Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес одев пешки како и секој ден во еден правец 40 мин, врнеше не многу јако ама ветер разнесе, се згужвав и со ќошето на окото ги гледав луѓево како возат на ветрот и се борат со него, дедовци и баби едвај се движеа (инаку ги има премногу такви средени, дотерани слатки си одеа по нивните клубови да си играат покер, си готват и слично). На враќање бетер, мислам си ја изедов косава. Ама па убаво ми беше, се чуствував како да снимам сцена од филм. Морничави дрвја, гаврани ух колку ги мразам огромни се, луѓе трчаат, велосипеди, не знам некое посебно чуство :?: . Сега ќе се најадам па на курс, тапа ми иде ова шведскиов не знаат да ја затворат устата кога зборат, пауза да направат. Не знам како ќе успеам али ќе се потрудам да го научам..

    П.с знам дека сум некогаш паин ин асс ама ќе ми помине :$
     
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.646
  3. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    701
    Сакам да кажам...

    Why is everybody so obsessed
    Money can't buy us happiness
    Can we all slow down and enjoy right now
    Guarantee we'll be feeling Alright.

    Ете ова,баш ова сакам да го кажам. :)
    Парите се потрошно средство,најдете нешто што ќе го чувате и ќе ве исполнува цел живот :*
     
    На teddybear и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    СДК многу често читам по темиве некој ќе пише 'смајли што се крсти' така да мислам дека е редно време да патентираме едно :lol:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Изгледа ќе треба да почнам по 2-3 пати да прочитам нечие мислење па да реплицирам :D
    Се нешто погрешно ќе разберам :drunk:

    И да си редактирам...

    Ауф ама грозен ацетон сум купила. Лакот не се брише туку се размачкува по цели прсти :fubar: , некој да ми ги види ќе рече оваа уште сега ги вапцала јајцата за велигден :lol:

    И уште едно: Денес скролајте ме :!:
     
  6. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    701
    Сакам да кажам...

    Па редно е,Бог знае колку пати се имам прекрстено на улица и пред компјутер,колку ни пред икона :D
     
    На Nika666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
  8. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум пресреќнаааа!!!! Можам да се пофалам со мојата 4та тетоважа, која што изгледа феноменаалнноооо!!! Господ здравје да и даде на Емилија Пендева!!!!! <3 <3 <3
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    6.361
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ептен ми пријаше коментарот од типот што не го познавам, многу е поубав филингот кога некој што не те знае лично, уз минување во случајов гласно прокоментира за мене со нагласено тоа на средина, да бе, па јас бев на средина :D (и не беше дофрлање од онај тип, туку гласно размислување типов обраќајки им се на другариве, изгледаше не мареше дали ќе слушниме, изгледа сакал да слушнам :lol: )
    Ихх, се осеќав ко Шехерезада во Србија, абе да си паднеш во несвест просто
    поздрав за непознатиот дечко со кој се узминавме денеска и фала ти што ми ја дигна дополнително самодовербата . ;)
     
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Здраво јас сум Бичд и се чувствувам како цел свет да ми се срушил.

    Многу лошо се координираме со Марфи.
    Marphy...son of a bitch !

    Да , веќе сум обичен смртник кој го почна денот со насмевка..и после го продолжи со солзи.
    Рекреативно плачам , фак.
    Ме обзеде мислата дека животот е кучка , а не плажа.
    Е ќе плачам , ќе плачам , ќе плачам..и намерно ќе ја пуштам најтажната песна и ќе продолжам да плачам.
    :(

    Ќе бидам контрадикторна на сите мои тези,докази,ставови,замисли,одлуки.Ќе ги мразам сите што ги сакам и обратно.

    Останате вие на иста фрекфенција , здрави , живи , насмеани , заљубени.
     
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк дека до екскурзијата ни останаа уште 5 дена едвај чекам да дојде среда........Се надевам дека ќе си поминеме најубаво 8)
     
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    6.913
    Сакам да кажам...

    јес јес јес јес јессссссссс !!!
    неможам да опишам која радост ја чуствувам во моментов , вакво нешто само мене мо=е да ми се случи !!! дефинитивно !! :D добив повеќе пари од предвиденото за на екскурзија , тестот по хемија ми го прегледа уште одма одкако го направив 5 ка ми е , татко ми ми ги купи патиките што ги сакав без да знам
    што би можела друуго да посакам ? :)
    Ви посакувам и на вас вакви изненадувања , да бидете среќни и запонете дека кога ја носите насмевката од шеска до шеска сте многу поубави ! Зграпчете го денот мачиња :*
     
    На FBI и Tinker-Bell им се допаѓа ова.
  13. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК дека Ве читам повеќе од месец дена и дека сте прекрасни :clap:

    Никогаш не помислував дека споделувањето на едно (не)обично секојдневие и доживување може да биде уметност и дека читателот на моменти толку многу ќе се насмее :D :D

    Најискрено Ви благодарам за сите насмевки што ми ги приредивте со вашите креативни и необични постови :bow: Некои од Вас имаат способност со зборовите, знаците и смајлињата да го изразат секое свое чувство до најситен детал, секоја своја мисла, воздишка ... Не сум знаел дека сето тоа е можно само со зборови...

    СДК дека на најголем дел од Вашите постови сум кликнувал „Ми се допаѓа“, за да Ви кажам дека сте ме „погодиле“, дека сте биле оригинални, забавни, посебни, искрени, дрски, и најважно од се, свои и вистинити. Понекогаш сум Ве прочитувал без да кликнам „Ми се допаѓа“, не знаејќи како ќе ме сфатите или затоа што сум сметал дека тоа треба да остане само Ваше, приватно, интимно, тајно...

    СДК дека и понатаму ќе Ве читам и ќе се смееам :lol:
     
    На 1209, Elenuskaa, Gea и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Бипи Код
    Добив инспирација... не,не, чекај одново.
    Бипи Код
    Добив желба... подобро е нели?
    Епа да.
    Добив желба да напишам повеќе реда празни мисли,неускладени реченици уз тивка музика, да ме релаксира. На пример оваа речиница збор со збор нема никакво значење, да речиме дека е независно сложена реченица.
    А,зошто воопшто е важно каква реченица сум напишала?
    Не е важно и незнам зошто ги напишав овие зборови што моментално ги пишувам, бидејќи се исто онолку неважни како и претходните мои реченици.
    Несвесно ова беше еден квази воведен дел,каде што апсолутно ништо не предвестувам за што мислам да пишувам понатаму.
    А,знаеш зошто е така? Затоа што не мислам што ќе пишувам понатаму.. само пишувам.
    Можеби тоа "повеќе реда празни мисли" те асоцираше на тоа дека моево "сакам да кажам" е само едно изгубено време на читателот и едно пополнато досадно време на авторот.
    Ништо не е креативно, но сакав да напишам.

    Можеби за промена добро е да знаеш како ми помина денов. -Сончево.
    Ете така ми помина.
    Фустанот си го средив. Можеби тоа беше најважната работа денес.
    Но, дефинитивно најдобрата работа ми беше смислувањето на "еден ден кога ќе ми падне во раце елоквентниот господин". Тогаш сакам да има голем пожар,а јас да сум единствената што е во можност да го спаси. Тогаш ќе ја активирам човечната нечовечност во мене и гласно ќе му се смеам и ќе го гледам како гори жив.
    Хардкор сум по душа за вакви работи, шта чеш.
    И животот да ми зависи од тој човек, не се погазувам себе си. Неговите услуги ми се толку непотребни, исто колку што е сосема непотребно да те направи да се чувстуваш виновен затоа што твојот татко не му е познаник или виден човек.
    Епа после ај не речи дека парите не го вртат светот.
    Парите толку многу го вртат светот, што го отпревртија.
    Додека јас ја смислувам наредната реченица,која не е во план да дојди, се мислам што да им направам на моите си мизерни 2000.
    Толку многу работи,толку малку пари. Ах дошла ето ја.
    Мојот свет не се врти, само џебовите ми се отпревртени.
    Но знаеш, мислам дека сонцето ми даде енергија и внатрешна исполнетост.
    Навистина се чувстувам исполнето во себе, со сета своја напнатост и стрес.
    Глупаво ќе биде да ти речам сега дека не се грижам.
    Ќе те излажам.
    Се грижам и те како. Не сакам главоболки пред спиење и црни мисли,а ме мрзи да се папсам од умор за да заспијам ко бебе на цицка.
    Ете ти споив три неквалитетни мисли,креативни колку хуморот на Англичанец.
    Љубовта..
    ах љубовта.
    Зошто на пример сега кога спомнав љубов, одма мора да асоцира на дечко?
    Љубов може да ти биде и компјутерот.
    Но,јас не љубам ништо толку на светов,колку моите мисли и моментот.
    Моментот кој ме убива.
    Моментот кој ме оживува.
    Моментот кој ме смее.
    Моментот кој ме расплакува.
    Моментот кој ме прави среќна.
    Моментот кој ме прави тажна.
    Моментот кој ме прави депресивна.
    Моментот кој го живеам во моментов.
    Некогаш ќе жалам за ова неправилно искористено време,ама верувај ти драг читателу ако воопшто постоиш, повеќе ќе жалиш што воопшто си одвоил неколку минути од твојот живот за да го прочиташ ова срање.
    Сепак за крај ќе ја искористам опцијата повеќе смајлиња кои после долго време конечно ја забележав,при пишувањето на оваа тема.
    Ќе си одберам неколку интересни.
    Ц..
    немало такво интересно смајли или па мене сега ми е све досадно и монотоно.
    Еве ти едно интересно [​IMG] и уште едно [​IMG]
    Иста сум ко Хаус.
    Само што јас сум реална и немам толку знаење како него.

    Бипи Код биди ми поздравен.
    А, исто така и ти драг читателу што си го прочитал ова.
    Те поздравувам со песната што ми е на рипит додека го пишував ова некреативно копиљачко срање во депресивно стање.
    http://www.youtube.com/watch?v=l2ts7XNMhCY
     
    На FBI, Theodora, Mandarinna88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека пак ќе ве дружам на форумот после немањето на нет повеќе од 1 месец... и секако среќна сум што ќе бидам пак дел од фемина :inlove:
     
  16. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    СДК среќнааа сууум си ја најдов книгата што ја барам веќе незнам колку време и сега одма почнувам да ја читааам :inlove:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    2.482
    Сакам да кажам...

    сдк дека го мразам Штип со сето мое се !!!
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам .... Ма сакам јас нов дечко .... :D Ама кој го знае каде ме чека :D

    И сакам да кажам до сега играв топка скокав како будала со децава од улица ... а сега ќе си ги исполнам моите планови за уживање вечерва ... почнувајќи од купка, па книга па филм па дрн мрн прн ...

    Расположение менувам на две секунди ... можеби после ќе плачам :D

    И да бе да заборавив викендов си споив ... не одам на факултет утре :lol: Ма ајде тој на мене живци ќе ми вади. Нека види како е без мене :wasntme:
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.471
    Допаѓања:
    68.874
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Нека кине малку факултетот живци што тебе те нема :lol:
    СДК ние изгледа ќе се селиме, ќе си бараме друго станче со подобра локација. Ама не е битно, каде е он таму е и мојот дом :inlove:
    Се што сум му кажала дека ми смета, свесно или несвесно, го смени. Толку се труди... Ах со што ли јас заслужив ваков маж...
     
    На Neytiri, la-chicka, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.104
    Сакам да кажам...

    Љубам кога домот ми е црвен од љубов. Каква смешна реченица :)

    Слушам Џез фм, пијам чај од брусница, исплакав еден куп солзи од срцето и знаеш што?
    Вчера си добив веренички прстен направен од фискална сметка.
    О, колку креативен маж крај себе имам!
    Па, и никогаш и не било поинаку.

    Инфекцијата на уринарен тракт се смирува кога си дома во сопствениот кревет, безбеден од сиот свет. Ја сонував вујна ми - отидов да ја посетам во нејзиниот вечен дом.
    Чисто сонце, бликнат живот, и полна ако не и болна тишина.
    Утре одам на дополнителна среќа, а потоа во Маврово на малку воздух.
    Гушкам со се раце и нозе, како бубалка.
     
    На FBI, Wild.Child и Ema.Sk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.