Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Колку убаво ми почна денот на работа.
    Си замислив дека сум девојка од праисторијата, облечена во мини фустанче од природно крзно и коса слична на оваа што ја поседувам ама сплетена со коски како на Флинстонс. Си станав утрински, се истегнав онака лезетски и посегнав по веќе угаснатото огниште во чија пепел се криеја запретани од претходната ноќ 2-3 компирчиња. Ги зедов и ги оставив на брегот од реката која се капеше во утринското сонце. Скинав неколку корења за капење и ја фрлив облеката и влегов во чистата и студена вода, триејќи го телото со корењата и прскајќи наоколу млазеви вода со рацете радосно. Откако се почувствува тотали фреш ен клин :) , лакомо ги загризав компирчињата и се вратив по плетената кошничка од врбови прачки и лакот и стрелата и тргнав. Добро познатиот терен пред мене, вијугаво крива патека со стројни дрва со богати крошни,се качив на неколку дрва и опљачкав неколку птичји гнезда, собрав добра количина бобинки и по неколку безуспешни обиди да уловам едно зајаче се предомислив, но попат најдов тешко ранета куничка вешто ја усмртив бидејќи немаше шанси да се опорави и ја додадов и неа во кошничката, сонцето веќе беше на заоѓање од другата страна кога се вратив во пештерата. Го отстранив крзненцето од куничката со наоштрен кремен и зготвив вкусна вечера од куничката и тазе собрани билки на огништето. Кога почувствував ситост зедов да цртам мамути по пештерските ѕидови, иако ги бев видела само еднаш кога бев на лов со група која замина некаде горе над Големата Вода каде владее ледена покривка и студот лесно го наоѓа патот до месото и под многуте крзна. Го украсив мојот тотем Пештерската лавица-воин со разнобојни цвеќенца и излегов надвор каде треперливо светкаа далечни сјајни небесни тела и ликот на полната месечина ме маѓепсуваше со својата совршеност. И бев среќна и задоволна.
    Потоа замислив футуристичка верзија на себеси во летечки автомобил, како доаѓа на работното место каде разгледува акти кои ми ги подава робот со совршена човечка физиономија. После работа се вратив во својот дом, каде преку гласовни команди си обезбедив релаксирачка музика совршено приготвена храна ми беше сервирана од сличен модел на робот, на огромниот монитор гледав како се водат преговори да не дојде до Четврта светска војна за контрола над светските ретки ресурси на питка вода. Просторот се загреваше од енергија директно од Земјиното јадро превземена и додека околу мене леташе интелигентна егзотична птица-соговорник која елоквентно совршено изнесуваше актуелни настани и додека пиев антидепресивен серум бев крајно несреќна и не ми беше удобно во прескапо уредениот дом кој требаше да ми ја удоволи таа потреба.
    Во реалноста јас сум човече со мали рачиња и ноџиња (носам 35-36), со средна височина и дебелина, но си имам богата фантазија и сум воглавно умерено среќна или па несреќна!
     
    На Johny и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    По два месеци конечно го дознав полот на зајачињата. За жал, само едно женско :doh: , останатите се машки. Ама кој може да ми забрани да им ставам женски имиња? :D Никој.
    Како сакам така ќе си ги викам.
    Митка, Офа, Жола, Џула и Роска. (секое поклопување на имињата е случајност, освен оние што не се случајни :lol: )
     
    На Phyramide и julie77 им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    По повод оваа лајкната вест, вашиот Трендафиљ (што би рекла Лудото) реши да ве почасти со една фотка, затоа што поцрвене, џоа свежо фарбанко јајце.
    Секако, оваа услуга не ја очекувам од некоја која би пишувала на тема дијареа, на пример. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Red.JPG
      Red.JPG
      Големина на фајлот:
      285,7 KB
      Прегледи:
      240
    На Mygirl, mims-89, la-chicka и 31 други им се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Сакам да кажам...

    Тренди овака на сликава страшно ме потсети на Ферхунда.. :$ И морам да ти кажам ми напрај филм да се фарбам и јас црвена... :worried: Маж ми ќе падне во несвест за идејава.. :lol:
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Каранфилке :o ... ју хот бич! :devil: :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...



    Леле Тренди , мислев ова Риана е :lol: Убава ти е новата фризура, со здравје да си ја носиш :)
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    57.403
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    уууу Трендафилке ЕПТЕН убаво ти испаднала косата ^_^
    Нијансата е преубава.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Сакам да кажам...

    СДК, ние црвенокосите, сме најубави :mm: :mm:
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк девојки на очи ќе ја фетите Трендафилка ,немојте наеднаш така :) На убава девојка секоја промена убаво и стои . Е да Офи убави сте вака црвени :)

    Сдк што е работава? Лепа Брена на концерт да ти пее "Уџи слободно" a kарта 500 денари . :) Леле се згази женава од смеење :lol:А богами и јас со неа :)
     
    На peperutkaa, beached и Offspring им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денов ми лев.Многу лев!
    Прво тест физика на кој ќе бидам среќна 3јче да добијам, па биологија ме изпраша-не знаев и како шлаг на се географија кога крена едно дете се избацив ај пуштете не и оваа си затвори тефтер си остана детето неиспрашано.И сега имам една ужасна грижа на совест.И сакам да си пропаднам в земји!
    А, да и сабајлето ми беше досадно.
    Ќе си умрам јас пред време... :yawn:
    Ајт се надевам утре ќе биде подобро.
    Не за друго, дека е петок.
    И така ви зборам јас.
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Сакам,сакам,сакам да кажам дека Бора Чорба е ЅВЕР ! - за сва времена :rock:

    И така си седам јас , во некое расположение *ни ваму-ни таму* , пијам нескафе
    too hot
    и го слушам Бора.
    Претерано ми е досадно , па ми се филозофира.
    Али кој има нерви за филозофирање после школо или работа?
    Не дека сум нерасположена , ама , ама ,ама има едно АМА
    цело е кога има се
    Физички сум истоштена. :(
    И така..
    Redheads, you rock!!!! :rock:
     
    На Strumfeta93 и Offspring им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.470
    Допаѓања:
    68.872
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК парите го вртат светот. Клише, ама највистинитата работа која сум ја слушнала во последно време. Сакаш да те третираат ко човек? Нема проблем бе брат, плати само, ќе добиеш каков сакаш третман. Имаш пари, имаш почитување. Таква е работата. Ако ти се свиѓа убаво, ако не, твој проблем.
     
    На firequeenn, 2468, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.291
    Сакам да кажам...

    Се осеќам како најдебелото прасе во шталата!
    Ама убаво ми е со полно виснато меше. Бар денес.
    Шеф салата и палачинка со ванила крем и сос од јагоди за доручек и за ручек пица сендвич голем!
    Ауфф не се дише! Додуше сеа ќе му скокнам на орбитрејкот оти вака не иде!
    Убав ден. Јес да можеше да е поубав, да не постоеја луѓе инаетчии од кои човек не може да функционира. Ама решив не се замарам бе. Не ги перципирам. Нека си пукнат. Не можат да се поднесат самите себеси па цел свет им смета. Па нека им смета. И нека им сметам јас. И нека не ме сакаат. Многу ми е гајле. Ај да бев само јас. Туку такви се сите околу нив. Нека живеат во свој свет. Оставете ми го останатиот свет да е мој.
    И сакам да одам на викенд надвор од градов! Да уживам во пролетва во некое планинско селце.
    И ве молам најдете ми тиркизни наочари!!! 8)
    Одам да се препотам сеа па да уживам во купката и меурчињата мх мх :wasntme:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сакам да знам да свирам на пијано ... Би можела цел ден да свирам ... Уживам да ги слушам звуците што ги испушта тој инструмент .... толку ми е елегантен .. женствен и убав ... па и начинот како прстите се движат низ пипките ... Ах.
    Сакам !!!!!! Aма нема ... пу јазк :bandit:

    Поздрав до вас :P

    http://www.youtube.com/watch?v=_mVW8tgG ... re=related
     
    На Name, julie77, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека имам ужасно многу вишок енергија!
    Се` расчистив по дома, миев чинии (дома е празник кога јас ќе застанам до мијалникот :rofl: ), суредував...
    Ми изгледа дека најдов решение... Конечно, идеално е! :sun:
    Да ми се исполни желбава, сосе неа ќе се суредат и куп проблеми, тогаш ќе можам да се смеам искрено и од се` срце! :)
    Сонцево како се смееше цел ден, ми доаѓа да го зграпчам и да го изгушкам најсилно.
    Патем, Трендафилка супер ти е косата!
    Би сакала и јас да сум црвена, ама трајно и со фарба, ама како што ја пеглам косата и без неа ќе останам. :lol:
     
  16. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам ми се смачи веќе ;(
    секојдневни караници по дома , тато што поретко се враќа дома не знам дали работи или пак е некаде на друго место , мама секој втор ден на болница не знам дали стварно е болна или тоа и е затоа што пуши по две кутии цигари и пие 1 кг кафе и при тоа не јади . не можам повеќе сакам да заминам од тука ... уште да имав каде да одам ;(
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    Благодарам на сите кои ми честитаа Фризур4е. :D
    Да ви се врати поубава боја. ;)

    Патем, првиот двокатен автобус ќе биде линија број 15!
    ^_^
    Еј НЛо, држава стана бре!
    :D
     
    На Monna.Monna, starfish и Offspring им се допаѓа ова.
  18. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам...

    Математика! Физика! Ми доаѓа утре воопшто да не се појавам на училиште :tmi: . Кога ќе ми текне тест дека има .. :puke: Ама ај ќе ја послушам Пинкче кога кажа дека не треба толу трагично да гледаме и дека понекогаш ненаучени се вади петка ;) :D . Како и да е .. СДК ми пукна главата! Ми иде да отидам и цела аптека да ја испијам :D . Ама какво е чувството кога во петок си доаѓаш од училиште/работа :mm: ? А, а? Само тоа утре ќе ме одржува во живот :D .
     
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    СДК дека пак настинав :(
    работава е лечена недолечена :@
     
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    :rofl: :rofl: :rofl: Сакам да ви кажааам ... Старите фармерки ме собрааа .... Јеееее сум ослабела ... Идемо даље полека но сигурно :P :P :P Сакам да врескам и скокам од среќааааааааааааа :$
     
    На Johny, 2468, Trendafilka и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.