Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека во последно време приметувам дека кога се отвара нова тема или се поставува прашање каде се бара мислење во темите за љубов и секс, се ми се чини дека намерно се измислува од новозачленет корисник ....се ми се чини дека се појавуваат ликови кои му се потсмеваат на форумов и намерно измислуваат приказни... :worried: Може грешам ама кога ќе прочитам дека некој бара совет во апсурдна ситуација не ми се верува дека истата е вистинита...
     
  2. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    сдк кога и да откријам нова тема страдаат очите од мониторот :rofl: овој пат ја чешлам Модни критики за храбри феминки и сдк дека има јаки форум. шо не се ни сомневав во тоа девојки со изграден стил браво
     
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Ноќ... асоцира на романса...
    Романса... асоцира на љубов...
    Љубов... асоцира на мистерија...
    Мистерија... асоцира на забранетото...
    Забранетото... асоцира на страсти...
    Страсти... Секако дека асоцираат на секс... :)
    Секс... асоцира на мазење...
    Мазење... асоцира на прегратка...
    Прегратка... асоцира на мирен сон...
    А мирниот сон... Моментално е невозможен за мене. :lol:
     
    На Johny, Strumfeta93, broken099 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Иииииииии 666 мислења имам :o Одам да спукам едно мислење негде неможам да го гледам бројов, језив ми е :D
     
    На FBI и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес денов е тапа... Ме прави поспана и мрзлива... :yawn:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денес нема да биде како вчера.... :)
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.248
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Каде ми е сонцето? Е ме уби времево. Сакам сонце, сакам да шетам. Сакам и пензија да има, си бендисав неколку работички :$ Дечко ми ме искара постојано нешто купувам, а на крај ќе немам пари за да преживеам. Така е, во право е. Не знам зошто ја имам таа лоша навика, не дека носам се што купувам ама сакам да имам. Сакав и денес новите хеланки да си ги носам, ама ете не ми одат цветичи на тмурново време.
     
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Hello Macedonia , what's goin' on ? Are you doin' fine ?
    - Yes , i'm not!

    Шала на страна , што има ?
    Се има , освен Сонце..епа го урочивме, го испофаливме , го засакавме многу..се вообрази и чао пријатно.
    Океј Сонце , извини шо се видовме.

    Сакам да кажам дека се сетив на една случка ,порано. Се сетив на солзите на моите (мајка ми и татко ми). Рандом ми дојде таа слика во главава и се сетив колку уствари ме болат солзите на моите.Се сетив колку се тие прекрасни. Си повторив во себе дека ги сакам најмногу на овој свет.

    И потоа..што потоа ? Што ќе правам сега ? Сега ќе ја сушам косава , а вие останете здрави,живи,весели.
    Пијте многу нескафе , слушајте многу рап и сакајте се .

    Peace :toivo:
     
    На bravegirl, Strumfeta93, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк изгледа на сите ни фали денес сонцево што не свети над нас и што облаците решиле денес да ни бидат на гости...
    Баш затоа ајде да сме си позитивни да видат облаците дека ништо не ни можат и да си заминат и од утре пак да си имаме сонце :)
    Јас за инат на се,па и за инат на таа диетата ќе станам и ке си направам чоколаден пудинг и целиот ке го изедам :) 8) па така и така сама сум дома нема со кого да го поделам :P :P
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...


    Само што сакав да ти кажам да си купиш :D еден дукер бел со Штрумфета баш како тебе :D
    1000че во Теранова, со истава Штрумфета на аватар што ти е :P
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Верувале или не, 3 дена со ред го чистам станов. Кај ли ке се собереа олку валканици.... [​IMG]
    И остај тоа, тамам да финализирам, и оп-си го пресеков прстот... и свршив работа. |(
    Па барем на старт да го пресечев, не?[​IMG]

    Него, да не бидам тмурна ко времево, да ви кажам дека свршив работа во банка и ми олесна. ^_^
    |( Пак тмурен муабет свртев. Олеснето = денар фри.

    И така. Ке почнам да слушам кантри музика. Никогаш ништо тмурно нема во неа.[​IMG]

    Ај заминав долу пред влез. Па ке се качам горе по скали. И така два пати во денот ке правам. Доволно не? Мора малце физичка активност за особи блиски на депресија, без трошка сексуална активност. Секако во газиштево како вдовица сум направена. Не ме личи. Во автобус две места ми фаќа кутриов. Па кај и да е, два билети ке почнат да ми наплаќаат.
    Или да гласам за нови гренландски автобуси со пошироки седишта, м?
    Петиција му е мајката. [​IMG]
     
    На marama, Johny, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    ... Почивај во мир Курт Кобејн.
    http://www.youtube.com/watch?v=i5C9E8W10ws
    Многу повеќе од обичен музичар, многу повеќе од обичен човек.
    Премногу значајни дела за некогаш да падне во заборав.
    Ги допре нашите срца и таму ќе остане... засекогаш. :l:

    Многу ми е тешко, како да сум го познавала цел живот, а не сме ни живееле во исто време. :( Чувствувам празнина...
     
    На Strumfeta93, Theodora, LadyStyle и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДК дека тато е најдобар татко,
    а јас сум татино злато
    не може мене за ништо да ми се налути тато...
    :music: :lol:
    Ма се знае бре кој му е најслаба страна!

    Ех тато, тато... како тетка некоја си станал: гледаш серии, се разнежнуваш и оговараш :D Тоа ти е кога со две жени живееш, една врсна, една постара. Јака ти душа :clap:

    Ми фалиш. Ајде за некој ден, па ќе ми пееш како мала кога бев и ќе се мачкаме со торта :party: :^:
     

    Прикачени фајлови:

    • 3072FE62.jpg
      3072FE62.jpg
      Големина на фајлот:
      12,5 KB
      Прегледи:
      211
    На teddybear и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК - Ќе напишам литературна творба за на конкурс.. Но, не знам дали ќе успеам.. Ми треба време да размислам што ќе пишувам на дадената тема. Којзнае што ќе направам.. Сега не ми се мота ништо низ глава, односно, јас не ни мислам на тоа. Ќе мислам вечер, ќе мислам цела вечер.. Ама сакам да се обидам, ако испадне нешто добро ќе се пријавам, а ако немам инспирација - ништо! Ама, желбата е голема, може ќе испадне нешто ОК ..
    СДК2 - Ова е ствааааарно веќе претееризам, гооолем претеризам! Не ти личи на годините бе еејј! :fubar: Што се замислуваш ти? Која си? Некојаа? Е, извини, ама не си ништо погоре од нас-другите! Прибери си паметот и не се надевај на такви глупости! Еее, такви глупави идеи и луѓе неможам да смислам! Да, не можам да ги смислам оние што не си ги знаат точните години (се прават големи, а уствари не се!), оние што многу се занесуват, а не е убаво.. Мој совет: Спушти се дооооооолеее! ;)
    СДК3 - СЕ ННННННЕЕЕРРВИРАМ!! И, како ќе одам јас утре таква на школо? Што имам една брунка - брадавица што ми ја гореа сега имам околу неа плик.. Цела сум подуена :emo: :sweat: :sweat: :sweat: :sweat: :sweat: :sweat: Оффф, зошто ова ми се случува мене?!??!????? :sweat:
     
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Сдк си поминав од редот, си положив матурската проектна и се си помина како што треба. Ај сеа да поспијам малце.. И нас матурантите не ни е лесно :wasntme: :lol:
     
    На Hipica, broken099, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам да кажам...

    Дека сакам да се преселам од дома, не заради тоа што имам 3ца што ми се качуваат на глава, туку зошто сакам да бидам Сама, во мало просторче, себично само за мене.

    И да не ми издаваат наредби и пререкувања само зошто сум најмала.
    Ќе дојде и тој ден.
    Неблагодарности еден куп. Но, ако. Не можам да им земам за зло на најблиските, ама смеам да си кажам што ми доаѓа.
    :fubar:
     
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес научив нешто ново.
    Дали сте знаеле дека ако девојка не е невина, секој иден дечко(освен оној кој и бил прв) само ќе ја искористува и нема да ја цени?
    Ете со каков простак сум идела. :fubar:
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Јас имам две свекрви.
    Да, да!
    Едната е мајката на маж ми, а другата .... Не, нема свекорот швалерка.
    Другата свекрва е мојот татко. Да, свекрва. Таков опасен станал, свекрва не му е рамна. Е оваа вторава свекрва си ја сакам повеќе, не за друго, се и кажувам што мислам и се карам и ја изнесувам нервозата. И на крај пак се смееме и се гушкаме.
    Посакувам првата да е како втората :D

    Како и да е, на здравје.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    26.745
    Пол:
    Женски
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Нон стоп со емоции одам горе - доле, знам дека знам да сакам, љубам, губам, да паднам доле да се качам горе, знам да зграпчам и да пуштам кога ќе треба, да мразам не можам (иако залужува една личност, но сепак е татко на моето дете) . Знам да сонувам и сега сонувам да имам спокој и мир на душава да добијам барем една работа во животов лесно без толкав напор, осаменост, борба, солзи. Ах овој дожд ја буди мелханонијава во мене и ја размрда тагава иако вчера ја бутнав во ќоше, ама моќна е.. :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.