Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.179
    Допаѓања:
    166.836
    Сакам да кажам...

    Сдк денес цел ден пеам,а сабајле имав време да играм во долен веш пред огледало!Ете толку ми е добро!Плус си добив подароци еден куп!Тра ла ла ла!Е така си е...март си е таков! :rofl:
    Многу ми е добра песнава,еве ви еден мартовски (неосмомартовски) поздрав до сите женички,женичиња,жени,женишта и вештерки.
    http://www.youtube.com/watch?v=s_Zs7XS3XUo

    А вечер...ееее вечер. :lol:
     
    На FBI, Phyramide, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Ма ПМС ти е опасна ствар :x , се може да ти текне да напишеш |(
     
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК им го честитам денешниот празник на сите жени на форумов и оние кои се чувствуваат како жени. :)
    Бидете живи, здрави, среќни, заљубени, успешни, изнасек... Ерм, да не продолжувам со набројување. :D ;)
    Денешниот ден е и официјално ваш, па искористете го максимално и уживајте. :)
     
    На k.i.m, Phyramide, 2468 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Жени, нека е среќен денешниот празник... и не само денеска, секој ден нека биде посебен :*
    Да се слави уште многу години.

    [​IMG]
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    Што си имам масажерче, мхм за мерак!
    Самата си честитав 8ми март, ем си се почастив.
    Целата насмеана, озарена му вртам на Хуго да се пофалам - си имам викам Делфинче!
    И слушаш само - Ах, ќе ме заебе мене масажеров, осеќам!

    Ама Делфинче е побогу, не е вибратор!
    Кој го шиша, одам да тепам целулит.
    ;)

    И многу ја сакам Адел, а редовно си поплачувам на Someone like you, настапот од годинешниве Brit.
    Лилит слушни ја Hometown Glory и кажи како ќе ми те бендиса...
    ;)
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Феминки,прееска направив т.е другарка ми ми направи Твитер.
    И сега се укл. и ми вика нешто Follow и ми дава категории:Music,Art&Design,Food и сл.
    И ај сега просветлете ме Твитер за што служи?
    Да селдиш некој пејач,глумец,артист и сл. или и за друго нешто?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.179
    Допаѓања:
    166.836
    Сакам да кажам...

    Трендафилке,бери памет,ми го собра следниот поздрав! :D
    Адел е прекрасна!Секогаш пее со емоции.Ме потсетува на една моја страстна љубов која не е врзана со људско биче и има прст прашина врз неа.Ме ежи секогаш и да...и јас пуштам по малку повеќе солзи на самуан лајк ју во последниов период,ама чудно,никогаш не ме растажува,туку ми оди пред очи слика,како некој ме држи со обете раце за лице,а ликот на личноста не можам да го замислам.Чукнато,ама убаво!И мејк ју фил мај лав е убава.
    Патем,не е темава сп,ама еве да ти упатам еден поздрав! :*
     
    На Annath, Neytiri, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Порано не сакав да чујам за празников,искрено,целата онаа замисла како толпа очајни домаќинки го чекаат тој еден единствен ден во годината да ги фрлат престилките и да одат да се потат играјќи чочеци во некоја сала само со припаднички од својот пол,не ми будеше баш некои симпатии.
    Пред некоја год.гледав документарец за тоа како се бореле за остварување на правата и искрено се засрамив се почувствував како некое неблагодарно копиљаче од иднината и ми се смени цела замисла.Секоја оправдана борба за остварување права-економски,политички и социјални е за почит и сега безрезервно го почитувам овој ден,сакам да ги споменам имињата на Клара Цекин,Роза Луксембург во оваа прилика и да им оддадам почит за нивното дело,а вам драги Феминки ви го честитам 8-ми март со традиционалното осмомартовско цвеќе во Италија и Русија
    И да и честитам на Пирамида за подарокот,со здравје да си го користи,навистина без неа овој форум би бил многу посиромашно катче и биди си и натаму толку прекрасна,оригинална,своја,забавна и сочувствителна, :* .
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath, Phyramide и marama им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.404
    Допаѓања:
    68.531
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И не го кажав бре најважното, ми го сврте умот мојон со патетики :lol:
    Земав плата денес, кооонечно, ама си вредеше чекањето, зашто си добив бонусче 8) Место поклонче, повеќе парички. И те како сум за тоа. И утре шопинг, ко партал некој сум за греота, се има да си купам, па нема да ме познаете на улица :lol:
     
    На Annath и ludoto19 им се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    март ... па и 8ми. Ден како и секој друг ден ... вторник - нит таму ни ваму во неделата а сепак е толку посебен некако. Јас па како јас денес не добив поклони се пари ми даваат :D Па на вас не можам ништо да ви подарам освен да ви посакам да бидете здрави прави и среќни, да уживате во животот и нервозите да ги намалите на минимум.

    Друго сакам да кажам и јас вчера убаво си поминав на ем оу пи, иако не доседов до крај. Очите ми клапнаа и го слушав креветов како ме вика ... па си отидовме.

    Одамна немав толку жесток ден како вчера. 4 саати спиење, 19 саати трчање негде и вршење некоја помалку повеќе корисна обврска. Е затоа денеска си дозволив да поспијам до кај 10 саат и пак да трчкам накај автобуска. А успутно додека трчам да го проколнам гУјо свесно или несвесно што и вторник им го даде на пензионерите - јас не го сфаќам како тој размислува. Барем викенд нека им даде ако сака да си собере гласови.

    Побудалев и денес. Начисто ... и го соголев зелен пазарр. Јас како јас не сум за на места каде што можам да си го олеснам новчаникот за да си купам уште триста тракатанци и да не знам кај ми отишле паричките ... ама сум побогата со две книги, сјајче, обетки, свеќи и едно ангелче. И еден сникерс во стомаков - тој не се рачуна.

    Вака така или онака можам да кажам дека конците уште ги држам цврсто. Дека сум среќна и задоволна и дека ја сакам мама и дека ме изненади рпијатно што и текнала да ми приготви за празников. Жената си е срцка. Не е многу срцка грав што направила за јадење а мене цревава пајдушко ми играа цел ден. Ама ајде си пројде и тоа.

    Што друго да викажам ... уживајте ... утре е среда ... па четврток и дур да трепнеме најубавиот ден -сабота.

    Ви праќам многу љубов и прегратки. Не ви праќам цвеќе ќе ви овене :D
    :hug: :*
     
    На Annath, Phyramide и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сдк едно не ми е јасно. Се жалиме немаме пари за леб а за празников сите туристички аранжмани исполнети, рестораните преполни, цвеќарниците испразнети. А парфемите од 50евра како алва се трошат постојано. Епа ако се нема за леб, од кај средства за сево ова |( Или македонска работа плата земам 200евра а трошам 400 :tmi:
    После се жалат за леб пари нема, епа ако нема за леб јадете без леб :wasntme:
     
    На kate21 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Сакам да кажам...

    Мислам дека на една од моите омилени форумџики денес и е роденден :) Ако прочита и тоа е вистина и посакувам здравје, мнооогу возбудливи денови во претстојнава година, диплома во раце, да си ја зачува љубовта што си ја има и што ја инспирира на дневно ниво. И најважно да остане така паметна и своја! :* :^:

    Плус на Пирамитка и честитам заслужено парфемче :hug:
    На форумов научив дека има комплетни жени меѓу нас. Бидете си такви прекрасни, вредни, паметни, мирисливи, полетни, лефтерни, грациозни и пак ќе кажам паметни феминки! 8)
    Среќен вторнички март, па нека е и осми :D
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.663
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    сдк не сум партиски определена.. ама после ова видео мислам дека знам за кого сигурно нема никогаш да гласам :rofl: :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=pxaPyj4cuXA

    заради тоа што нема да ги делат жените по пол.. :rofl: :rofl:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    26.405
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добив многу убав подарок од дечко ми :lol: А не очекував. Ме изненади. Претходната година се сеќавам дека бевме на вечера и така го "прославивме" 8ми Март. Не го чувствувам како мој празник, барем се уште не.
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Сакам да кажам...

    Мажите обожуваат да ги мислат за ловци, но општо земено се премногу мрзливи за да ловат. Од друга страна, жените обожуваат да ловат, но не сакаат тоа никој да го дознае.
    Среќен 8-ми март лавици :muscle: :*
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    с.д.к.
    маженцето мое препотентно непажливо што го отепав од критикување денес се појави пред врата со букет ружи е така ами како заслужваме ние жените :D
     
    На didi1982 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    VISCA EL BARCA ALE ALEEEEE ALE AAAA LEEEEEEEE :)

    Да,да,да..ме фаќа еуфорија.
    Пуканки,сок,портокали..ја испраќаме мама на прослава и со тато се стационираме пред телевизор.
    Весело ќе е ..осеќам.

    :rock:
     
    На teddybear, Phyramide, n.a.t.t.y и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Ах ме ежи кога ќе слушнам како ја пее песнава .. <3

    http://www.youtube.com/watch?v=4SXAruSHXyY


    И еве овој мој пост, ќе му го посветам на Тоше.
    Само да му кажам дека премногу недостига.
    Недостига неговиот ведар лик на нашава естрада, негова нова песна.
    Негов концерт.
    Се надевам дека сеќавањата за него нема да згаснат никогаш и дека многу,многу генерации после нас ќе го слушаат.
    Зошто го заслужува.
    Исто како и секој артист кој се потрудил да остави некаков траг, а најчесто останал незабележан бидејќи медиумиве се преокупирани со тоа дали Каролина Гочева добила ружа за 8ми Март или не.


    Еј да.
    Патем нека ви е среќен на сите жени 8ми Март.
    Јас не се осеќам така, така да не ми е ни среќен,ама кул ми е.
    Правам работи што одамна сум ги испланирала,а редно беше да ги пресечам денес.
    Кул.
    Мислам дека сум Груевски на некое отварање, кај шо ја сечи црвената лента и се ракува сам со себе и си честита на успехот.
    Ете.
    Добро е.
     
    На Hipica и beached им се допаѓа ова.
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.464
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Женска простоќа, ајде јуриииииш по цвеќина.
    Натпревар која учителка добила повеќе ружи, кафана то Цецо, муж ми ме пушти во кафана, а шта че жена сама у кафани....тра, ла, ла.
    Еднакви во овој нееднаков свет , рамноправни во овој систем :?: ...кис мај ес !
    Who the fu*k is Clara Zetkin ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.