Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    Не ми се оде на школооо!!! Сакам цел ден да си лежам под ќебенце и да си фантазирам!
     
  2. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    И јас истоо :lol: Нејкам у школоо!!!
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Фиииуууу... работен ден. ^_^
    Било како било, се расчисти куќава од мрзливи работници и од безосетни гости. :puke: Пречекај-попрати... а да имаше повеќе празници годишно??? :o Итно да се смени законот за празници!!! :!: :nod:

    И реално, ми се смачи од месо, салати, јајца... обуени гости врз тазе-перени теписи, седнувачи на моето столче на врвот на масата, озборувања за некоја си, искуства од вапцување јајца... сметачи на сигналот од вајрлесот на комшијата... :wasntme:

    Гет а лајф, не? :lol:

    Јас пак не се заљубив и не се омажив. Тоа е апдејтот за викендов.
    Другиот мислам дека ке биде. Печен е. Судено му е. :nod:
    Ама не сум јас виновна, имав гости дома и си ја испуштив приликата. :worried:
     
    На Johny, FBI, sesilija и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    офффф мачен денн
    температураа 38,8..гораммм
    мачно вкрајјјјј :(
    УЖАССС!!
     
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Сакам да кажам...

    СДК дека празниците поминаа и мора да одиме нашколо :( а денес ич не ми се оди, расположението ми е -100 |( и СДК никој да не ме изнервира денес оти ќе има ќотек!
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    http://okno.mk/node/11190 - одличен начин да му подариш некому бизаритет!
    Хахаха, како само би ги купила сите овие :devil:

    Вчера, имав интервју, лично со Ѓаволот. А, да, дури и го бакнав.
    Сега сум имуна на сето зло на светов :P!
    Какви филмаџии сме ние Луѓето, тоа е нешто неверојатно! Но, ако. Така ни е полесно да живееме, а богами и да се лажеме.
    Важно е да не е тажно, пак ќе речам!
    Лифтот на животот, оди горе, долу, горе, долу, па ќе се заглави...
    Со тебе ќе бидам, и кога ќе се заглавиме, да знаеш 8)

    Сакам да кажам дека не ми се оди на работа, ми се јавнува точак и ми се јаде сладолед на кеј. Нема сонце, има намуртен комшилук, мимоза салата, пилешко од вчера, и куп шољи за кафе - спомен на еден сон. Вчера слушав радио, и како во старите добри времиња, заспав слушајќи некои "прљаво скопски" музики. Се радувам што имам компресирани емоции, и спакувани во ќошевите на некое минато време.
    Растење, кој би рекол дека сега ќе ми се допадне!
    Сакам да кажам дека немам план, ни израз за утре, но што ако... Ќе не вдахне енергијата уметничка, па нешто од нас ќе произлезе! Ми се оди на село, да берам капини и да спијам на полско креветче во двор.
    Ми се чини дека таа реалност ќе не' фати летово.
    Останете ми добри, секогаш со изненадување во ракавот ;)
     
    На sesilija, Neytiri и teddybear им се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    постпразнична депресија мава на Скопје, ова мора под итно да се реши
    треба да се учи, мене не ми се учи за ништо на цел свет
    денес не отидов на факс бидејќи требаше да учам-----уште не сум почнала

    ах што се не би дала за еден убав, платен одмор, некаде далеку
    јас сама и понекоја палма
    ношто поише

    и некој моќен мушкарац, по можност сликар
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    ^^^ ептен скромни ти се желбите :lol: И јас би така. Уште мужот да е од италија. Мх мх мераци. :D

    Чекајте сега се враќам во реалноста. Оооооооп слетав :D Си ја треснав тиквата. Нејсе. Убав ден. Полн стомак. Весело време. Среќна јас. Е што друго да посакувам од денов. :D Ништо. Све е тамаМ. :D

    Јас така по навика, си го продолжив викендов и денес :wasntme: :D Ај што ми е гајле. Имам побитни работи од еден минус на факултет :D
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    уффф италијанец баш по моја мерка
    јазикот барем му го знам

    патем апсолутно се согласувам за минусот :)
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Љубов заменета со зборови мали, ситници, фотографии ама не, денес не ми фали. :!: Повторна пешачка од 35 минути и набљудување мажи на велосипеди. Пролет ги обземала, слушалки на уши, кратки пнаталони, стартки впрегнати, хипстер стилови, залижани фризури (ама им стои ;) ).

    Убав ден. Денес ја вдишив пролета. Заминав оставајќи делумно сивило, се вратив во розево, бело - зелена игра.

    Презентацијата беше одлична. Професорката беше зачудена дека постоело мониторинг на печурки ме испопраша милион прашања, се чуствував доволно сигурна и одговорив храбро :talk: . Мислам дека знам кој правец да го фатам, и не сакам да се завртам назад. :nod:

    Имав прекрасно изненадување. Французинката моја ми купила две белгиски пива, а малото норвежанче големо јајце полно чоколадни бонбони. Осмех и пак бран на топлина ама и мала срамежливот. Хухух скокотливо е ама се држам на страна. Знае да биде убав животот понекогаш.

    Утре истражување од 06 леле ама ако. Ќе се дружам со природата.

    Имајте ми убав ден, и не се палете на мажи фотографи, не се најдобра сорта :D
     
    На FBI, teddybear, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.438
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК денес требаше да правам тест математика и ужасно ги замолив моите да не одам на школо и првпат во животот ми го овозможија тоа.Ова ми е прво отсутство во прва и втора година (освен што сум се ослободувала поради менструални болки).Професорката рекла дека сум избегала од тест...Многу криво се чувствувам сега,како некој криминалец...Општо многу сум притресена за школото,сега не знам што ќе правам... :doh:
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    СДК - многу ми е интересно кога треба да одам да свршувам работи по лекари, институции и библиотеки :D Сто луѓе, сто чуда. Што не видов и не чув, си одев и си се смеев. :D

    Прво, една ја прашуваше докторката дали и штетело оти дечко и пушел цигари. После, ја потпраша дали штети ако и дувне дим во лицето, и на крај ја праша дали и штети оти ја бакнувал. :rofl: Одвај се воздржав.

    Потоа, одам јас фино лепо во библиотека, и еден си стоеше доле и ја отвораше вратата на сите што влегуваа и излегуваа. Зошто - појма немам. :o Некои луѓе едноставно не знаат што со себе. :x

    И на крај, во аптека пред мене застанува едно чиче миче што беше ароматизиран со лук. Зад мене едно бабиче, теткиче, што ли беше и ми мирисаше на кромид. :^) Се чувствував како некое мевце во средина, уште да ме попрскаше некој со маслиново масло и рузмарин.

    Ех, баш би сакала да работам на некое прометно место со многу луѓе. Некогаш ќе те извадат од такт, ама некогаш ќе ти го подобрат денот. :lol:
     
  13. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    701
    Сакам да кажам...

    Еве ме мене назааааад :sun:
    Си поминааав најпрекрасно за празников 4дневен,ете толку ке кажам. :inlove:
    И даа,нека ми пише ЛП некоја феминка од Демир Капија,сакам да си позборуваме нешто :$ :D
    Ново,староо ќе ве читнам сега сите. :*
     
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Сакам да кажам...

    Багуфче немој многу да се секираш кој што кажал, не си ставај толку се при срце. Од искуство ти кажувам, јас прва и втора година немав ниту еден изостанок за разлика од некои што поминаа одлични бидејќи секој втор тест ги немаше и кога ќе научат тогаш ќе се јават.И што, на крај и нив сите 5ки и мене сите 5ки.. никаде не пишува дека моите тежат повеќе од нивните или обратно :tmi:
    Не се оптеретувај многу така е секогаш, на тие добрите еднаш да згрешат милион пати ќе им се наткаже а оние што стандард истото го прават не се ни опоменети, се навиклане веќе на нив како такви. Како прво секому може да се случи, ете ти кажувам 3та и 4та јас не се замарам, кога треба одам кај сакам, кога сакам и отсуствувам кога навистина не можам да одам, или пак сум имала други обврски и не сум се спремала за тест. Е не одам и што, за еднаш голема работа.. кога може некој така да си помине 4год можам и јас еднаш. И можело и така, пак истите оценки значи може и со помалку а :?:
    Кулирај таму, ќе си направиш и ти тест. Некогаш има и поважни работи од тестовите на нашите ''спремни '' професори ;)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Сдк едно големо фала на Offspring :*
    Сдк уморна сум отидов да спијам :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... убаво ми е кога ја гледам целата различност.
    Се надевам дека кога ќе потпораснам ќе се научам барем малку да го опишам ова што го чувствувам. Чудно е, мора да се почувствува.
    Морам да се оправам зошто ќе завршам како Диоген, но некоја помодерна варијанта. Во некое така поголемко буре со светилка во раката. Само што ниту ќе ми треба „човек“, ниту пар ствари неопходни за живот. Тоа ќе ми биде казна затоа што сум најсрамежливото суштество. Гледам дека шансите ми заминуваат, времето поминува, некогаш нема втора шанса и едноставно сега не ми е грижа, а знам дека ќе се каам. :worried:
     
    На Johny и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Сакам да кажам...

    СДК утре полагам :( . Што и требаше на професорката да закажува колоквиум за утре? ]:) Што убаво си бев во „лер“ претходнава недела, ич не ми се учи. Од друга страна, пак, арно што е утре полагањево инаку ко ќе се натрупаа сите еден по еден - крајот не ќе можев да им го најдам.
    Сега седнувам да „бубам“ за да растурам утре :muscle: :P .
     
  18. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Здравоооо , здравооооооооооо пингвини . Немири , здраво!!
    Сите овци на број ? - Ситееееееееее!

    А јас сум на крстопатот на животот..да легнам или да одам на математика ?

    Ај дур се мислам , ќе слушам секси песни

    http://www.youtube.com/watch?v=jbmfDMQqGPo
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Прво, голем поздрав до Багуфче.
    Да не му ја мислиш ич. А уште помалку да се замараш со професорите, што за некое време нема да ги гледаш воопшто. Не си отишла, голема работа! Па јас по 150 изостаноци ги правев, па пак бев меѓу првите во генерација. Затоа не се секирај, паметна си ти, ќе си надоместиш како што треба. ;)

    Морам да ги искарам девојките што постираат прекрани чевли за заљубување.
    Како улава некоја се лигавам пред монитор и стискам лајкови. Ќе забегам со паметот заради вас. А и оние сликите во Накит не се ништо поразлични. :sweat:

    Инаку денов ми е ужасен.
    Во скеој момент очекувам главата да распрсне на парченца и после да ја собирам низ стан. Или уште полесно, ми доаѓа да ја отсечам и да ја тркалам надоле по скали.
    Да можам денес би ги откажала сите обврски и би се стационирала во кревет, со дечко ми до мене. Само секс и добра храна можат да ми помогнат, а ни едното ни другото можам да си го дозволам моментално.
    Happy Tuesday everybody! |(
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    СДК
    Шо ќе ми е паметен дечко,не ќе го носам по квизови. 8)
     
    На Johny, Ivanna2, i.am.me и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.