Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    650
    Сакам да кажам...

    СДК незнам што ми е во последно време од 55кг ослабнав 4 кила, стигнав до 51 за многу кратко време,апетитот ми е изгубен,а и станав многу бледа....не ми е јасно што станува со мене во последниов период???? :?:
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Хахахаха, а можеш да замислиш ситуација и плавуша и полицајка ??? Го*мна јадење на велико имаше првите 7-8 месеци од ко се вработив :D
    СДК ако нешто доволно силно го посакуваш-ќе го добиеш, но зависи колку силно ќе се бориш и ќе издржиш!
     
    На Theodora, mina и Mygirl им се допаѓа ова.
  3. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Ax Ани среди се чедо, немој да наредиш некои болести. :x (пу,пу, не дај боже)

    Инаку да, шлаг не ти ставив на палачинката Анастасија зошто кажа дека си на диета ама мојата незнам од кога ќе почне. Како буренце се чувствувам. :D

    И простете ми ако нешто сум ви згрешила, човечки е да погрешиш а уште почовечки да простиш. :bow:
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    Леле Блонд, навистина, која комбинација си :lol: :lol: :lol:
    Шала на страна, и татко ми е полицаец. Ама мене не ме нервираат вицови за полицајци и плавуши. Интересни ми се, сепак се само вицови, знам јас дека не се сите исти, пример имам дома, мојот паметен татичко :) А татко ми сам си кажува вицови за полицајци, си нема мака, а и јас кога ќе слушнам некој нов виц одма му го пренесувам него :lol:

    Едит: Лилит, се согласувам. Не може да простиш, а да не заборавиш. Значи не си простил, само се преправаш дека си простил, а во себе ти тлее тоа и при прва минимална грешка од грешната личност, почнуваш со озборување на дотичната кај ќе стигнеш. Чисто лицемерие. Да се заборави нештото е баш простување. Автоматски му следи простувањето на заборавањето. Јас некогаш дури и против своја волја се обидувам да не заборавам нешто што ми сториле, за да не дозволам истата таа личност утре да го искористи тоа, ама залудно е, едноставно не можам да памтам лоши работи. Не знам дали е заради тоа што кога ќе ми згреши некој нешто не чувам во себе и не го штедам ама ич тој што ми згрешил, па можам да го отерам у триста ПМ и да си олеснам на душичката :D
     
    На annnni и blond им се допаѓа ова.
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК имаше супер забава вечерва :dance:
    Што е важно супер си поминав, а сега ја чекам вечерата :lol:
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.336
    Допаѓања:
    6.912
    Сакам да кажам...

    сдк дека немам зборови со кои би ја опишала оваа вечер ..
    бевме кај едно другарче и пиевме ....појдов во вецето и кога се вратив почнале да играат вистина и предизвик ..ми рекоа ајде и ти играј знаеш не е страшно ..почнав да играм и јас ама не верував дека до толку далеку ќе замине работава ..буквално почнаа да се соблекуваат сите мене ми рекоа 2 минути стриптиз да играм :D ( дечко имам) .. и јас ајде почнав да играм ама не се соблекував ..после еден другар му рекоа ајде сега соблечи се нагоре ..наредниот пат му рекоа соблечи се надолу СКРОЗЗЗ !
    мене ми звони дечкото на мобилен овие му велат на другаров играј и стриптиз ..:D
    среќа барем не се бакнав со никого ( не го изневерив ) туку само ова...знам дека не е малку :D
     
  7. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Животот не е фер... :@ :@ Мораше ли вака да биде ?!?! Зошто господи одзеде еден млад живот ?!?! Зоштоооооооооооооооо ;( ;(
    Ја знаев цел живот,а ја изгубивме за една минутка.... Немаше ни 18 години. Животе проклет биди !!!
    Не можам се тресам сеуште,ми иде да плачам а не можам...Нема да заспијам цела вечер.
    Тумор на мозокот ;( на 17 години,на САМО 17 ?!?!
    Не не не не ми се верува.... па добро зарем мораше вака да биде.Требаше и таа да има семејство и убав живот.
    Почивај во мир пријателке !!! ;( Засекогаш ќе имаш посебно место во моето срце ...
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    И баш си мислев каков е животот и HoneyBun ме потресе со постов. :sweat:
    Еве пример дека животот е ку*ва. :(
    Почивај во мир.
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денес ќе се забавувам максимално.. инаку недела е ден што најпоќе го мразамм :D
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    Сакам да кажам...

    сдк дека за 28 дена, 5 часа 19 минути и некоја секунда ќе имам секс 8) :lol: :D
    че ми пресуше сливата море :lol: :rofl:
    кандило за мене!
    сеа таман ми заврше менструацијава а јас за грев :lol:
     
    На figgiMK, mims-89, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    СДК....Простете ако нешто сум ви згрешила, јас ви простувам :$
    Убав е празников за да се смириш со некоја личност, со која не си се смирил поради горделивост.

    Ми се допаѓа атмосферата денеска, сите се сталожени и весели- за чудо и времето е убаво. Тоа навистина ми годи ;)
    И уште од сега знам дека денеска убаво ќе се прејадам, дека ќе бидам весела.....денот недела денеска не е предодреден за мразење! Денеска го сакам и ќе уживам во него.

    Уживајте и вие :*
     
    На Phyramide, ozbilnazena и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Фала ти Господе,конечно малку сонце :sun: .
    И тоа на баш вистинскиот ден,Прочка.
    Епа ај простете ако нешто сум згрешила,јадете,пијте и имајте убав ден феминки. :*
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк... Денес е Прочка .

    Озбилна ве моли да и простите ако нешто ви згрешила.
    Нели мора помладите кај повозрасните ;) Но јас пак по свои правила .
    Нека денов ви биде убав , исполнет со многу љубов и убави нешта .
    Една од човечките особини е да се знае да се прости ... Животот е еден и единствен и покрај се радувајте се , понекогаш и простете .Ве сака Озбилна :* :hai:
     
    На Annath, Gordana10, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Бидејќи и јас го сакам празников, со кадаиф на тацна ве молам да ми простите ако мојот пирамидски карактер некогаш, некако ви згрешил.
    Јас на сите им простувам, ама ви ги памтам фаците еј...! :)

    Се зезам. Убав празник. Си го сакам.

    Common со неговото сексуљаво гласче ме голицка, ме гали, ме разгалува, а јас дури сега се довлечкав дома и со насмевка и велам здраво на неделава како ден. Денес мамурна од просечни убавини кои верувале или не, секогаш знаат да ми го направат денот ДЕН.
    Да, живеам за спонтани одлуки и моменти.

    Ве гушкам сите колективно, и бујрум на неколку секси звуци и насмевка кај мене.

    Ми каса е су каса, или каза, или како се велеше де :)
     
    На Annath, LivingGlam, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    сдк дека празников е убав, и се, али јас не го сакам најмногу.. бидејки се смета дека е празник Прочка, и дека секоја будала може да ти тропне на врата и да побара да простиш... :@ :@
     
  16. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Од петокот се обидувам да си го загреам столчето и да седнам да научам ама некако слабо .
    Аааа денес мора да седнам еве уште неколку стани да прочитам од Фемина и седнувам ...озбилна сум :!:
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека како едно од помалецките тука на форумов ве молам да ми простите ако нешто сум ви згрешила, сигурно не било намерно. :)
     
  18. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    Си ги чекам моите најмили гости,сонцињата најслатки :* ! Едвај чекам да пристигант маскирани и возбудени заради карневалот,импресионирани од атмосферата,задоволни од својата изведба!
    И по дома ми е ептен убава атмосферата... Мамче го спрема вкусниот ручек за цело семејство да си седнеме заедно на овој убав ден! Да си простиме и да ни простат,да заборавиме на лошото и да му се радуваме на денот кој за нас струмичани е нааајспецијален! И не замерувајте на мојот излив на емоции, па денес започнува карневалската журка, детскиот карневал, вечер маскенбалот за струмичани и дури во вторник наајголемиот карневал во нашата земја!
    СДК простете и нека ви простат... Јас им простувам на сите и барам прошка од сите!
    Имајте убав ден!
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.113
    Допаѓања:
    26.403
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Простете ми ако сум згрешила нешто :) И јас ви простувам! :) Кај мене нема сонце, тмурно е, но сепак е Прочка. Одам кај баба ми на ручек, па се читаме подоцна. Имајте весел ден! :*
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се разбудив напната и растревожена....

    Идам цел ден со луѓе да го поминам зашто дома може свашта да ми текне...
    (ПМС ццц)

    Ќе имам моменти на самоомраза неделава, Господ нека ми е напомош....
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.