Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ќе си врзам марама ко Хајрие на глава, може ќе ми помогне.... :|
    Уф, по тмурен ден здравје! :puke:
    Ми се оди некаде далеку..... :yawn:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.349
    Допаѓања:
    5.900
    Сакам да кажам...

    СДК Вторник, подобар е за нијанса од понеделник. Ајде ќе се тешиме дека барем неделата побрзо ќе помине.
    Најубавите години се овие? Не, јас го велам (тврдам) спротивното. Најнеубавите. Има убави моменти, но можат да бидат и поубави. Досадата владее, па ниту книги ниту ништо не помага. Каде ли е јуни, каде ли се скрил? Толку само убави работи едно по друго ќе се случуваат во тој месец јуни. Според мене е месец на среќата и љубовта. Го гледам и календарот 22ри дошол и еве го веќе си ги спрема облаците и врнежите. Кога дојде, кога ли замина? Како и секогаш така и сега Аа веќе од април нова приказна. За нова, нова ќе да е, али дали ќе биде како што ја замислуваме ..
    Размислувам за која професија најмногу ќе ме биде и одлучив дека најубаво ќе биде ако сум адвокат - Ани и се е како подмачкано, а и се фалам на мама пилот ќе и одам.
    Туку ни ја затворивте темата со дијалектизми, а да одам до СДП за едно зборче, па и не би. Туку дај да ве прашам додека не заборавам што значи зборот чоче? :?: Ви благодарам однапред. :bow:
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека и мене ме фатил тој Хајрие филинг. :D
    Пијам, пијам и пијам чај. Од што ми мириса убаво ми доаѓа филтер кесички Milford од шумски овошја да си ставам во двете ноздри. :D Ова ми е веќе трета чаша попладнево. :wasntme: Како мало дете си играм кога ќе ја ставам кесичката во вода, мешавина на бои... убавини. :lol:
    А муле сум, при толку планински чај, кантарион, мајчина душичка и ред други тревки јас се фатив за овој, арома и црвена боја, ништо повеќе. :D
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Колку сакам Фторници, тогаш сум некако креативна.
    Овој текст ќе има доста фекалии во увод, дејствие и заклучок - последниов ако го смислам.
    Преку глава ми е од овие новопечениве демек богати луѓе со долгови на сите страни, а само на га-га чекаат. Не мислам на онаа пејачка што се облекува во месо понекогаш, туку на она народски речено муфте. Таа ми е барем ексцентрична тие ми се патетични. И тоа уште позасилен ефект ми создава тоа што ги депримира бојата на плочките на трет каат во викендицата на планина или па што четвртата љубовница престанала да ги сака, уф колку усрано им е :x !
    И преку глава ми е од принцези на зрно грашок кои лебдат на некој облак во Земјата на чудата и кои само дремат пред огледало „леле што сум убава :wasntme: „ бројат калории, а дома им ни за леќа немаат, гравот е веќе скапа намирница :!: . А тие цели намирисани со парфемчиња и петпарачки илузии од шкљ-класа љубовни романчиња. И замисли и нивните ценети го*на смрдат! Која неправда.
    И преку глава ми е од умислени со факинг спешл индивидуи кои трујат на секој чекор со својата нагласена индивидуална усраност. Па од 6-7 милијарди не знам точно колку не има во моментов немам последна статистика, секој :!: е комбинација психо-физичка која нема да се повтори никогаш повеќе и оние со најмизерни IQ! Па, толку од вашата посебност, посебни сте колку и секој друг на роднава ни грутка од планетава :P !
    Преку глава ми е од одглумени скромности и морални себевоздигнувања до небеса. Светов округол, а се е*ат на секое ќоше! Јас сакам при тој возвишен чин да бидам гласна, не го правам в темница ништо не кријам и се‘ сакам да видам, и не се срамам и гадам и глумам лудило од приправање! И не сакам козметичарки да ми чепкаат меѓу нозе, дури и вагиналети слушам им ставале, јас сама си правам француски или бразилски фриз и таму пуштам само специјален машки примерок одбран од мене да гледа и чепка, а за средување си сум сама најголем експерт, не ми треба ничија помош!
    Преку глава ми е и од девојчици и теткици со миничи до јајници и деколте до дијафрагма, кои наместо проклето секси изгледаат усрано евтино. Немам против сексуално да се изрази некоја преку гардероба, ама мерката кај некои е измрдана од нормала. Преку глава ми е и од оние закопчани до гуша, кои по ќошињата за кои зборував претходно ќе ги најдете со третиот муватор за таа вечер.
    Преку глава ми е што за по 2 кг. компир, зелка и кромид ако пред некоја година беа доволни 100 ден. сега и 300 се малку. Кога ни скокнаа тројно платите?! А, мене и ми скокна нели откако сменив 6-7 фирми со приватен капитал од кои во првата добив плата од 4.800 ден. и многу тапкање по рамо и решение за неодредено и чекав 3 год. да им текне дека платата ми е мизерна пред да сфатам како им е усрано гајле. Па оттогаш и мене ми е баш гајле и толкава толеранција веќе немам, ја закопав заедно со соништата и илузиите кои ги гаев како студент во минатото.
    И преку глава ми е од овие комшикиве домаќинки кои ми ги испитуваат со рендген-поглед кесите а згора на се‘ и зградава им ја чистам за викенд бидејќи нив им е срам. Е, па што сакам купувам за мои пари не чекам ни на мама ни на тато, ни на сопруг ни на спонзор, мои макотрпно стекнати парички и пак сум јас по дама од вас кога ќе се пицнам, бидејќи никогаш не сум останала без приходи и не паразитирам на ничиј грб со децении.
    Преку глава ми е од толку извештаченост, одење по линија на помал отпор, гледање филмови на јаве, извештаченост, уништување на ретки светли искри и го*на на секој чекор и човечки и во вид на фекалии.
    Соу ај фил лајк :emo: !
     
    На Bozica1980, enca.69, Sweety-Tweety и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    Theodora, хероју мој! :bow:
    I Embrace You
     
    На Phyramide, Johny и Theodora им се допаѓа ова.
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    6.913
    Сакам да кажам...

    сдк на овој ден ми се разбудени сите сетила .Дали е заради тоа што вчера официјално беше прогласена пролетта или глобалново затоплување ..незнам до што ќе да е :D I feel like a G6 :D
    знам дека сите треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот ,
    Имам многу чудни сетила во мене понекогаш знам да се насмеам на нешто што воопшто не е смешно а некогаш ми се наводенуваат очите кога е среќен ден ..кога можеше да ми се случи на нова година да пуштам солза на песнава
    http://www.youtube.com/watch?v=CS51sdSbr_A
    тогаш не ни може друго да ве изненади :?: а што е најчудно од се тогаш прв пат ја слушнав :wasntme:
    енивеј, денеска сме среќни и радосни WE GO HIGH :rock: :rock:
     
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Сакам да кажам...

    СДК одамна не сум си поправил квалитетен муабет со многу од девојкиве....Така да грлс- ај мис дат ;)

    Неќни се читнав со Спаркс, ме изнасмеа ]:) Со Среќичка - стандард :$ ....а вие останатите :swear: :swear: :swear:

    Наоѓајте време за муабет :!: не за друго ќе кажете некоја глупост 8)

    (се однесува на: Роси, ФБИ, Сеси, Пирамида, Фиарлес, Георгина, Вајлд, Ким, Лукс, Вики, Офи) - гарант имам заборавено некоја али сори, многу сте - јас стар сум, па веќе склероза ме фаќа ]:) :$
     
    На rossonerka, Lux, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.248
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да шетам сама, го сакам мирисот на Битпазар, пазарската атмосфера и разговорите со пазарџиите. Умешност за да се продаде производ дефинитивно е разговорот. Сакам кога ги споделуваат земјоделските тајни со мене. Ги сакам и тезгите со накит каде се ценкам и каде точно знам која тезга е поефтина, која поскапа. Ја сакам и старата чаршија, да одам по калдрмата, да ги гледам девојките со тенка штикла кои офкаат кога штиклата ќе им заглави некаде. Но, кога доаѓам до Камениот мост сета оваа магија се губи. Колкава само разлика има од едниот крај на крадот до другиот а ги дели едвај метар, два. Се чувствува убаво кога дома се враќам полна со ќеси од добриот пазарлак, ме бива :$ Убав ден, сончев, уживање во сопствено друштво и по некое стварче кое ме радува. За моменти вреди да се живее.
     
    На karak, annii, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои луѓе едноставно ѕвезда на челото имаат. Море не ѕвезда, СОНЦЕ имаат на челото, во очите, па кога ќе то влезат дома ти светат по скалите, по ходникот, по станот...
    Ех, да беа сите такви.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Јас гЉавен забавувач сум од ко знам за себе :D А некни ин Д муд оф тресење глупости бев :$ Мило ми е ако сум те насмеала, сакам кога ширам позитивна енергија :D

    И јас сакам да се читнам во блиска иднина со старото друштво од чет, дајте една чет собиранка да организираме, да се посмееме...
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Сакам да кажам...

    Мистери, да знаеш дека сите не изгуби :!: не сме толку глупи, на сите им се додворуваше и една ќе се пофали, друга и сфативме дека играш со ист филм, дека сите не лажеш :devil: епа не може така да знаеш, не сме ние глупави :rofl:

    Е пиши си сега со срцекршачка, ама пази да не ти го скрши срцето, опасна е таа, така да си знаеш :D
     
    На 2468 и senza.parole им се допаѓа ова.
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Сакам да кажам...

    Не ми вади муабети алоо...Ќе помислат стварно е :P ААААА ќе речеш и ти нешто :rofl:
    ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Сакам да кажам...

    Ајде да не правиме чет, само да ти кажам дека не ти вадам муабети се е жива вистина :emo: :D , а што си пишувате во лп, тоа не знам :P :lol:


    Јас сакам да кажам дека Спаркс е едно многу мило суштество кое полека но сигурно сакам и во живо да го гушнам, дефинитивно :!: :hug:
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ми падна товар од срце....резлутатите од прегледите на мамичка се во ред :whew: ^_^
    морав ова да го споделам со вас,знам дека ви кукав пред некое време дека се грижам што ќе биде со здравјето на мамичка но сега сум мирна фала му на Бога :)
     
    На UniqueCreature, karak, sanjaeva и 11 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    леле леле, што муабети ми вадите зад грб :D

    сесилија скар сум ти да знаеш- :$ шега хехехе :*
     
    На sesilija и Mistery им се допаѓа ова.
  16. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    1.006
    Сакам да кажам...

    СДК имам многу за учење аам книга не ми се фаќа.....
    Во последно време немам мотивација за ништо едвај денес претрчав 3 круга и тие со сила...
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Ништо неќам да кажам. Денов е тотален булшит. Почнувајќи од пензионери преку умирачко здодевната пракса, па и глупавиот грип што ме фати и одам како некоја прее*ана од што имам толку малку енергија, па и професорите кои мислат дека секој втор е милионер па ќе купувам по 4 книги за еден скапан предмет ... Безмозочни створења. Е нема !!! Јас од една книга ќе учам и така сегде го пишува истото сра*е и ми е гајле и да паднам на сите три сесии. Проста маса.
    Булшит.

    Мислам дека е подобро да си легнам пред моево грдо расположение да ја достигне својата кулминација. :!:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    СДК прекрасен ден во Штип.
    Се преморив! Се изнашетав! И плус со ооооолкав стомак си се качив до горе (на врв на Исарот) :D
    Кенди, не се видовме :(
     
  19. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    831
    Сакам да кажам...

    СДК јас како да живеам во некое друго време.

    Ми се гади од составенава реченица:

    Таа ми е како сестра, ако и фали и влакно од косата ќе те снема од живите!
    (не ме фаќајте за збор, можеби зборовите не се така - ама смислата е иста)

    А, јас наместо да се воодушевувам на вечните пријателства на 14 годишни девојчиња - ја осудувам горнава реченица. Знам - бездушна сум - до мене не допираат овие срцепарателни изјави. Безмилосна змија сум станала! Срамота за мене |(

    И, извинете ама морам, морам да ја анализирам реченицата.

    Делот ''таа ми е како сестра'' - очајно! Секој втор го сметаат за роднина. Сироти мајки - колку туѓи деца им се припишуваат.
    Делот ''ако и фали и влакно од косата'' - очајно! Од сега па натаму забрането е да се чешламе со чешел, да ја миеме косата и боже сачувај да ја сушиме со фен - чисто од сигурносни причини.
    Делот ''ќе те снема од живите'' - очајно! Толку мали деца да помислуваат да убиство. |(
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Сакам да кажам...

    СДК дека сите мене ме обивинуваат за нешто,се јас сум крива.Епа луѓе оздравете не е до мене до вас е :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.