Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми иде на глас да и кажам на мајка ми дека ми фали бившиот, но коа ќе си го кажам во себе солзи ми навираат и не можам да го изустам.
    Празник е. можеби затоа ми е вака...
    Не сакам да плачам повеќе...
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    Сакам да кажам...

    Спакувана, стокмена одам на викенд со мама и тато (галениче). :wasntme:
    Ќе си ги гушнам роднините, ќе уживам во чист воздух, убава храна и мили луѓе (и по некоја неизбежна турбо-фолк певаљка која завива од далечината). :D

    Имајте убав викенд и уште поубав празник, сите вие кои патувате некаде или останувате во нашето Скопје.
    Сеедно, сонце има за сите нас. :sun:
     
    На Lilit, Offspring, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    На teddybear, velesanka, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека утрово за малку ќе си отидев во школо. :wasntme: Заборавив скроз. Цела среќа што мама ме спречи. :rofl:
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Денес сум workaholic.
    Барам само денот да трае повеќе од 24 часа.
    Ми се стужна мајке ми.
    Нека билдаат бицепси и трицепси со тегови,јас со преместување на саксиите и смукање низ цел стан.
    И ова време мислиш дека ми е слободно,сега што ти пишувам?
    Не,не.. чекам да ми се исуши дреч црвениот лак за нокти,а со пишување на тастатурава лево десно мавтам, колку да не се испозалепам..

    Тук види денешниов хороскоп.
    <3
    Ако не ми впери пиштол во глава, ќе биде интересен разговорот.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не јас не сакам тука да седам
    и не јас не сакам компјутер да гледам,
    сакам тајм машин да си имам
    па в недела директ му ја летнам,
    да видам кифлички и руска салата на куп,
    па да мезам благо, киселко.. се што е фуд

    и без тоа се оди на исто место !!! :)
    Од понеделник! со шпенагли устата цап. :(
     
    На Valerin, Strumfeta93, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Дека сум среќна и задоволна од животов.

    Да. Будење со вкочанет врат, но со гласовите на најмилите, е бесценето. Кафе со мама и заедничко подготвување појадок - мир на душата.
    Розите во вазната, донесени од тато, чувство на безбедност.
    Тој, мјаука како мачор додека го будам, мирисот на кафе со цимет и свежо печена пита од компир, низ телефонската слушалка, секако дека ќе стигнат. Синестетски!
    Надвор децава играат, а од тоа нема подобра глетка. Куп мачки се печат на сонце, а мајкиве заитано ги туркаат количките со распретаните деца во нив. Ко да гледам филм, ама си верувам.
    Ќе го јавнам точакот после и ќе шетам низ Чаршијата ни најубава. Да бараме филигран за дипломираната ни пеперутка, да здивнеме еден чај угоре, и да му благодариме на светот што денес, мирува.

    Ви посакувам топлина во срцата и мир во душата денес.
    Ш.
     
    На mims-89, Nina24, Lilit и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Колку убав празник! Многу си го сакам и шаренилото на велигденската трпеза и џагорот на улиците. И прекрасното сонце, и погледот на преубавите планини. Насмеаните фаци, скопските фраери со цвикерите, убавите девојки со скршените нокти, и познатите македонски јавни фаци кои ми се цепаат во Излет на масата до мене :emo:

    Сакам се! Освен смрдеата на скршените јајца, ама ај...и тоа е дел од празников.

    Уживајте девојки и не заборавајте, не е до скршените или до целите јајца кои ќе ви останат, до нешто друго е. Запишете си по една рецка во животното тефтерче за убавото време поминато со вашите најблиски.

    Јас ве поздравувам до некоја наредна прилика и ви посакувам среќни празници - на католиците и сите православни. Денес сме сите едно и - тоа ми се допаѓа ;)
     
    На mims-89, 2468, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК дека нема потреба да кажувам. Доволно е да потврдам дека денот е убав и дека насекаде околу мене постои некоја надеж. Надеж која ми зборува за тоа дека наскоро нешто убаво ќе се случи. Верувам во тоа! :rock: :sun: :l:
     
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Сакам да кажам...

    Дека станувам луда по полека...
    Некни на час по физика се сетив на лекција што сум ја учела во 8 одд... боже пази :|
    Некои личности ги заборавам,а пак некои што не сум ги видела со години ми излегуваат пред мене....

    Поздрав девојки...
    Отидов да го искористам убавото време и да се прошетам со моите
     
  11. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам да кажам...

    Да им се плукнам на деновите кога има руска салата и соленки.
    Да им се плукнам на моите стрвни мисли.
    Да им се плукнам на цревцата кои знаат добро да загрчат кога ќе видат нешто вкусно.
    Да им се плукнам на лигите кои ми течат како на куче кога со носето ќе мириснам дека се готви нешто слатко.
    Да им се плукнам на огромните задачи и страшните лекции кои треба да ги тегавам овие денови.
    :doh:

    Доста плукав. Одам да гледам филмче.
    Убав ден девојки. :) :*
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Уф што се нервирам кога некој ќе ме напне посабајле за глупости :devil:
    Уствари не некој,него некои...
    Се здружиле мама и овој мамлазов од мој дечко,скоро сигурна сум :^)
    Само незнам кој ја има таа моќ повеќе да ме напне...
    Дечко ми кој ме буди ,за да ме праша во колку саат планирам ВЕЧЕР да излеземе.
    Или мајка ми што ме буди ,за да ме праша што да ми направи за РУЧЕК.
    М?Што мислите вие?
    :@ :@ :@
    Да им удри човек по едно две-три заушки на двајцата :swear:
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    На Shelea, Trendafilka, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.745
    Допаѓања:
    24.417
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК бев во црква, запалив свеќа за здравје и си замислив желба која искрено се надевам дека ќе ми се исполни :) Одлично времево надвор, видов многу луѓе кои ги бев заборавила :tmi: Убаво си поминав, само ми недостасува дечко ми. Баш кога најмногу ми треба никогаш не сме заедно :(
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.231
    Сакам да кажам...

    Сдк дека луѓето со најпатетични животи секогаш си придаваат значење!О Боже какви глупости изнаслушав од човек за човек што јас не ни знаев дека постои!Баш и фала што се потрудила да ме прати што правам и она кое што мене ми успева,а неа не,да го смета за лошоќа од моја страна кон неа и Господ ќе ме казнел за тоа! :D :D :D
    Јадови бе,јадови!Ц ц ц ц...
    На човек што се фали дека помогнал некаде и некому(макар и донирал 100 денари на броевите за болни деца),на човек што оговара други луѓе,а паралелно се дружи со нив и нема гз да им каже што мисли,на човек што завидува на туѓи достигнувања и го смета како неправда кон него,а нема додрина точка со работата,ниту некогаш се потрудил за неа,не верувам и не ги сакам у животов!Точка!Ве молам,трудете се да не бидете такви,животов е прекраток за да се нервирате и вие и другите кои не заслужиле.
     
    На mims-89, JuLleE, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    СДК знаете ли како изгледаат оние машини што мешаат цемент? Е во моментов чувствата и емоциите мене ми се како да се ставени во таква машина и нон стоп се ротираат!

    Од една страна сум пресреќна што работата за која се тресев премногу излезе уште подобро отколку што се надевав, многу, многу подобро. Мислам дека во тие 30 секунди кога го дознав тоа бев најсреќниот жител на планетава Земја.

    Од друга страна заради тоа што баш оваа работа ми е приоритет во животот нема да бидам дома за најубавиот Христијански празник, Велигден. Се радувам кога читам дека сите си одат дома, некој не бил 1 месец, некој 2, не е ни битно, битно е дека сите си одат дома. Душава ми се полни кога знам дека дома цел ден домот ќе биде исполнет со позитивна енергија, на Велигден е денот кога цела фамилија и пријатели се собираме на едно место. Жал ми е што нема да можам и оваа година да уживам во тоа, ама ајде, секогаш ја имаме следната година нели :)

    Сакам исто да ви кажам да се сакате на овој ден сите, впроочем треба да се сакате со домашните секој ден, доколку сте нешто налутени немојте да го држите тоа чувство, простете затоа што верувајте не знаете колку вреди семејството се дури не се оддалечите од нив на подолг период. Некогаш сме малку себични и забораваме колку се тие битни само затоа што се секој ден до нас. Така да негативната енергија која труе во вашиот дом со метла да ја избркате!

    Денес се чувствувам 10 килограми полесна, ми иде да скокнам, мислам дека ако фатам балонче со хелиум дека ќе одлетам некаде. Не, не можам да бидам тажна кога знам дека се што правам, правам за подобро утре, затоа што јас така сакам, и затоа што така ми е убаво...

    Денес ве сакам сите и најискрено ви посакувам да имате убав ден. Смејте се и сакајте, тоа е најбитно во животов.
     
    На Theodora, rossonerka, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    5.170
    Сакам да кажам...

    Што им требаше на моите да купат вага?
    баш сега пред Велигден??? :@
    Ми се тепаат
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК при крај сум со мојата слагалица од 1000 парченцааааа
    јухууууууууууууу
     
    На sweet-star и Neytiri им се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    СКД кај и да е ке си одам од дома!!! и Точка.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.