Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    СДК ... љубомората не е добра опција, најмалку завидливоста.Мислам да ти е битен еден виртуелен форум во животот санќи од него ти зависи животот...тоа е неприфатливо бре луѓе!Ова е овде за забава, релаксирање, размена мислења итн итн. А не да се води конкурентен натпревар кој е главна фаца, а кој не.Немојте бре со вакви детски глупости...ве сметам за зрели и оформени карактери...И на крај како што милувате да кажете сите на крај од секој пост...ГЕТ А ЛАЈФ!

    П.С. Ако некој се пронајде не ми е гајле...мислам дека претерано ниско е да се барате во секој пост...освен ако навистина се пронаоѓате себе во истиот.
     
    На marama, Theodora, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Сакам да кажам...

    сдк се е убаво во април :dance: :dance: :dance: :dance:
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Сакам да кажам...

    СДК дека хороскопов се ми погодува бре..... Види ти то. Од сега само по него ќе се раководам. :D

    А и СДК девојки без нервози и расправии ве молам. Останете ми убави, паметни и разумни како секогаш. :*
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сакам да кажам...

    Девојки, мајки, жени......внимавајте со зеленчукот кој го конзумирате. Избегнувајте марули и други видови на зеленчуци кои се растени на отворено (без заштита од фолија).
    Вчера слушнав дека дождовите во последниов период носат радиоктивност во себе, но кај нас не е објавено, за да не се крене паника!!!
     
    На lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК еднаш заминав од форумот на неколку месеци поради некои работи ( и не само од форумот ни сајтот не сакав да го слушнам ) кои искрено не знам дали да ги наречам смешни или трагични, ДЕНЕС повторно си одам...И ќе се уклучувам само ако ми треба нешто да прашам и толку. КАСТРОФА !! Единственото и најискрено нешто што можам да ви го кажам е СРАМ ДА ВИ Е !!! :clap: :clap: :clap: И знам дека многу овде воопшто нема да ги заболи дали мене ќе ме има или ќе ме нема, баш поради тоа што не сум многу активна, а сум една од најстарите форумџивки, но без разлика дали мене ме има или нема треба да си го ставите прстот на главата дека го уништувате форумот. Пред скоро една година тоа беа некои други, а сега други, потоа ќе бидат трети и сето тоа форумот го прави место кое НЕ е пријатно за поминување на слободното време. А зошто ? Затоа што колку и да пишувате дека ќе продолжите како ништо да не било напнатоста секогаш останува да се чувствува. Многу, премногу ме разочаравте навистина не го очекував ова. Очекував дека како разумни личности ќе се воздржите од коментирање и од НАВЛЕГУВАЊЕ И ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ во караници, наместо да скокате како забавачиња. СРАМОТА !!

    И баш многу сакам да ви упатам еден поздрав и уште нешто ама ај ќе се воздржам.
     
    На FBI и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Да не погрешат во информациите, имајте разбирање и кон нив и презафатеноста им :) Пред некој ден ми имаа кажано дека во завод за вработување баш збрка имало на пример со податоците. Новите... луѓе што ги примиле успеале каша попара да направат, па кој избришан кој додаден плус стаж имал. :lol:

    Друго нешто, :) колега чија мајка починала пред повеќе од 10 години бидејќи заминува во пензија, за не знам си што му требала венчаница од мајка му. И се фино пошол и земал венчаница. Го проверил името, матичниот број се тоа било. Кога стасал дома видел дека мајка му е запишана дека се родила ден претходно :rofl: Старицата да била жива ќе имала 96 години хахахах така да нема шала давајте им се што бараат плус :) оставете тоа едношалтерски систем. Несигурна работа е тоа хахаххахахах
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    340
    Сакам да кажам...

    ^ Во котекст на горниов муабет, се е во ред се додека секоја критика се каже културно, аргументирано и без лични навреди. Целиот муабет паѓа во вода кога се почнува со лични навреди, се рипа, се контрира и се прави бош муабет.
    Форумов навистина треба да е пријатно место каде што секој од нас ќе си најде свое место, ќе си каже што му лежи, ќе си поздрави, ќе побара совет, ќе даде совет, можеби само ќе прочита некоја тема, ќе потепа време... И сето тоа е во ред, секој со своите интереси, мотиви и креатвност во искажувањето.
    Но, само едно е она кое смета, а можеби треба да се каже на малку по мек начин, а тоа е она често согласување и поддржување меѓу форумџиките на различни теми, иако за одредено прашање се нема ист став, а сепак се подддржува заради "пријателство"
    Мене не ми пречат ниту поздравите, ниту пофалбите ниту приватните офтопици, секогаш сум за тоа да се пофали она што навистина заслужува пофалба, единствено што ме демотивира да пишувам кога ќе забележам муабети од овој тип. Завист, или љубомора? Целов муабет нема врска.
    Ова го пишувам објективно, од страна, не бранам ничиј став, смешен ми е муабетов, само ме нервира што лош имиџ се прави за форумот.
     
    На Theodora, 2468, Dgirlll и 4 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.410
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Хмм сите се фативте за тоа од вчера... ете и јас дури сум била во некоја си група... башка ретко ме има на форумов, а и ретко коментирам на некоја конкретна тема... ама ме сместивте битно... како и да е, мене сите сте ми исти тука... и во реалноста сум таква, го гледам доброто во луѓето...
    Дај олабавете и левица и десница, како и да ги викате. не е битно тоа...
    Уживајте и не придавајте толкаво значење на некој си т.н. инцидент од вчера...
    Терајте си по свое и правете го тоа што ве прави среќни..
    Па нели научивте до сега дека сите ќе зборат за некого макар и да нема што да се збори, ама вие терајте си по ваше, тоа никој не може да ви го одземе....
    Такви сме си.. луѓе.... уживајте и пливајте и не правете дополнителни поделби на форумов...
    Јас ве сакам сите, кланови или не, индивидуалци или групи, тука сум за да ве читам и сум останала затоа што ми се допаднало тоа што сум го читала...

    Поздрав
    http://www.youtube.com/watch?v=r4p8qxGb ... re=related
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Сдк некои луѓе се без осет.
    Ако бидеш фин те прават будала, па го користат тоа.
    Ако им дадеш прст ти бараат цела рака.

    Епа од сега сум строга!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    81.890
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека на вакво убаво време не ми се учи...не, не, не и 10000 пати НЕ! :devil:
     
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    171
    Сакам да кажам...

    Сдк форумов зрачи со негативна енергија. Се изгуби онаа позитивна енергија.
    Можеби не контактирам со никоја од форумџиките лично но повеќето ми сте драги. Секоја е приказна за себе. Повеќе ве читам одколку што пишувам. Ете таква сум, подобро ми оди усното одколку писменото изразување. Ни во приватниот живот не му се упикувам на никого, па нема ни на форумов.
    Пишувате преубави постови, имате добри дебати и сакам да се врати стариот сјај на форумов. Од кого ќе учиме ние помалите ако не од вас? :)

    И сдк ме нервира облачново време. :worried:
     
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    СДК ХАЈДЕ ДА СЕ ВОЛИМОО :wasntme:
    Или барем ако баш некој не се "воли" нека си остане рамнодушен ;) Вака се отиде кај што не треба 8)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк замислете да се сите луѓе нормални! Колку е тоа незамисливо... дојде време кога некој е среќен кога некој ќе му каже дека е луд :)
    Ова е инспирирано од моето патешествие од дома до на работа... на што се човек не ќе наиде . Какви се луѓе има... ееее забегаа млади, стари , мажи, жени. Ајде доволно е јас ќе си останам приземјена ,мирна и вредна па ќе си ја гледам само мојата работа, така најубаво е ... Нема да му дозволам на никому да ми ја уништи позитивната енергија која ја поседувам . Од лично искуство , ако некому не можеш да помогнеш не одмагај :) Девојки, жени имајте убав ден и без нервози ... животот е еден и единствен нема реприза :hai:
     
    На figgiMK, anima, FBI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК
    дека незнам од кај мене ме сместивте во некоја од двете ,,групи,, кога за вчерашните случувања бев воздржана и не заземав страна :!: .
    Мене и Пирамитка и Офи ми се многу драги форумџики и нити сум за Пирамитка, а против Офи, ниту пак за Офи а против Пирамитка. Јас вчера се закачив само со Бичед, а пази богати сега сум во клан со неа :lol: Оу јеееее :D

    Апелирам да престанат да се пумпаат работите и од мравки да се прават слонови!
    И дај престанете со овие делења на групи вакви или онакви, со тие именувања демек имало кланови и слични ствари, зошто забегавте стварно. Секој нека си пишува каде сака, што сака, нека си поздравува кого сака, нека си постира слики во модни критики.... Доста со ограничувања, да оставиме секој да си се искаже на начин на кој сака да се искаже.

    Ако некој подржува мое мислење или јас подржувам нечие мислење не значи дека имаме клан. Ако е така, јас сум во клан со Есперанса, Лилит, Тања, Офи, Најубава, Џули, Дафне и др. во политика. Во клан сум со Бланка и Хипица во темите за спорт, Во клан сум со Пирамитка и Трендафилка во речиси сите останати теми. А Офи, Трендафилка и Пирамитка се во клан против мене во темата за животните.

    И за крај, никогаш не сум била во клан ниту сакам да бидам. Има форумџики кои ги почитувам и ценам(Пирамитка, Офи, Трендафилка, Лилит, Бланка, Тања, Ливинг и други да не ве набројувам сега), тоа се форумџики кои сакам и со задоволство ги читам, а има форумџики кои ги скролам зошто не сме на иста таласна дужина. И толку, крај приче.
     
    На TeddyGrey, 2468, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Ајде мир-мир-мир,[​IMG] заминав јас на учење. [​IMG]Ке бидам вредно дете, учениче, ке положам во среда и ке дојдам тука да ви се пофалам.
    Да се гордеете со мене дади фемински. :$

    *И додека не сум тука, да не се обидувате да ми зборувате зад грб, зашто ми е многу секси задников, па може да дојде до нус-појави. [​IMG]

    Ма пријатно жени. :hai:


    И да, Get a life. Oh Yeah![​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сношти кога бев на кафе бре девојки седам на маса и пред мене гледам една девојка на маса со чизми до над колена друга девојка на масата до неа со сандалки на боса нога :o се замислив се загледав ко за грев бев во фацата :D никаква стредина да се немало бреееее жени чевла да се стави ами што ни за чизма ни за сандалка е и двете изгледаја фкрај нефкусно
    ajt odam da ja gusnam knigata i jas :wasntme:
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Сакам да кажам...

    ^^ А бе која како сака нека се носи...она нека мисли на последици.

    Зашто времево е болест :tmi: ... А бе денес е ладно мислиш октомври или ноември месец е :|
    Какви луѓе такво време очигледно...превртливо, променливо...
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК некои луѓе колку и да сакаат да се сокријат зад нашминканите мислења, онаму каде што нкој не ги гледа нивниот простотилак излегува на виделина.
    Ова се лични пораки што Бичед од незнам која причина ми ги праќа. Опседнадост ли е или што, стварно незнам.

    [​IMG]
    Бичед мавни ми се од глава веќе еднаш, ниту ми пишувај лични пораки, нит ми реплицирај.
    Живеј си го животот девојко и остави ме на мира, зошто веќе почнувам да се сомневам дека си психопат.
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Сакам да кажам...

    Сдк за жал фемина веќе не е тоа што беше некад.............. :x
     
    На 2468, zhap4e и Neytiri им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    А беее престанете веќе со тоа каков бил форумот некогаш и сега. [​IMG]
    Ако веќе ја заклучиле темата не мора тука да продолжите, 10 страни се изнапишаа надоврзано на истата.
    И порано луѓето живееле помирно ама веќе не, тоа е факт, што и да се направи назад нема.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.