Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК понекогаш дури ми е чудно колку на моменти можам да бидам bitchy, па макар и да ми е криво отпосле за тоа што сум направила. Е сега навистина претерав :tmi:
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    СДК заминувам да учам, колоквиуми се ближат, испити се нижат, always Coca - Cola. ;)
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК аман од секретаркава која на секоја недела вели „Немате доволно кредит за да го завршите разговорот“.
    Аман од тоа што го заборавив мобилниот дома.
    Аман од тоа што цела недела чекам важен повик и токму кога ѕвонеле не сум го земала телефонот. :fubar:
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Сакам да кажам...

    СДК има нешто посебно во песнава... Незнам што, ама како да ме враќа во некое време :)
    http://www.youtube.com/watch?v=1ousN_2Pi3w
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ме немаше подолго време ама ве читкав чат пат... :)
    Miss you girls!! :*
     
    На mims-89 и 2468 им се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    На la-chicka, Go-Girl, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Животот во Скопје е многу скап. Премногу!
    Цените напумпани, луѓето уште повеќе. И после се чудам јас кога ќе ме снема на некој ден од тука, како секогаш излегувам во плус со пари.
    Е така, не плаќам 170 денари за сечен пијалок, и над 1500 денари за вечера за двајца. И кога не сум во Ск.се мислам дека сум Рокфелер пуна во џебовите. :x

    Сдк дека е прекрасно деновиве.
    Максимално си ја цицам енергијата, ама вреди секоја минута што ја поминувам надвор од дома. А и греотка е на времево дома да се седи.
    Што убавини имало низ земјава.... :wasntme:

    Едит: Секси, честитки за колата. Па здравје и ти да си ја возиш, па и кругче да не почастиш ;)
     
    На rossonerka, anastasija85, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Благодарам Старфиш, секако дека ќе ве провозам, не едно, десет кругчиња низ Скопје.
    Само ехеехеееее, бааги време треба да помине јас да ја возам :)
    Ај за две-три години ќе биде ;)
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.990
    Сакам да кажам...

    ...и така ви викам јас :rofl:
    упс всушност ништо ви немам кажано :$
    епа Гоу веќе не е студент има црно на бело дека заврши додипломски студии :wasntme:
    плус и плус се праксира сега, ај да не се правам важна ама деловна женска сум (привремено) :D туку тоа е добро за почеток ;)

    Ете така драги феминки, животот си тече, си ги реди коцките по некоја негова логика....ама не се жалам убаво ми е се додека сум здрава и жива и додека најблиските се околу мене АЈ ЕМ ХЕПИ :D

    Единствено делот кога треба да станам во 5.30 наутро е многу зае*ан :tmi: ....па пцујам сВе по список ама за 15-20 мин. поминува и тоа :rofl:
     
    На la-chicka, LivingGlam, Ema.Sk и 8 други им се допаѓа ова.
  10. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    723
  11. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК бев на шопинг без купување. И така ненамерно се заљубив. Пробав, видов, вкусив. Совршено ко за мене. Секако тоа беше љубов на прв поглед. Во штикли. И ќе ги купам, ќе ги купам и крај. Нема да ви се верува ама во еден битук ја видов и Мерлин. Таа беше. На блузата ја имаше. Не сум грешка. :P
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Денес бев во една парфимерија по шминки и видов еден штанд со брендот Essence...Цел асортиман на шминки(пудри, маскари, сјајеви за уста, кармини, моливчиња, тушеви за очи, коректори, руменила.....) Прекрасни се и многу квалитетни...Најскапата шминка е 300 денари... Си купив бронзено руменило за лице (ама без четка) за 205 денари, коректор со медена мат нијанса за под очи за 135 денари, моливче за уста - 95 денари, сенки 4 во едно пакување (бела, бронзена, сива и црна) за 215 ден...Инаку Германски бренд е и се прашувам цел ден зашто е толку ефтин..Во истата таа парфимерија цените се доста скапи, посебно на парфемите и се наоѓа на фрекфентно место... :^) :^) :^)
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    Девојки мои, многу сте биле активни. Браво! Јас сакав да кажам дека сум во еден убав период кога се работи за љубовта, другарството и пријателството, па и факултетот. Е сега нормално дека ги нема сите убавини, нема ни да ги има некогаш кај мене сите на број ама среќна сум после подолго време! Многу се гордеам со тоа што го имам... :inlove:
     
    На Hopeful и anastasija85 им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми ги пратија сликите од вчера и се прскам од смеење, сега сфаќам дека ги поставив рацете на еден шведски газ лол со гаќички напишано Шведска, и дека ги забележав парот кои маратонски се љубеа, се смеевме сите дека немаат воздух човече, и дека уште малку на лицето место ќе завршеа работа (сваштарии) :lol: . Убав ден, само прошетка низ градот ама сонцето беше мое, го сакав и тоа ме сакаше. Креативност многу ама немам соодветен модел за фотографии кои сакам да ги изложам во Белград аххх! Барем во Скопје ќе бидам зафатена со приватни фотосесии во 6 дена вухуууу радост. И нова тетоважа се надевам. Првата испадна топ, иницјалот на ќерка ми, ама на интересен начин, преминува во (не)лигава пеперутка. Се што ќе ставам на телово ќе биде поврзано само со нејзе. :rock: Леле иако немам љубов се осеќам заљубено бар за каратко во животот ласкав е со мене деновиве. :)
    Во прилог сликите од вчера хаха се извинувам за вулгарностите, ама мала шала хахах. Ве гушкам сите!
     

    Прикачени фајлови:

    • aman.jpg
      aman.jpg
      Големина на фајлот:
      19,5 KB
      Прегледи:
      160
    • ha!.jpg
      ha!.jpg
      Големина на фајлот:
      18,7 KB
      Прегледи:
      160
    На la-chicka, LivingGlam и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    H2О два молекули водород и еден кислород.
    Не само што дава живот и го продолжува,туку ми е најголема анти-стрес терапија што постои.
    Нема ништо посмирувачко од млазеви на оваа чудесна течност по релјефот на кожата.
    Па не за џабе сум водено знакче.
    Малите радости на секојдневиоте ми ја будат внатрешната насмевка.Сега ќе си посакам и чисти мисли :lol: ,вам ќе ви посакам преубава вечер и ќе ве читкам пак подоцна.Останете така ведри и кретивни и свежи како капки вода,кои на сонцето создаваат виножито на разнообразноста,бидејќи нашата разноликост,а потекло од исти хемиски споеви не прави толку исти,а сепак различни и во тоа е најголемото чудo на животот.
     
    На LivingGlam и teddybear им се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оф, ама досаден ден.
    А времево прекрасно, сонце бл'сти само јас дома.
    И си се чудам на паметов.
    Ај да не биде се црно, излегов воздух да ме фати.Си кружев низ населбава и бев забуљана ко неандрталка во списаниено О.К.И сфатив дека е мноогу глупаво.
    И како црешка(јаготка) на шлагот правам тест математика во понеделник а книга не отворив.

    Додека пак вчера беше сасвим друга прича.
    Си дремев у школо цел ден зашто бев дежурна на врата, и праќав на онаа од обезбедување песни, на претстава убаво се изнасмеав а да не зборам па за во автобус.
    И еден опуштен разговор на мсн послето.

    И вечер ќе си дремам дома, цела вечер на Фокс Лајф ќе си гледам.
    И тоа.
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    ооооооо Бу !!!! Би ју ... бај. сеедно.

    Од Септември одам пак на Италијански. Убрзан. Еднаш одев ама обврските ми надвиснаа и по пола година прекинав. Ама сега нема !!!!! Летово не сакам одмор. Сакам само да летам со авион ... До Италија. Претпоставувам ќе успеам да заштедам некои 50 евра и моите да ми дадат уште 200 за одмор и ќе одам.
    Ич не ми е гајле. Па и да е само на два дена.
    Никој не ме разбира ...
    Ама:
    Ја сакам Италија
    Сакам Италијанец за маж или некој што ја сака таа земја колку и јас
    Обожавам тестенини
    Го обожавам италијанскиот јазик
    Обожавам да готвам
    Сакам куќа во Италија, плац на мирно зелено место
    Сакам деца полна куќа баш во италија
    сакам да работам во Италија
    Сакам да шетам во Италија
    Сакам да излезам на тераса да си ја видам прекрасната Италијанска градина додека седам на Италијански стол и пијам кафе

    Сакам СЕ во Италија. Енд оф дискашн.

    Сакам Сакам и Сакам.
    Не знам како, но едно знам. Се што се сака се може.

    А јас ... тоа што го сакам ќе го имам. И онака во животот не знаеме што не чека.

    Премногу сакам ... Дали се наоѓа некој што ќе ме сфати ??? Или како по обичај дрндам безвезе а некој од страна ме гледа бледо. :D

    нема врска јас сакам. До сега се што сум сакала сум добила. Ова малку ги преминува сите граници но длабоко во мене знам ... и да не ми се исполни се што сум зацртала ( а нешто ми вика дека ќе ми се исполни ) ќе бидам пресреќна па само и да одам во таа земја и да го знам тој јазик.

    Чао сињоритас. Одам јас да сонувам. :D
     
    На 2468, HoneyBun, OzzyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.471
    Допаѓања:
    68.874
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК како и секоја друга вечер и оваа ќе си седам дома. Попив индиректно корпа прееска од една другарка, па немав намера да се понижувам :) И колку и да се трудам и да си ги потиснувам чувствата, факт е дека веќе сме изменети. Не се осеќам убаво со нив и очигледно чувството е взаемно. Тоа е, се менуваат луѓето, нови интереси изникнуваат, патиштата ни се разијдуваат...
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Сосема случајно фатив некоја специјална емисија на VH1 која ја води една од првите водителки на MTV во времето кога Ray Cokes беше главна фаца, кога му се палевме на Енрико и кога зборот виџеј беше ин. И сосема се воодушевив! Воскликнав!

    Прво што се собрани луѓе кои навистина е убаво човек да ги слуша како разговараат за музиката. Второ што емисијата е посветена на најдобрите албуми во историјата на музиката па паѓаат доста квалитетни, претежно рок парчиња. Трето што еден од гостите е и Huey од Fun Lovin' Criminals.
    А мене ми текна колку проклето многу го сакам човеков и колку многу се труев со нивната музика.

    Ме крева од столче ме тера да се смеам, дури онака манијачки.

    Музиката прави чуда. Буквално! А јас момциве ќе ги слушам вечерва затоа што баш ми се џуска на нешто старо, добро и рипкаво. Бујрум кој сака нека ми се придружи :) Патем има ли бе групава фанови на Фемина? :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=1AVTjHlRiP4

    Huey, а тебе сакам да те мужам. Ама одамна! :$
     
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК абе толку ме нервираат некои луѓе, што кај шо не смеам да ги пукам со вистински пиштол, ми иде со пиштолче на вода да ги испрскам :devil:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.