Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Сакам да кажам...

    Незнам дали е до денов,до периодов или до мене ама баш сум изгубена,по-тре-се-на онака баш па ни кафево не ми помага бре ццц :x
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.219
    Допаѓања:
    8.436
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    ех другарство големо беше тоа,па наследи грда пауза низа околности не убави шо мораше или не мораше да се случат па разделба,и ете по толку долг период пак настана некаква си комуникација која незнам дали ке продолжи или не ,но сдк дека феминки мои негувјте го другарството она што навистина знаеете дека вреди и аако дојди до помала кавга или едноставно недоразбирање веднаш казете го своето расчистете и гледај те да спасите тоа шо можите затоа што сите грешиме но во денешно време малку се лугето со вредат да останат покрај вас и на некој си начин да заборавите или барем да се трудите да ги заборавите неубавите работи
     
    На teddybear, TheCandy880, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Утро-енергично.
    Попладне-инкогните.
    Вечера-lost in space.
    Дали местово ме променува? Луѓето? Се одвикнав од оваа атмосфера, се навикнав на свеки. Каква е, таква е, моја си е :D .
    Не припаѓам повеќе овде, не е ова мој дом. Овде сум веќе гост.
    Моја соба? Мој компјутер? Мој кревет?
    НЕ!
    Овде немам ништо мое повеќе.

    Зошто намуртеност? Зошто тага? Зошто овие солзи?


    Еј, будалче, не грижи се, се ќе помине во најдобар ред.
     
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Сакам да кажам...

    СДК дека изгледа иам некаков проблем со себе :(
    Ма неможам да ја тргнам грутката што ми стои....ме гуши...ми доаѓа да се расплачам а неможам...не знам зошто.
    Колку би сакала да сум на некое отворено место со некоја личност пред која ќе можам да се исплачам убаво... :(
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека искрено не знам ни веќе што да кажам. :x
    И да кажев нешто ќе беше многу депресивно. Пробав да учам, ама не оди. Најверојатно утре ќе си имам една фина единица, да штрчи во графа. Најдобро ми е да си легнам и да престанам да ширам негативна енергија.
    Не памтам кога последен пат работа што сум ја почнала сум ја завршила како што треба. :|
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.698
    Сакам да кажам...

    Полна чинија корнфлекс со суво овошје.
    Десерт : сладолед од кокос <3

    Ричард , господин Патор , Франсоа , Етјен и јас , како во старите добри времиња.
    Време е да си ги освежам спомените, кои никогаш не избледеле.
    http://www.youtube.com/watch?v=FAYHTES4whs

    Сакам да кажам уште многу егзотични работи , но ќе ги зачувам за утре..и за Тајланд. 8)

    Одам да чекам виза пред амбасада и да се спремам за животот на Плажата .

    :*: :f: :rain: :dance: :party: :sun:

    Да живее човечноста во човекот! Илија , издржи до крај :)
     
    На Phyramide и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.578
    Сакам да кажам...

    Во позадина ми оди Norah Jones,женава е како мелем за душа со едноставно совршените стихови полни со смирувачки ефекти.
    Ноќта е период кога добивам често чудни мисли ете сега конкретно размислувам за сенките.
    Како секој предмет го придружува сенка.Како верен сопатник,како безусловно послушен слуга на рамнодушниот кон него господар,како детаљ на приврзок,како нешто додатно,извесен суфицит присутен,а лесно и често занемарен.
    И како сенките од минатото именувани како спомени знаат да ни се инфилтрираат подмолно во сегашноста.
    И чудно како набљудувајќи ги моите прсти и фактот дека меѓу нив можат да се испреплетат нечии прсти ја прави осаменоста двојна и шолјата станува тажно осамена,стоејќи празна на масата,камо ли јас толку жива и со раздвижени мисли.Ионака осаменоста не е состојба,таа е повеќе вечен рефрен на животот,бидејќи човек е сам скоро секогаш,често и во толпа луѓе.
    Не,не сум тажна,само мракот ја наплаќа својата цена за убаво поминатиот ден полн светлина.А се‘ има своја цена.Градот полека тоне во мрак,безброј светлечки точки на хоризонтот,намалување на сите шумови и звуци,животот воглавно еден и ист со повремени бранувања и пак предавање на сонот и будење во нов ден со подновени усилби и верување во нешто со компаратив на почетокот.
    Добра ноќ!
     
    На Phyramide, Johny, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК она: "too much of everything is never enough" ептен е точно.
    Ми фали нешто што е штетно за мојов организам. И ај сега...
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    утре по кој знае кој пат на интервју за работно место-ми се смачи веке :puke: (најдобро да си испринтам неколку св а па да ги делам онака, како што тргнала работава :D )
    се надевам оти ке испдне се како што треба,и дека ке ве вработи сопственичката-која ми се јави пред малку(а требаше да ми се јави од понеделник, ама ете побрзала :)

    држете ми срека феминки
    :) ке ми треба :!:
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.824
    Сакам да кажам...

    Колку е прекрасно чуството да се сфати дека и после толку многу години, сеуште се покрај нас пријателите со кои сме седеле во иста клупа во средно или сме си играле жмурка пред зграда. Пријателство за цел живот!
    Колку е прекрасно некој да ти пише - едвај чекам да дојде денот кога повторно ќе те видам. Или истото пишано од моја страна да биде примено со восклик. Животот на некој начин не раздели. Секоја од нас на друга страна, по свои патишта но кога и да се видиме повторно се чуствуваме како да имаме само 15. Или 20. И ништо не е променето, пак сме истите тие, со истите карактери, истата смеа, истата бранова должина. Побогу, сме делеле заедно се а тајната беше само мисловна именка. Сме знаеле за првите дечковци, првите болни раскинувања, првите порази, првите успеси. Сме се радувале заедно една за друга, сме плачеле една со друга. Сме поминале преку болести, тешки загуби, тешки борби кои на крај не не кутнале. Сме се карале за глупости, сме кажувале сурово вистина во фаца и никогаш не сме се навредиле. Знаеме како дишеме, како размислуваме, каков број на чевли носиме.

    Јас сум благодарна за тие неколку фаци што ги имам во мојот живот и што можам да ги наречам - пријатели. И прекрасно е да се имаат и да се ценат! Едвај чекам повторно да ги видам и да им ги згмечам обравчињата со по еден пријателски бакнеж.

    Girls re-united! И секако по некој boy :) Ги сакам, ги имам, и погледнувам нагоре и шепнувам - благодарам :)
    На крајот на краиштата, сами не можеме во овој свет. После семејството тука се пријателите. И нитуеден километар не го променил статусот - пријателство, ниту пак не оддалечил бидејќи сме поблиску од кога и да е! А јас вечерва повторно сфатив по не знам кој пат дека не сум ги изгубила. Напротив, ги имам повеќе од кога и да е, и тие мене. По патот со облаците, или без нив, не е битно. Битно е дека животот со вакви пријатели е прекрасен а јас понизно правам :bow:
     
    На Theodora, LivingGlam, sweetheart10 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=CD2LRROp ... re=related

    1,913,015 dislikes

    Искрено, да е девојчево сега до мене, ќе му дадам една фина, пријателска гушка, полна сочуство... :$

    Уште 23 минути си е недела, утре е понеделник, а вторник си иде по него... :rock:

    Едит: 1,913,075 dislikes, +60 откако почнав да го пишувам постов... Awww... :hug:
     
    На FBI, mims-89, Whatsername и 4 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Знаете, кога едно нешто почнува еден ден и трае неколку наредни, велите минливо е, се поминало ќе помине и тоа. Но, деновите се нанижале во недели, неделите во ѓердан месеци и веќе забележувате дека тоа е дел од вас, пак како на свое милениче му давате име, ти си период му велам. Но, периодот расте. Достигна и до мојава глава, по што наеднаш се извиши дотолку, што да не претерам, но неколку глави над мене стана. И си велам, ова е твојот роденден Периоду мој. А, бидејќи толку долго ти ме трпеше мене, ќе те прекрстам со поубаво име. Отсега, ти ќе си ситуација. Ти доликува сосем на твојата возраст. И повторно време одмина, кога забележав дека Ситуација некако ми се гужва, се тутка, си ја ведне тоа главичката, та дури и ми се пожали на крајот. Ми вели, никако да пораснам, никако да станам помал, и не знам што сакам, ко' в ќоше да сум турнат.
    Ах, си велам, тебе можеби името не ти одговара. Ново име ти треба. И, овој пат во статус кво си го прекрстив. Ем, убавоименце за сите да ми те приметат, ем нема да се чувствуваш дека се криеш зад моиве секогаш среќни очи и насмевка. Уште толку се подруживме со Статус кво и сега веќе му ветив дека ќе му дадам пак јас ново име нему, чунки го навикнав да си е во тренд со модата, и зашто да не си велам, сосема му прилега. Но, овој пат, безнадежност ќе биде... само ќе почекам уште малку да мине па ќе го изненадам.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК ги мразам овие ноќи кога....... уф, зае*и не можам! :doh:
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека му раскинав... се` беше смирено, со разбирање, како луѓе...
    Мислам дека постпапив правилно, но го сакам... ама кога не иде, не иде...
    едит: не било доволно само да се сакаат двајца... :(
    И СЕА ШТО ПОНАТАКА???
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.471
    Допаѓања:
    68.874
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што понатаму? Сега си слободна, ќе си бркаш други, ќе си флертуваш, ќе си уживаш во слободата некое време додека пак не те фати некој друг :) На секој период треба да се гледа со уживање, да ги бараме добрите работи насекаде...
    (Ова е Рејнбоу ин хр хепи плејс :rofl: )
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Eте така, и не заборавај, трипати дневно Friday, насабајле, пред ручек и пред спиење, ќе ти направи чуда на харизмата. :D

    ПС. А доколку сме сериозни, само една реченица... Си имала живот пред него, ќе имаш и ПО него.
    Ајде, нека е со лесно работата. :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Сакам да кажам...

    Добар избор на книга. ;)

    Иначе, јас Сдк, дека се осеќам ко сираче. Покрај се' уште тоа ми требаше. Татко ми еве 5ти ден кај што е неподвижен, мајка ми утре оди на операција. Брат ми не може глава да крене од учење. Сама сум и не знам по кој пат да тргнам. Не знам ни кој ми кажува искрено, кој ме лаже, а кој само ме сожалува. Пробав денеска да си ги избистрам мислите, на чист воздух, сама.. Јок, не оди. Колку и да пробувам да размислувам позитивно, негативната енергија, како коштрева длабоко ми се всадила во душава. Колку и да пробувам да ја искорнам, повторно се наголемува, расте, расте. До бескрај.

    А вие феминки, имајте си убава вечер, уживајте во тоа што го имате и не дозволувајте магијата да исчезне! :*
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, моите способности за фарбање се рамни на нула. Или влезени во минус сеедно. Се испошлакав ... Битно моите родители кои треба да ми се некаква си ПОДДРШКА ... ми се згазија од смеење. Е што бе па не е толку лошооооо ... :^) А па тоа едно дете од улицава ми застанало под тераса и туку ми вика хахахаха ти течееее хахахахаха ти течееее и јас доброоо така треба ... и туку тоа ќе сврти еден круг и пак е леле сега од таму ти тече. Ууууу како не замавнав со тоа четката :D Се шалам и јас се смеев цело време. Битно после морав да рибам. И длабока генералка да правам а мајка ми со мерак растрчуваше со мене ... Ма цркната сум. Со право брат ми ми вика ти си будала. Го сфаќам потполно.
    Татко ми па чукнатиот ми вика не оди така како истепана ( цела сум исфарбана ) и човекот тргна бензин да купи да ме полева. И јас му викам браво. Уште и цигарче запали додека ме бањаш со бензин и да завршиме работа. И додадов бар ќе немаш трошоци за погреб. Кога ми ја удри една заушка мислам 15 секунди се освестував :D Добро не беше толку јака ама пораката беше јасна. :D
    не е битно многу раздолжив ... ама битно е ... ви ветувам кога ќе имам маж и ми рече жено фарбај и јас ако земам да фарбам и да ми се смее под хитно ќе започнам бракоразводна постапка. Или ќе си викнам убав комшија да фарба место мене :wasntme:

    И сдк се чисто и средено ама една мува мир не ми дава бре. и тепајќи се со мувата отидоа две слики, папагалот подиве, перниците на 16 страни и ете ти пак ршум. И мајка ми утре ќе ми рече дете вчера чистеше ... Па чистев бе мамо ама мувата е крива. и ај докажете и :D

    Денес многу дрдорам. Можеби приметувате. Ама што си имам право. Цел ден рмбам, па и 3 пати се бањав. Т.е на косава и дојдоа 7 миења пошто сум суперталенат ... и ете сега ми е како сено. Кој е крив ???? Трајко комшијата сигурно НЕ. Јс сум крива бре. За се јас.

    Дефинитивно морам да си најдам другарка адвокат. Постојано ќе има работа со мене :D

    Ајт останете ми со здравје. ЈАс утре треба да правам екскурзии низ Скопјево. А поим немам ни како ни каде треба да стигнам. Ич не ми е гајле. верувам во моите извиднички способности. Кога сум кај способностите, ми гледа другарка на кафе и ми вика или имаш добиено или си расеана ... епа гордо изјавувам јас се сносам со двете Зла. И имам добиено и сум расеана. Ама тоа не е новост. :)

    Тотално се извинувам ако го читавте уште пототално безвредниов пост. Ама така ми дојде да си изнакажам.
    И кога веќе сте стигнале до тука еве ви една гушка. :hug: Да си знаете дека уште ве сакам :D
     
    На Theodora, Monna.Monna, FBI и 5 други им се допаѓа ова.
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    5.454
    Сакам да кажам...

    сдк дека денешниов ден го посветувам на фемина и мојата активност од една година. Морам да признам дека за оваа една година со вас ги споделив најсеќните мигови но не изостануваа и најтажните. Во вас пронајдов вистински личности секогаш спремни да помогнете, да бидете тука за мене во секој миг од денот. Во ниеден момент не се каам ни за една минута помината на фемина.... Мислам дека попријатно катче за дружење немаше ни да најдам. Ви благодарам на сите што се дружиме една година и се надевам дека ќе продолжиме и понатаму. Во чест на мојата една годишна активност
    [​IMG]
     
    На Gordana10, LivingGlam, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.