Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк е го отупеа веќе со Идолов (не мислам на вас што коментирате во темата) тукуууу на овие од facebook ко претходно да ги немаат никогаш во животот слушано песниве што ги пееја идоливе... |(

    А овие од жирито аууууууу фали ме усто да не те расчепам :?:
    Сите според нив се добри а на крај клоцата в г`з :lol: :rofl:

    Туку не ми беше тоа зборот...зборот ми беше дека молам Бога утре нешто да си најдам во Кочани или во Стумица за носење за матура оти уморна сум веќе од тражење и пробување :|
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Сакам да кажам...

    Денешниот ден можам да го ставам во оние денови кој се исполнети до макимум. Возикање со точаче на нашиот познат кеј, стаза која плаче за точак и мојата прва средба со мајското сонце. Последица на сето тоа црвени обравчиња и белег од изгореници по рамињата. Ете сега сите ќе знаат дека сум носела рамбовка :lol: :lol: ах колку ги мразам тие бледо црвени изгореници по обравчињата како селско руменилце ми се. Но ако се ќе прежалам само да знам дека иде лето дека ќе има многу вакви дружења со сонцето борба еден на еден да се преживее под некоја дебела сенка, со најголемиот сладолед во рака и полнење на некое базенче плискање со вода и покрај пукањето на сеир од злобните и љубоморни комшии. Но ако јас го сакам сонцето и сите лудории што ги носи :lol: :lol:
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.437
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ме нападна едно чувство на вина,чувство на тага,на болка испреплетена во пајакова мрежа на горкат судбина.
    Не знам ниту каде сакам да бидам моментално,ниту што сакам да правам,ниту знам дали треба да се расплачам,дали да бидам сериозна или нешто друго...
    Од вчера натаму се плашам од се` околу мене,се плашам од секаква болка,се плашам од самиот живот...
    Размислувам за минатото исклесано во иднината,за него,за мене,за другиот тој...Сега помислувам и се прашувам зошто дозволив некои работи,зошто дозволив газење на мојата личност,зошто уште дозволувам.
    Колку пати сум се прашала зошто изгубив самодоверба,зошто не следам совети,зошто ги занемарувам сите околу мене вклучувајќи ве и вас феминки овде и повторно ја копам таа длабока бездна за да паднам во неа еден ден како што за малку ќе се лизнев пред некој ден но ме задржаа...
    Дали е ПМС,дали е нешто друго трето сосема не ми е јасно,ова меланхолично чувство ме јаде одвнатре.Сакам да посегнам,да го извадам срцево,да го фрлам,не сакам да сакам никого...Посакувам да се најдам некаде далеку,сама,на безбедно,да ги отргнам мисливе од светов на болка...
    Моја вина е,се разбира...Го знам тоа многу добро.Моја вина е што дозволив,моја вина...Ми се повторува во главата ова,1000 зошто и ниту едно затоа.Впрочем,има затоа но не сакам да го прифатам.Не сакам да прифатам ништо затоа што тоа сум јас.Глупава,не размислувам за последиците,не размислувам за ништо.Имам чувство дека на секое девојче што ќе го видам по пат му е подобро од мене и додека секое девојче размислува за тоа какви штикли ќе си купи јас размислувам за сосем друго нешто.Како може да се расипав олку во овие проклети две години од мојов живот.Додека ги гледав сликите со починатово момче,приметив и друго нешто во моите очи.Сјај кој денес го нема,чувство на среќа,забележав...
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    716
    Сакам да кажам...

    Уххх се вратив...Убаво си поминав...Од утре пак стара шема.... Здраво на сите... :inlove:
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сдк гледам на сител кој те шиша со боки 13.... леле тоа силиконската уста му е :x :x :x
    после јеца карлеуша овој ја има најружната силиконска уста :puke:
    едит---------------леле ама јаде гомна за сите хахахахахахахаха :lol:
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Сакам да кажам...

    А бе лудо едно што мораше да кажеш . Морав одма да пуштам сител . Ама кажи како се понаша како некоја српска ѕвезда што покушава да збори на македонски :D :D :D
     
  7. Arhangel-maniac

    Arhangel-maniac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    ludoto19 и ја ѕирнав кај Жаре малку :)
    Само прекинав, откога Бокица се изјасни дека е фул стрејт дечко и дека не бил пе*ер ниту во буквална смисла на зборот, ниту пе*ер во душа. My reaction was.. :puke: И се тргнав од пред телевизор :)
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    да да да хахахахха, лелел ама многу претерува хахахаах, за Tони зен за елена ристевска абе за сите изеде гомца хахах,ич нема влакна најазик човеков, и со овој жаре ќе се затепаат :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.212
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ми фалат работни понеделници.Досадија два неработни едно по друго.Вторнички кога ја започнуваш неделата е тапа,а и онака нешто не го љубам ко ден.Понеделник,свеж,чист,спокоен,сите избањати и стокмени,нова недела.
    И сдк2 мама и тато се генијалци,другарка ми е пуфкасто срце,другар ми е медењак,а Радован ми е сонце огромно!Ги сакам!Мајка ми ја штипнав силно,ама па посилно беше од мене,љубав! :D И уште еднаш се докажа,мајките прават најдобри торти,а татковците најдобри скари,точка!И она животинското,татко ми со месото на маса,бап,за потомството најсочното парче!Еве ова,специјално за тебе е,шлап во чинија!Кралот лав за својот син Симба (јас сум син на тато,ако не сте знаеле!). :D
    Јофе е глуп.Чао.
     
    На teddybear, mims-89, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    После Нова година , секси настан е први мај.
    Не е секси бе , ГЛУПАВ е.
    Или јас имам некој проблем ?!
    - Не , шаблонот ми пречи - исто ко на Слаткар . Уствари денот ко ден си е тоБ , ама мора на календар да е први мај , за друштвото да е на окуп и да се готви скара , да се пие и да се игра ?!
    Е , ограничени низаедни.
    И ај да не мрчам јас , или ќе мрчам.
    Па ќе мрчам ко подочњациве ми се исто ко суќната од жена му на Хемѓуљ . До колена беше муабетот.
    Инаку имав бурен викенд.
    Фе-но-ме-на-лен.
    Петок,сабота,недела..фул.
    Хаха , со другарками рокавме фристајл..а вчера и нашиот прв лајв перформанс.
    Ќе ве изненадиме со многу хардкор трака , лудница ќе е..а сепак немат да е Бардовци.
    Преку ден се понашавме дамски , прво мајски.
    Без ливади , ради дождот .
    Не запираше.
    Сепариња , кафани , скапи вина..ау , 60 пати наздравивме за НАС. И девојките на нашите дечковци :angel:
    ВАЖНО ! Немаме дечковци. Но информацијата е потврдена , заљубена сум.
    Многу битна информација , ај да не.
    А вечерта се направивме животињи.
    Скокање , дерење , урлање , шутки . Во прв ред со Пеце мишката.
    Мислам на Суперхикс.
    Да , Суперхикс!
    Момци ви го спуштам шеширчето што го носев сношти , заслуживте.
    Под импресија ќе сум уште многу светлосни години.
    Благодаријах.
    И така , денес си шеткав на кеј со другарка ми..уствари ние сите сме прекрасни.
    _
    Постов требаше да биде пратен пред саати , саати..ама ај пауза , со колачи.
    Е од утре сум на диета , чесен збор.
    Друго шо ќе ви велев..
    Ништо , Ице мрази се..а јас ќе ги слушам Eye Cue вечерва.
    Ви посакувам поздрав и поправ .
    http://www.youtube.com/watch?v=8rtZxWTPg-c
     
    На zhap4e, Phyramide и Wild.Child им се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека имаше еден преубав викенд иако беше исполнет со дожд,преубав помин со другарките,иако вкрај ми е мака исто ко да ме има тепано некој хД :lol:..како и да е не сум спремна за утрешниот деннннн..
    факен скулл....го мразам :@
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.896
    Сакам да кажам...

    Во моментите кога треба да се бира - предавање на мајка Македонија или предавање на другарите, јас го избирам првото.
    Сите мои другари и другарки тогаш се патриоти. :|
     
  13. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.649
    Сакам да кажам...

    Присутен е вирус на Facebook! Тоа е Trojan-Koobface.Ги краде вашите информации влегувајќи во системот и рушејќи го.Не го отворајте линкот Barak Obama Clinton Скандал! Доколку добиете повик од Smart Girl 15 за пријателство, не прифаќајте. Станува збор за вирус. Ако некој од вашите пријатели го прифати повикот, автоматски и вие добивате вирус..Копирајте и ширете ја оваа информација,за доброто на сите нас
     
  15. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Сакам да кажам...

    СДК денешниов хороскоп ми вришти :tmi: еве и официјално и посакувам добредојде на интересната личност...ќе си почекам јас не е проблем :lol:
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Сакам да кажам...



    Ви посакувам на сите успешен и среќен ден иако времето веќе зафркна се :x :x :x

    http://www.youtube.com/watch?v=9tio-YWTBHo
    Сакам сонце :( ;( ;( ;(
     

    Прикачени фајлови:

    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Сакам да кажам...

    Jeeeeeeeeeeeeи! I'm so so so happy! :D Денес бев во Цеде клубот и ме мереа, сум загубила 1 ипол килограм! :) Одличен резултат за 5 дена според мене xD Чувството е прерасно, впрочем како да сум загубила 5 а не едно :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Сакам да кажам...

    Ви текнува на песнана Playground Love од Air? Поточно на спотот? Со мастичињата и Џош у најнесекси издание со unibrow? :D
    Епа задржете се на мастиката, онаа сината пошто баш во такво стање, смачкано, помодрено, седам и се чудам до кога ќе ме плеска настинкава. Градација има џанам ко во Тешкото. Почнува полека за на крај да се разлупа ко луда.
    Очи на пола копје, џанак не ми е рамен. Јас некоја приглупа насмевка трудејќи се да изгледам здраво, панталоните веќе почнаа да ми паѓаат - џабе диети, ете како со болест се губат 2 килограми за два дена |( Ако продолжам вака до крајот на неделата ќе ме снема, после ни триесчетворка не ме спасува.

    А вторников удира јако, и ја би да си го гушнам и мазам и викам Џони ама не иде. Смачкана мастика сум и чекам некој да ме лапне. Онака, дај шта даш батка, уствари - узимај шта узимаш, само мене остај ме да си седам овде и да чекам :)
    Што би рекол другар ми, фаца на суфлер кој контемплира чекајќи ја кулминацијата на драмата во поза на Мислителот и смачкано фацуле ко од спотот на Air. За слика во рамка сум!

    Битно денес усреќивме една дама. Го бирав поклонот половина саат, ги тренирав девојките и ги мачев со аранжирање, но се исплатеше. Има ли поубав подарок за жена од навистина огромен и прекрасен букет цвеќе? Мислам дека нема. И блесна насмевката, и честитавме роденден и си велам, како може некој да полни 50 а да изгледа како 25те ружи кои и ги подаривме?! Бравос и поштовање.
    Е многу ме инспирираат силни, мили, насмеани женЦки кои плус изгледаат толку добро за свои години, што не би им верувале колку им пишува во личната карта.

    Бидете ми и вие женЦки и пол, јас одам да удрам на витаминско весеље, а дотогаш ви правам еден партизански поздрав со накривена капа 8)
     
    На Theodora, LivingGlam, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    сдк дека времево не уби веќе,ем врни ем депресија ме мава, незнам дали се поврзани овие две работи ама не е на арно.

    не ми се работи веќе сакам да бидам дома да бидам мирна, ех да не требаа пари каков подолг одмор би си земала, некако душава ми е изморена немам желба за ништо а најмалку да се расправам со луѓе.

    милион работи за правење милион проблеми за решавање...

    девојки јас се надевам дека вие се чуствувате сосем спроотивно од мене, уживајте во денот :*
     
  20. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека го мразам времево!!!!!! :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.