Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Офи ако се одлучиш здравје боже за догодина да студираш, те земам за цимерка :!: :D
    Биче весело :rock:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес ми е роденден !!! 21 и не звучи така лошо :D :party: :party: :party: :party:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.252
    Допаѓања:
    167.875
    Сакам да кажам...

    Сдк читам фејсбук љубакања...глава ме боли...цел ден,сама сум си крива,гладна сум ко волк и ѓон би јадела...ама нема,тоа е,диета,здрав живот,време беше,време дојде,какво време,никакво,бар утре сонце ќе има и не сакам саатот да се мења зошто лошо се прилагодувам...и сите времиња измешани,од минато до идно...све на куп,денес глаата не знам кај ми е.Се гледа...очиве ми се шољи за кафе тако звани финџали.Провокација ме убива денес,за сите бељи,ама ми е гајле.На една личност и се спремам да и направам компилација слики...не го менува ликот никогаш кога се слика,тоа и е добро увежбана поза.И намерно ми се пишуваат глупости,за да ми помине тоа грдото чувство на исчекување...понекогаш сум кобила за некои работи,баш ме брига брате,ама сега...не можам...ете,на јадење ме тера дури (не дека е до тоа дека еднаш јадев денес,само еднаш... |( )...и дехидрирав...од алкохолни пијалаци...лажачка да ти биле,не гаселе жед,туку *гаселе* памет и присутност.
    Заслужено,фала многу,довиџења...

    Едит.Ете ти мало невнимание,ќе се испоиздадев...забораив дека нешто некаде кажав,а тоа *некаде* чита тука и ако ме открие,ќе ме убие од заебавање! :D
    И ... уште не можам да сфатам...кој епик фејл да отидеш на погрешен погреб,да одржиш говор...и моментот кога ја сфаќаш цаката на бледите погледи.Многу филмски и траги-комично.Таква им е констелацијата на ѕвездите.Сегде ги има и се погрешно бре...ах,ај да не политизираме...ама смешно е колку што е трагично.Погреб снова...тешка работа,смешна работа,а посмешен ми е овој македонски,новинарски сензационализам...бре,мајката!Све сеирџии...не дека работава не е до таму дојдена,ама сочувство до семејството.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДК дека прв пат во животов ми е криво што предавањето ми е откажано и што не мора да одам на факултет.
    Немојте сте се смееле :!:
    :D
    Ама па толку со ќеф си ја извадив сукњата прееска пааа...... (сега уште лижавче ми фали да се разлигавам малце :D ).
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.800
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    Пресреќна сум што некое девојче од зградата до мене си фатила нов дечко :D
    Пресреќна сум дека дечково е џентелмен и ја испраќа до зграда секое сабајле во 4/5
    Пресреќна сум дека се вљубени и неможаат да се одвојаат еден од друг па дремаат на паркинг по саат и кусур :^)
    Пресреќна сум и дека за тие саат и кусур нели да не им биде досадно од кола му трештаат тешки шабанерии :x
    Пресреќна сум што недела дена ме будаат такви прекрасни звуци во 4сабајле :?:

    I`m just sooooo f*cking happy |(
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Сакам да кажам...

    :)
    среќен роденден пеперутче нека ти се исполнат сите желби........
    И добро утро на сите и пријатно кафенце :* :*
     
    На Peperutka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.286
    Сакам да кажам...

    Пак не легнав, а сега го чекам утринскиот пост од Пирамиката :P

    Поздрав, денот е прекрасен, искористете го максимално ;)

    Расеана сум, ама не ми замерајте, тоа е од too much info :!: :D

    Се читкаме
     
    На Neytiri, LivingGlam, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  8. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СК да и кажам на Офи дека никогаш не е касно да започнеш од почеток. (Јас како член не сум активна на форумов баш, ама си ги пратам феминките и колку толку си ги познавам) И зборот ми беше па девојко ти си прекрасна паметна особа, која што е свесна за се околу себе и имаш голем потенцијал да си станеш академски граѓанин. Не давај да те надвладее песимизмот, кога човек има волја за нешто, ке ги помести сите планини пред него бре , и ке успее.
    На никој не му е местото на дното, ама баш на никој.... Ако твоите родители не се ангажирале тебе да те одведат на правиот пат и потфрлиле во односот со тебе, не доволувај тоа да ти е комплекс. Девојко млада си за такви песимистички мисли да ти се вртат во глава.
    Баба ми да е жива и здрава секогаш ми викаше ``Јас внуко сакав да учам ама овој татко ми се запнал не Донке мори ке те мажеме тебе, Деца да раѓаш...``. И останала она неука со основно само и две год средно. И јас да не останам покусо од баба ми, па да ми се лути жената, останав трудна и јас на 19. ;) |( Морав привремено да оставам факс за деца да гледам и маж да расправам... Ама тоа не ме спушти на дното.. ПОрасна детето и правец назад на медицински,ама си зацртав во глава цел ми е да завршам факултет па што сака нека биде. :!:
    Па недозволувам бре заради било кој да одам со наведната глава, како што рече ти...
    Ако имаш волја за учење запиши си се ти сама, не чекај подршка од твоите.. И нема потреба од страв од неуспех, Секако ке успееш, немора година за година да земаш, ако не за 4 за 6 год ке го завршиш. Успат една работичка ке си најдеш и ете нек пукну душмани. :devil: Направи сама да се гордееш со себе, а на другите докажи им дека си вредна и способна личност, па нек си ги гризнат јазиците од љубомора...Имам уште многу да ти кажам ама друг пат сеа каВето ме чека.. Се надевам не ме свати грешка. Е така...

    И уште нешто..
    Не е кукавица тој што пробал и неуспеал, кукавица е тој што воопшто не ни пробал..
     
    На ana-banana, Bozica1980, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Денот започнува со....Фемина.
    Ама кога има интернет, а кога нема, стварно започнува со Нова Македонија...или такво некое чудо од весник кој ми ја крие целата глетка на градот под мене. И кафе. И крофна. И шеќерно носе. Морам да дувам со носот за да не ме голицка шеќерот во прав од крофната, а само ѕидовиве знаат како сељачки и стрвно ја јадам :wasntme:

    Сеси, пак ти пред мене, и пак јас зад тебе. Оваа случајност со мене и тебе веќе некое време е тешка богати за објаснување! А не дека сакам некому нешто да објаснувам. Чисто онака доколку некој се чуди а недај Боже се сомнева во некои тајни заговори, преговори, и други говори. Впрочем и баш ми е гајле но ете смешно ми е и интересно, затоа што, многу бре судбински делуваме :D

    Туку, кај ви е сонцето? :wasntme: Мене еве ми го! Насекаде и од секаде никнува а на блузава ми расцветале цветчиња и си ги бројам како во времето кога одев во градинка и кога ме прашуваа - колку цвеќиња засади? Еве волку, едно цвеќенце, две цвеќенца, три цвеќенца....итн. Порано садевме цвеќиња. Денес тоа го нарекуваме винтиџ.

    Апсорбирајте премногу сончеви зраци, нездраво многу пролетни мириси и садете цвеќенца. Фотосинтезата е опасна работа.
    Славете што сте живи и здрави.
    Чин чин! :d: ;)
     
    На Strumfeta93, Neytiri, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Е денес е ден за каков што Рацин напишал „Силно светнал ден„ :sun: !
    И така си зјапам со џанки раширени зеници во сонцето, тазе кофеинизирана и тазе утрински офрешена в купатило и облечена во мириси смајли што се прчи. Само за да сум доследна на Јинг-Јанг концептот, нели - ноќва на носето меѓу ноздрвите ми се вгнездило некое чудо кое иритирачки пецка и кое не ми побара дозвола за одомаќинување, а веќе се раскомоти гледам :^) ! И би да споделам некоја мала мисла од големиот мозок или па голема од малиот, да не изиритирам некој медицинар само, ги знам јас функциите и на двата мозоци ;) , само утрински сум во најсериозно несериозен муд.
    Иххх - пролет! Јас ја почитувам палетата на бои која природата раскошно ја расфрла во секое годишно време, ама пролетта ми симболизира нешто ново, повторно раѓање на нов циклус за растенијата, повеќе небесно синило ќе го наследи сивилото на зимското небо, се сеќавам на една фотографија која сум ја видела во галерија на уметнички фотографии каде до гробот имаше расцутено дрво со розево обоени цутови! Па пролет ти велам хит ми со твоите промени 8) !
    Пак сонував дека сум полагала испити, ова е резултат на неисполнетото ветување кое си го дадов себеси за подипломски студии, па ми лупа на врата вака низ светот на соништата!
    Новиот ден и новото годишно време ја растргнува вчерашнината со истата страст како шакалот крзното од антилопата. И не се убедувам како сум помудра, сакам да сум посетилна и без зборови да се препуштам на се‘ убаво што ќе дојде и стоечки да го поднесам секое цунами кое ќе проба да ме собори.
    Утрото е прекрасно, помина ноќта, а со тоа заврши корупцијата на темнината!
    Разбудете се, оваа светлина е подарок за сите сетила, извадете ги очилата за сонце за миг, помирисајте го воздухот околу себе, чујте го веселиот цвркот на птиците, и подарете насмевка на ова пролетно утро кое несебично ни дава толку прекраснотии...
     
    На Neytiri, LivingGlam, Dafnee и 2 други им се допаѓа ова.
  11. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Синоќа со бело Сковинче, кинеска храна, завиткана во ќебенце, на една висока тераса со поглед на градот... Си го љубев и сакав и бацував и гушкав и гледавме филм и се смеевме на нашите глупави фацки...
    Надвор од пропорции на тоа што знам да го осеќам, се осетив повеќе негова отколку своја.
    Немав сарказам и перење мисли и гнев од неразбирање и купче од глупости и грижи и секирации и работни заврзлами и другарски и лицемерни провокации и падови и победи и караници и докажувања и фрустрации и комплекси и метеж и ред во супермаркет и превриено турско и ладно бајато нескафе и несреден плакар и празен резервоар во колата... Сето тоа го снема....
    Која жаба бе... Принц снова. Еден бакнеж и ..жими штикличкиве..магија се стори.
    Убав петокот. Ма повеќе од тоа. Мој петоков. Мој он. И јас негова.
     
    На broken099, rossonerka, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Сакам да кажам...

    СДК не знам зошто ама додека го читав ова целата си се испонаежив.
    Ти посакувам најубав ден :hai:
     
    На figgiMK и Dafnee им се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    5.454
    Сакам да кажам...

    штета што мојата соба се наоѓа на северна страна па сончевите зраци неможат да се пробијат кон мене, затоа станав истрчав по пижамчиња во двор да ја осетам утринската пролетна магија на се она што се случува одоколу. Надвор е поинаку........ Сонцето ми ги зацрви обравчињата ми даде мотив и желба за прекрасен викенд. Веднаш го земав телефонот и закажав неделно шетање во парк, ако сончко не ме изневери, ах само колку е тешко надвор да пука сонце сите да шетаат а јас во најубавиот период треба да идам на работа. ЕЕЕЕЕЕЕЕјјјјјј па плус и денес е петок о мај гат :lol: :lol: :lol: Но ништо не ме онерасположува осмехот ми е од 6 до 6 па денес идам кај мажулето и ќе ме нема три дена, баш сум спремна за лудории под кебенце и добар викенд :rofl: :rofl:
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    Благословено биди петоче драго. ^_^
    Јас бесно грабам со пешки по асфалтот со мојата црвена гривна, си ја размафтувам, ко фарбана Rapunzel, а ни одблиску должината не е таа. :lol:
    Ма што е важно, само да не е лажно.

    Хедонистички ќе уживам во денов.
    Драга шкорпија, не е твојот месец, ама дефинитивно е твој ден. :)
     
    На Strumfeta93, Offspring, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.302
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека мнн се радувам дека е петок и дека едвај чекам да си го видам сонцето мое
    и да се наспијам викендов како човек( ахххх што ли беше тоа спиење - искрено)
    и плус еден поззздрав со сликичка за како стонед фаце имаа типката :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Theodora, Hipica и Phyramide им се допаѓа ова.
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    ^ You're making a VERY good point. Emotions ARE important. It is especially important to express them :lol:

    СДК дека од денес званично сум феминската трачарица(овај чашитка де :rofl: ) алијас главна уредничка на феминскиот „Свет магазин“. Епа наздравје нека ви е :DИ благодарност до Сеси која ми даде инспирација и поттик за постов :bow:
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, figgiMK и Theodora им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку прекраснитититлен ден, сонце болснало, ПЕТОК да не забораиме, доле во продавница донеле сладолед а јас сум 2 смена во школо.
    Пуу јез'к. :swear:
    Сега во овој момент да бев 1ва ќе си го имав последниот час и ќе се спремав за дома.
    И после ќе си искочев надвор, може и до град ќе отидев ама ѕврц-НЕМА.
    И така ви зборам јас.
    Бидете си хепи како времево and enjoy in the sun. :sun:
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    Сакам да кажам...

    СДК животот е курва кој максимално не искористува... :lol: :lol: максимално посветени на работа,учење,забава,секс и мало релаксирање.... :)
    не ни дозволуваме да се релаксираме... :emo:
    еуфорија се ближе а овие невладините организации ме прошетаа доста и завршивме добра работа,браво за завршениот проект со дечињата ;) ,сега започнуваме нов-ме исполнува целосно инспирацијата кон неа-СЛОБОДАТА на пишување и размислување,реализирање на нашата цел!!! ]:)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Сакам да кажам...

    Стварно било тоа кој рано рани две среќи граби, а не е точно дека го за*бал петелот...
    Си ги завршив денешните обврски и сега конечно можам да се опуштам со другарка ми, кафенце и еден тон грицки... Сабајле скршив тањир од оние големине, на мајка ми за свадба и го донесле, па според тоа леле си викам како ми тргна денот....ама неееее сум залепила една насмевка, радосна со сонцево и ќе уживам во петоков. :sun:

    I FEEL SO ALIVE ^_^
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.