Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Она што го сака природата од човекот стои во поединците.Бидејќи не верувам во агресивноста како одлика на природата на човекот.И не ја сакам оваа латинска поговорка Homo homini lupus est-Човек на човека му е волк.Не и не.Ете јас верувам дека секој ако сака ќе најде разбирање за другите луѓе,сите сме на крајот на краиштата подеднакво ранливи.
    И гласам за љубов и толеранција!Ете нека сум утопист,ама ме преплавува некој цунами бран од алтруизам и емпатија!И чувството е убаво.
    Ова е мојата омилена поговорка,во пресрет на пролетта и во право време дојде-
    Dies juventutis similes sunt diebus veris- деновите на младоста се слични со деновите на пролетта.
    Нека оваа пролет им донесе премногу љубов на сите со отворени срца да ја примат.
    И да,љубовта мора да има сила во самата себе за да се оствари.
    Моралот е изум на луѓето,не е резултат или потреба на искуството.
    И да споделам еден цитат на Меша Селимовиќ,кој многу си го почитувам-
    „Лесно е да се измислат општи прописи,гледајќи над главите од луѓето,во небото и вечноста.А обиди се да ги примениш на луѓе кои ги познаваш и мозеби ги сакаш,а да не ги повредиш.Тешко ќе успееш.„
    ТоЉку.
     
    На afroditaa, bittersweet, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Ова ко вицот...

    На факултет за биологија професорот кој го држел предметот за изучување на растенијата, секогаш на сите студенти му поставувал едно исто прашање на испит, за печурки. И сите студенти така поминувале кај него, па и Трпе решил да учи само за печурки. Но кога отишол на испит, професорот го прашал за обичната трева. И Трпе почнал. Светот е голем. Се сосотои од копно и вода. На копното има многу ливади, шуми, пасишта... На ливадите има трева. На тревата растат печурки. А печурките... :D :D

    А Штрумфетче не знам, ти викам јас не е оргинално смислено ова од другар ми, го слушнал од негде... Можеби од таму не знам :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Сакам да кажам...

    сДК дека би сакала да се запознаам со некоја од феминките... :|
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    6.913
    Сакам да кажам...

    значи во последно време ништо не гледам .. |(
    сакав да напишам мислење во темата боите ВО вашиот плакар...незнам како сум прочитала боите НА вашиот плакар...па почнав да ја опишувам цела гарнитура :lol: :lol: дури и едит направив за да кажам какви се рачките :rofl:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Во контекст на составите морам да го спомнам и ова, ми се чини го имав напишано во бисери :D
    Сестра ми одсекогаш била талент за состави и најоригинално и почнуваа...
    „Еден ден се стемни...„ и продолжува составот :D :rofl:
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.248
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ноќна тишина и мокра коса, која се витка по звукот на моето пишување. Таа така кадрава би ме опишала ко нескротлива девојка, а само јас знам што кријам во душата. Навидум палава ко пет годишно девојче, кое во своето розево фустанче се крие низ плодовите од градината, а во душата бебе кое плаче за една прегратка. Ги разгледувам фотографиите и се навраќам на минатото, ги помнам моите убави црвени кломпи со кои се прчев низ улица. Како плачев за штикли , зошто сакав сите да слушаат кога се движам јас. Ах, дете на само 6 години добив штиклички, беа едвај сантиметар подигнати но тропкаа, имаа и машничка, а кога ми падна плачев ко размазено дете. Можеби од дете ми е опсесијата со чевли. Ах, па моите први сенки беа зелени и сини, ги чував грижливо во фиока во ходник, да не ми ги најде некој, а првиот кармин ми беше црвен,а паковката беше бела со цветчиња, преубав беше на изглед. Се радував на сите ситници. Сеуште ме радуваат пар чевли или пак фустанче, кое не е повеќе розево како кога имав пет години. Сега ја сакам црната боја, не, не жалам, не тагувам по никој, само не открива многу, а не е забележителна. Сега не сакам никој да ме забележи, сега ги купивам чевлите но не ги носам, зошто сакам да поминам незабележано. Годините менуваат се, се надевам нареднава ќе ме врати пак во времето кога сакав да бидам забележана, да носам розево и да тропкам со штиклите.
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДК дека секој си има своја среќна амајлија. И немојте да мислите дека ако тоа не е вашата излитена белегзија која ја имате од мали нозе, дека вашата амајлија не постои.
    Барајте ја во секакви облици: во некој цвет, во сателитската антена :D , во кучето на комшијата или пак... во некоја личност.

    Јас мојата ја најдов :) И добро си ја врши работата :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Го мразам ова чувство. |(
    Пу бре. ]:)
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Сакам да кажам...

    Колку ми е лицемерен муабетов ,,ценам искреност кај луѓето,, :^) Како нееее :fubar: ...а штом им се каже нешто искрено веднаш има лутење! И ме нервира кога очекуваат од мене емоции за небитни ствари |( ...е ај безвезе да се возбудам за нешто кое е тотално безначајно и минливо!
    Сеедно ми е...рамнодушноста ми ги нарушува однсите со моите блиски,можеби затоа што ретко сум ваква...Но ми прекисна од се...Сакам мирен и спокоен ден...сакам ваков празен ден! без ништо значајно,без ништо интересно...само на крај од денот да си помислам дека се одморив од баналност и полесно ќе спијам! Ова ми е тој ден!
    СДК излозите се преполни со шарени,цветни фустанчиња а јас немам пари да си купам! Морам да смислам нешто,на мојот плакар му недостасува ново фустанче :!:
     
    На enca.69 и 2468 им се допаѓа ова.
  10. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Сакам да кажам...

    СДК дека ни самата не знам во каква "каша" навлегов ... |( :worried:
     
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Боже мили,каков е овој човек? Зошто се чувствувам вака слабо и зошто ја имам оваа смотана насмевка на лицево,кога не го ни познавам?? Што чувства разбуди во мене? Зошто баш сега?!? Што е ова што ми е поубаво од сонот за прв пат во мојов живот? Зошто разговорот со него ми е толку пријатен?! Зошто мислам дека човеков е лага,производство на мојот ум???

    Ма нема шанси да е вистинит,вакви луѓе повеќе нема..леле само се молам да се соземам и да сфатам што ми се случува. :doh: :sweat:
     
  12. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    и вечерва нема да спијам, сабајле сум на факултет, ке учам цела нок. Знам дека сабајле во 8 саат кога ке одам на факс ке ми се спие многу, ама многу сум нервозна за сон. Немам цигари, а пијам кафе, кај го има тоа???? Нервоза и само нервоза, она ми го уништи животот и здравјето!!!
     
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    СДК станувам да учам, да повторам...........веќе не знам ни јас што правам :?:
    Како и да е, да си знаете дека утре ја сакам пуштена целата среќа на свет (имате време, попладне полагам) ;). Ако не положам, мислете му ја...... (знам, знам дека сама сум си крива ако кикснам). Е така!

    Сега одам да си скувам едно кафе, троа појакичко........јес да не ми делува против спиење, ама ајде и јас да ги направам сите марифети хаха. Добро би ми дошло и нешто благичко, а вака кога подобро ќе размислам, најдобро би ми дошло да си легнам :$ ....ама немаааааааа.

    Еве од мене една песничка, што секогаш си ја пуштам пред полагање.......важи за повеќе сегменти од животот. Опуштете се 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=RVmG_d3HKBA
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Сакам да кажам...

    ФБИ, а да си легнеше ;) вака само се мачиш (нашол кој да ти каже :lol: )

    Пушти си Сити Радио ептен чил песни пуштаат, а ако не спиеш пишувај на блогот :D :*

    Од мене ја имаш целата среќа за успешно да поминеш утре ;) :!:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    Искрено почнав да размислувам за таа варијанта :$, ќе видиме на кај ќе ме одвее ветерот...Ама како и да е, едно е сигурно. Ова чудово од машина со интернет конекција, ќе биде изклучено! :D Не можам да му одолеам. (блогот ќе почека до задутре)

    Во контекст на макиве интернетски -> when your about to study and then BOOM .. ur PC walks in with no bra on an seduces you :rofl:

    Ако не заспијам, бар Сити ќе послушам-да ми одмори мозок ;)
    Фала Сеси :* :hug:
     
    На Phyramide, Mistery и sesilija им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.252
    Допаѓања:
    167.873
    Сакам да кажам...

    Аи аи аи...никогаш нема да разберам тоа.Легнува спие од 8 до 1 и станува учи и оди да полага ненаспан...
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Сакам да кажам...

    Јас сум таа :lol: еве кревам 2 прста, само јас спијам до 4 и после учам цела ноќ и одам да полагам :)
     
    На Neytiri и 2468 им се допаѓа ова.
  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк

    ФБИ wish you luck :hai:

    [​IMG]

    :)
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК.....Тсунамито во Јапонија ми разбуди кошмари кои мислев дека сум ги надминала,со стручна помош мислев дека им кажав збогум на кошмарите засекогаш,ама ете веќе 3 ден се присутни во мојот немирен сон.
    Пораснав во општество каде основна вредност е да му подадеш рака на човек во невоља,поаѓајки од таа вредност 2005 година се најдов во Индонезија како дел од итен помошен медицински персонал,и ништо апсолутно ништо неможеше да ме припреми за оноа што го видов и доживеав таму.Едно е да гледаш на тв а сосема друго е кога ќе се најдеш на лице место,да ја видиш,почувствуваш разорната моќ на природата,пустошот што го оставила мајка природа зад себе,страдањата на преживеаните и смртта на секој чекор.Мислев дека нема да бидам доволно силна да се соочам со толку страдања,мизерија,изгубена надеж,немоќ и мртви тела на секој чекор,затоа ги закопав длабоко во себе секое чувство кое го имав освен оно што се однесуваше на извршување на работата,со еден збор постанав зомби.Поминав 3 недели сред тој пекол на земјата помагајќи колку можам и неможам,и колку што ми ја оштети психата тоа искуство ме направи многу посилна личност.Ми требаше месец дена да го извадам мирисот на распаднати тела од секоја пора од кожата и уште многу месеци разговор со стручно лице да се вратам во нормала,да почнам да се чувствувам како нормално човечко суштество.
    Искуствот ме смени иако остави длабоки траги на мене кои ете од време на време ќе испливаат на површината,сепак ме направи многу подобра и посилна личност спремна да се соочам со било што да ме снајде во животот.
    What doesnt kill you,just makes you stronger
     
    На figgiMK, Theodora, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    Секој со своите принципи за учење.....
    Морам да признаам Сеси, прв пат слушам за тактикава ;)

    Ништо од моето учење вчера, еве ме..........сега станувам :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.