Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    СДК,... дојдов тука со цел да го напишам сличното нешто како постот над мене... DAMN RIGHT! :fubar:

    Иначе, размислувам да се омажам... пу пу машала, ги гледам, од моја генерација и помали... свадба спремаат... а јас спремам матура... на кој му е потешко бе :devil:

    Оваа еманципацијава не упропасти :lol:
     
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Сакам да кажам...

    Разочарана сум од луѓево. Редно е да сфатам дека секој си гледа само за себе. :!:
    Сфатено ми беше, но потајно се надевав дека можеби ќе се променат некои личности. :?:

    Зошто Господе постои воопшто ова лицемериево, овие индиски филмови, овај глупав фејсбук? :|

    Ми се спие, смачено ми е веќе! Сакам да сум сама на некое планинско место и да си го пуштам мозоков на пасење. :mm: Веќе не се трпи! :|
     
    На Woman.4.love и Johny им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Има луѓе што учат од сопствено искуство-тоа се мудрите. Е, сега тоа се плаќа со лузни на душа, горчлив вкус во уста, ама па во несреќите е никулецот на идниот триумф и затоа борбата вреди. Или барем се надевам дека е така.

    Некои учат од искуството на другите-тоа се среќните. Значи тоа се добри применувачи и прифаќачи на туѓите падови и поуки. Ефектот ист, ама па без сопствени лузни, зарем не е ова ултимативна среќа?!

    Трети не учат ни од сопственото ни од искуството на другите-тоа се будалите. Ама па затоа ним повеќе работи им одат од рака. Некогаш верувам дека Бог само на слепите пилиња им прави гнезда.
     
    На teddybear, Johny, FBI и 12 други им се допаѓа ова.
  4. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Сакам да кажам...

    сдк декаааа го имам првото цветЧе :D :D :D :D
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    4.464
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Леле каква посетеност во темата за Идолите :) :D

     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.471
    Допаѓања:
    68.874
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има дури поголема посетеност од СДК :D
    А и се надмина границата на најмногу онлајн корисници, 686 :rofl:
     
    На Offspring, Gordana10 и Angelche им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Каков горчлив вкус ми остана во главата после Biutiful. Си реков мамето, па го знаеме ова бе. Не еднаш сме си рекле - се додека не нервира скршениот нокт, можеме да ги споиме дланките или постелиме чергичето и да кажеме - фала ти Боже што сме живи и среќни.

    Да, среќни. И тие што се според нас несреќни дури и тие знаат да најдат една трошка на среќа во сета несреќа која им се случува.

    Ах колку сакам убави филмови, инспиративни луѓе, талентирани глумци. Ќе си пишам во личната карта - манијак за добри филмови :nod:

    Девојки и жени, да сме живи и здрави, среќни и насмеани, затоа што сме ЖИВИ! Животот е подарок кој дефинитивно треба да се одвитка, да се прими и да се искуси. А на подарен коњ не му се гледаат забите.

    Ете така. Наздравје! ;)
     
    На Theodora, teddybear, Neytiri и 7 други им се допаѓа ова.
  8. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Зависна станувам од Gossip Girl. Благословен нека е Chuck Bass и неговиот се*си глас. 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=tXDMX6CsXsg
    Дали тоа јас липам на ова? Не, тоа не сум јас.
     
    На sweetheart10 и Mishela им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.644
    Допаѓања:
    82.706
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ме мачи нешто, а не знам што, по којзнае и кој пат и се' ми е некако монотоно, изладено...стварно ги мразам овие периоди, а се' ми се чини дека оној бикот е најзаслужен за мојава изгубеност ма*ето негово ... и на моменти ми е преодвратен и одбивен и ми иде да го искршам од ќутеци и ај доста јадев слатки.. |(
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    пост нагоре ...некоку погоре де
    Една моја другарка само што се породи и сите ги шокира, не само таа туку неколку од нејзиниот клас.Беше крајно повлечено девојче,културна и се дружеше со одбрани луѓе кои исклучиво мораа да ги почитуваат нејзите норми - учење често дружење - понекад кога има време.Беше сконцентрирана да успее да професионален план и добро и одеше.Не беше дрска , беше сепак дружељубива и пријатна.Повеќето ја сакаа.Повеќето веројатно очекуваа по некоја година згодното газе да го седне на удобна кожна директорска фотелја и да си го одработи своето.
    Но таа се појави во јавност по 5 месеци изолација од социјалната средина со меше до гуша , балонот ќе пукне секој момент :D Мажот и исто скоро полнолетен.Ама среќни се , барем така се чини.Никој неможе да си поверува.

    А за една друга , до лани беше ваква :
    [​IMG]

    а вчера ја видов ваква и едвај ја препознав :
    [​IMG]

    каква промена, пред се ненадејна.И оваа не беше нешто полоша од погорнава во карактерен поглед ,завидно поуспешна беше уствари а сега е средно и е типка и пие ...тутуни :smoke:
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Јас вечерва сакам да кажам..
    ...многу работи!
    I: Да живее сарказмот во мене ! Да живее ироничната кучка во мене . Зошто , како..нели се накурчив, овај де напиздив сабајлината. Чорбаџи Теодос бил главен , ама Васиљ го исмеа..јако!
    II: Ги обожавам тренинзите.. си го сакам и тренерот. Такво совршено створење :ninja: Го сакам чувството кога знаеш дека даваш се од себе, буквално секоја клетка ти е активна, не мислиш на ништо друго освен да удриш посилно и побрзо.

    III: Сакaм да кажам дека покрај мене постојат прекрасни луѓе. Ги обожавам. Малку се , ама се вредни. Се смеам од шеска до шеска заради нив. Толку се мили ..бидете ми живи и здрави :l:

    IV: Утре од сабајле ќе бидам девојката со точакот, барем така си велам. Се надевам дека ќе станам и еќ возам на кеј , со пензионерите. Ај таман време на пензии е ..па можда некој љубезен дедо , шо знајш :emo:

    V: Петтото..петтото е посветено на Барса , петарда..браво момци , :beer:

    Ете , кажав се што треба и не треба..по сите правила и прописи , девојки уживајте.
    :rain: :sun: :toivo: :^: :f: :punch:
    како и да е , живејте максимално !!
     
    На Theodora, teddybear, Nightwalker и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    На teddybear, Hopeful, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Сакам да кажам...

    Нема поубаво чувство од тоа да седиш со добро друштво,да гледаш уште подобар фудбал и ладно пивце ммм :rofl: и уште поубаво е чувството кога другарка ти,која никогаш во животот нема гледано фудбал,се нервира заедно со тебе кога твојот омилен тим ке пропушти добра шанса ]:)
    Ти благодарам другарке а и ти мој омилен тиму што секогаш знаеш да ми го разубавиш денот :* :*
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    Инспирирана од мислењето на Теодора, ќе додадам дека.......Колку повеќе празнина остава тагата во нашите срца, толку повеќе место за среќа и љубов има во нив!!! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На karak, Theodora, glamour-lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    701
    Сакам да кажам...

    Бог совршено ја создал земјава....Ден и ноќ,природата,животните и на крај луѓето.
    Нам ни е дадена најголемата привилегија,здравиот ум и разум и по тоа се разликуваме од останатото.Но,по се ми се чини веќе нема разлика дали си животно или човек.Некои животни се многу попаметни од нашава раса,разликата е само бројот на нозете.Не знам веќе што е граница на нормала и дали ја има.Ете затоа се и овие природни катастрофи по светов,за да не научи Бога на ред и да си ги спастри сите овци во стадото,да не бидат залутани во погрешни јата.
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Сакам да кажам...

    СДК Добро Ви утро феминки и имајте убав ден :$
     
  17. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    Сакам да кажам...

    СДК добро утро феминки... денес ме разбудија песнички на девојчиња кои надвор си скокаа на јаже и си пееја... брзо станав се облеков, се измив влице и излегов надвор... неколку пати си скокнав на јаже и јас :lol: :lol: за момент ми се вратиа сите спомени од детството, посакав да се вратам во најубавите години од мојот живот, за ништо да не се грижам, да немам никаков проблем....... ухх колку се слатки и безгрижни децава... :)
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    СДК повторно полека се активирам на форумов, како некој кампањец сум, ама иако не пишувам ве ѕиркам често за да видам што има ново, не сум некој воајер, туку чисто онака од љубопитство :)

    СДК-2 Вчера доцна си легнав а рано денес станав, но тешко кој би одолеал на што туку сварено утринско кафе, омиленото сокче и банана за појадок мммм ...... :inlove: :inlove: :inlove:
    Бебе мое неможе нигде да одиш веќе, ти си само мој и несакам со никој да те делам, сакам кога ме размазуваш! :*

    Преубаво започнат ден, полн со позитивна енергија, се надевам дека ќе ја имам во доволни количини за и цел ден да ми биде таков :)

    Добро утро на секоја од вас, и имајте убав ден 8)
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.300
    Сакам да кажам...

    ....дека денеска ќе одмарам малку од Фемина :), ја претерав деновиве (ми прегоре ламелата). На ред дојдоа и другите социјални активности хаха

    Уфф море што ми е убава и сјајна косата (само што ја исфенирав), уште да ми порасне и ќе биде топ!

    Имајте си убав ден феминки-клинки, отиде ФБИ да се дотера, па да оди на роденденска торта :*

    [​IMG]
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека морам да го расипам ова неизмерно чувство на среќа и исполнетост, кое зрачи од последниве две страници на темата :lol:
    Немам јас ништо против среќата, бидејќи и јас сум од тие несреќните среќници, кои се уште учат да одат, од оние што многу почесто ползат по земјата, дур да станат....
    Но, јас толку знам

    ...рајот е одамна затворен, како неисплатлива инвестиција.
    Единствено начув дека е можно тој повторно да биде отворен, поради пренатрупаност во пеколот.
    НО, ќе морате да се стрпите, бидејќи потребни се извесни прилагодувања според Правилникот за дочек на гости во адот.


    Така да и таму ќе сме си сите заедно. Нема да се разделите од оние што ги презирате, оние будалите, неранимајковците, пуфлите, изневерувачите..... затоа сакајте си се од сега луѓе. Како може да сте сигурни дека токму некој од нив нема да биде вечно до вас во казанот :rofl:
     
    На Johny, Strumfeta93 и beached им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.