш дочекувајте се на нозе! ;)
     
    На Strumfeta93, macence85, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    СДК колку е убаво да си ослободен од теретот да се допаѓаш секому и некому,тоа е придобивка на годините и некогаш на бурата од емоции.Сега дефинитивно не сум помудра,кога зборовите ми излетуваат од уста со 200 на саат,но убавко ми е,не се килавам дали тоа некому му се допаѓа или не,незадоволството нека си го набијат во слободниот телесен отвор!Денес еден колега од дистанца да земам нешто ми свирка,онака простачки,сељачки,не ми се веруваше.„Слушај,јас имам име.Ако ти сакаш да свиркаш,купи си кученце,па свиркај си до мила волја,а тоа ќе трча околу тебе.Се разбираме?„
    „Ти си многу терсене,ех што табиет имаш...„-замина човеков ко молња,уште и увреЃен се најде.
    Не е битно што тој нема елементарна култура,побитно е што јас сум доволно „терсене„ да му го плеснам ова во фаца.После имало правда на светов?!И не ме интересира дали сум груба или не,дали се поставив на правилен начин,се поставив како и секогаш-на свој начин.Кога сум во хармонија со себе,му велам па-па на остатокот од светот.Ама кога знам дека сум во право,а тоа е скоро секогаш!

    И за сите тазе заљубени,оние со стабилна љубов и оние кои посакуваат љубовта да им тропне на врата,еве еден постар мастерпис од мене,
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... yipPXE3Ijw
     
    На julie77, beached, Marilyn-Monroe и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.