Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Сакам да кажам...

    СДК преку половиов орган од комбинирање на тие 3 партали што ги имам. Преку полов орган од алиштата што ги гледам по бутиците и лиги ми течат. Преку полов орган кога ќе видам некоја никаква облечена по последна мода од глава до пети! Завидувам да, завидувам и криво ми е. |(
     
    На Monna.Monna, karina8, LadyN и 3 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имам проблем со очите!
    Еве веќе 4 ден не можам да ги одлепам од убави дечки ^_^ До мене ли е, до нив ли е? Ама никнаа како пролетни кокичиња и сега насекаде ги има, ме ставаат во искушение, ми течат лиги.... Ми се разбудил некој нагон, мајке ми, не можам мисливе да ги тргнам од безобразности. :$

    А никна и материјал за учење. Ме демнее од сите страни. Но, јас како прав студент немам време да се посветам на материјалот, туку на вонфакултетските обврски, како што се дебата клубовите, кафињата, филмовите, книгите, а сето тоа мора да се заврши со добар сон, нормално. Како да учам ако не сум наспана? Како да учам без испиено кафе? Не иде, де.

    Деновиве сум пасивен посетител на форумов, главава ми мисли на едно нешто, шта ќеш, плодна сезона. Останете ми со здравје, а богами и со нови книги под рака.
    А во меѓувреме, јас ќе си цветам како јоргованот пред зграда :f:
     
    На FBI, Phyramide, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.559
    Сакам да кажам...

    Осеќам некоја глобална состојба на ПМС и раздразливост на форумов.

    [​IMG]
     
    На teddybear и Lilit им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.276
    Допаѓања:
    168.134
    Сакам да кажам...

    Сдк - јас имам живот и пијам кафе под расцветаната вишна уз милозвучниот пев на врапците,додека ги гледам штрковите како и оваа пролет се вгнездуваат во ланските седала,додека ветерот нежно ми ја пирка косата и ми го гали лицето,а жалните врби тивко подпевнуваат,животот е убав,животот е убав,а гласниците дополнуваат,живеј го,живеј го,а јас зимам голтка од кафето,ја задржувам во устата,ми горчи,ме жеже у пм,паралелно длабоко вдишувам и го чувствувам мирисот на сеуште нерасцутените багреми и липи и помислувам,леле колку имам за перење или на неговата подрасната брада од три дена,па ми оди ВРУЌИНА во срцево од овој прекрасен и исполнет живот,додека Гадафи тера (не)правда на другата страна во светот,сепак велам,секое лошо за добро е,еднаш се живее,нек пукну душмани,комшикана испрала вешот гледам.
    Игнорирајте.Тенќју.
     
    На Johny, Offspring, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Дељам лајкови 3 за 100.
    Ајмо женки, поволно, тука тука!!! [​IMG]

    Кој нејке лајк, еве му кафе [​IMG].

    Ма расположена сум, хајмо да се стискамо.[​IMG]
     
    На Theodora, Neytiri, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк неколку непланирани промени денес ми го разведрија денот ептен..
    Станав денес и си ветив денес 100% позитивна и така е,барем до сега а до вечер ќе видиме :)


    Две нови книги за читање охооо јеаа па ова се чекаше..
    Слобоно време за читање ...."Страв и трепет"-Амели Нотомб и "Страстите на душата"-Рене Декарт :) големи очекувања имам за книгиве па ќе видам што ќе биде :?: :)

    Се на се` убав вторник по долго време!
    Останете ми поздравени :*
     
    На Marilyn-Monroe и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    СДК пријатно сум изненадена од цимерката. Денес беше на саемот и знае дека премногу читам и обожавам книги, ми купила една :wasntme: но се разочарав што ги немало тие што јас и ги порачав :( , но како и да е сепак задоволна сум
     
  8. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    831
    Сакам да кажам...

    Се цитирав, и пишувам само за да кажам една убава, убава вест.. :sun:

    Уште едно дете се роди во нашата сончева Македонија - малото машко бебе на мојата класна :sun:

    Нека и е живо и здраво .. :hug:
     
    На baguf4e и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    Деца, деца, ќе не папа Баба Меца! :P

    Овај јас... :$ откако пролеав една кофа солзи поради вечните неправди и вицот наречен живот, се измарсулавив и распекмезив како некое креле, ненадејно добив повик во кој ме информираа дека ми праќаат нешто ситно :$ да си купам некое книгиче.

    И повикот дојде ни помалку, ниту повеќе, туку од мојот бивш дечко.
    Фин момак.

    Секако, морав да го натерам да ми вети дека ова ќе е само заем, но по кој знае кој пат животот ме учи дека некогаш раката за поддршка може да биде некоја која сте ја тегнеле за плетенки во основно, комшијата кој не си мие редовно заби или - пријател за цел живот , кој одамна по грешка сте го смешале со boyfriend material.

    Ете баш така.
    Саему на книгата - here I come. :)
     
    На Neytiri, baguf4e, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.015
    Сакам да кажам...

    СДК ја видов Лакримоса во Велес, пу јзк не ми кажала дека ќе доаѓа! Ама срам ми беше да и се појавам, дека со дечко и беше :tmi:
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

     
    На senza.parole и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    92.255
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Среќна сум, блескам, а и со цветичи сум цела :lol: Не е толку важно, си дојде дечко ми, добив еден убав страсен бакнеж, а потоа флертување со момакот од минатата недела :$ :rofl:
    Добив на подарок прстен и две нараквици од пријателка на мајка ми и преубави се.
    Утре треба да одам на частенка, брат му на дечко ми ќе части, а врска немам за што :$
    И така, убав ден :inlove:
    А да заборавив некако многу ми е штур саемов на книга, ама може до мене е. Имам уште неколку книги на список ама тие неделава.
     
    На skyAngel, 2468, TheCandy880 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Добро бе мајка му стара, само јас сум ненормална, или стварно има луѓе какви што видов денес на најпознатата музичка (ПАЗИ МУЗИЧКА) телевизија Ем Ти Ви?

    Собрани кај една колешка, оставен телевизорот на каналов и гледам некоја емисија 16 и трудна, така некако беше... Се зачудив како може искрено она да се дава на телевизија... Девојче останало трудно на 16 години, па како таа ништо не се каела, како била спремна да стане млада мајка, а тој нејзиниот уште не научил гаќите да си ги крени, татко ќе бил. Детето ќе го сакале, затоа што таа уште од мала си играла со кукли (?! ?! ?! ?!)... Останав без текст, како може она да се емитува не ми е јасно, ја прашуваат кога го имаше првиот однос и типкава уште да се чукне по гради како Тарзан и да се раздере АууОоуУууууу вика на 13... И ај после? Она мали деца го гледаат, па после остануваат трудни на 15,16 години... Бог да чува и да брани...

    Потоа како да не беше ова доволно, почна една емисија, во која "мажов" (ако е маж оној јас телетабис сум) на 17 годишна возраст има 2 девојки, и не можел да се одлучи која ја сака, па двете ги вика дома, да седат заедно, па со помош на домашните да одбереле која женска повеќе му одговара (Исто пак сум во фацава вака ---> ?! ?! ?!). Ај девојкиве што се нафатиле тоа да го трпат, па уште беа тестирани од сестрите на овој, како играле (оти ако не играле убаво не смееле да бидат со него, за да не ги срамеле кога ќе излезе заедно во диско)... Па спиеја на земја, ама битно песот од сестрата спиеше на кревет. Освен тоа се расправаат како некои кокошки која била подобра, едната вика јас сум подобра оти немам тетоважи а другава вика јас сум подобра оти си го имам истетовирано ликот на срамните усни на газот...

    И сето ова оди на програма која носи име музичка програма... Не знам кој она го гледа навистина, знам вкусови се во прашање, ама за она да го гледаш треба стварно да немаш вкус...

    СмајлиШтоСеКрсти едно 25245252524 пати... :x :x :x
     
    На Monna.Monna, Phyramide, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.534
    Допаѓања:
    69.364
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК не знам каде им е почитта на денешниве девојки. Не ми е јасно. Зошто бе, зошто некоја убава девојка се ака со женет маж? Зошто нема почит прво спрема себеси, а потоа и кон семејството како институција? Кое е задоволството да растуриш нечиј тешко граден брак? Па среќа не се гради врз туѓата несреќа. Не можам да ви опишам колку сум изреволтирана. Не станува збор за изгубени тинејџерки, станува збор за изградени личности... А можеби и не биле толку изградени... Не знам веќе...
     
    На 2468, senza.parole, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    СДК дека се испокарав со татко ми, ама ич не ми е гајле. |( Ко детенце се заиграл со компјутерот, па и појма нема и чепка секаде, после он од вируси нека го чисти. :^) YOU WON, YOU WON. Како па да не. |(
    Само се чудам кој ќе ги слуша идната недела после родителска. Уф, напнати се многу. Сама понекогаш не можам да си се трпам, нека ме сфатат малку. |(
    Цел ден имам некоја гадна температура, ни ваму - ни таму, ќе поцркам. |(
    И јас па се чудам што е тапа денов - ВТОРНИК, стандард. |(
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК малку нешто ќе претерам и одма почнува да боли нешто. Едно кафиште мало ама појако испив и ете ме сега вода не можам да се изнапијам. Малку повеќе да се најадам, ќе боли стомак цел ден. Една чаша сок да испијам 10 пати ќе одам во вц (малку не ми е јасно ова ам ај)
    Не ми е лесно и мене :^) :D
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Можам слободно да кажам дека седам на тераса и уживам. Гледам еден гулаб како слета на жица. Се прашувам дали и тој си има свои маки и проблеми. Од терасава се можам да видам, кој кај оди, кој кога оди во продавница како некоја бабичка. Седам со песнава на рипит
    http://www.youtube.com/watch?v=D2U0h6ogo3Y
    и ... не знам ... ми капнува по некоја солза, па насмевка. размислувам за животот, за љубовта, за себеси, за светот ... за се општо. Во зависност од тоа на што мислам таква гримаса имам на лицето. Го гледам сонцето како заоѓа и како ги шара облаците. Глетката е преубава а многу е можно да го дочекам пак да изгрее. Некако на срцето ми е убаво ... Немам некоја посебна причина. Ама сакам да сум благодарна за тоа што имам ... и сум. Можеби понекогаш ме фаќа некоја меланхолија ама ... се поминува ... насмевка на лицето пак ќе се појави. дали сега или попосле. признавам ... чуден човек сум ... или сум само обичен човек со чудни навики или мисли сеедно ... Можеби некој ќе се пронајде и ќе си рече и јас сум некогаш таква ... не се секирајте сосема сме во ред.
    и уште поискрено сакам да разговарам со психолог, или психијатар ... Тој е најдобар пријател. Можеш се да му кажеш, со сигурност ќе ти помогне - а на никој нема да каже.
    Тоа ти е. Живот. Или не гали или не гребе. :)
     
    На la-chicka, Phyramide и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Сакам да кажам...

    СДК денес бев хуманитарна! Колку убаво чувство, тоа е неверојатно.
    + Бев на аудиција за патронатот на школото, изгледа дека ќе ја пеам Someone like you !
    Убав ден. 8)
     
    На crazylady и teddybear им се допаѓа ова.
  19. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Сакам само да си ја одморам главата, да го пуштам мозокот на пасење.
    [​IMG]
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Многу мразам кога се нервирам за некои постапки на тотално небитни личности во мојот живот! Ама ете се нервирам и ми иде да ги упукам :@ Битно има его до плафон и друго мислење-спротивно на нивното не е важно, бидејќи нели, они се тие што се секогаш во право! Уффффф што ме фаќа мУка вака кога размислувам :envy:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.