Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Сакам да кажам...

    за жал не стигнав таму да пишам, и затоа ќе си пишам овде :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Дечко ми ми вика дека сум се понашала како жена во години.
    Главата ме болела, притоск сум имала, ме вртело коленото..... Што девојка на 20 ќе сум била со вакви симптоми?!
    Епа драги, не е до мене, до времево е. И не само што на здравје ми мава, туку и на психа. Налудничава сум по малку, ама само малкуцка. А гледам и дека не е само кај мене вака. Сите нешто пошандрцаа во умовите.
    Свечено објавувам дека од утре по посетата на саемот за книга, ќе почнам да се лечам со убави зборови. Ќе баталам и учебници и чуда што удараат на мене и ме полнат со нервоза, а ќе се одмарам со интересни изданија. Многу сакам да ја купам на Игор книгата, да имам среќа само да биде таму и да ми потпише.

    Ако ништо друго барем времево е за една работа добро, што сакам можам да си носам, од балетанки до чизми, и никој нема чудно да ме гледа. Ова е некоја меѓу сезона, чудно време= чудни луѓе.
     
  3. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...

    СДК незнам за вас, ама откако станав активна на форумов самодовербата ми се дигна на 100% :lol:
     
    На Strumfeta93 и De-lovely им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк не ми се верува дека за една ноќ,една глупава вечер може да се расипе она во кое јас и сестра ми бев ме сигурни :shake: не ова не сме ние..ова не е нашето семејство... :worried: зошто?
    Имам 10000 прашања по кои не следуваат никакви одговори...
    На кој да се верува а на кој не :worried: :?: :(


    Не не сакам да верувам во ова....кога веќе го измислиле бракот зошто се нашол некој "паметен " и го измислил разводот :worried: :( :(

    Бидете позз феминчиња и чувајте си ги семејствата и кажувајте си и докажувајте си почесто колку се сакате ....
     
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    17.071
    Сакам да кажам...

    СДК секој ден ми е подобро и подобро
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    Штрумфетке темата се вика САКАМ да кажам и јас денес тоа сакав да го кажам.
    И да претходно заборавив да кажам уште нешто што најмногу ме изнервира. Се премина последната граница на форумот-почна да се злоупотребува довербата која му ја укажуваме низ темите-е тоа води кон намалување на членовите и недостаток од дискусија низ темите. Искрено јас да бев на местото на две форумџивки вчера кои нема да ги именувам имаше партали и пердуви на направам на СИТЕ можни теми низ форумот !! Сите граници се преминаа, па нема јас да му се мислам сега за едно мислење оф топик кое и не е баш оф топик затоа што јас денес тоа сакам да го кажам и точка.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Девојки ајде смирете се малку,бројте во себе до 10,зашто како тргнала од вчера работава сите форумџики ќе се испокараат меѓу себе. Сега полека-полека секоја се фаќа за нешто,другава одма на дрско ја фаќа работава и оп-ете ти кавга за џабе.

    Што ли ќе беше ова што ја нападна фемина ?

    Ајде малку посмирено додека да пројде овој бурен период ;)
     
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Сакам да кажам...

    А јас сакам да кажам дека вчера додека ја читав дотичната тема, многу ме изнасмеаа постовите на Боа Виста и Бичед :D . Најсериозно, многу ми беа интересни што се законтрија во темата со нивна дискусија, настрана од сето тоа што другите дискутираа :D .

    И сакам да кажам дека ве почитувам и двете како форумски ликови, не мора заради тоа што не се сложувате на тема политика да се плукате по други теми.
    Поздрав девојки, се надевам нема погрешно да ме сфатите ;)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.470
    Сакам да кажам...

    C дк

    Ti si savrsenstvo, bez mane,
    ti si deo vojnickih snova,
    ti si lutka sa naslovne strane
    i treba ti lova.
    :hai:
     
    На broken099 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Сакам да кажам...

    Баш поради тоа и што е САКАМ ДА КАЖАМ, тогаш нека ги заклучат сите теми и сите тука ќе пишуваме, порано е така?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Јас сакам да кажам дека секој си сфаќа како што му одговара...
    Вчера за жал ретко кој ги сфати реално мислењата во темата и не ги искористи во своја полза, што да се прави, толку жени на еден куп кога тогаш ќе пукне :lol:
    Премногу лично или не јас не сум сврзана со никого и за среќа од секогаш сум мразела групирања, кланови и такви работи така да не припаѓам во ниту еден, ниту имам желба да заземам нечија страна и да бранам некого, guess why? затоа што реално не постојат никакви заземања на страни по форумов, само на кој како му одговара да го сфати тоа.
    Јас искрено не видов ништо толку лично упатено до негого во мислењето на Офи, таа даде пример и спомна неколку форумџики, ете и сметале клановите... во ред, но зошто побогу скокна се живо и диво на форумов во одбрана, секоја и чест на Пирамида, мене не ми тргнува денот ако не и го прочитам утринското мислење во СДК. :)
    Се што е претерано боде очи, знаете зошто, затоа што доаѓа до тоа да се јавуваат мислења за формирање на кланови на форумов кои меѓусебно секогаш се поддржуваат, фалат, бакнуваат, поздравуваат.......Лично мене не ме засегаат тие работи, кој што сака нека си прави, јас на пример не се чувствувам омаловажена затоа што денес не ме поздравиле 5 форумџики во СП, или зошто денес не сум добила ни еден single лајк ;(
    Јас ве сакам сите и сите ве гледам еднакво, мене не ми менува тоа што некој е на врвот на ранг листата а некој е најдоле, тоа не ми е пресудно за тоа дали таа феминка ја заслужува мојата почит или треба да ја скролам, а ова би требало да важи за сите.
    Морав да го напишам ова сега и тука, вчера ми снема струја :lol:
    Останете свои и насмеани.
    Мимс ве сака сите :*
    [​IMG]
     
    На lolyta777, Strumfeta93, TeddyGrey и 4 други им се допаѓа ова.
  12. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Инспирирана од сликичкава над мене сакам да кажам: Водeте љубов, а не кавги. :D :D
    Шала на страна, јас не ни знам во која тема настанале препукувањата ама знам дека хармонијата на форумот се намалува со ваквите постапки, па доаѓа до поделување и такви глупости, а сите Вие сте ми толку прекрасни и сакам да кажам дека Ви ги обожавам мислењата а посебно кога ги пишувате наутро. :lol:
    Дај не се препукувајте повеќе, било што било. Зошто да те навредувам со глупачка, прасе, крава, теле кога можеш да ти кажам дека си фина, мила, убава. Искрениот комплимен од женско кон женско е далеку подобро од комплиментот машко кон женско. :)
    Дека има многу различни карактери и сите сме различни на некој начин и тоа е точно, ама можеме да најдаме и заеднички јазик, повторно.

    Ве бакнувам сите и ајде не бидете негативни ликови од серијата, пробајте сите да бидеме позитивки. :*
     
    На Phyramide, FBI и BeYourself им се допаѓа ова.
  13. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    881
    Сакам да кажам...

    СДП како сте девојки? :lol: Не, озбилна сум.Не можам да доначитам што се` сте се изнапишувале сношти,главата ме заболе.
    Јас не пишував некое време зашто сум зафатена со натпревари, постојано учам :o Ама ве читкам секој ден, но искрено немав желба да пишувам. Многу ми е мил форумов и се надевам дека така и ќе остане, иако во последно не сакав да пишувам многу. Не од страв дали ќе ме нападнат ако поздравам еден куп души (тоа е за лајк,нормално ;) ),ниту пак заради тоа што некои ќе превртат очи на мое мислење, туку зашто стварно мислам дека има многу негативна енергија, многу. :sweat:
    Ајде се надевам дека набрзо ќе го поправиме расположението девојки, изгледа расцветавме сега сите :f: :nod: Се надевам дека Билката ќе успее некако да ни го подобри форумот, можда ако дава парфемчиња за најпозитивна форумџика..е тогаш ќе фрчи форумот од :) ^_^ :sun: :l:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Сите се сакаме, сите си се обожаваме, сите си се гушкаме, се додека некој некого не посочи во некоја тема или не изрази спротивно мислење и потоа рипнуваме! :) Секоја чест на исклучоците!
    Кокошарник, е така треба да се вика сајтов во моментов, Коткода и Коткоди на секоја пауза за време на која се уклучувам тука. Баш Коткода и Коткоди, пошто унгарски знам само да кажам, nagyon szeretem a virslit es toltot paprikat! Се останато ми е ономатопеја на звуци на коковчиња.
    Па се мислам да смислам некоја музичка тема, барем музиката е лек за се и никој нема да има чуство дека некого крунисувам или величам, освен црното, секси г’зе на Џеј Зи :D

    Ми иде сите да почнам да ве мавам по глава, ко Миле Паника. Па шо удараш толку јако бе?
    Ти ли мене ќе ми кажеш? Муајде губи се таму, да не земам да ве размаам тука сите! Шо ти е тебе гајле како јас се поздравувам со мои другари?! Кај отиде бе светов бе лееелеее!!! :D
    Се шалам нели, но морав да си го спомнам омилениот ми скеч од К15.

    Дајте бе да се смееме бе луѓе, многу е поинтересно така! Абе јас и плачам кога е сериозна темата, ама некако не разбирам од каде толку горчина кај луѓево денес? Све нешто да пречело, све нешто да се менувало, све нешто на штрек. Тука или таму. Сегде! Абе човек да нема воља да укуца корисничко име мајкому!
    Жими мајка, само Чаки може да ја среди ситуацијата....а криво ми е, затоа што кога дојдов на форумов ми беше повеќе од пријатно катчево за дружење. Дури и Убавана ми беше весела.

    Како и да е, јас овака од почит и предвреме да си се поздравам со вас. Ми беше мило ем драго, ама одам да си уживам на едно место кое е наводно папокот на светот, јас би рекла дека е хаосот на светот, но тоа е единствениот хаос во кој јас се снаоѓам и секогаш ми е убаво. Да одморам мозок од глупости и од секојдневија кои ме трошат и да надополнам дурацелкиве, затоа што откажуваат некако, а ми требаат :)
    Бидете така, не го тупете со бош муабети и не ми вадете афери, Винсент е сеуште со Моника а не со мене. Пе*ер! :D

    И за крај еден виц од мене. Си фатила една рипка златен кувар, и куварот и вели, рипке, рипке, ај пушти ме жити се, ќе ти исполнам три пиперки.

    А ја таман тргнав пиперки да ви полнам, ама ми ги снема :wasntme:
     
    На Nina24, Marilyn-Monroe, Fearless и 3 други им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    СДК гледам малце напната е ситуацијат на форумов, дај олабавете малце и да удриме по една партија караоке, кој пее зло не мисли :)
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК кој што сака нека си каже, не се замарам со ништо. Џабе ќе го трубам кога еве го значењето на моето мислење во целата ситуација:

    Црната точка. Ќе ви треба остар вид да ја забележите, доколку воопшто некој ме чита. ;)

    Гајле ми е. И онака се отиде во неповрат.
     

    Прикачени фајлови:

    • drawing.png
      drawing.png
      Големина на фајлот:
      15 KB
      Прегледи:
      227
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Уште го зборувате тоа? :?: Оф лелеее :D А кога ќе видеш поубаво, тие три реченици се, и се вртат само. :D Како што би рекла мојата класна во средно, доволно е да ја знаеш суштината, а со твојот речник ќе го образложуваш. :lol:

    И не, не сум во табор, јавно и гласно кажувам. :rock: Ако се согласувам со некој во даден момент не значи дека сме табороидни. :!: Ах лелеле, се смеам бре жени луди да знаете. :D
    Тука сум за мене, за мене и само поради мене.
    Убаво се чувствувам, и тоа задоволство ама баш никој не може да ми го скрати. :!:

    Ја сакам Теди, Марама, Офи, Пирамитка, Лилит, Виножитка, Гоу, Хипи, Сеси, Штрумфи.... и сега?
    Во табор сме 100 % :rofl:

    Ајт пријатно, се гледаме на елкатааа, или на некоја тема, можеби. ;)
     
    На teddybear, Strumfeta93 и broken099 им се допаѓа ова.
  18. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    ..Била је туча јуче, јел да? :D :D :D
    Да сте ми живи и здрави, одкланирани и малце попаметни во иднина.


    ПС. Сакам да ја искористам оваа прилика да и кажам фала на Офи за вчерашните комплименти - опасно интелегентна, и тако даље... Шта је, је. :$

    ... Некои од вас стварно ги почитувам више и од пар Лобутанки,а тоа е баш машала искрено да ви кажам. Тука спаѓаат и Лилит,и Пирамидка,и Сесилија,и Трендаилка и Теодора и пар форумџики, кои како и јас, ептен се ретки во последно време. Нит сум у клан, нит сум расист, нит плавуша, нит лезбејка :P нит па нешо имало потреба да ми име спомињеш вчера црвенокоса велешанке...ал шта Ќеш. Вас ви е проблемот во основна перцепција, не морам секогаш да се согласувам со некого што го почитувам, напротив, влегувам во дебата само со луѓе кои ги ценам, а не со сперматозоидки кои требале да останат у тестиси. Така да ако не се согласувам со некого, не значи дека имам нешто лично против него. Ги сакам и почитувам поединците. Не само истомислениците, туку луѓето кои можам и сакам да ги разберам, луѓето што ме расположуваат и смејат и луѓето кои размислуваат трезвено... Пирамадата е една од нив.
    И го чиав постот на Офи, сосема се согласувам дека е провоцирачки и од таму па натака почнала работва да прска надвор од пропорции. Глупаво и непотребно.
    И кажав еднаш, ќе кажам пак, надреснете го ова и get over yourselfs. Ќе се угушите во своето его. Фемина не ме инспирира веќе. А не ме инспирирате ни вие како некогаш.

    Пирамид... јел ти то веч путујеш? ма шта кажееееш бона? Леп провод!
     
    На Phyramide и Theodora им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Сакам да кажам...

    Тие проклети, глупави прамени вадени со бланш, сега ми се појавуваат после неколкудневно миење на мојата пламена гривна и - и' даваат некој болен портокалов отсјај. :^)

    Стареам ли, што ли, ама луѓе многу побавно се слабее во 25-тата година од животот.
    Порано ко полесно да беше - оп! на диета сум, за две недели 6 kg помалку, абре бонбона.
    Сега за 5 kg се окозив месец дена ... Каде да тужам? :^)

    Ова виртуелно катче е моето пријатно гнездo и секој може да си се рефлектира и да кокодака како умее и сака. ;)
    Секое чудо за три дена... а дотогаш?
    [​IMG]
     
    На Bozica1980, teddybear, Miss-Independent и 3 други им се допаѓа ова.
  20. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДиК на Душица, ќе види таа Гучи мучи, Хималаи бималаи, ова она :devil: :devil: :devil:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.