Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК колку би било поубаво без она гладувањето наречено диета. Поубаво ќе биде да си јадеме што ни душа сака, а да не се дебелееме. Колкава сум, толкава. Се тешам дека во наредниот живот ќе си бидам слаба. Па вака да ве запознаам со моите пријателчиња кои во секое време се до мене. Од мојата лева страна Ресана, а од десната страна Г-дин Брауни Колачковски - Винчини.
    Се ближи и крајот на април, а со доаѓањето на мај, пристигнуваат и нови планови. Цел мај ќе биде организиран. Со учење најмалку, а што е можно повеќе прошетки и шопинг верувам дека ќе има.
    Велосипедот е на сред ходник и ме чека да го изнесам малку да го прошетам, но додека не се сменат гумите не шетам со него, пеш ќе одам. Ме чека очајно и гитарата, но веќе неколку дена не ги осеќам пипалките и она ќе мора да чека пластични жици.
    Мојот имењак, човекот чие име го носам, оној со кој имаме исти очи и сме на далечина, мојата така кажана последна надеж, оној кој ме смее секогаш и кога и да отидам на гости кај него, кога треба да си одам секогаш плаче, тој што се грижи за мене и има преживеано толку удари - мозочни, повторно имал удар. Повторно истата приказна. Повторно молење и плачење за да не ми замине и тој.
    Секогаш додека ти е убав денот, мора некој или нешто да ти го уништи.
     
    На teddybear, katakomba24, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.745
    Допаѓања:
    24.407
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК расположението ми се менува на 10 минути! Овој ПМС ме уништува секој месец. Нервите ми се ептен слаби, се ме вознемирува, се ми пречи, сите ме нервираат! Уфф :@ А плус овде се и секојдневните проблеми. На моменти мислам дека ќе полудам, не можам. А не сакам да се предадам уште сега, имам само 20 години, а се тресам целата од нервоза понекогаш. Се плашам како ќе ми е во иднина, ако сега сум ваква за никаде. Кога се зборува на некои чувствителни теми за мене, едвај успевам да се воздржам од плачење, а гласот постојано ми трепери. :worried:
     
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк не е фер !
    Волку убави денови следуваат празнични,сончеви а Кенди дома замотана во 3 кебенца,супи и чаеви околу мене :(
    Гадење,повраќање,вртоглавици и температура на волку убав викенд :|
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    САКАМ БЕБЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
    Мало убаво срцкасто расплакано насмеано БЕБЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
     

    Прикачени фајлови:

    На sanjaeva и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    шубаввв ден денессс :) ..цел ден во шетњаа...па идемо даљее..агаин на шетња :lol:
     
  6. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам

    Ако ве носи патот кон Штип, повелете овде на Велгиденски панаѓур :) не е нешто посебно но... :D Велогденки панаѓур ;) :rofl:
     
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Вечерва не ми се излегува. Бев со бабичка во црква. Убаво ми дојде. Само се потсмевнував на луѓето и дечињата околу мене. Дечиња кои мислат дека на овој празник се палат косите (тотална глупост), па се растрчкале по црковниот двор. Баба ми е приказна за себе. И да излезеш со неа и да не излезеш исто се фаќа. Не знам дали е навистина збунета, возбудена, дали е до староста... или можеби нешто сосема трето?! :?: Како и да е, таа и дедо се единствените кои ме смеат до солзи. И да не бегам од темава. Со душа чекам да дојде утрешниот ден. Прво убаво да си се искапам, потоа да јадам, да се плеткам низ дома, да си се дотервам и на крај да си излезам со новите фармерки и новите штикли. Која комбинација се! :inlove: Па да си појдиме в црква да си го пречекаме Велигден како што доликува, да падне една добра журка (без пијанчење ако може :!: ). Е потоа следи нов ден. Ден од кој очекувам да направи нешто за мене. Ден кој ќе оствари еден мој сон. Ден исполнет со надеж, љубов, верба, радост... Ден во природа. Во едно од моите омилени села. Со мојата сакана фамилија. Што ли ме чека? За крај. Феминки Ви го честитам нашиот Велигден. Бидете здрави, среќни и секогаш насмеани. Ваша Катка. :*
     
    На FBI, teddybear, annii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк дека на екскурзијата си поминав супер....Многу интересно беше, немам зборови......Истанбул е голем град му нема крај ни требаа 3,4 часа да излегнеме од градот, Кушадаси исто така прекрасен град се шетавме покрај морето се смеевме, во диското исто така беше прекрасно, имаме еден школски чисто откачен не забавуваше до крај....Најинтерсно од се беше тоа како се разбиравме....Единствен проблем беше храната, тоа што не јадат свинско а јадат миришливо телешко и овчо месо па моравме само патлиџани и краставици да јадеме :D
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    e навистина ова не е фер, знам дека животот не е фер ;(

    сите се радуваат на велигден, а нечии животи изгледа дека сосема ке се сменат, откако на нечива мајка и се крои отпуштање од работното место(без отпремнина)со многу влошена здравствена состојба (анемичност, вртоглавици) со маж невработен ниту пензија има(ни ваму ни таму), син студент(втора година од своите студии)
    керка недовршена со факултет, упорно бара работа, а сите ја тешат и ја тапкаат по рамо) :sweat: :puke: ;( и не може да се вработи, само чудо може да ја вработи
    што ли ке прават тие, што ли ке биде со нив?

    и :!: заборавиви да кажам дека во најлош слушај ке мора да го продадат своето живеалиште, за да овозможат каков таков живот(да купат помало,колку за да се живее) кутрички луге, Господ Семокен нека им е напомош заедно со сите светци и ангели :puke:
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    За разлика од прееска сега сум супер расположена.
    И како и не би била кога цела вечер му рикав врз рамото. дебил сум. Ме слушаше и бараше зборови да ме утеши но едвај се снајде. врти сучи ценам се што прави. Да ги раширам цели раце, помножено со уште толку и толку ете толку го сакам. Морам и да признаам дека поштено почека да се смирам, т.е ме смири па ми се изнасмеа. Чудна, пардон најчудна девојка ме нарече. Алооо, и јас во такво расположение тоа да го сфатам како комлимент или како навреда ??? Немам понатамошен коментар. Плус решето ме направи за ова сум се нервирала, за она, за него се се глупости. Тоа е створење нечовечно. Не знам што треба да се случи за него да му го поремети балансот. Кога ќе се заозбили со таа негова тажна и сочувствителна фаца а му иде да ми се прсне од смеење ми иде да го гмечам три дена и го прчам носот како пуфла некоја, додека не почнеме да се тепаме. И скокоткаме. Ретко кога победувам. Ако е гладен или ако ми попушти.
    Претерав малкуцка со постов ама ете сакам да си кажам. Среќна сум целосно. И ќе гледам да не ја правам најголемата човечка грешка а таа е кога се ти е убаво сама да си уништам се од пуст страв дека кога тогаш ќе тргне нешто на полошо. Нема. овој пат стварно ќе се потрудам. Го сакам. Се наежувам цела кога ме гледа во очи и ми вика те сакам.
    Викаат љубовта е се што ни треба. не викам не, но и по некое чоколадо од време на време не е на одмет. Јас сега уживам во второво задоволство - чоколадото. Со љубовта завршив. За вечерва :$
    Ту би континуед. :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Сакам да кажам...

    Ми доаѓа да се фрлам од петти спрат! Не можам веќе нервози,стрес... Аухх се откажувам не се борам повеќе расположениево ми е тапа... Мерилото за среќа ми е на една голема дебела и глупава НУЛА 0 Како мене јас сум си крива за се, само така си го пуштам животот да си тече си велам има утре. Глупава сум и бесна на себе. И на родителите и на семејството посакувам се да беше толку подобро, да имавме подобра финансиска состојба и барем малку смеа и радост,но не секогаш јас сум губитникот на кој ништо не му оди од раце... Секогаш! :worried:
     
  12. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам...

    сакам да ви кажам дека се згрозив од денешните вести ,кога кажаа на каков старшен начин загинала матурантка од пробиштип...многу ми падна тешко иако не го знам девојчето,искрено сочувство ;( ;( ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Сакам да кажам...

    сдк дека ја гледав Калиопи! Ја видов толку блиску, ја слушав и не можев да верувам колку прекрасно пее и колку прекрасно изгледа.... woooooowwwww.... Божица! :x :x
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    5.536
  15. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Сакам да кажам...

    По денешната информација што ја добив дознав дека има правда. Не знам дали само со конкретниов случај или општо, ама некако кога го увидов тоа се развесилив, исполнив.
    И денес се случуваше нешто што можеше да ми го промени животот и додека не заврши не се смирив.
    Се на се ова ми беше многу важен ден. Не знам дали има врска нешто празникот или јас само си поврзувам некои работи.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Сакам да кажам...

    Изненадната болка во десната страна ме испаничи. Среќа траеше "само" еден час и престана.

    Цел ден врткање низ дома, средување, украсување... Уште утре, а потоа... :dance:

    Збунета сум, исплашена, па и малку испаничена. :sweat: Плус и киселина ме мава (опааа малово ќе се роди со косичка, така кажуваат-ако имаш киселини бебушко е со коса).
     
    На zhap4e, white.kitten, TheCandy880 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Опаа , пораснавме.
    Сега ги мрзиме малите дечиња кои не чекаат нас средени од глава до пети ко топло лебче.
    Па да , има палење коси , облека , ау бау.
    Сега овој обичај е тотално пагански , жива глупост.
    Се согласувам , апсолутно. Незнам каква врска има со восреснување на Христос , лол :rofl: .
    Ама и јас бев дете.
    Со душа ги чекав овие денови и бев права пироманка.
    Така да, деца - продолжете , на добар пат сте.

    И така , од преска се мислам шо друго да напишам ?
    Ништо , си го сакам одразот во огледало.
    Изглеа и мене ме фати празничнава еуфорија.
    БЉАААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААК!
    По дифолт за празников сите се среќни , весели , насмеани , шетаат , купуваат..ау бау.
    Кој крај на светов да е од вторник .
    Ете , ете ,ете ..по дифолт живееме.
    Шаблонски :puke:
    Не ми треба Велигден за да бидам среќна. Јас за Велигден можам да плачам.
    Хаха :emo:
    Да не се разбереме погрешно , јас го почитувам празников..заради хармонија во домот.
    Ама ова се ми е пренапумпано , ко Нова година исто :wasntme:
    Извештачено.

    Јеееееееееееее , јас сум парти брејкер..само нешто мрчам.

    Ама озбилно , шо е многу - многу е.

    Инаку убав ми е животов. Среќна сум. А зошто не би била ? Зошто не ме сака тој од трето три ?
    Не не , супер е .
    Здрава , права , најубава.

    Е сега , носам многу лузни.

    Ричард те сакам ! :bug:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... колкуу јака вечеер! :dance: Потточно, колку јак викенд!
    На почетокот ми беше одвратно, ама сега ми е многу смешно кога ги гледам моиве врснички на 12 ка штиклички тенки како чечкалица. :rofl: Па уште по калдрма. :rofl:
    И Господ да го благослови тој што ги измислил мастиките, а бога ми и мојот памет, користи некогаш. :rofl: Ми се откачи машничката од кондурките, па фино лепнав малку мастика и се врати во нормална состојба. :wasntme: Јбг, тешко е кога ќе се забоде пред тебе девојче што оди како војник, арно цела нога не ми ја откорна. |(
    Фино беше, се` на се`. :)
     
  19. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=Sb1G2Jlr ... re=related

    Колку ми беше просечен филмов кога го гледав прв пат.
    Сега, можеби неколку години подоцна, знам како е да си во кожата на Кејти. И го имам мојот Хавиер.
    Да танцуваме така не знаеме, ама who cares? We love eachother as much :lol:
    Си затерав ја со романтикиве. Ама убаво ми е :$
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Сакам да кажам...

    сдк дека денес тргнав се цел да се прошетам и да попешачам а завршив на цареви кули даа какво одење само падна не си ги осекав нозете не знам што ми требаше ај таа пуста диета веке што нема да направи од мене може и на беласица на марш ке ме однесе
    важно не знам како стигнав до дома се средив и ајде на црква па на каве и кога се прибрав утепана бев немам сили за ништо најмногу ми е мака за владо јаневски вечер не отидов да сиго гледам и да си пееме со дечко ми на неговите чаирски романтики ама ајде се спремам за недела уште подобро желјко јоксимовик ке биде доброо ке има гужва ама ке се преживее некако.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.