Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    4.807
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека не спиев цела вечер но научив цела тема Биологија. :geek:
    И не ми се верува дека испив 3 шољи кафе и цела кутија цигари испушив!!
    Ахаам,пак почнав да пушам.. :devil:
    Не се гордеам со ова али добро е што со тоа поминав можев јас и на тешки дроги да преминам :D
    Ми се спие,ми се плаче
    ( затоа вакви глупости трескам :rofl: )
    Кога ќе ми текне дека за еден саат ќе идам во школо ми иде да вриштам!!
    И тешкиов ден ќе помине и ќе биде се во ред.
    Знам јас ;)

    Еве ви една џаначка песна,која ме расположува сабајлечки
    И мене и моите подочњаци до колена
    Можете да ми замислите фаца?
    Јас се плашам огледалото да го земам :D
    Добро утро и останете свежи,наспани и весели денеска :*
    Не дека ви завидувам дека сега спиетее :!:
    Тоа јас не го кажав :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=WeYsTmIzjkw
     
    На Malechk0, teddybear и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДи‘К на Ема дека не е сама: и јас не спиев цела ноќ и се дружев со definite and indefinite articles, народски кажано a/an и the. И јас како тебе, не само што треба да одам на факултет, туку и полагам утрово.... а ни кафе не сум се напила :drunk:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Сакам да кажам...

    Сдк, изгледа се заљубувам........ Не е тоа добро не е... Лоши, ама стварно лоши околности..... :(
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Жени! И девојки. И девојчиња. Човек не постига да ве излајкува сите!
    Не сакам да глумам лажна скромност, и колку и да ви се чини невистинито ова што го пишувам затоа што, признавам, клише е, да де, ама навистина ми е повеќе од мило за тоа какви убави зборови сте ми пишале сите до една...ви благодарам! :bow:
    Ах бре да сте ми тука, би ве штипнала сите до една - особена онаа Билкана што приредува вакви убави изненадувања :)

    И знаете што? Мене денот не ми почнува со Нова Македонија. Утринското кафе е зачинето со - Фемина. Па тоа нешто значи нели? ;)

    Денес имам сила да го прошетам цел свет пешки. Денес сакам да сум лик од романите на Жил Верн - пешки тргна низ светот, и се врати за година дена.
    Кој да го знае! Ако заседнам во некој убав кафич, да речеме во Мароко, еве во Агадир нека биде, па и подолго ќе ми трае :)

    Бидете ми така и бидете ми убави девојки, ви ја ишкам аромата од моето кафе кон вас за да ве расонам ;)
     
    На LivingGlam, Strumfeta93, Go-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    146.341
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ова осмиов март знае да биде и прилично напорен :D
    Очигледно сум пораснала, или појма немам на што се должи ова, ама вчера некако сакав да им угодам на сите жени, мислам на оние постарите на кои знам дека денот ептен им значи!

    И така, во 6.30 се довлечкав од работа, откако изнакупив ситници за сите, па и честитав на жената што ги чува децата, па на бабата на саканиот мој, па после со малиот бев на логопед, па и таму на учителката нели и честитав. После логопед со малиот продолжив кај баба ми, па кај свекрва ми, па кај мајка ми... Е тоа ти се вика осмомартовска турнеја :D И мртва уморна од по гости се вратив дома околу 11, и му се фрлив на креветот!

    Обично не се замарам околу денов, и ако се паѓа викенд одам по гости, ако не - здравје. Ама вчера не знам што ми стана, сакав кај сите да одам, и да ги направам среќни, зошто тие жени живот ми значат! Не дека беа толку среќни заради мене (добро де, беа малце :D ), туку зошто им го однесов внукот / правнукот. Баш би сакала да дознаам какво е чувството да имаш внуци. За правнуци не ни сонувам.
     
    На LivingGlam, Hipica, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Не знам кој беше, некој понапред се најде да испокажува, со куп (непотребно пропагирани) феминистички ставови, како тоа жениве у Мк уствари биле прости, и како предивикувало гадење, тоа што имаат еден така убав ден, во кој секоја жена треба да добие цвеќе и да се осети посебна.. Па уште и Клара Цеткин бее употребена во некој безвезе контекст, како тоа нејзиното дело било неценето и како све овде што е женско се прости глупачки пто едвај го чекаат тој еден ден да си се израдуваат...
    Епа, newsflash, не си го разбрала концептот на празникот....
    Не си помалку Wonder woman, ако имаш свој ден, никој не те омаловажува ако покрај признанијата што ги добиваш секојдневно, имаш и ден во кој ќе добиеш букети и ќе си го прославиш своето постоење и својата вредност како жена која успева да биде и мајка и партнерка и сопруга и бизнис партнер и адвокат и лекар и студент и ангел и грешница и секој друг облик кој се бара од неа. И нема апсолутно ништо лошо во тоа канцеларијата да ми мириса на свежо набран зумбул, со посебен повод на убав ден, бидејќи и покрај клишето - секој ден треба да е празник...Едноставно не е и не може да биде.Мене ми е мерак да и подарам цвеќе на баба ми, покрај другите пати, и на овој ден, бидејки ќе и измамам насмевка... Мерак ми е да и подарам насмеани гербери на мајка ми и да ја гледам како весело ги става во вазна... Сакам кога дечко ми ќе ме чека 45 минути пред зграда да дојдам од работа со голем букет во рацете...
    Сакам... Убаво ми е.
    А за мемографите.. Знаеш ли ти колку мемографи ќе се купеа со парите што Австралијанците ги трошат на fast food и голф????
    Сигурно повеќе отколку со парите кои Македонците ги трошат на букет рози....
    И искрено стварно ми е смачено од тоа некој да се прави интересен паметен и посебен, со самото тоа што ќе иде контра на све и свашта... Невкусно е и детски.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Добро утро ... Кој е во школо ... кој си пие кафенце ... кој се тегне низ кревет ...
    Убаво утро ... А денес за мене нема факултет ... нема да се руши ако не отидам еден ден ... :tmi:
    Имам две семинарски да правам ... и после тоа остатокот од денов само на себеси си го посветувам ... да си се разгалам малку - па сум заслужила. :wasntme:
    А после ќе и се вратам на фемина.

    Имајте си убаво утро ... убав ден ... бидете си убави и вие. :)
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека не знам која сум денес, оние напишале статија за мене со милион грешки, чекам да ги исправат, не ми е јасно како можат да постират нешто такво не средено. Чурам! :envy: А треба да се радувам! Пфффф
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Сакам да си се опуштам онака вистински,утрински и цел ден да ми трае.
    Relax,don't do it when you want to cum...(одлагање на најубавото демек)
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... yl5DlrsU90
    Без офанзивни и дефанзивни поставувања,без непотребни мисли (спремам тактика самоубиство на сопствени исцрпувачки мисли :!: од заседа).Кафенце до мене,мирисно стапче кое шири арома на далечни егзотични светови,моето Фенг-Шуи змејче ми ја чешка фантазијата-сите предуслови за утрински рилекс филинг...
    Се сетив кога првпат ја играв Age of Empires,си изградив куќички,ја зголемив популацијата па кој лови дивеч,кој дрва носи во складиште,кој е на риболов,кој поправа куќички,сите среќни и задоволни,јас па нај као воЃа,де и во еден момент доаѓаат WTF???!!! војници со стрели и мечови на двоколки и ми го срамнаа убавкото идилично селце до темел...Не знаев дека треба да организирам одбрана!Поентава ми е и многу арно-не е на арно,значи не премногу опуштање,туку едно окце секогаш подотворено...
    Кога сум на тема војна и воени тактики,тоа е уште една моја пасија не само што ме интересираат средствата за војување како такви (од праисториски до најсовремени) туку и тактики на војување-овде мислам на оние мисловно усовшени тактики од минатото,а денес и нема некоја креативност да се истрела ракета која сама трага по целта.Како и да е девојкава која проучувала катапулти и кои тврдини паднале под нивните удари,па со ширум ококорени очи ги впивала различните изработки на мечови низ епохите,па до современите стелт технологии итн. и не за да импресионира некој машки примерок,туку од лични побуди за знаење-ама :!: не нашла никој од спротивниот пол за размена на вакви мислења.Зошто?Биле презафатени со трачеви кој,со кого,каде,како,што.
    Помина 8-ми март мала доза на препукување на полова основа не ќе е на одмет...Ова колку да не се опуштам претерано беше ;) .
    Имајте ми убав ден.Максимално опуштен!
     
    На marama и enca.69 им се допаѓа ова.
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    сдк.. имам неколку вредни додворувачи, не е време за нова врска, убаво е да си слободна! јухуууу... ;)
     
    На Ema.Sk, LivingGlam и Annath им се допаѓа ова.
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    :yawn: Утрово ни кафе не може да ме разбуди, едвај алармот си го слушнав, ни сончевите зраци шо у очи ми светеа не беа доволни за да станам и да си го започнам денот! Ме болат нозете, ми се врти во главата, и собата ми е во страшен неред... Е така ми е секоја година после карневалот! Туку ај помина веќе, и сега ќе го чекаме наредната година надевајки се,овааај молеќи го Бога да биде потопло оти испомрзна народот! |(
    И ова соцето многу ми е е лицемерно! Демек грее,а не дај боже да излезеш надвор без топла облека! Жими се ќе смрзне човек!
    За денес мислев да побарам слободен ден, ама ако почнат сите да барат слободен ден после луда журка тогаш би требало за неработен ден да се прогласи денот после каревалот! И затоа си поќутив, ќе си издржам...морам!
    Вчерашниот ден ми се одвиваше доста брзо, но имав време да се видам со мамичка и да и го дадам подарокот! Оваа година изненадив со Саравита, па и стварно беше изненадување за неа! Очекуваше нешто козметика (како и секоја година |( ) но за промена и го купив подарокот кој мислам дека најмногу и треба! Ем мамичка среќна ем јас задоволна што и го одбрав посакуваниот подарок!
     
  12. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Сакам да кажам...

    СДК ајде да се фрлиме на организирање на претстојното патување со љубениот јееееееееееееее
    стартуваме :) :) :)
     
  13. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Сакам да кажам...

    СДК дека после една недела апстинирање од фб, сега си го активирав профилот, и он самиот со брзина на светлината прв ми пиша?!? Мислам, wow! :D
    Што значи да си избришеш профил, бреееј!!! :)
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Кога мислам на големите мајстори на трансформацијата на филмско платно прво ми паѓаат на памет Роберт Де Ниро и Едвард Нортон.Знам дека тоа е глума,играње улоги и сл. мислам на она како секој поединец со својата физиономија,карактер,темперамент,време и место реално има шанси да одигра многу улоги.Се‘ е до изборот.Секој од нас има избор дали ќе се оствари како добар лик или краен негативец,некогаш т.е. најчесто сме на некое измеѓу ниво,со повеќе примеси од едното или другото.
    Судбина или Мактуб или вотевр за мене е изборот на поединецот фрлен во одредени околности (простор,време,настани,личности) + манифестацијата на неговиот карактер.Од овој амалгам излегуваат комбинации...Не сум јас никаков научник,секако,ова беше една инстант анализа,која ми се промотка низ глава,па ја споделувам...
     
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам да кажам...

    Дека вечер ќе пијам вино во име на сите промени што ме снајдоа!
    И тоа со цимет и портокал, како што е редот.
    И ќе му спијам со ногата потпрена на колк, како што тој сака.
    Прекраснотии.

    Имајте убав ден, жени. 8)
     
    На kuklica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добро Утро феминки феминкосани!
    Надвор времето е 5 степени, сонцето си сјае, а луѓето се размрдани. Обожавам вакви денови без разлика што имам еден куп обврски и тешко дека ќе одвојам време за прошетка.

    Сдк дека многу ми е мило кога ќе видам постари другарки, женички, што сеуште се радуваат на малите ситници и на своите долгогодишни пријателки. Вчера седнавме до една таква мала група од четири жени, кои сами дошле да си го прослават празникот. Не можев да видам колку вино имаа испиено, ама за помалку од половина час почнаа да зборат гласно и да се смеат. Типично женски! И зборуваа, зборуваа без престан, обајснувајќи ги машко-женските теории, нивните животи и нивното другарство.
    И знаете што? Во еден момент во нив се здголедав јас и моите другарки.
    Сакам пријателства што траат, другарки за цел живот. А сакам и успешни, силни и храбри жени. Ме радува кога некој знае да се носи со својот успех во животот и не се срами тоа да покаже. И што е до мене, јас би сакала еден ден да се најдам во истата слика што ја видов вчера.

    Туку, доста е пишување.
    Имајте убав ден :*
     
    На Theodora, Strumfeta93, 2468 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    ... со мојата другарка се' уште превртуваме шолји од турско кафе и се имаме свечено заколнато дека тоа ќе го правиме до крајот на животот.
    Флеш од иднината - јас и V вртиме шолја...
    Мммм, кого да го замислам... месарот или оној што се строи пред мене за дијазепам во Зегин, м, м?
    (ваквиот развој на ситуацијата е типичен поради фактот што сопрузите веќе ги имаме погребано и двете после 70-тата, ги надживеавме и сме во потрага по нови симпатии) ;)

    Без другари е тажно - другарството е важно.
    Додуша, јас имам една, ама вредна. ;)
     
    На Strumfeta93, Phyramide, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк имајте убав ден ... убаво е надвор а јас тука затворена во мојава просторија , пред мене куп работа а јас со страшна главоболка. Не се оди никаде со женишта :) паметот ми го извадија ... абе се испијанија :D ајде јас ко некоја трачарка... но ми лежеше на душава ајде бидна што бидна вчера и сега главава ми ја пореметија. Па си реков ајде на мојава фемина, помирно е да си ја одморам истата :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Д сан из шајнин... ихааааааааааааааааааааа... :sun: :sun: :sun:

    И ова ветерчево во позадина што ми прави да знаете... Желба ми отвара. За шетање. За кафенце. За играње криенка како на времето. Но повеќе за нешто 10-то.

    Хорни - посабајлечки.
    Не верувам дека сум сама. Овде женскава раја се побетер станува. :lol:

    Ол д хорни грлс ин да хаус лет ми хир ју сеј ХОООУУУ-----....
    Ол д хорни грлс ин да хаус лет ми хир ју сеј Хепи Брдеј ГОУ ГРЛ----.... :^:


    :$
     
    На Strumfeta93, marama, Go-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку си само право за хорни статус! Ме насмеа !!
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.