Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    З биг бос из камин. Ама дури утре. Боже кои стресови може да ги предизвика едно мало, смешно човечуле, со пивско стомаче кое не знае ни да се насмевне, но ете, е хиерархиски далеку над сите нас и сите му се тресат ко јасика на развигорче.
    Аман бе луѓе, човек е! Нема да ве јаде :)

    Уште еден прекрасен ден. Јас и пролетта сме дефинитивно скарани. Уствари јас сум ко оние досадни женски кои не знаат да сфатат дека е крај со нивната врска и упорно сакаат да се смират со дечкото кој не ги сака. Си подкивнувам весело, очите џоа вампирски, ама убаво ми е на душава и ја сакам пролетта, а она мене ме тера да кивам :)
    И си велам, арно што сум на ова парче на планетава. А не можам и не сакам да замижам пред вестите и пред она што го гледам.
    Наречете ме уште една од толпата медиокритети кои одеднаш почнаа да и искажуваат љубов на Јапонија но мене ваквите работи ме оставаат нема, безмоќна, и тажна. И ужасно многу ме нервира кога некој се дрзнува да рече за Јапонија - дека карма е во прашање. Се се враќало. Абе ај! Ваква карма на никој не му посакувам. Се прашувам зарем станавме толку бесчуствителни кон туѓата, човечка несреќа. Знаат ли оние кои вака зборат како е и што значи се она што си го создавал целиот твој живот и што го нарекуваш дома во една секунда да го снема? Видов вакви несреќи еден куп. Очај и ужас. Видов како е да не спиеш и да ја очекуваш големата вода да дојде или да си отиде. И тивко е, сите немо стојат и ја гледаат водата која носи куќи, луѓе, коли. А ова е илјада пати полошо.
    Можеби со Јапонија имаме многу повеќе заедничко отколку што мислиме. Можеби не е тоа само оној Мураками кој го читаме, филмовите на Куросава кои ги гледаме, сушито натопено во соја сос и претриено со васаби кое го јадеме, сузукито кое го возиме, тошибата која ја уклучуваме секој ден. Како што рече една моја пријателка, да не заборавиме на земјотресот кој се случи во Скопје и урбанистичкиот план на Кензо Танге. На несебичната помош понудена од Јапонија.

    Затоа драги мои пријателки, или барем оние кои ми спомнувате карми, сетете се на тој момент и дадете и барем морална поддршка на Јапонија. Покажете барем понизно сочуство. Или едноставно молчете. Затоа што има разлика помеѓу тоа некој да ви го истури несакајќи пијалокот кој го држите во рака, кој чесно сте си го заработиле, и тоа да ви биде однесена куќата, имотот, роднините, пријателите во неповрат. А се додека се нервирате само за првото, погледнете горе и кажете фала. Ама не ми зборувајте за карми. Немате право и впрочем немате ни поим како е да си од другата страна.
     
    На Theodora, Strumfeta93, sweetheart10 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.347
    Допаѓања:
    206.159
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес е Летник - почеток на летото според верувањата, по стариот календар, па какво ќе биде денес времето, такво и ќе ни биде летото. Ама не ми ветува нешто денов - иако почна со сонце, почна да се мурти... како и да е, се надевам дека ќе имаме убаво, долго, топло лето. И да не заборавам - каснете си некое цутче од дрен - да ми бидете здрави цела година, и заблажете се со варена пченка. А мартинките носете ги до првите ластовички ;)
     
    На baguf4e, Theodora, Strumfeta93 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    Фала Ла Чика, имај си убав ден :* (и на сите што ќе ми пуштите среќа)
    [​IMG]

    СДК дека единственото нешто што најмногу ме плаши пред полагање, е тоа што воопшто не ми е страв.
    За исходот на сесијава е крив ПМС и јас ама по малку, зашто не си го спремив предметов на време. Искрено немав ни желба......да ги барам презентациите во книга и да селектирам што треба да се учи по своја проценка од 4 различни матерјали. Епа ваљда, се гледаме во јуни хаха :lol: (не е крај на свет, слушнав дека екипата идела на испит) :P

    Во врска со се ова што се случува во Јапонија....навистина е жалосно. КАтастрофа во катастрофа, која докажува дека кога на природните катастрофи ќе се додаде и човечкиот фактор станува страшно (мислам на нуклеарниот реактор кој пукнал од земјотресот, а е резултат на човекот) :(
    Не би коментирала повеќе, се надевам дека во најбрз временски период ќе се серди се4 и ќе ја добијат потребната помош.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Сакам да кажам...

    СДК Дека денес убаво ми е, ептен сум релаксирана, денот е убав и сакам да ми помине најубаво,

    позззззззззззззз
     
  5. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Чувствувам некој немир,интуиција дека нешто нема да биде како што треба.
    А како треба да биде и што ?
    Слабо сонце денес , многу беше два дена..
    Да го до пијам кафево,да се средам и математика,математика,математика :)
    Ќе ја убијам меланхолијава со Суперхикс..мудро :hai:
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    сдк дека денов полошо неможеше да почне за мене барем, ова е еден од оние денови каде посакувам да добијам амнезија и да се најдам на некоја планина сама.

    и сдк дека жената никогаш нема да биде разбрана, ако сака мир мора да оди по машка логика и ум.
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    ...ајм бек! 8)
    Знам дека ви недостигав... се извинувам заради моето отсуство. :wasntme:

    Т.е. комшијава мој нека ви се извини, ми го укина интернетот. :fubar: И тамам сабајлево се решив да одам на карање зашто не ме пушта веќе да го крадам, и оп-цуп ете нетче... Ете Мерлинче на форумчеееееееееее......... ууууујеееееееееаааааааааааа!!! :dance:

    Ајде заминав јас во други теми, само да ви посакам добро утро и топол ден со едно песМиче што ме потсеќа на убави сончеви денови. Уживајте!

    http://www.youtube.com/watch?v=GlSRTlg3UHA
     
    На Strumfeta93 и starfish им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Во ова убаво понеделничко утро додека чекам да ми дојде времето за одење јас размислувам.. зошто... секогаш кога ќе ми се јави на телефон почнува со „Кај си?„ а не со „Што равиш?„ ...
    Аман бе дете, толку ли те исплашив дека во секој момент можам да те напуштам и подобро да ме чуваш :^)
    Ми пречи тоа, ми делува долку манијакално психопатски контролирачко „Кај си?„ - „Кај сакам!„


    Сакам да направам некои нови чекор, да бидам по смела во преземањето ризици, па зошто да не.. што е најлошото што може да се случи? Ништо сериозно чинам... но се плашам многу од каење :sweat:

    Што почнав па и јас уште понеделнички да се мачам со вакви прашања, ај отидов додека не сум почнала да размислувам за поголеми работи :)

    Have a sweet monday! :sun:
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.473
    Сакам да кажам...

    :) пирамитке

    пак ќе кажам карма е, и како што кажав жално е што невините страдаат од сето тоа
    а не тие што заслужиле ;) Cекој и најмалце да ја знае историјата на WW2, ќе се згрози од актот на Jапонците!
    јас верувам во карама и сигурна сум дека- секој ќе го снајде тоа што го правел!
    пак нагласувам жално е мнооогу што ете, невините страдаат(ко што кажав поновите генерации)
    зашто не се криви за тие злодела што ги правеле нивните прадедовци!
    епа ајде дајте ми некоја идеа баш да видам како можеме да ги поддржиме Jапонците, освен со аватари со јапонско знаме??

    Jас далеку од тоа дека сум кажала не ми е жал! па мислам дека и на најнечовечниот човек би му било жал за тоа што се случува во Jапонија во моментов!
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сдк дека животот е немилосрден учител. Безобразен, непредвидлив, безгрижлив, дава па зема, не тестира ... ццц. А сепак го цениме ... како таков .. еден е .. наш е .. и единствен е. А на крај краева и убав е. :)
     
    На Gordana10, 2468, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам да ми помине денес денов да видам конешно каков исход ќе има... И сакам да кажам ддека ми е страв да се радувам :x Ми е страв да зборам дека нешто убаво ми се случило бидејки се плашам дека ќе се зезне пак :(
    Ама па како ме гушна бееее :( :(
    Е ќе си се радувам бе! За инат на себе и за инат на сите ќе се смеам цел ден!!!
    Ника is happy :rofl:
     
  12. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Сакам да кажам...

    Што ви ѓи гледам овие мечињата што гушкаат , сонував сите феминки сме делеле free hugs на плоштад, и ко луди сме ги гушкале луѓето, дури веќе и насилно ]:) :D
    [​IMG]

    Ај дојдете да ве гушнам :hug: ^_^
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Се радувам на сончевиот понеделник. Уф уф, сега ќе си се дружам со легенот, алиштата што не ги пере другарка ми перална и ќе уживам во тишината и мирот во куќава.
    Ова де, сакав да кажам дека:
    “Being happy doesn't mean that everything is perfect. It means that you've decided to look beyond the imperfections.”
    И јас решив. И ми е подобро вака. ;)
    Убав ден женчиња и девојчиња.
     
    На Strumfeta93 и starfish им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека освен што сум си одамна опседната со нокти, со Поливор-ов (пуловерчето :rofl: ) се опседнав со чевли.
    Сите ги сакам. Црни, кремасти, кафеави, црвени, кожни, антилоп, дрвени, платнени... сите! Океј, оние со шпиц напред и Vintage ниските кондурки може да отпаднат, ама друготооо! :devil:
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ама ми тргна денов, омиленото кафенце ме чека на маса и сончко си пуцка надвор. Не се за потценување овие 14 степени. Сега со музиче си се дорасположувам.
    Немам обврски неделава, освен секако учењето, кое веќе не го ни сметам како обврска.
    Ептен позитивно ми влијае сонцето, ме мава на креативната страна.
    Се зачудив и сама, од дамна немав четки фатено во рака, а тоа платната ми стојат замотани цела зима на тераса. И терасата ми се дави во кутии од чевли, дрвца, чуда... Чекам плус некое степенче па да фатам метлата под рака. Море се има да преуредам, собава да не личи на себе, заедно со терасата.

    Понеделниче убаво. Те мами да шеташ.
    Како што не сум во форма, се будам од зимски сон, треба малку да поработам и на кондицијава. Качување и симнување по скали од и до 4-ти спрат не е баш доволно. Во зима да...ама сеа кога ќе почнат да ме викаат за возење ролерки, бруки живи, повози 10 минути, пауза. Пак 10 минути и пак пауза, тромаво теле.

    ве лајкнувам сите посабајлечки, иако веќе не е сабајле.
    Имајте убав ден. :*
     
    На Strumfeta93, blond и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Тууу бе,ама ми тргна денов, математика ни даде садачи од 6 решив 3 ипол,физика ме испраша и ми стави 3+ и ми вик а еднаш те испрашав не знаеше, а тоа никогаш не се случило, леле :@
     
  17. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.192
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    ....Јас не се зезам :$ ,.. твоето мислење вреди ko десет ... доволно ми е... :)
    ....Патем,.. кој чека ќе дочека... ;)
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Прочитав неколку постови кои мислаат дека оно што се случува во Јапонија е карма :x
    Добро секој има право на свое размислување,меѓутоа ако толку се верува во карма тогаш зарем не си платија доволно јапонците со дветте атомски бомби courtesy of the U.S кои им беа фрлени во Хирошима и Нагасаки :^)
    Жртвите кои паднаа во овие два напада,ги надминаа жртвите кои паднаа од рацете на јапонските окупатори,а за жртвите од последиците на радијацијата и да не зборуваме :x
    Ако веруваме дека све се враќа све се плаќа тогаш за злоделата на јапонската окупација payback was a bitch.
    Јас лично сочуствувам со сите оние погодени од оваа трагедија и да бев дома ќе бев меѓу оние кои истапуваа напред од линијата и се спремни да одаат таму и да помогнат затоа што човечки е да се сака да се помогне нечовечки е да се ситиш на туѓа несреќа.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.473
    Сакам да кажам...

    http://en.wikipedia.org/wiki/Nanking_Massacre
    ете зашто јас велам дека е карама!
    ;)
    ти да сечеш глави, да вадиш очи на мали бебиња со лажица, да закопуваш некој жив
    богамиии не да ќе те стигне карма!!!
    само пак ќе кажам жалосно е дека невините страдаат

    и се изјаснив јас толку е
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сакам да кажам...

    Me немаше ептен кратко и ептен сте биле вредни , сите теми ми светкаат :D
    Ми недостигавте најискрено , ве мислев бе женулиња!

    Ова времето ме исполнува со позитивна енергија и некако ич не ми дава да ги фатам тоа книгите дебели :worried: :sweat: ...ама има време де . :$

    Си тражам валкани песни за да го изненадам мајмунот ! :inlove: :tmi:
    Е така да си знаете , сега го ставам ранецот и одам во теретана :muscle:


    :hai:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.