Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Преинтелегнтно си и ми се допаѓа како знаеш да се изразиш, сосема си во право ја нема веќе онаа магија на спонтаност и заљубување и флерт. Се станува како некое ретро минато однесување на кое јас гледам со шарм и кое ми недостига :( . Се ми е сега некако квази во сегашноста, и младиве девојчиња со градите на мегдан и се тоа ми е некако пре ефтино и плитко а со тоа повик за фаст фуд како што викаш. :x
     
    На Johny, TheCandy880, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Кој би рекол дека остатоците од вчерашната пица и многу кисела вода ќе ме разбудат во ова прекрасно саботно утро?! Уште едно мераклиско кафенце и одам да го зграпчам денов со моите скромни канџи кои гребат грбови само кога е неминовно ;)

    Вчера ми текна - зошто баш пирамида? И ми текна на една пирамида која ја видов уште како дете на градските гробишта во Белград - како надгробен камен на Бранислав Нушич. И тогаш тетка ми ми кажа една урбана легенда. Наводно Бранислав бил испокаран смртно и крајно ривалски со некоја позната српска глумица (која? ја заборавив). Пред да почине и оставил порака - да ми се искакаш на гробот.

    И.....си нарачал пирамида :D
    Веројатно единствениот гроб каде што човек мора да се насмевне. Бизарно но интересно.

    Насмевката е cool работа. Одам да му се насмевнам на сонцено, затоа што тоа мене одамна ми се насмевнува и ме крева од кревет со рачињата 8)

    Еве ви една насмевка и на вас. Бидете убави :)
     
    На LivingGlam, Neytiri, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Прекрасно сумирано во 20-ина реда... И еве, јас како машко, ќе додадам дека имало ситуации во кои само затоа што сум се обидувал да се потпрам на романтиката и „ретро“ постепениот процес на заведување и запознавање, сум се здобивал со епитет „чудак“, „забеган“ од девојката и нејзината околина, демек „Шо му е на овој, мисли вака дека ќе направи нешто?“
    „Не девојко, ако си таква, не ни мислам да правам нешто со тебе.“ :lol:
     
    На Johny, TheCandy880, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Сакам да кажам...

    Добро,што сум згрешила за вака да ме казнуваш ?!Што?
    Барам една е*ена ронка среќа,а ти ни таа не ми ја даваш ?
    Несреќна се кријам позади една лажна насмевка,секоја вечер си легнувам со помисла утре е нов ден,можеби ќе биде поубав.Но..ни У од убав не гледам.
    Голема куќа..ни тоа не барам.Барам само семејството да си го видам заедно како гледа телевизија и раскажува како си го поминале денот.Како некогаш...
    Секој втор ден во куќава има караници,цело време пазам да не кажам нешто погрешно,цело време кога е добро се чувстувам како на игли да седам..Ми се повраќа од ситуацијава,ми се повраќа.. :puke: Од топлината која ја имаше кога ќе си дојдам дома нема ни ронка останато..сите сме поделени во различни соби..Понекогаш посакувам да имавме само едно мало собче и сакале,не сакале да мораме да седиме заедно..Можеби ќе беше подобро...На овие години најдовте да спобудалувате ?!Семејството ми се распаѓа,а јас сум безпомошна..Искрено,се чувствувам како мравче што оди низ многу луѓе,но тие не го приметуваат и газат безмилосно.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК и не токму ова ми се вртеше во умот, како одма сега и веднаш да го кажам пред Феминкиве, ама додека ги читав постовите од оваа последна страница, посебно ова на Теодора со фаст-фудизирањето на жените добив нова инспирација за глупости трескање...
    СДК во право сте сите, особено ова за заведувањето и фаст-фуд понудата на секој чекор. Се што на машките им треба е само нешто на четири, може и на две тркала да се одвлечат со заеднички сили до некој од локалните паркинзи... ах, романтично мале мајко и Педро Алдомовар подобра романтика прикажува во филмовите му.
    СДК дека макар што грото жени решија дека нема потреба да се го глумат вицот со петелот и кокошката за да не бидат сфатени како лесни, туку напротив, како одлучни решителни сексодавачки одма, сега и веднаш, макар што во оваа нет-лов ера (на што и немам против да не се разбереме погрешно), туку СДК фб и слични паркинзи за заведување... виситна можеби работите се видоизменија за остатокот од женскава популација кои што и не им е замислата за заведување лајк на нивната фотка на која што е доловено нивното тазе реновирано купатило и да се разбира прекрасниот им задник, напрчените mamas, tetas (циц*ки едноставна ајде да бидам) и ах да тие усни со сјајче измачкани и фино напупени чунки тоа покажува дека се на готовс... реди ор нат хир ај кам....
    СДК фините момци заинтересирани за подолга игра всушност останаа, ги има дури и по паркинзите со фаст-фудот заедно се и тие не се имаат откажано од ова другото, финото, долгото заведување, муабетотот кој трае неколку саати од кога сте го испиле веќе третото кафе во кафичот, шетањето во природа и без да после се тркалате во сеното, пардон тревата..... СДК тие ги бараат овие другите девојки, овие не фаст-фудовките, но и тие веќе чиниш потешко се наоѓаат и за нив, па... потреба си е потреба, а фаст-фуд потреба знаете како е на два залака лап и ју ар реди ту го... но, не заборавајте дека сепак не фаст-фудот им е омилено јадење, сепак после им се оди дома кај мама на фино зготвена манџа, тава што се крчкала со саати, ако не мама и претходниот ден дури го извадила месото да се одмрзне, рецептот го барала со денови, а дур да и текне на тоа поминал и некој месец :)
    СДК има и фаст-фуд заљубени мажи, ги среќавам, налетувам на нив често и исто толку често ги одминувам... подобро прескокни ги со стап до душа отколку да ги заобиколиш, но... не само тие постојат.
    СДК на крајот на краиштата морам вака да мислам, при бидејќи синг'л сум си јас веќе неколку месеци па мора да постојат и такви што сакаат манџи и тави и слични нешта.
     
    На Johny, julie77, LivingGlam и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Се лутам на брзината како на живо суштество. Безбројни погледи кон часовникот како сега бидејќи треба да се стигне на работа на време, таму форсирања од страна на луѓе кои исто така се со вечен дефицит на време, па брзање да стигнам дома. Ја мразам брзината со која времето лета и што веќе е април, а како вчера да ја чекавме новата год. Брзината ме уништува, а сепак колку често сум принудена :!: да и се покорам што ме прави дополнително бесна на нејзиното присуство. Ништо не може да биде добро, ни убаво, ни темелно, нити па има било каква сатисфакција да се работи под притисокот на роковите, нечии очекувања, нечии нестрпливи погледи и цупкања и тупкања со различни делови од телото. Брзината ме претвара во бездушен апарат.
    Јас ја сакам бавноста, бавно да пишувам и да му се радувам на секој поединечен збор, бавно да јадам и храната да ми ги исполнува бавно сетилата со својата сласт, бавно да се будам наутро, сакам да сум полжав, но живеам како мува (често и без глава) во светот каде брзината е правило, а ретките мигови на бавност - луксуз.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде и јас да се надоврзам на муабетот, не за друго, него да не останам покуса :lol:
    После три год. не одење по Првоаприлски журки се случи сосема случајно да посетиме една од нашиве скопски кафани -дискотеки (не гледам разлика, затоа што се почнува со странски хитчиња а се продолжува со Сека Алексич и ГлавобоЉа од вина...како завршуваат не знам си отидов пред фајрон...) и останав и со уста и очи отворени (до душа очите ги покривав од време на време и замижував или тргав поглед)...толкава некреативност и без сенс за имагинација се денечниве девојчици (со ретки исклучоци... секоја :bow: за таквите), просто човек посакува сите да ги собере на куп и да им одржи курс за креативно изразување, сексуално воспитување и долг процес на објаснување дека мистичното секогаш е повозбудливо и попривлечно од разголувањето...
    Што е поентава со зајачициве :?: , Сите сакаат да бидат зајачици |( , која од која по гола со сите атрибути на мегдан, па дури и оние кои не ги поседуваат истите се обидуваат да ги изложат уште повеќе, а делуваат така лесно, глупаво и неатрактивно...сите со дугачки плави (пардон русокоси) перики, која од која поголема плавуша, со поголеми и накривени ушиња, голи задници и незаменливото опавче...не ли се свесни дека глупаво изгледаат кога невкусно го тртат и го мрдаат газето :x
    Ајде зајачициве веќе решиле да делуваат к**вински, ама што е со машкиве бре луѓе, не разбирам...вчера видов машки по тангици со подвезици, пополнети градници и пердувчиња кои го затскриваат нивниот полов орган....Се прашувам дали и машкиве немаат имагинација и по тоа се доближуваат до нашите прекрасни зајачици, дали полесно им е да го облечат фустанот од мама, дада и нивните штиклици, или баш на овој ден јавно искажуваат дека имаат феминистички особини и потајно посакуваат да се дел од женскиот род...а можеби само сакаат да покажат колку понекогаш девојчињата знаат глупаво да изгледаат и на тој начин се потсмеваат :fubar:
    Останувам без зборови, се повеќе и повеќе се замислувам и се прашувам како ли ќе биде за 10 год.
    Го земам овој период затоа што баш тогаш (се надевам не и порано) ќе дојде времето за самостојното првоаприлско маскирање на мојата малечка, се прашувам ако сега сме толку напредни, што ќе биде за 10 год....само брадавиците ли ќе ги покрива..? :worried:
     
    На Johny, Ema.Sk, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ми се смучи од тоа што секој 2 пост на фб е албум со наслов 1 април или маскеМбал.
    И дека секоја 2ра е мачкица, зајчица, тигрица, полицајка и сл.
    Со црни хеланки, штикли (неминовниот детал |( ) и едни уши.
    И тоа маска ми ти било.
    Жими г'зов
     
    На Whatsername и lolyta777 им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека едвај се дотркалав од кревет до компјутер. Ништо не пиев, а главата ми е како ѕвонче.
    Сум изнастинала кваалитетно, ама who cares. :lol: Немам некои јаки планови за вечер, плус и се спасив од одење на гости денеска. :dance:
    И да, сум ја сонувала Теди Беар. :D Многу ми беше интересна. :D

    Околу Први април, имаше разголени, отсекогаш и имало. Кој што сака нека прави. Само ми беше одвратна глетката на нозе цели со целулит пикнати во светли хулахопки, салама. :( Речиси секој има целулит, ама не го шетаме сите на сред плоштад. |(
    Видов и секси калуѓерки, да да секси калуѓерки.
    Грозотија, згрешиле локација. Не им е место во кафичите на кеј. Требало да го преминат и мостот.
     
    На Johny, lolyta777 и teddybear им се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    околу муабетов за први Април ...
    Нешто што мене ми беше најневкусно е тоа да се маскираш во инвалид.
    Можеби грешам.
    Ама девојките зајачици не ми беа толку одвратни колку една група машки кои глумеа лудило со сила.
    Според мене тоа го може само болен ум. Да глуми инвалид и да се прави наудрен додека покрај него поминува вистинско дете инвалид мајка му не може да помине а овој скока од количка и глуми т.е не глуми туку е идиот.

    Секој со својот памет ... и зајачици и подвезици и што ти јас знам ... и калуѓерки со боксерици. Нивно си е. Со извинение ако некој се пронајде.

    А јас сега ќе го постирам мојот аутфит синоќешен во соодветната тема па очекувам критики упс пофалби :D
     
    На la-chicka и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Сакам да кажам...

    Од Пирамид сватив дека денес е сабота :lol: Се си мислам дека е недела, ама сигурно има врска со мојот сон. :tmi: Инаку сум предобра во биологија, наставникот Секоја Чест ми кажа. Ама! Сонував како ме прашува и јас ништо незнам и тој како да се претвора во чудовиште и почнува да вика! :devil:
    Леле сега ми е смешно, ама бидејќи мислев дека е недела, појдов да учам биологија!!
    Ма каква недела, поаѓам јас уште сега! Толкав страв во сон, досега не сум почуствувала. :lol:
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.248
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Без посебна причина се разбудив насмеана. Сонцево не ме остава да спијам до доцна, а и драго ми е што можам вистински да го искористам денов. Да, ќе го искористам и денот, а и сонцето. Сестра ми станала многу иновативна деновиве :lol: појадок во двор, кафенце во двор, а сега прошетка мх, мх.
    Деновиве ми е во план да ја изненадам со една прошетка до зоолошка. Знам колку ги сака животните, а бидејќи слушнав дека зоолошката ни има нови членови, верувам дека ќе биде пресреќна.
    Со години 1 април го поминував на роденден, а и среќна сум што не го гледам целиот тој кич во градов. Секоја чест за тие што имаат креативни, оригинални маски, ама останатото :puke:
     
    На lolyta777, Strumfeta93 и caroline.costa им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Гледам имаме се повеќе нови форумџики кои знаат да го освежат форумот со нивната интелигенција. Ме радува што сеуште постојат луѓе во државичката ни. Денес денот нуди многу. Планирам да ја искористам секоја секунда. Вие останете ми така насмеани, убави и паметни. Ве :* Штрумфи
     
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Сакам да кажам...

    Навистина, нови животни во зоолошка? А инаку да за маските ретко кој имаше навистина оригинална маска....се беше кич!
     
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк па симпатично било и во сабота да се иде на школо,го почувствував тоа чувство баш денес уште во 06:20 :| :) и така ова време ќе го поминав во спиење сега знам барем дека денот ми започна рано-рано и дека ке го искористам денот максимално...Пријатен ден феминчиња идам јас малку да се разгалам на сонцево со кафенце ;) :*
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...

    СДК дека сношти прекрасно си поминав. Немој да мислите дека бев којзнае каде, не бев нигде посебно. Туку друштвото ми беше екстра. Се изнасмеавме, се изглупиравме :$ :lol: сакавме кафе да пиеме во 10сатот навечер и нормално нигде немаше. Влеговме во еден кафич, ни викаат се е резервирано. Цурик, назад. Тие не гледаат :o ние насмеани од уво до уво. Влегуваме во друг, ајде испивме по еден сок пошто ни беше срам така влези-излези низ кафичите. И си отидовме. Се смееме низ чаршија, кога некој би не снимал за на „Солзи и смеа“ би биле. Кажуваме глупости...а што е најтрагично носиите од играорна ги влечевме по нас и плус со шеширите на глава(нив немавме кај да ги ставиме).
    Траги-комично изгледавме, ама закон си поминавме.
    Едвај ја чекам следната проба. :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    На Ema.Sk, TheCandy880, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...


    Колку е јако!
    Не, ти не си центар на универузумот. Уфф, оваа порака многу заслужуваат да ја видат. Ама од што се глупави, не би ја разбрале!! |(
     
  19. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК....Чекам стрелките да се наместат, клучот на врата и Arivederci канцеларијO до понеделник.
    Ми се користи времето, сонцето, ми фали мирисот на свежо покосена трева , секоја белодробна клетка ми плаче за една голема воздишка на олеснување. Времето така ме тера.... Може и до Априлот, мојот месец на славење, а и си уживам во годините што ми ја носат зрелоста.... Алал Вера.
     
  20. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Сакам да кажам...

    :clap: :clap: :clap:
    Браво за видеово!!! Предобро е.


    Иначе денов кога станав беше топ. Сонце имаше, се спремив за во парк, и оп облаци. :devil:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.