Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.700
    Сакам да кажам...

    ... уу каква секси насмевка. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=o1CFYNUK ... r_embedded

    Трета среќа, се надевам дека денеска по 2 неуспешни обиди ќе успеам да научам. :(
    А тоа чувство на среќа и возбуда ме тера да се тркалам по тепих. Од септември ќе одам на курс по гитара. :inlove: Ако ме зезне мајка ми спремна сум на се... Нема милост. :devil:

    И да, само таленти како мене знаат да шијат црн прслук со бел конец - хел јеа! :rock:
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК 2 полни документарни епизоди чекаат да ги преведам до утре.
    Религиозна статија од 5 страни треба да ја преведам до задутре сабајле.
    Документ од 36 страни за пензиите во рамки на ЕУ чекаат да ги преведам до задутре.
    Секојдневна пракса од 4 часа во АдВербум, секако, „зачинета“ со преводи.
    И за крај, да не ги заборавам и факултетските обврски и побарувачките што доаѓаат со нив.

    А јас, си дремам на интернет и ич не ми чуе. :lol:

    Аhhh... It's good to be a translator/interpreter... :$
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, музата ми, таа мојата, една и единствена ме напушти сосема. Ме соголи до коска и фати џенем со некој си џанам неоткриен талент од младич. Тоа одамна се случи да, ама некако ко' прв пат да ми е, па од утрово, панична треска ми го протресува умот. Се надевав дека бар од паниката ќе се свести, но не, си мрзелува тој, неплатен годишен одмор си користи вели. Знам само дека на моето С од пред извесно време почна да му недостига едно друго С. Диетата ме стави во мисла. Се думам да ја продолжам или не. Огледалото ми вели дебела си, али тоа клетото од кога се запознавме се таа си ја пее. Не, и нему не му верувам повеќе. Би јас да го скршам, ама на 35-та да почнувам да и се прилагодувам на среќата, не би јас не, сепак. Иљачот за моево слепило еве веќе трет месец не си го земам. Мрзелува мозок, мрзелувам и јас. Ма м*мата на муза ми, ќе ја зашијам за петиве кога ќе се врати. Па само нека и се присака да бега, ма ќе ме влечеш и мене со себе, кога веќе знаеш за подобри места.
     
  4. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Вчера беше една од најубавите вечери. Не излегував, туку ги соберав моите 3 најверни другарки од кои 2 од нив не сум ги видела со денови и купивме големо количество пуканки и гнетевме, се лигавевме, се смеевме до солзи, се гушкавме и се потсетувавме на минатото. И тадададам јас сватив колку ми се потребни во животот. Со една зборував бугарски, со другата српски, а је*оте третата не напушти ќе шетала градска а готова бев да презборам на трет јазик. Не се сеЌирајте, плавуша е. 8)
    Сабајле станувам и јадам салата на куќата - Шопска. Се бањам, се шуткам натаму-наваму и СЛУЧАЈНО дознавам дека имам еден куп за учење и пишување. ]:) И решавам да го допишам мислењето и да станам да си одам ПОБОГУ да постигнам се.
    Уживајте феминки.. Јас како што спомнав си одам. На кратко, секако. :makeup:
     
    На Johny и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Ми кажаа на времето,кога ќе пораснам ќе ја сватам смислата на животот.

    Ама ете пораснав и сватив дека всушност за да не ми биде бесмислен животот,не ни треба да се обидувам да му давам смисол.
    Го правам она што сакам да го правам,на оној начин што ја сакам да го правам и ми се е*е за другите што ќе помислат.
    И уживам во секој момент ;)

    За разлика од оние што ми тупеле кога сум била мала :^) И што е најтрагично,ако се обидам да им го кажам тоа ќе ми кажат дека сеуште не сум дораснала,а они и ќе умрат а нема да си го преживеат живтот.
    Ни пола од она што јас сум доживеала на мои години.
    Ама затоа ги живееле и ќе ги живеат очекувањата на другите за нивниот живот.Фуј.
    :smirk:
     
    На Johny, Theodora, HoneyBun и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Сакам да кажам...

    СДК денес ми е роденден и сега правев торта уште малку ќе ја филувам чекам да се изладе пудингот Да видем каква ќе излезе :D :D
    Роден,роден-ден денес ми е роденден торта сама направив :lol: :lol: :rofl:
    хахахаха :rofl: :rofl:
     
    На lolyta777, All-that, BeYourself и 10 други им се допаѓа ова.
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Имало овде за честењееее. Хаха Чекам слати од Мерлин. :!: И торта од Цаци. На едната Честит именден, а на другара среќен роденден.
    Сепак она што сакав да го кажам : Време Е За Промени!!! :rock:
     
    На Cacy и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  8. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.168
    Допаѓања:
    11.888
    Сакам да кажам...

    Зошто секогаш кога се пакувам чувствувам дека заборавам нешто? :^) Проклето сум мрзлива денес, да има како ќе си најдам некој да ме храни со лажиче. И кафето да ми го дува да се олади, немој случајно да се изгорам.
    I got a runaway ticket. И утре бегам. Ама се враќам за една недела.
    Во хороскопот ми вели дека денес ми е ден за пречистување на емоциите. А јас додатно се потрудив да си го закомплицирам животот будејќи стар оган. Kill me now!
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.529
    Допаѓања:
    92.249
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чуден народ сме. Утрово се качив во 15ка и тоа двокатна :party: :rofl: сите се тепаа за да се качат на вториот кат, а луѓето од страна мавтаа со рацете, работниците застануваа за да видат што се случува, а сите од внатре им возвраќаа на поздравот се расбира со мавтање со рака. Сепак мала ситница сите ги развесели и имаше насмевки насекаде. Вака-така Скопје убав град ни е. Има дупки ваму-таму , но работниците ко вредни мравки ги поправаат по 3,4 месеца, не за друго да изгледаме поубаво и посложно кога се туркамекој попрво да помине или да се качи на тротоар, да го помине пешачкиот, ако некој воопшто и поминува на пешачки. Забегав јас со муабетот, сакав да кажам дека сум на гости- именден и кај и да е ќе се собереме 20тина луѓе и се разбира ќе мора учтиво да се смееме и да разговараме за тој другиот да мисли колку ни е на нас супер, а исто и тие за да мислиме дека се во одлични односи. Не е ни толку важно кога собиранките се почесто стануваат место каде што ќе можеме да го озборуваме тој што го нема и да се најадеме убаво, затоа што нели де именден е, па и на ручек се собираме.
    Имајте ми убав ден, а јас одам да ја наместам вештачката ми насмевка.
     
    На Johny и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.346
    Сакам да кажам...

    СДК сето педерана. Ке се договориш нешто, и после сите ке си го тргнат газот. Изгледа само јас најнаивна, кога ке дадам збор, значи речено е, и нема да извисам. Ако не може некој од почеток нека каже, не се да се испланира и во последен момент, со некои глупави оправдувања.
    Друго, ме нервира времево, таман си купив со кратки ракави облека, ептен што ми е на мерак, пак по старите сега по долги. Ај тоа се трпи, ама сонце кога нема пакнекое депресивно расположение ме фаќа, се надевам за брзо ке се стопли оти готово.
     
    На Theodora и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес денот ми помина на компјутерот! Единствена паметна работа што ја направив е што се отспав (барем еднаш во оваа недела) 10 саати :) Потоа си се заседнав на Фемина и на други сајтови и се изначитав со некои интересни факти и совети :D
    А времето колку ме нервира што е облачно (и ладно) :devil: онерасположувачки ептен :) ама затоа тука ми е компјутерот за цел ден да висам на него ;) :P
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.349
    Допаѓања:
    5.900
    Сакам да кажам...

    СДК го пишувам постов и солзите ми се слеваат по лицето. Една по една, паѓаат. Едноставно само сакам да си го кажам она што ми лежи на душа, без да бидам гледана со други очи или сл. Не сакам со никгоо да разговарам, само да го исфрлам ова од мене, бидејќи ми задава болка. Прво морам да кажам дека се гордеам со брат ми. Му се исполни една желба за која сонуваше и многу ја сакаше. Се гордеам што стигна до тука и што ќе продолжи изгледа со тоа. Моите исто така се гордеат со него. Значи прави за сите да се гордееме со него, не само за ова туку и за многу други работи, но ова е врвот да кажам. За момент размислив, а што е со мене? Што сум направила јас за моите родители да се гордеат со мене? Не зборувам за дипломи и пофалници, тие ги имаат сите. Со упехот сум одлична, не зборам ниту за тоа, бидејќи во тие работи сме исти со брат ми. Се чувствувам безвредно. Чувствувам дека на моите само грижи им задавам. Освен Градска болница, друго ништо со мене не виделе. Се чувствувам и виновна за инцидент од пред 3 годнини, кои ми остави голема лузна со која ќе живеам цел живот. Секој ден ми се враќаат траумите од минатото. Сите тие слики, сето тоа во еден миг. Испомешани слики, со чувства. При тоа и стравот е посилен од мене. Навечер не можам да заспијам, неможам ниту сама дома да останувам. Кога шетам сама пак имам страв нешто да не ми се случи, некој да не има позади мене и сл. Вака повеќе не можам. Иако е анонимен форумов не можам за траумите од детството да се отворам. Ако ги кажам со тоа нема да ми олесни, но и знам дека не можам тоа на никој роднина/пријател да го кажам бидејќи нејќам да бидам гледана со некој жал, нејќам да бидам гледана поинаку. Поминуваат деновите, а јас растам, сеуште се учам како да живеам со минатото. Да можев да го избришам, бидејќи безвредно е. само ми ја уништува сегашноста и ништо друго. Да избегам некаде, да се осамостојам, да имам други грижи, но не ваков живот.
     
    На katakomba24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Сакам да кажам...

    Рандом место, рандом луѓе, рандом маса, рандом пијачка, рандом музика во позадина, се беше рандом освен хемијата меѓу нив двајца што се приметуваше на прв поглед, како некоја посебна аура да беше меѓу нив, како некое магнетско поле, како некоја натприродна сила, фатална привлечност.
    Тој и таа еден спроти друг, таа сенузуално ја држеше чашата вино и ја милуваше со усните, тој со проширени зеници збореше и ја голташе со погледот, свеќата од масата му гореше во очите, гореше и таа.
    Прв пат ги видов во мојов живот, незнам дали беа пар, но меѓу нив постоеше некоја огромна привлечност, некоја огромна хемија, се гледаа толку заљубено, а можеби им беше прв состанок, незнам навистина, но пар кој толку совршено се посакува и толку совршено си одговара немам видено до сега.
    Се наежив и од двајцата :inlove:
    Целото место ми се чини дека беше исполнето со таа магична енергија љубов, за која сум сигурна дека зрачеше од нив двајца. :inlove:
     
    На Johny, Neytiri, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сакам да кажам...

    СДК чувај ме боже од вештачки пеперутки и цветичи. Од бубашваби и магарешки трн можам и сама.
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, kate21, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да кажам...

    СДК...

    Некогаш сакам да седнам пред ТВ и да гледам филм. Да си се испружам мераклиски, да си најдам нешто интересно и да се опуштам.

    Но - едно големо НО - се што даваат на ТВ е или вести, или некои серии. Кога последен пат сум изгледала нешто асално на нашите телевизии. Турски, индиски, шпански серии има на изобилие. Политика па, да не правиме муабет. И тоа политика од ,,стручни лица,, - пензионери. |( Океј, нека има политика, ама нека биде со вкус и со усул. Нека отворат некоја дебата, нешто аргументирано и цивилизирано. Само даваат некои препукувања меѓу одредени индивидуи. :geek:

    А каде се тука документарните емисии, убавите филмови, некоја интересна емисија ?! Не се сеќавам кога последен пат гледав нешто паметно на А1, Сител, Канал 5 и останата компанија. Да не е овој Идолов, ќе не отепаат со лисјата 7 дена неделно. :@

    На што ја учиме младинава, кои интереси ќе ги пројават младите луѓе кои пораснале опкружени со Вирхенсита де Гуадалупе и Полат ?? :x

    Жално. Ако не се странскиве канали, немаше да вклучам телевизор. :!:
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.625
    Допаѓања:
    137.785
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    потполно се согласувам со Доози. Да не е интернетов и филмовите што ги симнуваме не знам што би гледале. Кататсрофа се телевизииве. еден асолен филм да не се даделло и тоа за викенд кога луѓето се дома и се обично пред ТВ.
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оваа љубов вечно ќе ја памтиш, додека си жииив. :rock: :D :D
    Извадок од песна, хахаха, интересно :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Мајка ми се сликала за успомен и дуго сеќање, со посвета на грбот на сликата.
    Јас се сликам за фејсбук, претежно во вц, зашто, нали, ништо не е убаво, ако не е на чиста позадина како вц-овската.
    Се надевам ќерка ми ке се слика за Фемина. :wasntme: Па и нека се воведе тогаш Мис Фемина, нема да имам против да и ја чувам круната. Никако.

    Долго да живее Фемина. Да ми живеат и феминките предолго, здрави, живи, весели, убави... зашто ми го направија денов. Од 6-ка до 6-ка сум со вашиве желбишта.
    Ке ви враќам само со арно.
    :* :* :*
     
    На kate21, katakomba24, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк веќе неколку месеци постојано сакам да сум прва смена за во училиште....На кој и да го кажам ова сите вака ме гледаат :o и ми викат ти нормална си,не ти се спие :^)
    А јас како од пушка изговарам МИ СЕ СПИЕ БЕ И МЕНЕ ...и се смешкам онака :wasntme: задоволно..
    Се чудат а јас си знам зошто повторно ја засакав првата смена :lol: :rofl:
    :rofl:
    Е баш вакво сум кога го слушнам алармот во 6-20 ^_^


    За СЕ има причина секако...

    И се чудам зарем една непозната личност, едно момче претпоставувам неколку години постаро од мене кое се врака од треа смена од преведување, едно разминување на тротоар што трае само неколку секунди и еден краток возвратен поглед ме прават така среќна и возбудена :?: можно ли е

    И се би било така како од бајка кога би му го знаела името,или кога еден од нас двајцата би се осмелил да пријде и да се запознаеме (кога веќе шеткаат скриени погледи) ....

    Ми паднаа очињата од барање на facebook со надеж дека случајно по профилната фотографија ке го пронајдам и препознаам :(

    И проклетство оваа недела сум втора смена на училиште...
     
  20. Punx

    Punx Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Сакам да кажам...

    СДК Браво за комшијата,мора да е многу добар,новата девојка уста не затвори цела ноќ..Цела зграда ја дигнаа на рогови,ни се спие :yawn:

    Друго нешто..да ги поздравам сите феминки :) :*

    И еве едно :sun: , зошто надвор времето е гаднооооууу!
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.